1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Од 1 јуни во Македонија повеќе нема плаќање во кеш над 500 евра

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Zippo, 21 Мај 2019.

  1. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    676
    621
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Банките се најголеми ентитети во државата, генерираат профит од ништо. Скоро секој вработен е задолжен во некој банка и редовно плаќа камата за долгот. 30 денари месечно се наплаќаат поединечно секој месец од секој кој користи трансакциска сметка. Премногу недвижнини премногу кредити и тоа е еден круг каде што децата се раѓаат должни и ги отплаќаат долговите на своите родители, бидејќи и долговите се наследуваат. И наместо државата да мотивира прибирање на девизи или поголема флуктуација на реални пари, ги мотивира граѓаните да ги чуваат парите на трансакциска. Проблемот е што еве да речеме ние сме тука паметни дечки кои сметаме дека 0 на салдото значи нула. Но огромен дел на луѓето сметаат дека таа нула ќе ја дополнат со две плати во минус, кредитна картичка, потрошувачки кредит или не дај боже брз кредит. Имаат пари али немаат, класична должничка криза. Сметам дека мотивирањето на луѓето во една крајно сиромашна држава безусловно да користат банкарски услуги и да потпаѓаат под нивната пропаганда е безобразно.

    Наместо да врти парата, да се олеснуваат тие што носат пари во државата (поединците или малите претпријатија), тие гледаат што повеќе да го стегаат ременот и да прават аналитика кој колку и кога заработува.

    Пример, има дечко на форумов кој продава курсеви на удеми, што значи дека директно носи пари во државава. Наместо него државата да го помага со даночни олеснувања, или од некој фонд да му ја финансира опремата, таа преку фондот за иновации (наскоро агенција), финансираат купување на опрема која веќе постои и тоа го третираат за иновација.
     
    На Krkac, Скоти, Astro и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,808
    6,363
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Епа они викаат има проблем. Ете цитат.

    Не бе, 6 лаптопа по 480 евра секој. 6 фискални. Како ќе докажат дека се поврзани. Не ми знаат ни име ни бутур, платено е во ќеш. Тоа е поентата, неможат. Само да заплашат и да натераат преку банка да иде, платен промет да има увид.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alexmk

    alexmk
    Intern

    11
    12
    28 Јануари 2017
    Nikoja prodavnica nema da ti izdade 6 fiskalni smetki za eden proizvod posto rizikuvaat kazni od 5000-80000 evra.( ova go pisuvase na nekoj portal)
     
  4. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    184
    194
    12 Август 2014
    Машко
    Не можат пошто не ги ни интересира. Уште не сфаќаш дека ти можеш и 100 лаптопи од по 499 евра да купиш во кеш, ама ако е 501 евро лаптопот, ќе мораш преку банка.
     
  5. 123456

    123456
    Gaining Experience

    716
    333
    12 Април 2013
    Машко
    преку банка ке оди само по 1 евро или на картица, ако кошта пример 600евра, ти можеш 500евра кеш остатокот со картица да платиш
     
  6. Sludge.Factory

    Sludge.Factory
    On your way to fame

    509
    660
    7 Февруари 2014
    Машко
    Stomatolog
    Баш денеска сличен случај ми дојде, набавив 10 импланти по околу стотина еура еден, на фактура, и гледам ми издава две фактури по 5 комада, иако преку банка ги плаќам. Вика од кај му знаеш до утре што ќе се смени. Воедно ако ги платев во кеш, без данок ќе ги земев, 20тина посто поефтино :D:D:D

    Овој закон ќе биде многу контрапродуктивен. Поттикнува повеќе сива економија. Ако сакаат да намалат вработените на црно, или сива економија, нека намалат давачки, даноци и доприноси. Имаме Фонд за пензиско кој не работи како ФОНД, плаќаме за здравствено во зависност од платата од 1200 до 12000 денари а ги добиваме истите услуги.
     
    На The-spiki и Lokvan им се допаѓа ова.
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,808
    6,363
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ти несфаќаш дека незборам за 500 евра лимитот него за последователно поврзаните трансакции.

    .... ajt diskutirajte ova ne vodi nikade.
     
