• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Објаснување и користење на системот за репутација

Статус
Затворена за нови мислења.

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2.674
193
www.zeroscience.mk
Без разлика што ќе биде финалниот избор за вклучување/исклучување на системот за репутација, ова е еден вид на кратко објаснување како да го користите истиот систем и неговите опции.

Како што кажав во темата "Вклучен е системот за репутација" ќе ги пастирам сетинзите за системот и тука:


Систем за репутација на Македонски ИТ форум:

- Нови корисници при регистрирање добиваат/имаат 10 поени репутација.
- Прикажување до 20 реда репутациски рејтинг (Во корисничкиот контролен панел - Значи на кој/а пост/тема сте добиле репутација, датум, кој ви додал репутација и коментар)
- Администраторите на секое додавање репуцатија додаваат 10 поени, доколку секој Корисник додава 1 поен.
- На секои 365 дена (1 година), секој регистриран корисник добива по 1 поен репутација.
- На секои 500-ти пост, корисникот добива по 1 поен репутација.
- За секои 100 добиени репутациски поени, корисникот добива 1 поен репутација.
- Во рок од 24 часа, корисникот може да додава највеќе до 10 репутациски поени.
- За да додадете на некој корисник репутациски поен по втор пат, пред тоа треба да имате дадено поен на 20 различни корисници.

Ок, до сега мислам дека се е јасно...одиме понатаму.

Системот за репутација служи за подобро да направиме некој избор за дадено решение на проблем или прашање во некоја си тема од некој си корисник. Доколку мислите дека некој корисник ви одговорил најквалитетно од другите понудени одговори тогаш можете на истиот да додадете 1 поен репутација , или да одземете 1 поен од репутацијата на некој корисник доколку неговиот одговор/пост воопшто не Ви помогнал или е без врска. Не сте обврзани да давате или одземате поени, целосно тој избор Ви припаѓа Вам.

За да проверите колку вкупно репутациски поени имате и кој Ви дал репутациски поени одите во корисничкиот контролен панел:

98950574.png


Десно ви е прикажан статусот како на сликата:

panel11.jpg


За да сетирате дали другите да ја гледаат вашата репутација или репутациски рејтинг или пак сакате да го скриете рејтингот, одите во корисничкиот контролен панел:

98950574.png


Од тука кликате на "Измени ги опциите":

menu10.jpg


Десно ќе видите нешто слично на ова (меѓу другите опции):

rep_en10.jpg


Од каде можете да видите вкупно поени и да селектирате дали вашата репутација да се прикажува или да не се прикажува за другите корисници.


За да додадете или одземете репутациски поен на некој корисник, се што треба да направите е во дадената тема за која е понуден одговор/мислење/пост да кликнете на копчето реп
reputation.gif
које се наоѓа во долниот дел на опциите на корисничкиот профил на корисникот:

nndun10.jpg


Каде што можете да видите и каков рејтинг има (означен со зелени квадратчиња) и потоа:

da10.jpg


Додавате/одземате репутациски поен.

Е сега, кога ДОДАВАТЕ репутациски поен, коментар не е задолжително, но кога ОДЗЕМАТЕ репутациски поен, коментар е задолжителен за да потоа види корисникот зошто добил негативен поен за да во иднина се подобри или пак ако е злоупотребен системот за репутација, да го пријави на некој од администраторите/модераторите.

Доколку ја одберете опцијата да додадете репутација на сопствен пост, ќе бидете известени за тоа колку репутација имате добиено на тој пост.

malku10.jpg


Доколку се обидете да му доделите репутациски поени на член, но не сте доделиле на други 5 челнови после него, ќе ја добиете следната порака:

nemoze10.jpg


И тоа е во кратки црти това...темата ќе биде заклучена поради прегледност, а сите корисници ако имаат прашања или забелешки можат да отворат тема во соодветниот форум наменет за тоа (Ваши сугестии / забелешки / проблеми).

Благодарам... и пред се, забавувајте се! :bye1:

:tainstven:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
42.990
Мислења
890.432
Членови
31.720
Огласи
227
Најнов член
Kristijan777
На врв Дно