Стани премиум член и добиј попуст на 2000+ производи и куп други бенефити!
  • Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

[Очајни Домаќинки] Совет за душек за кревет

civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
259
223
Малку да ја реактивирам темава, гледам Прима мебел имаат попуст на душеци а сум заинтересиран за овој:

Најакиот за душеци @civikom го предложи овој во еден од погорните постови па да прашам дали е ок цената или има подобри цена/перформанси.
Нема да згрешиш со Витасан Екстра, јадро од ХР пена, 7 зонски и Тенцел навлака.Само подницата (латофлексот) кај што ќе биде ставен душекот гледај да е поквалитетна.
Прашај и за гаранцијата што е исто така битна работа при избор на душек, мислам малце ја зголемија Прима Мебел ама осигурај си се.

Испратено од SM-G975F преку IT.mk форум апликација
 
civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
259
223
Радо би го пробал али не сум од Скопје, колку го плати?
Мораш да пробаш душек пред да купиш !!!
Сите се различни и многу карактеристики зависат од килажата на тој што ќе спие и од подлогата.Некогаш џабе и најпремиум душек платен неколку иљади евра ако е ставен на лоша подлога или е наменет до 80/90 кг а спие на него некој од 150кг.

Испратено од SM-G975F преку IT.mk форум апликација
 
Crazy

Gaining Experience
29 октомври 2016
331
221
Ајде малце да ја живнам темава, предлог за мек душек?

Не битно скап/ефтин само да е мек, се заклав со Дормео и се будам дури и со болки од кога почнав да спијам на него, ме форсира на грб да спијам а ја навикнат на страна.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.381
7.960
Мелмак
Иди пробај си во федер-бау. Македонско производство, мислам дека опцијата со мека пена + воздушни џепови беше ултра мек. Но мораш да пробаш, не се зима душек на непробано. Имаат салон во Карпош 2, карши лептокарија, во близина на горење салонот/палма.
 
Astraion

Unstoppable
24 ноември 2012
2.043
3.039
Струмица
Оди вo Алмак и испружи се на Royal Dream. Го земав пред 1-2 месеци кога им беше роденден со 20% попуст, од 31к на 25к за 180*200. Овој им е флегшип, висок е 28цм и му даваат 10 години гаранција.
Бев решен да зимам душек само со мемори пена, без џебни јадра, ама жената ме разубеди и паралелно лежев на Малдиви само со мемори пена и овој Ројал Дрим со џебни јадра и мемори пена на површина, облечен во мек микрофибер. На мемори пената ѝ треба повеќе време да се врати во првобитната состојба додека џебните јадра инстантно ја ресетираат формата.

Исто и јас спијам на страна и долго време (5+ години) спиев на тврд душек и кога станував ме болеше грбот 95% од времето. Со овој ми се среди болката и дури 50% од времето спијам без перница од шо ми е комфорен..
Одличен душек за парите (и гаранцијата) а особено ако го нагазиш со 20-30% попуст. Пробај ги двата на лице место и биди си раат.
 
toshex

the fool
18 септември 2013
6.381
7.960
Мелмак
Ко шо кажав (и не е спонзорирано ова) ама федербау бар ја коа зимав ги имаат истиве опции нивно производство а беа најевтини. Исто гаранции чуда нели. Алмак препродаваат така шо може и истите душеци да се ама да плаќаш плус маржа. Секако иди пробај спореди цени и земи си нешто шо највеќе ќе ти одговара.

GoCe_

Gaining Experience
18 ноември 2007
288
301
Мораш да пробаш душек пред да купиш !!!
Сите се различни и многу карактеристики зависат од килажата на тој што ќе спие и од подлогата.Некогаш џабе и најпремиум душек платен неколку иљади евра ако е ставен на лоша подлога или е наменет до 80/90 кг а спие на него некој од 150кг.

Испратено од SM-G975F преку IT.mk форум апликација
Здраво @civikom , ми дојде и мене редот да се подновам со лежај и душек па темава ми дојде добродојдена ептен, посебно кога гледам дека има специјалци околу топиков :)

Земав специфичен кревет, со плитко лежиште на душекот. Најверојатно нема да има проблем дека е плиток влезот на душецот во лежајот (3 цм), туку неможноста треска виница да изработат латофлекс како лежиште на душекот. Значи - лежајов има иверица за основа.

