1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Од 1 јуни во Македонија повеќе нема плаќање во кеш над 500 евра

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Zippo, 21 Мај 2019.

  1. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    682
    626
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Чекај, а како во Бугарија лимитот е 9999 лева, а Paypal си работи како што треба - еве @DonFrozex ти е пример.

    Дај бе мислете нешто пред да ги правдате глупостиве.
     
    На The-spiki и Вајкинг им се допаѓа ова.
  2. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,333
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    А во други земји имаат и Пејпал и 1500 евра лимит. Замисли. Секоја држава си има различни одредби и договори.

    Нагласив дека е претпоставка, зар немам право да размислувам?

    Од каде пак сега дека нешто и некого јас оправдувам. Дадов само свое мислење
     
  3. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Претпоставувам мислеше дека државата направила договор со банките да воведат ПејПал ама истовремено да се спушти прагот на плаќање во ќеш на 500 евра за да банките зимаат повеќе провизии од секоја трансакција, вака со ќеш не зимаат ништо, плус ако се донесе ПејПал освен фирмиве не верувам дека некој друг ќе користи жичан трансфер наместо ПејПал за примање на пари, а си наплаќаат дебело.

    Мислам дека треба да се освестат дека повеќе тоа не може да функционира така, посебно ако се про европски ориентирани, или да ги пуштиме нив да се објаснуваат со клиенти дека мора на сметка во банка да пуштаат пари. Воедно од МК еден куп луѓе користат девизни сметки отворени во странство:
    *Пејпал
    *Пајонир
    *Скрил
    *Луѓе што работат на брод
    *Work&Travel Америка
    ... никој од тие нема побарано дозвола од народна да отвори сметка, едноставно мора да прима таму пари и крај.

    По мое мислење замижуваат пред многу добра шанса за развој на државата, овозможи лесен трансфер на пари, наместо да кочат, пушти ги способните да работат и да носат пари, добиваат пари и од данок и од ДДВ. Се додека се кочи работава, они може мислат дека е подобро и имаат контрола на парите, ама е баш спротивното, ќе најдеш начин да ги земеш парите, еве веќе постојат неколку членови што вадат пари, со други зборови државата несвесно губи многу пари преку останување отпорна на промени.
     
    The-spiki, wolverine и на ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  4. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    873
    1,015
    9 Јуни 2011
    Машко
    Батице, не ги вадам јас сите пари во Бугарија ;)

    Sent from my ONEPLUS A6010 using Tapatalk
     
  5. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,333
    1,450
    25 Март 2013
    Машко
    + Кога приходите од странство ќе се легализираат, државата ќе може да се фали како го намалила бројот на невработени
     
    На Deleted member 37389 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,034
    28 oктомври 2008
    Закон за спречување на перење пари мора да има. А голем дел од овие сервиси што ги спомна се користат и затоа што луѓето НЕ сакаат давачки кон државата, сметајќи дека таа не направила ништо за нив и дека затоа ништо не и должат. Истовремено живеат во истата таа држава и уживаат во бенефитот на инертноста на државните органи да ги спроведат законите, што пак им овозможува избегнување на давчките...
    И се вртиме во круг...
     
    На Скоти, DonFrozex, Ceco и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин


    Придобивките се многу големи, ние не чекаме работа во администрација или фабрика да донесат па да се вработиме , буквално сами си наоѓаме работа, работиш, не правиш никакви трошоци за државата, и носиш многу поголема сума на пари месечно него што ќе донесе вработен во било која фабрика.

    Можеби поголем дел ги користат за тоа, ама еве јас имам проблем, имам работа, не можам да добијам пари поради немањето на ПејПал, и за мене е огромен проблем, што ќе ми е да вадам ќеш преку некого и да складирам дома, данокот не е ни висок во државава.
     
  8. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    682
    626
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Што значи дека лимитот нема врска со Пејпал. Јас го критикував твоето мислење, не тебе, кул сме :)

    Нема врска Пејпал со плаќање во готово и лимит на плаќање во готово. Лимит на плаќање во готово има врска со перење пари или тероризам, ама кај нас перењето пари се решава со други методи.

    Познат си во Паланка и Ќустендил :D
     
    На The-spiki и ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  9. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    873
    1,015
    9 Јуни 2011
    Машко
    Добра прдешка на далеку се слуша (мириса) :D
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,034
    28 oктомври 2008
    Кога би го користел PP во Македонија, банките ќе имаат увид во трансакциите, значи ќе треба да платиш данок. Мене нема да ми смета ова, но на поголемиот дел од тие што дискутираат на темава, од самата помисла им се зацрвенуваат очите. Како да не рзбираат дека без разлика кој е на власт, данок државата мора да си земе...
     
    На cipiripi, Ceco, DonFrozex и уште 5 други им се допаѓа ова.
  11. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Не ми смета што ќе мора да се плати данок, мене ми смета што државата не се потруди да го донесе ПејПал, јас имам места кај што можам да работам ама не можат да ме исплатат заради немањето на ПејПал, данок од 10% нема ни да го осетиш ако имаш постојано работа и прилив на пари.

    Мене лично ми смета што во државава моментално единствен начин да добиеш пари легално е директно на девизна сметка и Скрил кој се користи далеку помалку од ПејПал.

