Јас пред недела дена ја зедов Мидеа-та од Сетек и можам да кажам дека супер си брка работа. Ја зедов пошто има 5 години гаранција и има крилце (и swing опција како климите) за насочување на воздухот во споредба со конкуренцијата. Ја пуштам навечер на модот каде што сам си местиш % и на најниски вртења на вентилаторот (зададена влажност, кога ќе постигне се гаси, кога ќе се зголеми влажноста се вклучува). Преку ден климата пошто е пуштена на појако си ја одржува влажноста под 50%. За бучност се слуша кога е вклучен компресорот ама децава викаат дека не им смета и не ги буди.
Потрошувачка кога е вклучен компресорот е 220 W. Секоја препорака кој има потреба од одвлажнувач поготово кога сега е на попуст и е 10.000 ден. (најниско до сега беше 14.000 ден. со 1000 попуст како cash back)