Одложена борбата на бордот на Yahoo!

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
yahoo.jpg


Yahoo! го одложи годишниот состанок на директорите откако инвеститорот Карл Икан се закани дека ќе започне борба за протерување на членовите на бордот на директори на компонијата.

Икан се противи на одлуката на групата директори кои го одбија предлогот од Microsoft за откупување на интернет пребарувачот, и прави напори да постави свој борд кој ќе биде одобрен од акционерите.

Yahoo! го одложи состанокот кој требаше да се оддржи на 3 јули, за нов термин кој сеуште не е специфициран.

Компанијата го одби предлогот од 47,5 милијарди на Microsoft за нејзин откуп и сега двете компании прават договори за некаква соработка за која не нудат никакви информации.

Џери Јанг, претседателот на Yahoo во моментот е во трка за придобивање на акционерите на своја страна. Тој, заедно со Рои Босток го критикуваат Икан за агресивен пристап и ја отфрлаат неговата изјава за “нерационалноста“ на бордот.

Извор: ИДИВИДИ
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
И до кога вака се ќе се караат ... Мислам завршете еднаш со тоа
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,043
Мислења
870,711
Членови
30,375
Најнов член
dzoni77764
На врв Дно