• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Оданочување на приход остварен online

  • Ја почнал/а темата
  • #1

peromk

Intern
17 декември 2007
39
0
Прво, не знам дали темава е најсоодветна за овој форум, па ако е така
избришете ја или префрлете ја.:tazhen:

ме интересираше едно нешто. Доколку остварувате приход надвор од Македонија, на пример со online работење од дома, платата треба да ви ја пуштат на сметка во банка. Па дали треба да се плаќаат било какви даноци или придонеси, или пак само си ги подигате парите.
Благодарам!
 
sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
само во Америка се плаќа данок на интернет заработка ... Инаку во банка се знае само трансакцијата си ја плаќаш.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

peromk

Intern
17 декември 2007
39
0
Фала на информација sonic.
Во контекст на ова - само за САД важи најверојатно тоа Federal I.D. number
затоа не ми побараа ваков број, кој инаку го имаше во документите.
 
sojic

Intern
29 април 2007
435
23
И во Македонија се плаќа данок од интернет заработка и од било кој друг тип заработка надвор од Македонија, освен ако данокот не е платен во државата во која е остварен приходот.

Пример: Работиш за некој од Узбекистан, типот ти плаќа, ти треба да пријавиш приход и да платиш данок доколку типот/фирмата нема платено данок во Узбекистан, али тоа е заебано да докажеш дека данокот е платен таму. Најубаво иди плати си данок.

Освен што треба да платиш данок, на крајот од годината треба да пријавиш дека имаш платено данок.

Ова важи доколку парите ги добиеш на сметка. Ако ти ги пратат по вестерн јунион, игнорирај се до сега.

Ако ти ги праќа физичко лице, договорите се демек он ти е братучед, ти праќа за кафе :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #5

peromk

Intern
17 декември 2007
39
0
Е да, така е, ама проблемот е како да докажеш дека данок е веќе еднаш платено од испраќачот од странство. Не ми изгледа така едноставно, но што викаш, најдобро нека се плати данокот.
пс. Убаво ќе беше да примаат вестерн унион, ама.... тоа е тоа.
 
sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Мене колку ми е познато, фирмите кои исплаќаат ќе те прашаат дали си УС граѓанин или не. Ако си УС граѓанин добиваш формулар кај што пополнуваш матичен/даночен (или што знам каков) број и фирмата го плаќа данокот. Ако не си УС граѓанин, не ги занима, ќе те исплатат па ти мисли му.
 
Kafka

Intern
8 јуни 2007
128
19

malku temava e isprepletena... na primer cj.com i azzoogleads.com baraat (mislam deka se vikase w-6 formular) da si popolnis offline i da im go ispratis po posta... e sega ja ne sum go napravil toa i zatoa ne gi rabotam ... na primer rabotam so drugi kompanii sto ne baraat takvo neso i se si funkcionira besprekorno... a za plakjanje danok ne plakjam.. odam samo vo banka i si gi podigam parite ako se check ili pak si odam na bankomat i so podigam bez problem od karticka...
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Со темава испадна дека треба да се пријавам како вработен доколку заработувам на интернет..

Нема врска, ако некој ви праќа пари од странска држава затоа што вие сте работеле и ја плаќате трансакцијата, и со самото тоа внесувате прилив на средства во државата. Со тоа повеќе од доволно сте придонеле за доброто на државава. Потреба од плаќање данок нема.

Размислувајте логично, некој од страна ви пратил пари затоа што вие сте биле способни за извршување на некоја работа, вие тие пари сте ги примиле легално и ги трошите во Македонија. На пример купувате сок од портокал, со тоа плаќате 18% ДДВ, а и човекот кој ви го продал заработува пари и истиот си плаќа данок.

malku temava e isprepletena... na primer cj.com i azzoogleads.com baraat (mislam deka se vikase w-6 formular) da si popolnis offline i da im go ispratis po posta... e sega ja ne sum go napravil toa i zatoa ne gi rabotam ... na primer rabotam so drugi kompanii sto ne baraat takvo neso i se si funkcionira besprekorno... a za plakjanje danok ne plakjam.. odam samo vo banka i si gi podigam parite ako se check ili pak si odam na bankomat i so podigam bez problem od karticka...
Пред неколку години имам работено со cj.com, околу 1 година се' функционираше како што треба, а формуларот мислам дека не е задолжителен (незнам како е сега).

