1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Од 1 јуни во Македонија повеќе нема плаќање во кеш над 500 евра

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Zippo, 21 Мај 2019.

  1. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,528
    4,321
    23 Јуни 2015
    Машко
    Намерно донесен закон за да се врши притисок на долг рок врз сивата економија. Тие "35% невработеност" се премногу нереални, само да се фрли поглед на возен парк и какви годишни одмори се тераат.

    Само поголема контрола треба да има. Никој нема да те чепка ако си чист. Последново и за г`зот важи.
     
    DonFrozex, goce03 и на igor_igor им се допаѓа ова.
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,382
    10,164
    13 Јуни 2009
    Целта ма мерката е освен во приходите да се има и поголем увид во расходите односно да може да се поврзуваат по име т.е. лице. Од ова се разбира, раце ќе тријат комерцијалните банки пред се.

    Во врска со повеќе очигледно поврзани трансакции, останува моралната одговорност. Исто како и издавање или побарување на фискална сметка. Задолжително е ама не секој издава нели. Па и не секој бара, посебно ако така е поефтино на пример.

    Или друг пример, останува на тебе да пријавиш колку приходи си имал. А после УЈП лови дали е така по случаен избор или некој праг на износи итн.

    Начинот на кој би се ловело е на пример дата и време на фискална сметка. Ако последователно во рок од минута две се издадени сметка за фотеља, сметка за столици за трпезарија, па сметка за трпезариска маса може да биде очигледно поврзана трансакција и да следи казна.

    Се разбира ако ова го има во правилник, процедура и сл. И ако се применува. Во тој случај ќе биде казнет продавачот па нареден пат кога ќе сакаш така да купиш, тој сам нема да сака да ти продаде. Ова е еден пример.

    Друг пример е инспектори по продавници без да се најават па да следат продажба.
     
    Lokvan, Sharlovski и на goce03 им се допаѓа ова.
  3. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    540
    866
    16 Јануари 2016
    Машко
    Тие што не издаваат фискални овој закон нема да им смени ама баш ништо, ќе си продолжат само по старо. Дури и ќе имаат мала предност со тоа што нели ќе примаат кеш за суми над 30к ден. (мобилари и сл.)
     
    The-spiki, DonFrozex, Oktar и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,528
    4,321
    23 Јуни 2015
    Машко
    Со тек на време обрачот ќе мора да се стега, неможе да се живее како во див запад.

    Ова е една мерка, втората мерка е “враќањето на ддв на секој поединец“ која врши притисок. Ако не дадат резултат, јас сум сигурен дека и трета мерка ќе се воведе. Се додека не се постигне некаква контрола.
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,588
    1,347
    27 Јануари 2011
    Машко
    Баш синоќка правев муабет со еден адвокат на оваа тема.
    Пример сакаш да купиш половна кола од 5000е, кога се прави договор ке се стави цена од 500е и остатокот во кеш, или ке се прави криминал со адвокати во вид на позајмици и слични глупости. На сличен начин ке се продаваат и станови, куќи, викендизи. земјоделко земјиште итн.
    Со ваква метода може да се развие само поголем шверц.
     
    На Скоти, Astro, zipi123 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  6. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,033
    28 oктомври 2008
    Ова е многу ризично. Еве ти конкретен пример. Имам сосед кој не успеа да продаде гаража на овој начин, пола на сметка пола на рака. Имено, имало некоја законска одредба дека требало да ги извести соседите за намерата да продава, затоа што имаат приоритет при понуда. Јас на пример не знаев за ова. Но имам и друг сосед кој знаел и се обиде да го искористи ова така што му ја спречи продажбата, и му понуди онолку колку што добил на сметка, значи пола од сумата, и целиот процес заврши на арбитража, и гаражата се повлече од продажба.
    Како и да е, не е проблем во законот и нискиот лимит, туку во самото имплементирање на истиот и негова контрола.
     
    На Noumenon, toplel, igor_igor и уште 3 други им се допаѓа ова.
  7. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    655
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    ^
    За кола можеби, ама за станови тешко, затоа што е крајно сомнително стан од 40,000 евра некој да го продаде за 500 евра нели? Втора работа, ако правиш така мора да имаш целосна доверба во другата страна. Ако одиме на нотар и направиме договор на 500 евра и усен договор меѓу нас дека ќе ти доплатам кеш, кога ќе потпишеме јас правно сум обврзан само 500 евра да ти дадам, а ти мора да ми го дадеш предемтот на продажба. После тоа можам да ти кажам "која доплата во кеш не знам што зборуваш".
     
