- Ја почнал/а темата
- #1
Предлогот на ЛДП за намалување на ДДВ на интернет услугите од 18 на 5% не поминал на парламентот (во пакет со намалувањето на цената на хардвер и софтвер). За ова не било дадено јасно образложение.
Со ова се создава многу чудна ситуација и се ставаат дилерите на опрема а во бенефицирана положба во однос на крајните корисници.
Еве неколку прашања:
1) колку ќе биде ддв на пакетот АДСЛ+компјутер
2) колку ќе биде ддв на изнајмување на процесорско време и storage преку интернет
3) колку ќе биде ддв на софтвер кој се изнајмува (лизинг) за месечна цена преку интернет (т.н. наплата по седиште)
4) колку ќе биде ддв на консалтинг (пр. дизајн на инфраструктура, изработка на барања за изработка на софтверски производи, супервизија на проекти)
5) колку ќе биде ддв на услуга на вмрежување
6) колку ќе биде ддв на месечна услуга за одржување?
и кој експерт ќе „сече“ што е хардвер, што е софтвер, а што е услуга. Како може материјалните добра кои ангажираат увоз да бидат во предност во однос на услугите кои се генерираат од домашната индустрија? Како може граѓаните како крајни корисници кои не може да посегнат по методот повраток на ддв да плаќаат повеќе за секојдневните потреби (интернет) во однос на еднократна набавка на опрема?