Што се однесува до данокот и законите во Македонија, немам поим и незнам дали ова е дефинирано, доколку некој е информиран нека напише нешто повеќе за ова (и нека приложи аргументи, факти и сл.)
 
23 јули 2007
338
8
Kako prvo kazi na koj nacin zarabotuvas na internet. Kako vtoro vo Makedonija ne se plaka danok za obicna zarabotka a kamoli nekoj da go kontrolira internet biznisot
 
  • Ја почнал/а темата
  • #10

peromk

Intern
17 декември 2007
39
0
Kako prvo kazi na koj nacin zarabotuvas na internet. Kako vtoro vo Makedonija ne se plaka danok za obicna zarabotka a kamoli nekoj da go kontrolira internet biznisot
На кој начин. За мене да кажам, работам како Internet Assessor (Web Evaluation Rater), мислам сеуште сум во фаза на вработување. Треба да поминам само уште едно тестирање, па се надевам дека ќе испадне на арно. Подетални информации не смеам да кажам, барем така пишуваше во документите кои ми ги пратија а кои јас ги потпишав.
А во врска со данокот, ако станува збор за поголема плата зошто да не плаќам данок, мислам дека на тој начин и стаж може да имаш тука во Македонија, само точно како се одвива тоа не знам.
 
sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Размислувајте логично, некој од страна ви пратил пари затоа што вие сте биле ....
Грешка си за ова. Логично размислување и законите во МК немаат допирни точки. Данок мора да платиш. Ако не платиш голема работа се додека заработуваш малку. Ако почнеш да заработуваш малку повеќе и на некој му упаднеш у око, си наебал ако не плаќаш данок. А ако испереш миљони голема работа.

У секој случај, данок треба да се плати. Најубаво консултирајте економисти. Ние овдека сме ИТ, по наша логика не треба да плаќаме данок пошто приходот е надвор од Македонија, внесуваме странски прилив, арно ама по „логиката“ на креаторите на законите, не е баш така.

Мој совет, оди прашај економисти (не стари баби и дедовци што водат книговодство у тетратки, не тазе излезени од факултет, него некој што работи у некоја јака фирма).

По закон, мора да платиш. Законите ги имаш на www.pravo.org.mk (јас не знам да ги читам законите, не сум толку паметен да ги сконтам пошто не се уклапаат со мојата логика)
 
Во ред.. Ќе се консултирам со адвокат и ќе ве известам како е дефинирано ова
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Овде: http://www.pravo.org.mk/download/Zakoni/Danok_na_finansiski_ transakcii.pdf

Член 8 фали или јас не гледам баш добро..

"ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ" - http://www.pravo.org.mk/download/Zakoni/Danok_na_promet_na_proizvodi_uslugi.pdf

E "Закон вон сила", значи сеуште не важи.

Грешка си за ова. Логично размислување и законите во МК немаат допирни точки. Данок мора да платиш. Ако не платиш голема работа се додека заработуваш малку. Ако почнеш да заработуваш малку повеќе и на некој му упаднеш у око, си наебал ако не плаќаш данок. А ако испереш миљони голема работа.

По закон, мора да платиш. Законите ги имаш на www.pravo.org.mk (јас не знам да ги читам законите, не сум толку паметен да ги сконтам пошто не се уклапаат со мојата логика)
Ако нешто тврдиш, те молам изнеси барем некакви аргументи, примери и слично :) Поздрав
 
marv

Unstoppable
5 октомври 2007
2,895
2,315
Овде: http://www.pravo.org.mk/download/Zakoni/Danok_na_finansiski_ transakcii.pdf

Член 8 фали или јас не гледам баш добро..
Не ти ни треба овој закон.

"ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ПРОМЕТ НА ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ" - http://www.pravo.org.mk/download/Zakoni/Danok_na_promet_na_proizvodi_uslugi.pdf

E "Закон вон сила", значи сеуште не важи.
Нормално е дека е ВОН СИЛА. Не важи од 2000 кога почна да се применува законот за ДДВ.