    На toplel, omegaRED, DonFrozex и уште 2 други им се допаѓа ова.
  8. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,423
    11,001
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не знам дали постои таков лимит, но ако постои е сигурно многу повеќе од 60000 денари. Имам фискални со по 300К+ денари.

    Нема врска. Фискалната може да има било колкава вредност, но таа вредност ако е поголема од 30000 денари не смее да биде платена во кеш.
     
    На ТАТА_МАТА и Majestic им се допаѓа ова.
  9. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    655
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    Инаку за споредба - лимит на кеш:
    Франција - 3000 евра
    Португалија - 1000 евра
    Словачка - 5000 евра
    Бугарија - 5000 евра (Бугарија инаку е позната како земја во која не постои прење пари и криминал)
    Белгија - 3000 евра
    Грција - 1500 евра
    Германија - нема лимит
    Малта - нема лимит
    Кипар - нема лимит
    Исланд - нема лимит
    Словенија - нема лимит
    Австрија - нема лимит
     
    На The-spiki, Krkac, Скоти и уште 5 други им се допаѓа ова.
  10. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    641
    2,155
    27 Јануари 2014
    Машко
    Ова како наградната игра со фискалните кога беше. Купиле 3 производи и на каса чекаш 15 минути, затоа што си го бара секој производ на различна сметка. Еве сега со лимитов може пак истото да се прави секако ако производот е до сума од 30.
    Него муабетот ми е, има ли правилник што ќе санкционира вакви работи или пак ќе се прават дубари?
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  11. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,369
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    Ова е проблем за техника. Но што се случува кога еден ден ќе мора да се плаќа погребна опрема на пример?

    500 евра се премалку.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    655
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    Од ова бегло што ѕирнав на нет, светски тренд е да се ставаат лимити на кеш трансакции, а ние нели секогаш ги следиме светските трендови. Интересно е што во земји како Кипар и Малта на пример, каде јавна тајна е дека се врти многу кеш и цвета офшор бизнис нема никаков лимит, а кај нас ставаш 500 евра лимит (мислам дека никаде во светот нема толку низок лимит). Во услови кога економијата е катастрофа, пари се трошат на триста глупости а помалку на тоа што треба (ова зборувам генерално во овие 20 години), ти сакаш да имаш комплетен увид во сметката на секој граѓанин и да му исцедиш се што има. Точно е дека треба поголема контрола, но како што посочија погоре, таа контрола мора да почне од врвот за обичните луѓе да ги прифатат ваквите потези.
    Инаку една од причините поради која вадам кеш од банкомат откако ќе добијам плата, а ретко пазарам со картица, е една приказна која ме згрози (добро можеби претерувам ама сепак...). Еден пријател бил да си купи скапи кондури за свадба и другиот ден му врти негов пријател што работи во банка од каде што му е картицата и му вика "ејјј каде ќе одиш со такви скапи кондури". WTF? Тоа тие е Македонија.
     
    На The-spiki, Krkac, Noumenon и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,040
    19 Јули 2013
    Никој не ви брани со кеш да плаќате, единствено за суми над 30000 денари, наместо да ги броите на каса во продавница, ќе треба да ги изброите на шалтер од банка и потоа банката ќе ги префрли на продавницата.
     
  14. Melisandre

    Melisandre
    Gaining Experience

    37
    63
    6 Мај 2019
    Женско
    Удар врз сивата економија? Да, силен удар тамам да ја турне напред. :D Кој криел пари досега е доволно паметен да ги крие и отсега. Ова е чисто измислица за банките, покрај нив и УЈП (не се поврзани власта со банките, нели). Ме интересира само кој е "генијалецот" позади оваа "брилијантна" идеја и колкав е неговиот пријавен годишен данок.
     
    The-spiki, Krkac, Скоти и на уште 1 им се допаѓа ова.
  15. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    655
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    Друг е филингот.
    [​IMG]
     
  16. M.Pix

    M.Pix
    Модератор

    641
    2,155
    27 Јануари 2014
    Машко
    А, непријавените пари од пејонир? Јас во мк се имам пријавено на минимална сума и работам фул тајм фриленс. Што кога во банка ќе искеширам 50.000 за хардвер да речеме?
     
