1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Од 1 јуни во Македонија повеќе нема плаќање во кеш над 500 евра

Дискусија во форумот 'Генерална ИТ дискусија' започната од Zippo, 21 Мај 2019.

  1. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    685
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Како што известуваат медиумите (Линк) и како што вели Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам (Линк) во член 182 став 2:

    Од 1 јуни 2019 година, забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги.

    Што би значело купување ИТ опрема или софтвер над 500 евра мора да оди со картичка. Аналогно на тоа многу наши соседи (читај Косово) ќе мораат да плаќаат со картички, па и ние со нив.

    Ме интересира колку вие сметате дека ваква законска одредба е здрава за нашето општество и колку го намалува интензитетот на развој на ИТ во Македонија, а колку пак ја спречува сивата економија?

    Лично сметам дека границата е ниска и доколку копираат од негде закони бар треба да ја нивелираат со просечната граница во ЕУ државите, пример Грција е 1500 евра, а Бугарија 5110 евра (Линк).
     
    На Goran. му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    660
    697
    9 Декември 2015
    Машко
    Смешно ниска граница. Можеби треба да има, но 500 евра е смешно, а во комбинација со новиот закон со кој УЈП без судски налог може да гледа сметки станува и страшно.
     
    На The-spiki, Noumenon, efto и уште 5 други им се допаѓа ова.
  3. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,078
    2,988
    2 Септември 2012
    Машко
    Таман е. :)
    Тие што работат со сива економија и што имаат многу кешарица нека му ја мислат, сите останати нема да имаат никаков проблем. :cool:
    Пример во Карго се исплаќаат големи суми па редно е нешто некој денар да се плати и на државата од тоа.
    Знам некој ќе рече ние ќе плаќаме а други ќе крадат, за жал и тие имаат право, ама мора од некаде да се почне јбг.
    Шу да праиме. :p
     
    Последна промена: 21 Мај 2019
    На Zabegann, Astro, SiPy` и уште 4 други им се допаѓа ова.
  4. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    Мене лично, ништо не ми менува, повеќе од 1.000-ка не ни носам во кеш, освен кога идам негде на пат, или у кафана :) ИТ опрема, гардероба и се останато секако со картичка плаќам. Побезбедно и попрактично ми е.
    Имам две картички од тутунска едната е paypass, другата е обична со пин код со тоа што плаќањето над 1.500 денари ме се дели на три рати, над 3.000 на 6 рати... за ова ми резервира средства банката, меѓутоа не ми наплаќа камата доколку имам доволно пари за резервација.
    Па си бирам дали сакам брзо плаќање без пин код или ако не нешто поскапо да го плаќам на рати.
    Во однос на сузбивање на сива економија, мислам дека оваа мерка нема да има некој голем ефект.
     
    На Krkac, Luxell, ТАТА_МАТА и уште 3 други им се допаѓа ова.
  5. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    591
    383
    11 ноември 2015
    Машко
    Не е место овде да прашам, но дали некој знае кој е лимитот на префрлување на пари од физично лице на физичко лице?
     
  6. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    Нема лимит, ова се однесува на купување на физички од правни лица.
     
  7. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,841
    6,433
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    А како ќе знаат ако купувам на 2-3 места работи од 499 евра? Не оставам име и презиме и лична карта на каса.
     
  8. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,265
    9,401
    23 oктомври 2012
    Машко
    Ограничувањето е по трансакција 500 евра, не до крај на живот 500 евра :))))
     
    На wolverine, igor_xxxx, Sharlovski и уште 13 други им се допаѓа ова.
  9. damil

    damil
    Gaining Experience

    593
    499
    2 Јануари 2015
    Машко
    Дали ова значи дека Ледиком нема да може да продава S10ки и iPhone 10s max у кеш?

    Немој да ме....

    Реално само проблем на оние што продаваат легално. Ама па од друга страна големите директори со Q8ци што се пријавени на 12.500 денара плата ќе мора да бараат начин да го исперат кешот.


    Уствари ако подобро размислам, нема никаков лимит колку кеш можеш да убациш на сопствена трансакциона. Единствена корист од сето ова имаат банките, кои нели се главни купувачи на обврзниците од државата, а ова е убав начин да си лапнат убава провизија од сите легални трансакции над 500 еур.
     
    Последна промена: 21 Мај 2019
    На Krkac, Скоти, JasSum и уште 3 други им се допаѓа ова.
  10. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    591
    383
    11 ноември 2015
    Машко
    Многу убаво ја разбрав темата и многу убаво знам за што станува збор. Мене ме интересира од физично на физичко лице преку трансакциска сметка колку е лимитот? Моето прашање нема ништо општо со темата. :)
     
    На goce03 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. aleksandardespotovikj

    aleksandardespotovikj
    Gaining Experience

    933
    412
    7 Март 2014
    Машко
    Ледиком и Мобеликс се Premium мобилари.. они не даваат фискални, така да слободно ќе може и 1000€ кеш.

    Испратено од SM-G960F преку IT.mk форум апликација
     
    На StalkeR, Krk198, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    64
    82
    24 Април 2007
    Женско
    А да се почне од тие што крадат? :)
     
    На Alucard, Скоти, Pane-G и уште 4 други им се допаѓа ова.
  13. BorisSapphire

    BorisSapphire
    Gaining Experience

    591
    383
    11 ноември 2015
    Машко
    Хахахаха сите тоа го сакаме, ама баш тие што крадат се врзани и за нив не важи законот. Така да не се секирајте роба над 500е палиш кола одиш за Грција и си купуваш што ти треба, башка ке си вратиш данок и по ефтино ке ти излезе. :)
     
    На DrMTR му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Маша

    Маша
    Gaining Experience

    64
    82
    24 Април 2007
    Женско
    Ич не се секирам, човек на све ќе се адаптира да преживее. Само погрешен им е пристапот.
     