Ама мислам дека ни ова не ти треба. Како прочитав од постовите ти настапуваш како физичко лице не како фирма.
Е тогаш ако те интересира баш да шиташ симни го Законот за персонален данок на доход.
Ако те мрзи да читаш ти кажувам дека 99 и 102% :)) треба да платиш персонален дано. Сам си поднесуеШ пријава еднаш годишно до УЈП и после си плаќаш. Есега тука има и финти (даночно ослободување до 30.000 ден годишно, па намалавање на основа за трошоци до 50%, итн...). Значи обврзник си а дали и колку ќе платиш зависи.
 
sojic

Intern
29 април 2007
435
23
Marv е во право. Кога физичко лице има приход од правно лице МОРА да се плати персонален данок.
 
Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Правилно е да платиш данок фала богу, освен ако тоа не е чат пат нешто ситно хонорарно дур си студент (што повторно не е правилно)

Сепак ни мене не ми е јасно како ова иде. Дали некој се има консултирано со правно лице.

Имам ваква ситуација. Работам за фирма во САД, се договарам за цена и они викаат нема проблем..прати ни фактура и податоци за девизната сметка што си ја имаш

И јас си викам вака...ова може да иде преку фирма (што можам да го направам)..е сега треба фактура на англиски да им направам... им ја праќам по пошта... он ми префрлаат пари...и од тоа дел останува за банката а дел иде за данок..остатокот е мој.

Ако иде како физичко лице (е сега они бараат фактура) ги добивам во банка ..но ПОТПИШУВАШ формулар во кој викаш дека парите не ти се остварен профит (иако некои од понудените опции за кои не те одочуваат се некои интелектуални услуги).. што не е паметно ако имаш постојана работа.

Во друг случај.. плаќаш персонален данок и тоа на крај година треба да пријавиш добивка и платен данок...и си на чисто?

Ај колку сум во право..сакам да знам..мислам дека е ова многу битно прашање за многу луѓе од ИТ секторот пошто само ..скоро само ние..можеме да работиме интелектуални услуги во друга држава без да бидеме таму :)
 
nicky

Intern
7 декември 2007
5
0
Интересна е темата и гледам тука има доста кои се разбираат од проблематиката.

Би бил благодарен ако некој ми помогне со прашањава.

Имам сличен проблем и треба да подигнам пари заработени онлајн. Имам 3 опции:

1. Snail Mail (значи добиваш чек по пошта, најбавно, може да трае и до 2 недели)
2. PayPal (ова отпаѓа оти PayPal не не игра)
3. WesternUnion (ова ми вели не е сигурно бидејќи Македонија не е дестинација каде WesternUnion има претставништва, но има агенти за кои WesternUnion не гарантира. Тие агенти се Тутунска банка, Атлантис итн итн)

Може ли некој да ми каже од искуство како оди работата со чек, дали за парите кои се добиваат преку чек им се води трага и дали за нив треба да се плати данок на приход. Дали воопшто е можно да се уновчи амерички чек тука. Да не имам проблеми со уновчувањето.

За WesternUnion разбрав дека не води сметка државата, значи може да се водат парите како поклон да кажеме. Проблемот е голем што овие од WesternUnion зимаат огромна провизија на пример за 500 долари зимаат околу 50 што е многу. Да не знае некој можеби за 1000 колку би зеле. Што е многу многу е.

Уште би сакал да прашам овој данок на приход отприлика колку изнесува.

Благодарам
 
Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Чек амерички може да се уновчи, нема да имаш проблем. Има многу луѓе кои работат со AdSense и кои успеале да уновчат чек.

Што се однесува до Western Union, во Тетово има две претставништва (не знам дали се официјални), познавам и човек на кого му праќаа пари од Германија преку Western Union, но не знам колкава е провизијата и дали треба да се плати данок.
 
Vavo

Intern
20 октомври 2007
270
15
Skopje
Како што пишав, за било каква заработка и било каков начин на примање на парите мора да се плати данок (персонален). Тоа може да го избегнеш ако ги прикажеш парите како поклон или сл.

Некои луѓе така долго време работат (на црно) ама ако си сериозен..ако сакаш да работиш како фирма, да имаш здравствено осигурување, да имаш стаж тогаш треба да научиш како тоа треба лагално да се изведе..тоа и ме интересира..ама не ми е до крај јасно.