  8. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    463
    324
    22 Март 2016
    Машко
    Повеќе очигледно поврзани трансакции се однесува кога ја делиш сумата на повеќе делови/фискални сметки за да не го надминува лимитот,а не на повеќе производи по цена од/до еур 500.00.Истата се докажува при посета на инспекција и контрола на дневниот промет преку фискалниот апарат при што се споредува вредноста на производот со фискалната сметка.Новите фискални апарати се поврзани со УЈП преку ГПРС картичката во нив.

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
    На Oktar и alexmk им се допаѓа ова.
  9. Lokvan

    Lokvan
    Unstoppable

    2,311
    3,133
    12 Јануари 2016
    Машко
    Нема никакво морално или етичко објаснување зошто е во ред да ти забранат да користиш кеш. Правно е можно, но само заради тоа што законите ги носат тие кои се на власт.

    Тебе барем треба да ти е јасно дека сето ова најмалку е заради економијата. :)


    Нема што да докажуваат. Тие не се замараат со тебе, пошто другите 85% автоматски ќе си легнат на брашното... Тоа нормално нема ништо да направи во врска со реалноста дека некои 15% (криминалците) и онака не се замараат со фискални сметки и банкарски плаќања. Така да сето ова е повеќе заради правење филм, и заради повеќе контрола врз чесниот работен народ.
    Ова! (и куп други работи за кои сега не сакам да пишувам овде)
     
    The-spiki, Yoshimitsu, Ragnar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,856
    3,911
    28 oктомври 2008
    Е тука е проблемот. Затоа и се воведуваат вакви закони. Во случајов не те посочувам тебе како виновник ни најмалку, нормално е дека сакаш да го купиш производот поефтино. Но фактот дека продавачот ти го нуди и без данок, укажува дека нема влез за него, т.е. одредена количина ја има протнато "под рака". И се вртиме во круг...
     
    На Astro, moongose, DonFrozex и уште 4 други им се допаѓа ова.
  11. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    630
    671
    9 Декември 2015
    Машко
    Во теорија тоа е така, но каде се другите фактори во приказната? Дали би се согласил дека има позитивна бизнис клима во моментов во Македонија? Колку нови фирми се отворени овие неколку години? Колку се затворени? Раст/пад на економија, особено на мали фирми? Ако се ова е во негатива, дали има логика да се стега уште повеќе обрачот?
     
    На Скоти и Astro им се допаѓа ова.
  12. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,856
    3,911
    28 oктомври 2008
    Делумно се сложувам, но не мислам дека се стега обрачот. Да, добар дел од фирмите се затвараат поради лоши економски услови, но знам и конкретни примери на мали фирмички и дуќачиња што се намерно затворени затоа што апетитите на нивните сопственици биле поголеми од можностите (или знаењето) на истите. Земјте во транзиција го имаат тој проблем, желба за брза пара, да се биде газда, да се купи џип а работниците да земаат плата на три месеци.
    Како и да е, од некаде мора да се почне...
     
    На Ragnar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    630
    671
    9 Декември 2015
    Машко
    Од врвот најдобро
     
    The-spiki, Скоти и на Metuzalem им се допаѓа ова.
  14. DonFrozex

    DonFrozex
    On your way to fame

    852
    986
    9 Јуни 2011
    Машко
    Убаво кажано.

    Особено ова:
    Проблемот е што еве да речеме ние сме тука паметни дечки кои сметаме дека 0 на салдото значи нула. Но огромен дел на луѓето сметаат дека таа нула ќе ја дополнат со две плати во минус, кредитна картичка, потрошувачки кредит или не дај боже брз кредит. Имаат пари али немаат, класична должничка криза.

    Да се надовржам на тема пари, буџет, финансирање и слично, има една многу добра книга која што се вика "Rich dad poor dad".
    Оваа книга топло ја препорачувам на секој еден паметен момак од форумов да ја прочита, доста се зборува за пари, економија, mindset и слично.

    На тема сива економија, продавниците во Сити Мол први ќе го осетат ударот, пошто брајчава не сакаат многу да се замараат со банки, картички и сл.
    На тема сива економија, тезгите на Бит пазар или Шутка - заболе ги.
     