Е сега како што ме поучија, не треба да земам душек кој што е базиран само на сунѓересто пена јадро туку треба да има и федери - нормални или џепести поради ризик брзо-брзо да ми мувлоса.

Како што може да се види на сликата, креветов оди со дифолт душек алмеро краун, ама јас сепак сакав да се исконсултирам и тука на темава.. Краунов е со обични федери ама со ХР пена и Латекс која гледам е доста препорачана тука.

Како опција ги гледав и ројал дрим на алмак, го гледав и топкинг на нетам (2400 пружини на метар квадратен!!?), гледав и во прима-мебел ама витасан екстра е цел со сунѓери (без федери).. и сега сум збунет.

Што мислиш ти или било кој што се разбира, дали да ризикувам со пенест душек кој е дискутабилно дали би дишел или да одам на сејф варијанта со душек со обични федери или џебни федери?

Буџетов ми е некаде 20000 денари, плус минус некој денар.
 
kristijan_m75

On your way to fame
22 март 2016
701
519
Ако е за латофлекс можеш сам да си купиш,само да е креветот стандардна големина.Јас купив кревет од Јела 160х200 и за него си купив латофлекс од Југоекспорт.Ова важи ако не целосна иверица подлогата на креветот,кај мене беа две плочи и ги тргнав.

Испратено од M2101K7BNY преку IT.mk форум апликација
 
GoCe_

Gaining Experience
18 ноември 2007
288
301
Ако е за латофлекс можеш сам да си купиш,само да е креветот стандардна големина.Јас купив кревет од Јела 160х200 и за него си купив латофлекс од Југоекспорт.Ова важи ако не целосна иверица подлогата на креветот,кај мене беа две плочи и ги тргнав.

Испратено од M2101K7BNY преку IT.mk форум апликација
Мислам дека не може затоа што во контакт сум со треска виница кои го изработуваат креветот, неколку пати ми напоменаа дека немаат можност да стават латофлекс на овој лежај.. Ќе ги прашам уште еднаш што би можело причината да биде..

Ти си купи само даскички од југоекспорт или со се метална контура?

Ако имам можност да избегнам мувла со некој по прозрачен а квалитетен душек или перфорирање на иверицата тогаш би заштедил и од евентуални дополнителни трошкови за латофлекс...
 
kristijan_m75

On your way to fame
22 март 2016
701
519
Си купив латофлекс/комплет си оди со металната конструкција,креветот ми беше со иверица но беше на штрафови не беше целина/дел од креветот.Дојде човек од Југоекспорт ми го монтираше латофлексот и си ја зема иверката.Претходно им пратив слики на вибер да видат дали ќе може да се стави латофлексот/кај мене имаше дасчиња од страна на креветот и во средина даска,затоа можеше.
Мислам дека не може затоа што во контакт сум со треска виница кои го изработуваат креветот, неколку пати ми напоменаа дека немаат можност да стават латофлекс на овој лежај.. Ќе ги прашам уште еднаш што би можело причината да биде..

Ти си купи само даскички од југоекспорт или со се метална контура?

Ако имам можност да избегнам мувла со некој по прозрачен а квалитетен душек или перфорирање на иверицата тогаш би заштедил и од евентуални дополнителни трошкови за латофлекс...

Испратено од M2101K7BNY преку IT.mk форум апликација
 
Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
110
56
Дали некој има ваков латофлекс, и дали сте задоволни? Каков душек имате врз овој? Јас имам ваков, не е истиот од линкот но така изгледа баш. (а сликата со кревтот е баш мојот, и кревет и латофлекс) И не сум сигурна дали чини или не, моментално имам душек со херкул жичано јадро врз него и многу ми е тврд душекот, па ако има некој нека каже што душек бу можело на оваа рамка да биде подобро.
На овие штички со лак ми се чини како да спијам на ридче или пак така ми се чини :) имам 67кг и би требало да легнуваат и штичките со мене
 
