• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Nvidia ili ATI?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Po izcrpuvanjeto na temata Intel VS AMD, koj e spored vas podobar proizvoditel na GPU?
 

Freaker

Intern
9 април 2007
418
8
Од технички аспект не би можел да кажам не сум стручен а од искуство сум користел само nVIDIA, е сега најчесто поради тоа што фирмите што продаваат компјутери најчесто ги продаваат со nVIDIA графички картички зошто е така не знам. Но сепак мислам дека nVIDIA се подобри први беа со SLI техниката а ATI ги следеа со crosfire и новата серија 8 на nVIDIA e чудо, е сега за ATI не сум толку упатен па другите што знаете повеќе коментирајте и можда ќе се префрлам на ATI :)
 

helius

Intern
24 април 2007
37
5
Еве ви една добра компарација. Инаку засега radeon немаат конкурент за 8800. Во изработка е.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
Ima cela serija 8XXX od Nvidia, site se Direct X 10 i ATI seuste nema aber od odgovor...
 
M

Mr.Alien

Гостин
Soon, very soon.....:cool:
ATi не седи со скрстени раце, одговорот е "зад аголот". Но и nVidia има свои џокери.
 
M

Mr.Alien

Гостин
До појавата на 8ххх серијата на nVidia, ATi имаше блага предност кога е во прашање квалитетот на приказот на текстурите. Секако, оваа тема е преобимна за детално да се разглоби во еден пост, но ако сакате, кажете - нема проблем.
Тоа што му беше предност на ATi во однос на сите nVidia серии (до појавата на 8ххх) беше квалитетот на приказот на текстурите поставени под агол и длабочински приказ (Anisotropic filtering). Тука nVidia немаше доволно квалитетен одговор - серијата 7ххх беше најблиску до квалитетот на ATi.
Второ, RINGBUS меморискиот контролер овозможуваше пооптимизирано искористување на графичката меморија отколку Crossbar технологијата на nVidia.
За се друго се вртеа во круг едни околу други, "како мачори околу жешка каша".
Серијата 8ххх е ВИСТИНСКА РЕВОЛУЦИЈА, и на мене како голем фан на nVidia многу ми е драго поради тоа. Единствено не знам кога ќе можам (финансиски) да си дозволам мојот Radeon 9600 XT да го заменам за барем 8600 :) :) :) :) .
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
AMD/Ati sega gi brka procesorite, pa grafickite, pa maticni...Intel i Nvidia se dva entiteta, mislam deka im e polesno. A procitajte i vo noviot ENTER (26) za idejata za spojuvanje na CPU i GPU. Normalno, koj znae, moze i na net da si najde.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Awesome news, man, but.....

...колку што јас се разбирам во хортикултура, идејата за спојување на CPU и GPU датира веќе извесно време. Според моите информации, еден од скриените мотиви и планови на интеграцијата помеѓу ATi и nVidia е токму оваа симбиоза, за која ќе пишувате во новиот број :cool: !
 
M

Mr.Alien

Гостин
Мала исправка

Напишав ATi и nVidia, а требаше ATi и AMD.
Што се однесува до спојувањето на овие досега неспоиви поими, сметам дека тоа би значело крај на onboard графичките картички. Тука би се елиминирале латенциите кои се јавуваат при комуникацијата процесор - чипсет со интегрирана картичка, а тоа и тоа како има влијание врз ионака скромните перформанси на onboard решенијата. Какво влијание ќе има и врз перформансите на PCI графичките картички...баш ме интересира.
А во поглед на примена на оваа симбиоза - тука сум малку поголем оптимист од director.e. Верувам дека тоа ѓе се случи во наредните неколку години.:)
 
M

Mr.Alien

Гостин
аха.....уште нешто пред да одам на работа.

кога ќе излезе новиот број на енте*? баш ме интересира написот на оваа тема. не сум сурфал по Net во потрага по информации за ова, па да не губам време.....:d
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
uste ja imam Matrox Millenium, ama so 32 MB RAM :) i vrsi rabota :)
 
D

DimitarMK

Гостин
Samo Nvidia!Imam GeForce 256-so 32 MB i ja overklokuvav i sea si e super!
 
M

Mr.Alien

Гостин
Каква контрадикција! Навивам за nVidia, а "возам" Radeon. НЕП*АВДА!
:rolleyes:
 
M

Mr.Alien

Гостин
ОВОЈ ПОСТ НЕКА МИ ПОСