• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Официјална тема за IT.mk v6.0

architect

Unstoppable
27 ноември 2008
2,143
2,742
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
i7 9700k Coffe Lake / NZXT Kraken x62
Motherboard
ASRock Z390 Pro4
Storage
SSD Samsung M.2 970 EVO 250 GB / 850 EVO 250 GB / WD EZEX 1TB
PSU
Corsair HX750i 80 Plus Platinum
RAM
G.SKILL TRIDENT Z RGB 2x 8GB ddr4 3000 mhz
Video card
Asus Rog Strix Gaming RТX 3070 O8G 8GB DDR6
Case
NZXT H500i black/red
Mouse
Logitech G502 RGB
Keyboard
Cooler Master
Audio
Logitech x 530 / asus echelon navy
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 10 x64
Сериозно ова дека треба да платам basic членство за да можам да прочитам статија ?
Capture.PNG
 
Avid

Guru
21 јануари 2009
6,057
9,917
Скопје

D

Администратор
31 март 2007
3,489
2,742
www.iwmnetwork.com
Последна промена:

architect

Unstoppable
27 ноември 2008
2,143
2,742
Скопје
architect's setup  
Processor & Cooler
i7 9700k Coffe Lake / NZXT Kraken x62
Motherboard
ASRock Z390 Pro4
Storage
SSD Samsung M.2 970 EVO 250 GB / 850 EVO 250 GB / WD EZEX 1TB
PSU
Corsair HX750i 80 Plus Platinum
RAM
G.SKILL TRIDENT Z RGB 2x 8GB ddr4 3000 mhz
Video card
Asus Rog Strix Gaming RТX 3070 O8G 8GB DDR6
Case
NZXT H500i black/red
Mouse
Logitech G502 RGB
Keyboard
Cooler Master
Audio
Logitech x 530 / asus echelon navy
Monitor
LG 27GL850-B
OS
Windows 10 x64
А зошто не би било сериозно?

Повели повеќе инфо: Претплата ⋆ IT.mk
Па незнам еве запрашај се .. пример живееме во земји од 3ти свет, каде луѓе со 1500 живеат месечно а вие нудите статии со 10 реда текст за 1500 месечно. Утре ќе дојде некој нов корисник ќе види дека се наплаќа и толку од него, така втор, трет, стоти и еден ќе упали кај еден и вие ќе бидете среќни дека сте загубиле 100 потенцијални за 1 што платил претплата.
 
TylerMkD

Unbeatable
7 ноември 2014
3,216
5,874

Толку нема смисла ова што го збориш што ќе мора на страната на D да застанам...
Еве ај ти кажи ни што работиш и што даваш бесплатно со оглед на тоа што во земја од трет свет сме соодветно?
 
Па на пример колумни од тој тип треба да привлекуваат користници а не да ги одбиваат. Да е стајт ранг на pc world, wired и слично каде за претплата добиваш 123123123123 информации од едукативен карактер, тука се наплаќа интервју на Наум.
 
Не е ова одговор на моето прашање.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: marv

D

Администратор
31 март 2007
3,489
2,742
www.iwmnetwork.com
Толку нема смисла ова што го збориш што ќе мора на страната на D да застанам...
Еве ај ти кажи ни што работиш и што даваш бесплатно со оглед на тоа што во земја од трет свет сме соодветно?

Wow.... пет пати препрочитав. :))))
 
Последна промена:

D

Администратор
31 март 2007
3,489
2,742
www.iwmnetwork.com
Па незнам еве запрашај се .. пример живееме во земји од 3ти свет, каде луѓе со 1500 живеат месечно а вие нудите статии со 10 реда текст за 1500 месечно. Утре ќе дојде некој нов корисник ќе види дека се наплаќа и толку од него, така втор, трет, стоти и еден ќе упали кај еден и вие ќе бидете среќни дека сте загубиле 100 потенцијални за 1 што платил претплата.

Прочитај го ова (всушност истото е првиот пост во темата кај што коментираш): Добредојдовте на новиот IT.mk, v6.0 (бета) ⋆ IT.mk
Менуваме бизнис модел, сакаме да со помош на заедницата да го издигнеме IT.mk да биде нешто многу повеќе.

Првично, тоа премиум членство не е задолжително. Има бесплатни содржини, има пристап до форум.
Меѓутоа одредени содржини ќе ги класифицираме како премиум и ќе бидат ограничени само за тие што плаќаат,

Како можеше порано 150 денари месечно за списание пример Ентер, Клик... да се купи, и да нема фрка околу тоа и да не се водат дискусии дека сме 3-ти свет земја дрн дрн, а да има фрка за истата цена (всушност искача 125 ден/мес) само затоа што содржините се во дигитален формат, во 2021 година. Темата дека во Ентер, Клик и сл... имало повеќе содржини и вредело и сл, плс не ја ни прави. Интересно е како големите платформи не научија дека на интернет се ни следува бесплатно, модел со кој многумина сега, дури и од тие што највеќе го пропагираа, имаат проблем.

Па на пример колумни од тој тип треба да привлекуваат користници а не да ги одбиваат.

Во ред, привлекуваат - за жал посетите не можеме да ги продадеме, можда затоа што сме земја во 3-ти свет (мада ова не е точно, бидејќи глобално сите медиуми го напуштаат тој модел и воведуваат претплата), што имаме ние од тоа, кои исто живееме во земјава од 3-ти свет што викаш? Зошто би го работеле бесплатно и би сносиле трошоци за тоа, за да можеш ти да прочиташ нешто бесплатно ако нема ќар од тоа? Едноставно економско правило е, There ain't no such thing as a free lunch - Wikipedia

Да е стајт ранг на pc world, wired и слично каде за претплата добиваш 123123123123 информации од едукативен карактер, тука се наплаќа интервју на Наум.

Не сме сајт ранг на PC World, Wired и немаме толку содржини, ако прашуваш, искрено би сакале да бидеме подобри и од PC World и од Wired, меѓутоа условите што ги имаме се тие. Они можеби на милиони претплатници може да си дозволат 2-3 долари претплата годишна, меѓутоа ние немаме толкав пазар, и за да извадиме математика мора да идеме на цена. Дополнително, нашата цел е поразлична од тие списанија, нашето е да дадеме поддршка, промоција и едукација на македонскиот ИТ потенцијал, така да многу работи ќе прочиташ на IT.mk за луѓе и компании кои што работат во истата 3-та земја како тебе, за кои нема да прочиташ никаде другде.

Не наплаќаме интервју од Наум, наплаќаме пристап до содржини и други бенефити кои се опишани тука - Претплата ⋆ IT.mk, интервјуто на Наум е само едно од нив. Притоа за интервјуто за Наум е потрошен труд да се направи истражување, да се состават прашања, да се испратат, да се координираат одговори, да се состават во читлив текст, да се постават на сајт, да се хостира сајтот, итн итн.. :)

На крај крајот, зошто баш си кликнал да го читаш интервјуто на Наум на IT.mk, кога ги имаш PC World, Wired и останатите сајтови... би претпоставил дека сепак има некоја содржина која те интересира, а како што ќе ги остваруваме плановите, нашите очекувања се дека ке има многу повеќе такви содржини.
 
Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,139
1,027
Скопје
Па незнам еве запрашај се .. пример живееме во земји од 3ти свет, каде луѓе со 1500 живеат месечно а вие нудите статии со 10 реда текст за 1500 месечно. Утре ќе дојде некој нов корисник ќе види дека се наплаќа и толку од него, така втор, трет, стоти и еден ќе упали кај еден и вие ќе бидете среќни дека сте загубиле 100 потенцијални за 1 што платил претплата.
" земји од 3ти свет " ???
Значи кога тебе ти одговара Македонија ја сметаш како да е влезена во ЕУ - се гордееш со неа - навиваш - а кога не ти одговара - „неаме пари - слаби сме ние - што? Греота сме Од трети свет сме - Индијци од Конго сме„
Ајде те молам - ме изреволтира...Зар не ти е мерак дечкиве што го одржуваат сајтот да ги почастиш нешто - и јас немам ама 600ден годишно - ако не секоја година - барем оваа ќе дадам . Па срам ми е без да платам да дремам и да се појавувам овде.
 
Последна промена:

NecrotoX

Undead
4 март 2013
4,430
4,998
Скопје
www.youtube.com
NecrotoX's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 5 2600 @ 3.40GHz & Cooler Master MasterAir G100M
Motherboard
ASUS PRIME B450M-A
Storage
Samsung 970 EVO Plus 250 GB NVMe SSD | WD10EZEX 1TB 7200 RPM HDD | WD Blue 1TB 5400RPM External HDD
PSU
Cooler Master MWE 500
RAM
16GB Kingston HyperX FURY DDR4 @ 3200 MHz
Video card
GIGABYTE GeForce GTX 960 4GB Windforce x2 OC Edition
Case
Cooler Master MB520
Mouse
Genesis Xenon 210
Keyboard
Cooler Master CK530 Gateron Brown
Audio
Logitech Z333 2.1 Speakers | Genesis Gaming Argon 200 Black Headphones
Monitor
Dell U2419H 24" + XP-Pen Artist 22 Pro + Philips 222EL1SB 22"
OS
Windows 10 Home

dim29

никој и ништо
14 ноември 2020
79
87
Битола
Па на пример колумни од тој тип треба да привлекуваат користници а не да ги одбиваат. Да е стајт ранг на pc world, wired и слично каде за претплата добиваш 123123123123 информации од едукативен карактер, тука се наплаќа интервју на Наум.

Во право си само за тоа дека премиум содржините не се ништо поразлично (или има мала разлика) од оние стандардните што биле претходно. Како и да е поминат е краток период откако се воведе членство и може нема ни материјал за да се склопи статија која може реално да се издвои, иако зачленувањето повеќе е за поддршка, за досегашниот труд (пред да го има), отколку други работи што се ставени како предност.

Инаку, претходните недели на повеќе пати ми се случва да гледам форум (логиран), кликам на новости, маркет или сл. или „Мојата Сметка“ и сум одлогиран, треба да се логирам пак. Обично се случва еднаш (првиот пат) дневно.

Исто така, дур пишам и селектирам текст на дарк тема не гледам што е селектирано, позадината на селектираниот текст е иста како темната позадина (проблемот е само на Safari).
 
26 ноември 2021
8
8
Првично, тоа премиум членство не е задолжително. Има бесплатни содржини, има пристап до форум.
Не баш, на прв поглед изгледа дека и форумот се наплаќа. Не работи логирањето/регистрирањето и цело време се мота некој текст дека "изгледам како некој шо сака да плати за премиум."

Случајно реков ај да барам некаква контакт форма да пријавам дефект и после 1 месец половично прелистување без можност за постирање и слично, конечно добив целосен пристап. Ретко кој би се замарал со такви сопки уште од старт.

Како шо гледам вечно истите проблеми ви се провлекуваат, а имате 30ина активни корисници.
 
Па и на Јутуб не е задолжително да се плати, но сепак излегуваат реклами, прозорчиња за премиум итн... Ама рекламите од 30 секунди и прозорчињата на секое видео не ти сметаат сигурно, текстот од 10 збора повеќе ти смета..
 
toshex

the fool
18 септември 2013
5,696
6,482
Мелмак
Еј али интересен концепт е да премиум членовите не гледаат реклами на порталот хахах.

ЕДИТ: сеа проверив и не гледам јас реално реклами на порталот. Не знам дали е ради членство или општо нема реклами? Сеа ме интересира хахах.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,489
2,742
www.iwmnetwork.com
Како и да е поминат е краток период откако се воведе членство и може нема ни материјал за да се склопи статија која може реално да се издвои, иако зачленувањето повеќе е за поддршка, за досегашниот труд (пред да го има), отколку други работи што се ставени како предност.
Плановите се големи, ќе видиме како ќе се одвиваат... :)

Инаку, претходните недели на повеќе пати ми се случва да гледам форум (логиран), кликам на новости, маркет или сл. или „Мојата Сметка“ и сум одлогиран, треба да се логирам пак. Обично се случва еднаш (првиот пат) дневно.
Ако можеш да ни го пријавиш во ПП поконкретно проблемот, со чекори за репликација - што точно кликаш па ти се дешава тоа, вака на прва неможеме да му најдеме некоја логика. Обиди се уште еднаш со ресет на лозинка, може тоа да помогне.

