- Ја почнал/а темата
- #1
AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3,646
- 139
Gary McKinnon од Велика Британија, обвинет за хакирање на воени компјутерски системи на САД во 2001 и 2002 година, кој поднесол барање против екстрадиција во САД, според денешните извештаи на медиумите, неговото барање е одбиено.
McKinnon 42-годишен, невработен компјутерски администратор, упаднал во 97 компјутери кои биле во сопственост на армијата на САД, морнарицата, воздухопловството и Министерството за одбрана на САД. McKinnon влегол од спалната соба од неговата куќа во северен Лондон. Според него, тој вели дека истражувал податоци за НЛО.
)
Во најголемиот упад во воени компјутерски системи кој воопшто е забележан, со нападите во 2001/2002 McKinnon избришал податоци и прекинал воени операции. Според обвинителите, вкупната штета на неговите активности се проценува на 900.000 долари.
Во своја одбрана McKinnon, кој online беше познат како SOLO, тврдел дека бил воден од желбата да открие информации за НЛО.
Обвинителите го обвинија за намерен обид да се наштети на владата на САД со упадот во нивната мрежа.
McKinnon беше откриен во 2002 година откако дел од софтверот користен за упадите беше откриен во e-mail акаунтот на неговата девојка.
Неговите адвокати се надеваа судењето да се одржи во Британија и да спречат McKinnon да биде одведен пред воен суд во САД или дури и во Guantanamo Bay.
Доколку McKinnon биде екстрадиран во САД, ќе се соочи со судски процес во Вирџинија и Њу Џерси, за осум точки по основ компјутерска измама. Иако секоја точка поединечно носи казна од 10 години и парична казна од 250.000 долари. Scott Christie (Главен обвинител од Њу Џерси) вели дека според казнената практика во САД, постои можност да се предложи полесна казна за McKinnon.
Извор: Xinhuanet