    Правилниот начин беше да ни овозможат да примаме пари и од други сервиси, Пејпал, Пајонир, и слични на нив без да те замараат во банка и без да им биде страв да ти го одобрат трансферот за да не ги казнела народна банка, бидејки според нив не смеат да ги вршат трансакциите.

    Едит: Државава замислила дека ако они сакаат сите пари да ги добиваме директно на сметка, цел свет ќе се адаптира на тоа. Не иде тоа така другари, ваква мизерна држава најмалку што може да направи е да се адаптира на тоа како работи светот, а не да бара од нас да се адаптираме на застарениот систем, се додека тераат со глава во ѕид, државата ќе губи пари, а ние ќе мораме да се снаоѓаме и да молиме да ни бидат исплаќани парите на разно разни начини наместо сето тоа да биде едноставно.

    За жал кај нас државата кога почна да приметува дека некој заработува далеку повеќе од мизерните плати кои ги исплаќаат македонските газди, решија да удрат врз народот затоа што не допринесувал за државата.
    Правилниот начин ќе беше да прашаат што е потребно да направат за да ни овозможат непречено работење, за да се задржи таа група на луѓе во државата.
    За жал, нивниот одговор беше зголемување на даноци, комплетен увид во сметките во банка, и месечен извештај со сите трансакции на девизна сметка.
     
    Изменето од модератор: 25 Мај 2019
    На The-spiki, Вајкинг, Majestic и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    655
    688
    9 Декември 2015
    Машко
    Друже и во право си и не си. За данокот ок така е, ама проблемот е што овие што дојдоа на власт така педерски - ги минираа сите вакви потези зборувајќи за народни пари, парите кај граѓаните, крадат овие бла бла со што фактички создадоа атмосфера во која секој си мислеше дека ќе биде барем полабаво. А сега испадна дека дрско лажеле.
     
    На The-spiki и Deleted member 37389 им се допаѓа ова.
  13. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Во државата двете партии играат на карти кои веројатно уште не се излитени, едните патриотски крадат, другите крадат ама со европско знаменце. Да се надоврзам на ова за данокот и самата тема ограничување на плаќање во ќеш до 500 евра заради спречување на сива економија, перење пари и слични приказни за деца, иронично е што истите тие што ги носат законите и на кои им дојде до парите од фриленсерите, со години уназад прават лом од државата.
     
    The-spiki, Krkac, Скоти и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    873
    1,015
    9 Јуни 2011
    Машко
    друже @JasSum , ќе ти го дадам мојот пејпал за користење и вадење пари, и тоа по „неверојатни“ 5% од сумата (споредбено со 15% данок), само те молам престани со филозифии и политика :))))

    ДА, политиката ни ја има сјебано државата до безкрај и назад, но ОД ТЕБЕ зависи дали ќе си успешен во животот или не, дали ќе правеш, твореш нешто или ќе кукаш како нема опции за работење ради Пејпал и политиката во држававававава.....

    Најлесно е човек да дреме пред компјутер и да се жале колку некој нешто сешто не има заебано, а најтешко е да стегнеш г'з и да сработиш нешто.

    Не биди од оние џабо-лебо-јадачи што кукаат цел ден онлајн пред компјутер и исправаат криви дрини, најди начин/бизнис идеја нешто со што ќе продаваш - ние ќе ти најдеме начин да ги исплатиш парите во Македонија.

    п.с. немој да си се осмелил да ме обоеш политички затоа што откако знам за мене нит ме интересира политиката, нит ми сменила нешто директно во животот!

    Сори што вака директно ти се обраќам, и немам поима дали и колку ти заработуваш (и не ме ни интересира, не е моја работа), само сакав да ти доловам момент, дека ако имаш идеа да правеш пари - тогаш ќе најдеш начин и да ги исплатиш.
     
    JasSum, Zippo и на Pulse им се допаѓа ова.
  15. kikaco...

    kikaco...
    Intern

    11
    33
    5 Декември 2013
    Машко
    Бравос, одличен потег, од толку многу работи за поправање се фативме за тие за расипување. Иако многу не се разбирам во економија и перење пари, ова ми се чини е типичен рекет на банките за провизија и цепидлачење за да се види кој пазари толку скапи работи и НАЈБИТНОТО прашање што го мачи македонскиот народ" Od Kaj mu pari na ovaj slepecov be kola da kupuva, do vcera sol jadese"

    Замислете сценарио, Северџанија 2025, поминувате покрај рандом продавница за опрема, ви стасува нотификација на телефон: Macedonian bank, UjP, Government want to know your location: permission automatically granted.
    Answer: Раде не влегувај во продавницава немаш пари, не го лажи продавачот. Кредит имаш за доплаќање. Сељак
     
    На JasSum и Yoshimitsu им се допаѓа ова.
  16. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    на толку офтопик, сметаа некои мои одговори кои беа прилично он топик.
    не гледам каде има политика во моето тврдење дека ова е чист банкарски рекет и дека нема врска со данок.
    ова е користење на политика и политичко влијание за да се направи дополнителен грабеж од неколку моќни банки.

    1.6% од трансакцијата оди кај банката. Поголемите банки имаат свои системи за пресметка на користење картици и овие пари се директен ќар. Помалите користат услуги од надворешни системи и се на 0. Во чив интерес е овој закон пресметајте сами.
     
    На The-spiki и shooter им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...