Исто така, дур пишам и селектирам текст на дарк тема не гледам што е селектирано, позадината на селектираниот текст е иста како темната позадина (проблемот е само на Safari).
Ова ќе се среди, се работи на фејслифт и на форумот.

Не баш, на прв поглед изгледа дека и форумот се наплаќа. Не работи логирањето/регистрирањето и цело време се мота некој текст дека "изгледам како некој шо сака да плати за премиум."
Слободен интернет нели, секој има право на свое мислење.

Ако не прашуваш нас, креаторите на платформава - ќе ти кажам дека нема такви намерни финти, со тој проблем може да се соочи и некој што е премиум, а се имаат соочено неколку. Конкретно при синхронизацијата одредени стотина јузери не поминале баш најасално од X причини, проблеми при логирање имаат и кирилични јузери... така да, иако е воглавно успешна миграцијата и синхронизацијата за Single sign on, сепак има одредени проблеми кои сега ги пегламе - пред некој ден комплетиравме автоматско асјнување на кориснички групи, пред тоа беше рачно кликање. Затоа рековме дека ќе има бета период од v6 - за кој секако не планираме да трае вечно, ама ни треба време да допегламе работи.

А тоа што ти се мота некој текст, прочитај го поубаво... не е "некој шо сака да плати за премиум", туку "некој што би го поддржал it.mk со премиум членство", има разлика во пристапот. :)

Како шо гледам вечно истите проблеми ви се провлекуваат, а имате 30ина активни корисници.

Токму тоа беше и причината за поголема промена на бизнис моделот, и нас едните исти проблеми ни се досадни. За активни корисници, грешиш. Статистиката вели дека бројката на активни корисници е со повеќе од една нула. :) Но да, се слагаме, би сакале да активираме што повеќе луѓе.
 
JasSum

Practice makes perfect
8 мај 2007
1,861
1,971
Демек од претплата ќе земете повеќе пари?
Па подобро наполнете банери и комплетно сите ќе имаат разбирање за тоа. Нека има реклами и по форумот. Нека нема пристап со адблокери. Гледај реклами или плати.
Ама плати или нема да читаш, не сте таков вренд за да си го дозволите тој луксуз. Ниту сториите ви се на такво ниво.

Побарајте си од ФИТР, и така ви се блиски по политичка линија, бар нешто во технологија да дадат пари, а не за тренирање магариња.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,489
2,742
www.iwmnetwork.com
Демек од претплата ќе земете повеќе пари?
Досега веќе има неколку продажби преку ИТ маркет на кои имаме мал дел заработка, и блиску до 100-тина премиум членства. Од јули навака воведовме и наплата на ИТ Кариера огласи, што прилично ОК оди за сега, ќе видиме како ќе тера работава, имаме уште неколку идеи што сакаме да ги реализираме пред да кажеме бива или не бива....
Нека има реклами и по форумот. Нека нема пристап со адблокери. Гледај реклами или плати.
Имаше реклами по форумот пред v6, немаше заработка од реклами 14 години, затоа го укинавме тој модел.

Ама плати или нема да читаш, не сте таков вренд за да си го дозволите тој луксуз. Ниту сториите ви се на такво ниво.

Се може да се подобри со напорна работа и ресурси... :)

Побарајте си од ФИТР, и така ви се блиски по политичка линија, бар нешто во технологија да дадат пари, а не за тренирање магариња.

Lol, уште политички не бевме обоени у темава... еве благодарение на тебе сега и тоа е средено, од каде btw ти е тоа сега? Од 2007-ма си член, би требало да знаеш колку простор на IT.mk има за политика.
 
coNNectMKD

On your way to fame
13 март 2017
571
508
Skopje
Проблемот според мене е што кога нешто ќе се смени и за истото има кај да се жалиш па дури и некој да те слуша, тоа се искористува и преовеличува. Демократија не треба секогаш да има :D

Ако утре ФБ/Инста/Твитер/ЛинкедИн доведат фиксна наплата за регистрација на профил, а сакаш да имаш профил, јбг, ќе нема кај да се жалиш и ќе платиш.

Реално, имаше и блек фрајдеј понуда па за мали пари се зимаше членството. Чисто од поштовање не дека ќе збогатиме некого. Или пак ако е многу од прва да се удрат тие пари нека направат и 6 месечен пакет на % помала цена (пример 850 ден.)

Мое мислење, немора да е точно. Дури и јас имам само бејзик членство и не е земено по нормална цена (реално воопшто не продавам или 2 производи у цела година нешто ако улета и ретко читам статии. Чисто земав дека е така редот, шо знам).
 
spiritBreaker

LaravelMaster
27 октомври 2015
3,248
3,773
Писти Охту
spiritBreaker's setup  
Processor & Cooler
AMD R5 5600X + BeQuiet! Silent Loop 2 360mm
Motherboard
Asus TUF Gaming B550 PLUS
Storage
Samsung 960 EVO 250GB + Toshiba HDD 2TB + 500 GB Hitachi + 512GB Gigabyte NVME
PSU
Gigabyte G750H
RAM
2 x 8GB DDR4 Kingston @ 3600MHz
Video card
Zotac AMP Holoback RTX 3080Ti
Case
Asus GT501 TUF
Mouse
Corsair M65 Pro
Keyboard
Cooler Master CK550
Audio
Onboard audio
Monitor
DELL S2721GDF
OS
Windows 10
Многу ми е интересно тоа шо смета претолатава на некои, а то дека твитер најави твитер блу и ќе се плаќа 3 долари месечно не смета
 
Nikola100

Домаќин
30 септември 2019
1,139
1,027
Скопје
Многу ми е интересно тоа шо смета претолатава на некои, а то дека твитер најави твитер блу и ќе се плаќа 3 долари месечно не смета
Абе некој не разбира или не сака да разбере дека без дечкиве што го одржуваат сајтов ќе настане таков хаос и никому нема да му биде мило да чита секакви тролања, глупости, навреди и пцости - ќе се „бумпаат„ огласите секои 2 секунди (чиј оглас да биде на врв) - се обезвредува едноставно форумов . А не е мала работа - многу сме - модераторите имаат многу работа (или барем треба да надгледуваат 24/7). Имале мотивација - направиле да изгледа супер сајтот - менувале и разработувале модели толку години и сега одеднаш некој подобро од нив знае и ги советува како треба ? Одеднаш некој што нема никакво искуство во таква работа - подобро знае ? Му смета - неможел да прочита Премиум содржина ? А толку време чита и огласува - за беспари.
И никој никого не избрка од сајтов - истите права на огласи и мислења ги имаат сите - и тие што придонесуваат со содржини и тие што платиле и тие што не. Е сега имало минорни разлики - овие читале „поубаво„ напишани постови... Па што.
На крај краеви најважното е тоа што без тој минимален прилив на финансии - сајтов нема да постои .
 
tupacan

Unstoppable
10 септември 2007
1,660
2,192
Многу ми е интересно тоа шо смета претолатава на некои, а то дека твитер најави твитер блу и ќе се плаќа 3 долари месечно не смета
emoji1787.png
emoji1787.png
emoji1787.png

Твитер стигнал таму каде што е, па почнал да наплаќа. it.mk наплаќа за евентуално да стигне на некое повисоко ниво.

Иако сум претплатен, не го поддржувам целосно бизнис моделот, кој патем мислам дека е модел со две острици. Или ќе дојде до некое повисоко ниво (се надевам многу повисоко од моите очекувања), или целосно ќе потоне.

Сепак ја поддржувам идејата за подобрување и навивам за дечките да стигнат таму каде што тргнале.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,160
Мислења
879,301
Членови
30,790
Најнов член
Dragan1221
На врв Дно