Има ли некој такво искуство...фактури, доначни сметки итн??
 
mENDol

Intern
24 декември 2007
83
2
Interesna tema, sekoja cest za ovaa, mislam deka mnogu ludje se zasegnati...eve ja mojata situacija na primer...
Ja rabotam za edna stranska firma, u MK sum sekoi 3-4 meseci, sekoj mesec mene plata mi stiga na smetka u MK banka na ime "plata" nikakov danok nemam plateno do sega eve veke nekolku godini, zatoa sto dogovorot ne e potpisan u MK, i ne rabotam u MK (sto e mnogu lesno da dokaze), patuvam be brat ednas u tri meseci, srabotam rabota u bugarija ili Tunguzija (whatever) a me plakaat sekoj mesec, i tamu sum potpisal deka rabotam. Sega dali e toa evazija neznam, ama znam deka prv pat koga nekoj bi mi spomenal danok\manok da placam, zemam toa parite, gi preflam na strana i si kutam i praam muabet unaokolo kako se nema pari, sfakas ???
Koga bi rabotel u MK verojatno bi plakal danok, samo za da se desi ovaa treba da sum uveren deka site plakaat, i se nadevam deka toa nabrzo i ke bide.... zimi sve samo vo toa e problemot, da znam deka site plakaat i sitstemot e fer za sekogo, i ja bi plakal...
Moz...malku off-topic zabegav aaa ??? Admins, sorry brat....me pogodi pesmava...
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
Marv е во право. Кога физичко лице има приход од правно лице МОРА да се плати персонален данок.
Се извинувам однапред што ќе забегам малку оф топик, ама мора да ја објаснам логиката.

Toa "мора" очигледно е дека не мора. Повеќе кај нас е како "по желба", ќе ти објаснам со проста споредба. Тоа е како земјоделец да продава компири на пазар и да иде да пријавува профит и да плаќа данок.
Ако си толкав патриот и сакаш да даваш пари на државата, можеш да платиш данок и некој да ти ги дава без да работиш, нема да ти речат не.
Суштината е што во државава нема дефинирано методи и легални мерки, начини на кој овие средства би се наплатиле. Така да, ако ги прашаш типците во даночна управа, ќе ти речат дека треба да плаќаш, а ако ги прашаш што ќе се случи ако не плаќаш, ќе ти кажат дека нема ништо да се случи на твоја штета.

Јас *лично*, мислам дека парите што ги плаќам во вид на данок не се трошат како што треба, онака како што јас мислам дека треба, онака како што сум гласал на избори. И баш поради тоа не гледам причина да пријавувам профит и да плаќам данок, барем засега, кога знам дека нема потреба.

Од друг аспект, напоменав погоре, сепак плаќам данок. Со финансиските средства, кои се директен прилив на девизи од странска држава, плаќам 18% данок на скоро сите производи што ги купувам во државава + странските пари ги трошам во државава при што ја збогатувам, остануваат тука да се вртат, со прости зборови, со секое мое трошење на овие пари, сите во Македонија за некој си микропроцент стануваат побогати.

Трет аспект, кој се надоврзува со претходните 2 искази погоре е тоа дека ако дополнително плаќам "данок на профит" а сум физичко лице, автоматски имам помалку финансии да трошам на продукти и услуги во државава, со самото тоа помалку данок плаќам и помалку пари влевам во синџирот.
Значи, лицата кои би ми ги продавале продуктите, би плаќале помал данок затоа што би имале помалку профит од мене и така натаму, hope you got my point.

Во моментот кога ќе забележам дека парите од данокот се користат како што треба, и навистина помагаат за подобрување на животот на обичниот краен граѓанин, со радо срце и чиста душа ќе плаќам данок, па и поголем од оној што треба, зошто тогаш кругот ќе биде затворен.
Парите што ги плаќаме за данок се наменети за нас, бидејќи ние ја сочинуваме државата. Никој не би се криел да плаќа данок, бидејќи инвестира во себе, по логика, сам себе си плаќа данок.

Според мене, за ваквите случаи, за квалитетни лица кои работат во државава и трошат пари во истата, а добиваат финансиски средства од страна, не би требало да има данок на профит во никој случај, барем додека работат како физички лица. Со тоа ќе ги стимулираат да работат повеќе, а со тоа и државата ќе има поголем профит.
Уште еднаш, ова е мое лично мислење и Јас лично мислам дека вака треба да биде.

Што се однесува до правата и законите во државава и како конкретно функционира, во моментов му пишувам порака на близок адвокат со линк до темава, па се надевам на квалитетен и прецизен одговор. Поздрав :)
 
jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1
интересна е темава а мене ме интересира што се случува со македонскиве саjтови,портали,форуми кои имаат банери...
што вика законов,дали треба да регистрираат фирми и да плакаат данок?
значи што вика законот и каква е моменталната ситуациа во државава...?
 
Taurus

Модератор
13 октомври 2007
2,362
1,054
dribbble.com
Taurus's setup  
Processor & Cooler
i5-2500K Quad 3.3GHz LGA 1155 6MB + Cooler Deepcool Gammaxx 200
Motherboard
Gigabyte Z68P-DS3
Storage
WD 1ТB SATA3 Caviar Black 7200rpm 64MB + SSD 2.5" Samsung 850 Evo 250GB
PSU
460W Gigabyte Superb Real Power
RAM
2x4GB DDR3 1866Mhz Kingston CL11 HyperX Genesis
Video card
Sapphire ATI PCX R9 270X 2GB GDDR5
Case
Gigabyte LUXO X140
Mouse
Zalman ZM-M300 Black
Keyboard
Sweex Illuminating
Audio
DeLux 2.1
Monitor
Dell UltraSharp U2311H 23" e-IPS
OS
Win 8.1
Значи ми стигаат пари од странство на девизна сметка.
Потпишувам изјава од каде ми се парите (поклон/профит....).
Им кажувам поклон и така избегнувам данок. Е сега ме интересира до кога така, колку пати/сума можеш да се вадиш на тоа поклон?!?
Една граница е 1.000.000 денари на годишно ниво, т.е. ако преку транскациона сметка направиш обрт над 1.000.000 денари, се што е над тоа подложи на плаќање на данок, без разлика на кој основ се добиени парите.
 
angelovski

Intern
8 февруари 2010
1
0
Ми стигаа пари од странска фирма во која работам од дома, досега на девизна сметка на која давав изјава дека се земени како поклон (како и Таурус што кажа).
Сега пошто сакам да се осигурам и да пријавам се уредно сакам да регистрирам фирма (ДООЕЛ) и да работам преку неа со нив.

Дали некој има информации дали тоа е единствен начин, или да сподели искуства што како? Оти гледам многу разни комбинации, идеи, правници ми кажуваат едно, книговодители друго...

Од друга страна, ако наша фирма работи со странска, УЈП и стоеле над гуша, ради перења на пари, па така имало доста контрола на работата.

Мене едно ме интересира, кој е начинот за јас од дома да си работам со сите средени давачки, вработен да се водам, и да не ми идат секој ден со „чешел“ од државава, како најголем криминал да правам.
 
Kupe3

Intern
2 јуни 2008
138
1
Јас *лично*, мислам дека парите што ги плаќам во вид на данок не се трошат како што треба, онака како што јас мислам дека треба, онака како што сум гласал на избори. И баш поради тоа не гледам причина да пријавувам профит и да плаќам данок, барем засега, кога знам дека нема потреба.

Од друг аспект, напоменав погоре, сепак плаќам данок. Со финансиските средства, кои се директен прилив на девизи од странска држава, плаќам 18% данок на скоро сите производи што ги купувам во државава + странските пари ги трошам во државава при што ја збогатувам, остануваат тука да се вртат, со прости зборови, со секое мое трошење на овие пари, сите во Македонија за некој си микропроцент стануваат побогати.
......
Според мене, за ваквите случаи, за квалитетни лица кои работат во државава и трошат пари во истата, а добиваат финансиски средства од страна, не би требало да има данок на профит во никој случај, барем додека работат како физички лица. Со тоа ќе ги стимулираат да работат повеќе, а со тоа и државата ќе има поголем профит.
Уште еднаш, ова е мое лично мислење и Јас лично мислам дека вака треба да биде.

:)
Андријески, и јас го делам твоето мислење, но мислам дека тоа не го менува законот кој вели секој остварен профит треба да се оданочи. Можеби доколку праќа приватно лице можеш да декларираш дека тоа ти е поклон или сл, но како ќе го изјавиш тоа ако парите ти се пратени од фирма? Најверојатно досега (во овој хаос) не се гонат овие случаи, но кога-тогаш мислам дека некој ќе се „изгори“.
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,580
Мислења
823,874
Членови
28,079
Најнов член
ivannalex
На врв Дно