1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Објектив најдобар избор

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Fatal1ty_, 27 Декември 2018.

  1. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Здраво,
    Дедо мраз сака да му помогнете да ми избере најдобар поклон за оваа нова година...
    А него го интересира кој од овие три
    NIKKOR AF-S DX 35mm F1.8 G
    NIKKOR AF-S 50mm F/1.8G
    NIKKOR AF 50mm F/1.8D - Lenses - Photography

    e must have во колекција на еден аматер со огромни фотографски амбиции кој приоритетите му го земаат целото време планирано за фотографирање.

    Хо Хо @Oktar @M.Pix

    Благодарници
     
    Necromancer, gokica и на Oktar им се допаѓа ова.
  2. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,037
    8,236
    23 oктомври 2012
    Машко
    Не сум експерт, посебно не за Никон, ама 35мм не ми е некако применливо барем на мене, а од 50ките би идел на поновата, на АФ-С Г секако. Ти си на кроп сензор така да дефинитивно би одел на 50мм. барем за портрет ке бидеш покриен.

    P.S. Кога веќе си во контакт со Дедо Мраз, кажи му за мене една ваква и покриен е за наредните 10 години, не го закачам.
     
    SiPy`, gokica и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  3. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Значи она на што размислувам е да имам објектив кој ќе можам да го користам и после upgrade Планирам во блиска иднина да купам некој никон од премиум класа на пример нешто до Nikon D610 и истиот објектив да можам да го користам и на него.
    Она во што најмногу уживам да сликам е пејсаж и портрет(предмети во затворен простор од прилично мало растојание до 2-3м).
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    7,875
    9,159
    13 Јуни 2009
    D не би ја гледал (освен ако не апгрејднеш брзо на апарат со мотор да ја вози со фокус). Имам 50ка а недела дена користев 35ка. Зависи што сликаш. Мене лично 50 ми е попримамлива зашто за нијанса има подобро боке и е поверсатилна. Ја бива за портрети малку повеќе. Поуметничка ми е некако. 35 ми е како со очиве да гледам нели. Но ова е субјективно. 50мм ти е компатибилна со фул фрејм па може да ти се најде и во иднина ако преминеш на таков апарат.

    Е сега 50мм ограничува некогаш. На пример за фотографирање во помал простор. Нема да може да фатиш колку 35мм па макар и си се вратил чекор наназад. Ама па мене и 35 ми е малку. Во затворено лично сликам 22-24 најчесто.

    Јас на сите им ја препорачувам Sigma 17-50 2.8mm која е поскапа. Но е поостра и многу поверсатилна него фиксниве на Никон. Згора на се има и стабилизација. Само не е за фул фрејм па може да стане obsolete кога ќе апгрејднеш.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  5. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    522
    1,809
    27 Јануари 2014
    Машко
    Тоа што го кажаа gokica и Oktar. И јас не сум љубител на 35ка, би одел на 50ка во секоја прилика, спрема 35ка. Мене многу ми се свиѓа фиксна 24ка, е тогаш би ја земал 24ката, не 50ка. Ама во овој случај дефинитивно 50ка. Професионалец, аматер сеедно не верувам дека некој што слика ја нема 50ката, must have објектив е.

    пс. @Oktar ај пренеси и за мене за 85ката :D
     
    На Oktar и gokica им се допаѓа ова.
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Која од двете 50ки?
    Со можност да биде функционален и со upgrade што го планирам кога ќе дојдам пак до вишок пари
     
  7. esquimaux

    esquimaux
    On your way to fame

    483
    710
    16 Јануари 2016
    Машко
    35ката е само за кроп ако не се лажам со што изборот ти се сведуе само на 50Г.
     
  8. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    522
    1,809
    27 Јануари 2014
    Машко
    G верзијата, D e постар модел. Кај G верзијата имаш малку повеќе острина, подобро изработен објектив и горе доле тоа е. Не очекувај којзнае колкава разлика меѓу овие 2 модели ама кога веќе зимаш, 2000 денари не се голема разлика и барем јас секако би го земал поновиот објектив.
     
    gokica, Oktar и на Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  9. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,037
    8,236
    23 oктомври 2012
    Машко
    Дефинитивно Г верзија, веќе пишав во првиот пост, многу е мала разликата во цена.
     
