1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Официјална тема за Напојувања

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од tomi, 11 Април 2012.

  1. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Пошто има многу теми отворени за напојувања кој се добри, тестови споредби и слично, и со тек на време застаруваат и се губат за да не се отвараат секојдневно нови теми овде ќе може да правиме тестови помеѓу средни и високи класи на напојувања и да разговараме за истите, и да им објасниме на оние кој не се доволно упатени зошто треба добро напојување и зашто не се штеди на напојување.

    За компјутери од среден ранг, препорачувам
    - Spire SP-ATX-420WTN-PFC (355w real power)1790 денари
    - Spire SP-ATX-420WTN-APFC (365w real power) 1840 денари
    -Chieftec Arena 405w real power ANP-405A12-bulk - 1920 денари
    -Chieftec A80 500w real power CTG-500-80P-bulk - 3040 денари

    Значи за оние кој не се доволно запознаени со компјутери и слично, препорачувам да користат некои од горенаведените напојувања или од палетата на Cooler Master. Подоцна ќе напишам и за компјутери од High-end кој напојувања се убави и квалитетни од линијата на Chieftec, а исто така ќе ги замолам сите оние кој користат Cooler Master да напишат збор два за нивните напојувања квалитет и цена за да се разработи темава и да им помогнеме на оние нови членови кој не се доволно упатени.
     
    На Tose1991, Logic, StalkeR и уште 12 други им се допаѓа ова.
  2. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,665
    2,227
    14 Декември 2010
    Машко
    Браво Томи, редно беше да се отвори ваква тема :)
    BTW, некој знае некој не, кој сака да има напојување што припаѓа на едни од најдобрите серии на напојувања во цел свет, ја имате X серијата на Seasonic во Vortex, не знам дали им се на лагер али сигурно би се нафатиле да обезбедат доколу им нарачате. Скапи се - ама вреди.
    Е сега за Platinum X верзиите дали ги имаат, не знам. Моделите се од 660W-то до 850W-то.
     
    gremlin, * ILE *, Fatal1ty_ и на уште 1 им се допаѓа ова.
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    Platinum верзиите можат да се нарачаат. Ама цената е солена...верзијата од 850W е 250 евра прашав пред неколку дена:(

    @ Tomi, другар одлична тема, ама мислам дека напојувањата како и друг дел од популарниот хардвер заслужуваат посебен подфорум.
     
    gremlin, deki1 и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  4. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Убаво е да се има официјални теми за вакви работи истото ќе го направам и за рам мемории да дискутираме околу нив
     
    На Ceco му/ѝ се допаѓа ова.
  5. d_yor8

    d_yor8
    Gaining Experience

    1,218
    498
    27 Јуни 2011
    Ajmo vase mislenje za smart serijata od thermaltake sto ja ima vo niko po dostapna cena konkretno smart 630w mislam bese, na hardwaresecrets.com ima zlatna nagrada, samo 80 plus e, mislam ne e modularno
     
  6. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,663
    24,646
    4 Септември 2008
    Освем кулерите, и по некое добро куќиште, јас лично би бегал подалеку од Thermaltake.
     
  7. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Се слагам и ја, мада далеку поквалитетни се од Delux и Hantol.
     
  8. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,674
    1,721
    8 Мај 2007
    Машко
    една молба:
    моето пц е склопено да биде што е можно потивко. па би замолил тие што ќе пишуваат на темава да обрнат внимание и на бучноста, а и да посочат за тоа што фенови користат напојувањата.
    (пример, 12цм фен во моето напојување е врзано на матичната, па кога убрзува фен за ладење на матична, убрзува фенот за ладење на напојувањето (по логика дека штом едното загрева, значи му треба струја, значи напојувањеото е оптеретено, значи треба да се лади))

    па да „чујам“ :)
     
  9. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Сите гореспоеманти напојувања се многу тифки. Иначе како може твоето 12 цм кулер од напојување да биде врзано на матична не мие јасно ова првпат слушам, едино ако си правел ти некој изуми :). По Default сите напојувања од подобрите класи имаат сензор за темепература и по потреба зголемува или намалува вртежи но како и да е сепак се тифки во споредба со некои лоши неквалитетни напајања кој идат во default склопени конфигуарации од фирмите
     
  10. nvidia88

    nvidia88
    Gaining Experience

    533
    308
    16 Септември 2010
    Машко
    Pc
    jas ne bi rekol deka napojuvanjata od thermaltake ne cinat,a delux mislam netreba ni da se spomne,a bi sakal da znam kolku dava niko garancija na thermaltake napojuvanja?
     
  11. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Ама само мислиш така ?
     
  12. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,190
    23,809
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Факт дека на конфигурација поскапа од 500е не би ставил нишо друго како напојување освен кулермастер и чифтек.
     
  13. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,661
    1,104
    16 Јуни 2010
    Машко
    Кој сака ефтино и добро напојување може да го земе во предвид и Hantol 800w од Анхоч за 2450 денари. Напајањето го го тестираше ARMac на компјутер со 2x4870(Crossfire),Phenom 955,4GB Ram, 3-4 диска. Незнам колку часа го имаше оптеретено, али самото тоа што компјутерот бил стабилен и не имало никакви проблеми наведува дека напојување не е толку шит како останатите ефтини од 1000 денари. Јас го купив во ноември и еве до сега никаков проблем не сум имал, го користам во конфигурацијата во потписот.
     
    На Phenomen му/ѝ се допаѓа ова.
  14. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Никако Hantol бегајте од нив мој совет. Се што е поврзано со Hantol е катастрофа, почнувајки од нивните полначи за лап топи па се до напојувања. Sukoi незнам со кој поамет си дал 2450 денари за Hantol кога за тие пари се наога Chieftec напојување кое е светлосни години подобро од Hantol, а да не правиме муабет изработка на плочата внатре, квалитет на кондензатори,транзистори, кулер, и уште мал милион тракатанци.Башка гарантирам со глава дека не е 800w real power
     
  15. Phenomen

    Phenomen
    Баниран/a

    898
    411
    6 Декември 2011
    Машко
    Зашто толку го форсирате Chieftec?
     
    На Sukhoi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Форсирање ????? . На нашиот пазар може да се најде само Chieftec и Cooler Master. Па поради тоа тие се 2 најдобри фирми кој се носат кај нас за напојувања. Една грешка не направиле, внатрешно се направени перфектно, на сите тестови на интернет вадат солидни оценки. Пошто не сум корисник на Cooler Master односно не работам со нив сегде каде што сум ставил Chieftec ниеден клиент не ми се вратил да се пожали. Да сум на нивно место би дал 10 години гаранција
     
    На RagingDemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,665
    2,227
    14 Декември 2010
    Машко
    Зошто за 50 евра имаш солидно напојување, A80 500W, а некои модели од сериите од повисока класа можат да се носат и со Silent Pro серијата.
    Баш ми текнува дека за ова збореше shifty он знае доста за Chiftech напојувањата, еднаш имаше мислам и дискусија околу тоа, ај ваљда ќе се појави на темава и ќе ни објасни подетално ;)

    Инаку има кај нас и Corsair и Seasonic, само што потешко се наоѓаат. Seasonic можеш да нарачаш од Vortex, додека за Corsair во СЕТ, ако немаат нешто на лагер, ќе се изначекаш.
     
  18. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,661
    1,104
    16 Јуни 2010
    Машко
    Би требало да е подобро изработено чим издржува кросфајр со појаки картички не е сигурно како делукс од 900 денари што ги има по продавнците. Исто ова стварно нема логика што ги форсирате Chieftec и Spire. Еве да земеме некоја си просечна конфигурација. Некојси Pentium Dual Core или Целерон, 4 гб рам и графичка од рангот на 5450 или GT 220. Сигурен сум дека 60 посто од луѓето имаат вакви компјутери. На обичен PC корисник ич не му е битно дали има Чифтек,Делукс или Хантол напојување. Важно компјутерот се пали и не му кочи. Па да бидеме реални они прво не разбираат што има во компјутерот(во куќиштето) а не да се замараат со напојувања. И сега конфигурација од погоре можда би коштала 18, 20 илјади денари со се монитор (отприлике), а со тоа напојување би била 23 или повеќе. А исто е компјутерот ке се вклучи.
     
  19. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,190
    23,809
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Кога во моментов би ми требало напојување да купам тоа би било Corsair AX750 дефинитивно!
     
    На MasteR_#0 и tomi им се допаѓа ова.
  21. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Да само што тој во рок од 5 години ќе смени минимум 2-3 напојувања кое ке рикне од подуеност на кондензатори кое од кулер што ќе рикне а нема да примети а некое од гром со ке го пукне. И коа ке видиш ке го фати исто како да земе поквлаитетно кое ке трае многу подолго. Јас гарантирам дека просечни конфигуарации менуваат 2-3 пати напојувања во текот на работниот век на компјутерот додека човекот го користи.
     
  22. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,661
    1,104
    16 Јуни 2010
    Машко
    Го имам читано овој Roundup. Јасно ми е дека изработката и внатрешните делови што ги има во напојувањето не се исти. Али се тоа џабе не фрлам пари за скапи напојувања. Оваа ми е доста за наредни 5-6 години(ако издржи).
     
  23. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    Да Corsair се исто многу квалитетни и се high end само штета што не ги носат многу во мк може да се најде по 1-2 парчиња ке се продадат и толку не носат после
     
  24. Sukhoi

    Sukhoi
    Practice makes perfect

    1,661
    1,104
    16 Јуни 2010
    Машко
    Другар ми има пц од 2003 додаде само рам од 512 на 2 гб и толку. Еве уште работи :D
     
  25. tomi

    tomi
    Guru

    9,859
    9,101
    16 Април 2007
    Машко
    Невработен
    1 во 100 се такви. Сеа не ми кажувај тоа работам секој ден ми доагаат со проблеми со напојувања на кое кулерот му отишол коа ке отвориш пола му истекле кондензаторите и пусто македонче пошто нема пари уште ке тера така само кулер ке смениш. А да не зборам за Codegen напајањата па од тоа поголем шит неам видено АМЦ компјутери и Codegen толку се. Пред некое време исфрлив едно 20 напајања се рикавела после 1 година
     

Сподели

Вчитување...