Атачменти

  • latoflex.jpg
    latoflex.jpg
    489,5 KB · Прегледи: 30
  • kira_krevet_200x90_focus_9093_funkcija.jpg
    kira_krevet_200x90_focus_9093_funkcija.jpg
    19,9 KB · Прегледи: 30

civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
259
223
Дали некој има ваков латофлекс, и дали сте задоволни? Каков душек имате врз овој? Јас имам ваков, не е истиот од линкот но така изгледа баш. (а сликата со кревтот е баш мојот, и кревет и латофлекс) И не сум сигурна дали чини или не, моментално имам душек со херкул жичано јадро врз него и многу ми е тврд душекот, па ако има некој нека каже што душек бу можело на оваа рамка да биде подобро.
На овие штички со лак ми се чини како да спијам на ридче или пак така ми се чини :) имам 67кг и би требало да легнуваат и штичките со мене
Проблемот е за оваа димензија 120x200 на лежај мораш квалитетен латофлекс со регулација на тврдината (се регулира потврдо помеко) да најдеш.
Кај нас многу тешко, само како твојот има во таа димензија дека не се рачуна како стандард.

200x90 се наоѓа
Рамка за душек Систем Flex, 90/200, Систем Flex
 
Атачменти

  • Опция Р_1699005752.jpg
    Опция Р_1699005752.jpg
    56,3 KB · Прегледи: 24

Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
110
56
Проблемот е за оваа димензија 120x200 на лежај мораш квалитетен латофлекс со регулација на тврдината (се регулира потврдо помеко) да најдеш.
Кај нас многу тешко, само како твојот има во таа димензија дека не се рачуна како стандард.

200x90 се наоѓа
Рамка за душек Систем Flex, 90/200, Систем Flex
Кога нема кај да најдам :) морам решение да најдам пошто станувам со болки во грбот. Латофлекс таков нема, ни обичен не пак со механизам, барав на нет, сега ми треба друга опција. Мора да е нешто со механизам за кревање
 
kristijan_m75

On your way to fame
22 март 2016
701
519
Види во Југоекспорт,јас мојот латофлекс го купив од таму,твојата димензија ја имаат/сега гледав на сајтот.Ако ја нема во моментот ќе си порачаш и ќе ти донесат/незнам колку ти се чека и кој ти е буџетот.Душеци земавме од Комодита и овака сме доста задоволни до сеа/1 година користење.
Кога нема кај да најдам :) морам решение да најдам пошто станувам со болки во грбот. Латофлекс таков нема, ни обичен не пак со механизам, барав на нет, сега ми треба друга опција. Мора да е нешто со механизам за кревање

Испратено од M2101K7BNY преку IT.mk форум апликација
 
Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
110
56
Види во Југоекспорт,јас мојот латофлекс го купив од таму,твојата димензија ја имаат/сега гледав на сајтот.Ако ја нема во моментот ќе си порачаш и ќе ти донесат/незнам колку ти се чека и кој ти е буџетот.Душеци земавме од Комодита и овака сме доста задоволни до сеа/1 година користење.

Испратено од M2101K7BNY преку IT.mk форум апликација
Скоро исти ко мојот, а овие од 20к нагоре не ги ни гледам. Незнам каде се продаваат од овие вторите, креветите на Бонели макс се со такви подници, изгледа на крај најдобри ке испаднат
 
Атачменти

  • jugoexport.PNG
    jugoexport.PNG
    609,2 KB · Прегледи: 29
  • Screenshot 2023-11-13 at 23-37-07 Bonneli Кревет King.png
    Screenshot 2023-11-13 at 23-37-07 Bonneli Кревет King.png
    418,3 KB · Прегледи: 28

Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
110
56
Вакво нешто ти треба, ама некој од бугарија да ти донесе.
Велеа Хоум ги нема овие модели кај нас да се нарачаат онлијн.Погледнете го атачментот 131573Погледнете го атачментот 131574