  17. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    655
    689
    9 Декември 2015
    Машко
    ^
    Пријави ги и решен проблем :)
     
    igor_igor, Banjifiko, goce03 и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,040
    19 Јули 2013
    Toa e една од грмушките каде што лежат зајците. :)
     
  19. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Не можеш да ги пријавиш, во банка не ги прифаќаат трансферите.

    Инаку границава од 500 евра е смешно ниска, посебно за држава како нашава каде што пред нос гледаме партиите како крадат и ич не им чуе, а они ќе спречувале сива економија. Да бевме држава како западните држави, во ред, ама кај нас изгледа народот ќе оди кон запад, а политичарите кон див запад.
     
    На Krkac и DrMTR им се допаѓа ова.
  20. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,703
    1,777
    8 Мај 2007
    Машко
    Во скоро сите продавници кога сум пазарел за плаќање во готово се добива мал попуст, а тоа на големи ставки се и не баш малку пари.
    Овие пари во суштина ги лапа банката како услуга за трансакција со платежна картичка, па наместо да и даде пари на банката, ти ги остава тебе ко купувач. Да, на фискална оди се, само има попуст со плаќање во готово.

    Е сега, хари ќе биде нов газда на вардар, овозможено од ваши пари.
    После народ се евакуирал од тука....
     
    Krkac, Скоти, Zippo и на уште 1 им се допаѓа ова.
  21. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,502
    3,407
    11 Декември 2008
    Машко
    А за невработени без сметка у банка, како ќе пазаруваат крупна стока? :D

    Ќе мора да прават дебитна картица, па од дома кешот да го носат у банка и после да плаќаат?
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Па тоа е целата финта, воедно не може да си невработен а да имаш пари за да пазаруваш.
    Вака преку трансакции ќе се контролираат парите, сакаш нејќеш ќе мораш во банка да ги ставиш парите.
     
    На moongose и ТАТА_МАТА им се допаѓа ова.
  23. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Види не ме сфаќај погрешно, не го подржувам јас законов со плаќање во ќеш до 500 евра, затоа што е смешно ниска сумата.

    Финтата е штом имаш пари да пазаруваш, значи имаш прилив на пари, епа власта сака тој прилив да го поминеш низ банка, нивните банки да си лапнат процент, они да си лапнат процент исто така преку парите што одат демек за државата, инаку нема да можеш да купиш.

    Едит: Целата финта е, ние што сме на власт сакаме да знаеме точно колку пари имате, на што ги трошите, и да си земеме дел од тие пари преку банките каде што сме акционери, ама вие за нашите пари што не се знае од каде се заработени, не може да знаете и нема што да ве интересира што купуваме.
     
    На Krkac, Скоти, wolverine и уште 4 други им се допаѓа ова.
  24. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    683
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Што правиме со Албанците кои редовно праќаат пари на своите тука, не сакам да правам стереотипи али они без 2000 еура, 1000 франци и 1000 долари во новчаник не доаѓаат. Ќе ги натераат да ги ставаат парите во банка? Не бе бато тие пари ќе одат во Косово, Албанија или Србија, а нашиве ќе се чешаат.

    И наместо да им дадат благодарница на извозно ориентираните поедници/фирми кои прават девизен прилив во државата, без разлика од дома или со работа во странство они те приморуваат да им го креваш капиталот и бонитетот на банките.

    Сиве овие години наместо да измислуваат франкенштајн решенија земени од лево од десно, можеа да ги копираат тие што ги применува Бугарија, а е во ЕУ.
     
    На Krkac, Скоти, Astro и уште 6 други им се допаѓа ова.
  25. Deleted member 37389

    Deleted member 37389
    Гостин

    Не мора да даваат благодарница, доволно е да се позанимаваат да ги обноват начините на работење на банките и да донесат еден ПејПал кој го чекаме со години уназад за да можеме пари да примиме, ама не, во 2019 та на банките во МК им е страв да реализираат трансфер од странство освен ако не е директно на трансакциска со исклучок на Скрил во НЛБ банка за да не ги казнела народна банка, додека во сите соседни држави нема никаков проблем.

    Во однос на Албанците, тоа што го кажа не е стереотип, тоа се факти, одат на каса и вадат ќешот.
     
    На DonFrozex му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...