    На M.Pix и Fatal1ty_ им се допаѓа ова.
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Епа благодарам. Да идам да го пазарам после...
     
    DaVoRkNe, M.Pix и на Oktar им се допаѓа ова.
  11. DaVoRkNe

    DaVoRkNe
    Unstoppable

    3,383
    3,360
    1 Септември 2011
    Машко
    Да пазариш,и направиш едно фото да видиме како вади,новиО објектив :)
     
  12. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    275
    238
    29 oктомври 2009
    50mm 1.8G ќе ти врши работа. Го имаш овој во Анхоч, ако е таков како на сликата е интересен да имаш малку поинаков на излгед од другите 50ки.
     
    На Fatal1ty_ и Oktar им се допаѓа ова.
  13. sostius

    sostius
    Gaining Experience

    167
    498
    16 Јануари 2017
    Машко
    Фотограф
    Овој со Никон ДФ идеше ако не се лажам.Убав

    Испратено од ONEPLUS A6003 преку IT.mk форум апликација
     
  14. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,037
    8,236
    23 oктомври 2012
    Машко
    Можно е и анхоч само така да шљакнале слика од нет.
     
    На stefan_off му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Не стасав денес многу обврски,
    Утре идам и ќе пуштам слики :)
     
  16. stefan_off

    stefan_off
    Gaining Experience

    275
    238
    29 oктомври 2009
    Да да како Кит ленс ми беше...
     
  17. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Tanks Santa claus you are awesome 20181228_151219.jpeg
     
    На Necromancer, bxxxn, igor_xxxx и уште 6 други им се допаѓа ова.
  18. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,037
    8,236
    23 oктомври 2012
    Машко

    Safety first! Сега можеш да се сликаш. Честито.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  19. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    522
    1,809
    27 Јануари 2014
    Машко
    Со среќа, долго да те служи!
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ова се првите слики со кои си играв (сетинзи има во линковите) истите се малку средени во LR.
    Но имам едно прашање (не знам дали е нормално или ми фали некој сетинг) ако ги погледнете сите слики и ги отворите на фулскрин или со зум ќе приметите дека истите се како со точки. Нормално е за ваков вид на објектив или нешто фали?

    [​IMG]Cooler Master Suppressor by Martin Rayovski, on Flickr

    [​IMG]Light Magic by Martin Rayovski, on Flickr

    [​IMG]Cat by Martin Rayovski, on Flickr

    [​IMG]Santa Claus by Martin Rayovski, on Flickr
     
    На caki и omegaRED им се допаѓа ова.
  21. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,037
    8,236
    23 oктомври 2012
    Машко
    На исо 800 секако дека ке имаш шум. сликај на 100ка, ама во овие темници само на статив.

    Едит: Приметив и дека имаш доста фринџинг, така да оди во лајтрум на ленс корекшн и штиклирај ги двете коцкици, т.е. ленс корекшн и хроматик аберејшн, би требало значително да се намали дури и целосно во голем број случаеви.
     
  22. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Само со исо е проблемот така?
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  23. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,037
    8,236
    23 oктомври 2012
    Машко

    Мхм... патем, на таа фокална должина гледај да сликаш на околу 1/100.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  24. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    20,936
    23,285
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Еве и на оваа твојата фотка го има истот на позадината Sunflower and the Bee
     
  25. M.Pix

    M.Pix
    Practice makes perfect

    522
    1,809
    27 Јануари 2014
    Машко
    ISO секогаш колку помало толку подобро, баш ради тој noise. Има случаеви кога нема опција и мора да се зголеми ама во домашна употреба мислам дека има опција за трипод и подолга експозиција. За фокалните должини у принцип секогаш треба да е х2 од тоа што го имаш. Пример на 50мм 1/100 на 200мм 1/400 на 24мм 1/50 итн.

    crop.jpg


    Еве еден 100% зум на слика со 50 исо.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...