Испратено од SM-G975F преку IT.mk форум апликација
Многу се скапи и од БГ нема шанса да ми носи некој, туку истражував за тоа што зборувавме и испаѓа дека може да се стави иверка или нешто слично врз фкесибилен латофлекс како решение
 
civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
259
223
Многу се скапи и од БГ нема шанса да ми носи некој, туку истражував за тоа што зборувавме и испаѓа дека може да се стави иверка или нешто слично врз фкесибилен латофлекс како решение
Врз флексибилен латофлекс нема шанси да се стави иверка, евентуално да се извадат летвичките и да се заштрафи на оквирот.Незнам само дали без додатна потпора во средина ќе може на 120×200 см.Сировинската иверица е многу послаба и никогаш лично не би ја ставал под душек.Формалдехид е полна ☹️
 
kristijan_m75

On your way to fame
22 март 2016
701
519
Смени си го душекот...
Многу се скапи и од БГ нема шанса да ми носи некој, туку истражував за тоа што зборувавме и испаѓа дека може да се стави иверка или нешто слично врз фкесибилен латофлекс како решение

Испратено од M2101K7BNY преку IT.mk форум апликација
 
Starr

Gaining Experience
30 декември 2017
110
56
Врз флексибилен латофлекс нема шанси да се стави иверка, евентуално да се извадат летвичките и да се заштрафи на оквирот.Незнам само дали без додатна потпора во средина ќе може на 120×200 см.Сировинската иверица е многу послаба и никогаш лично не би ја ставал под душек.Формалдехид е полна ☹️
Boarding over mattress slats can be a quick and cost-effective way of preventing mattress damage with slats. To address the issue of the desirable flat surface for your mattress when used on a sprung slatted base,(ова е флексибилен латофлекс) you can board over the slats to help provide this.
Овде вика може, најверојатно кога ке се стави иверката или евентуално медијапан, летвичките ке си легнат и така ке останат :rolleyes:
Мислењето е автоматски споено:

Смени си го душекот...

Испратено од M2101K7BNY преку IT.mk форум апликација
Тоа ми беше првата идеја но што ќе постигнам со тоа? Каков душек би купила? Дали е до душекот или до латофлексот? Плус Civikom ми кажа дека не може подобар душек на овој латофлекс со растојание меѓу летвичките од 7цм (како мојот)
 
civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
259
223
Boarding over mattress slats can be a quick and cost-effective way of preventing mattress damage with slats. To address the issue of the desirable flat surface for your mattress when used on a sprung slatted base,(ова е флексибилен латофлекс) you can board over the slats to help provide this.
Овде вика може, најверојатно кога ке се стави иверката или евентуално медијапан, летвичките ке си легнат и така ке останат :rolleyes:
Не верувај многу на вакви статии на интернет а поготово на американци.
Медијапан неам слушнато и видено некој да стави како подлога (премногу е мек материјал)
Пред да правиш нешто земи неколку еуро палети, стај го душекот и пробај.

Едно со друго е поврзано, џабе и најдобар душек ако немаш добар латофлекс и обратно.
За овие години сватив дека за ефтини пари нема добро спиење ;)
 
Не барам екстра јас, мора да има решение а да не биде латофлекс од 15 -20.000 денари И душек од 30.000 ден. Значи средина, нешто пристојно и удобно,иначе има секакви за 2000 евра кревет со душек топ, ама не е стандардот тој.
Мислењето е автоматски споено:
 
Последна промена:

civikom

Gaining Experience
17 декември 2011
259
223
А дали некој има од овие душеци на Бонели макс, фирмата е Serabed унгарска, нема нешто псебно на нет за неа.

Никогаш не се купува едностран душек !!! Треба да е дупло поефтин зашто многу побрзо ќе се деформира.
Мислам дека се Турски душециве во Бонели Макс и не би експериментирал со нив.Повеќе ми личат на хотелски програм за на бокс кревети.
 
Fidan

Gaining Experience
18 април 2017
142
147
Дечки, едно прашање, дали некој има искуство со овој душек

Се работи за Комодита Хибрид, или општо за комодита душециве, ме интересира квалитетот дали е нормален.
Конкретно кај овој малце ми е сомнителен попустов од 71%, бев го видов пробав, ок личи, ама ако го има некој да сподели искуство би било добро
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
46.549
Мислења
964.770
Членови
34.919
Огласи
2.633
Најнов член
martinbogatinoski
На врв Дно