    Скоти, BorisSapphire и на Ragnar им се допаѓа ова.
  15. goce03

    goce03
    Practice makes perfect

    910
    1,542
    20 Јануари 2015
    Машко
    Нема лимит. Од физичко на физичко лице преку транакциска можеш да префрлиш колку што сакаш. Со тоа што во цел на дознака треба да наведеш основ за трансферот односно шифра (пример личен трансфер, купопродажен договор итн..).
    Со тоа што, што и да наведеш во цел на дознака, секоја трансакција над 15.000 евра и повеќе помали поврзани трансакции (ова може да бидат многу контиунирани трансакции по ситни суми) банката е должна да ги пријави во Управа за финаниско разознавање.
     
    На BorisSapphire му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,841
    6,433
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    На ова мислев. Повеќе очигледно поврзани трансакции.

    Значи денес вадам 2000 евра од банка, ќеш. Утре одам во 5-6 продавници и си купувам клими, машина за садови, лаптоп итн итн. Од даречеме техномаркет. Сите сакам на посебна фискална. Да не не ми продадат случајно :)

    Од кај ќе знаат дека одеднаш сум потрошил над 500 евра?
     
  17. Ragnar

    Ragnar
    On your way to fame

    660
    697
    9 Декември 2015
    Машко
    ^
    А ако сакаш ТВ од 1000 евра?
     
  18. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,841
    6,433
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Ќе го купам на картица ако толку сакам. Не се разбираме нешто? Нема систем да ме ограничат да трошам колку сакам каде сакам освен со тоа 500 евра по фискална.

    Ова е мижи бабо да те лажам. Мислам дека има нешто врска со повратот на ДДВ што дотичните го рекламираа на избори.
     
  19. dddragan

    dddragan
    Gaining Experience

    195
    200
    12 Август 2014
    Машко
    Никој не вика дека ќе те ограничат да трошиш колку сакаш. Туку едноставно, ако сакаш да потрошиш над 500 евра за еден производ, нема да можеш да го платиш во кеш.
     
    На aleksandardespotovikj, igor_igor, DonFrozex и уште 3 други им се допаѓа ова.
  20. Zippo

    Zippo
    On your way to fame

    685
    628
    22 oктомври 2014
    Data Analyst
    Јас имам едно логично прашање што ако 500 евра платам кеш, а останатото на картица? Дали ова е возможно? Нели се што не е забрането дозволено е ...
     
  21. StefAngel

    StefAngel
    On your way to fame

    956
    586
    28 ноември 2015
    Машко
    Buy btc
    Your keys your money, your freedom
     
  22. StalkeR

    StalkeR
    Unstoppable

    3,871
    3,420
    5 Декември 2009
    Машко
    Законски, самата продавница не ни смее да ти извади фискална со износ над 30,000 денари. (моментално е мислам до 60,000 денари максимум на фискална)
    Знам дека УЈП ги следи тие работи редовно и ако некој паметен ти извади фискална над тој износ, ке го јаде дебело... :)

    Од друга страна пак, за уреди кои се на сериски број(тв, мобилни, аудио и сл. каде мора да оди на една сметка) ја уплаќаш целата сума на трансакциска на продавницата, па да ти извадат фактура они.

    А банките тоа чекаат нормално, да те опне провизија на секоја уплата... :)
     
  23. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,841
    6,433
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Дечки јас стварно незнам дали не ме сфаќате или скокате редови.

    500 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции.

    Само болдираното го зборам. Нема како да утврдат. Ако сакам утре во техномаркет ќе купам 6 лаптопи. Сите ќе барам на посебна сметка да се. Ни една не е над 500 евра. Сите се поврзани. Како ќе докажат?

    Тоа за 500 евра, нема проблем. Ќе го пазарам во Солун ако е техника. За друго со картичка ќе платам.
     
  24. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,265
    9,401
    23 oктомври 2012
    Машко
    Другар Армак, нема никаков проблем да пазариш со сува пара се додека сумата на поединечна трансакција е под 500 евра т.е. 30.000 денари. Ти на пример земаш 500 евра плата, ги вадиш сите на банкомат и секој ден си купуваш по едно кило пршут и флаша црвено вино од локалната бакалница. Плаќаш во кеш. Сите трансакции се поврзани ама нема никаков проблем.
    Ако сакаш да купиш телевизор, тој кошта 36000 денари, неможеш да го купиш со кеш, мора да употребиш картица.

    Било која сметка над 30к неможе да се плати со кеш. Ама ако ти сакаш да купиш 5 лаптопи од по 29к и им кажеш да ти ги стават на 5 фискални, нема никаков проблем.

    Целта е да се има траг на парите, ке те примораат трансакциите да ги вршиш преку сметка и така ке имаат увид.
     
    На DonFrozex, igor_xxxx, aleksandardespotovikj и уште 5 други им се допаѓа ова.
  25. kristijan_m75

    kristijan_m75
    Gaining Experience

    472
    329
    22 Март 2016
    Машко
    Доколку цената на еден од шесте лаптопа е 3000еур а ти искачаш од продавницата со кутија а во нејзе гаранција од лаптопот и на гаранцијата захефтани 6 фискални од по 500еур(тоа е повеќе очигледно поврзани трансакции)....

    Sent from my SM-N950F using Tapatalk
     
    На igor_igor и Oktar им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...