    На Zippo му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    528
    421
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Ако се работи за едно парче производ нема начин.

    Ако се повеќе парчиња, им кажеш на каса да ти поделат на повеќе фискални сметки и те боли капата натака што прават :)
    Може нема сите фирми да се осмелат вака, ама ете мене ми предложија пред 1 месец за роба над 60.000 илјади и прифатив, нормално :)

    Притоа, го уважија планираниот попуст од 5% за таа сума и го наплатија исто како со една сметка.
     
  16. ТАТА_МАТА

    ТАТА_МАТА
    Practice makes perfect

    1,314
    1,432
    25 Март 2013
    Машко
    Примарните цели на оваа мерка беа неколку пати споменати. Она на што јас се сомневам како дополнителна причина е дека е можно лимитот од 500 евра да е толку низок поради договор со банките за Пејпал.

    Колку што знам банките го кочеа процесот на примање на пари преку Пејпал поради тоа што немаа дел од тој колач. Е сега кога банките ќе имаат ќар од секоја трансакција над 500 евра (провизии од плаќање со картичка/префрлање пари на трансакциона), сите субјекти ќе бидат нахранети и ќе може конечно да го добиеме како услуга.

    Од аспект на пусти пари, банките ќе го имаат најголемиот ќар од оваа мерка. Нека земаат 0.5% од секоја трансакција над 500 евра- it's a shitload of money!!!
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gandal11

    Gandal11
    Intern

    60
    43
    14 Февруари 2019

    Процесот за ПејПал јас колку што сум запознаен го кочеа и институциите поради незаинтересираност, а воедно и општо не знаење што е тоа, второ како што напомена се банките, на кои повеќе им се исплати да ти наплатат за услугата наместо да оди тоа преку ПејПал, и трето законските регулативи поради кои ПејПал не може да ги нуди услугите во МК.

    Иако твоево е само предпоставка, ај ваљда ќе дочекаме и ние ПејПал. Малце срамота е во 2019 та да се радуваме на нешто толку нормално во останатите држави, али за жал не сме нормална држава.
     
    На Necromancer му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,161
    3,450
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    А зошто банките се против Пејпал кога за да си ги извадиш парите од ПП секако треба да си ги префрлиш на трансакциска, па може тука да ти удрат некоја маржа?
     
  19. Oliver!

    Oliver!
    Gaining Experience

    528
    421
    26 Април 2012
    Машко
    Шпекулатор
    Затоа што секој министер до сега што бил надлежен за ова бил/е КОМПЛЕТЕН дудук...

    Секако дека ќе се реши работата на крај кога сите знаат што прават (или барем знаат да излажат прописно на вести што е причината, наместо неповрзани изјави од некој полу-стручен седач на фотеља).
     
    Скоти, Gandal11 и на DonFrozex им се допаѓа ова.
  20. alexmk

    alexmk
    Intern

    11
    12
    28 Јануари 2017
    Mislam bankive apsolutno nemaat nisto protiv paypal.
    Da imaa nemase da dozvoluvaat da povelkuvas pari na kartica neli.
    A toa ppal ke dojdel eve cekame vekje 10 godini.
     
  21. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,856
    3,911
    28 oктомври 2008
    Затоа што македонски граѓани не смеат да поседуваат нерезидентни девизни сметки (освен со подебни дозволи) поради законот за спречување перење пари.

    (Испратено од Mi A1 Radioactive)
     
  22. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,856
    3,911
    28 oктомври 2008
    Банките никогаш немаат против трансакција што ќе им донесе провизија, ама УЈП има.

    (Испратено од Mi A1 Radioactive)
     
  23. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,161
    3,450
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    Тоа е во ред, ама тоа не е до банката туку до легислативата и НБРМ.
     
  24. Astro

    Astro
    Guru

    5,989
    8,106
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Ние не сме земја во транзиција, од каде ви таква идеја. Бевме, повеќе не сме.
     
    На Banjifiko му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,856
    3,911
    28 oктомври 2008
    Но синдомот "јас сум газда" нема никад да го искорениме...

    (Испратено од Mi A1 Radioactive)
     

Сподели

Вчитување...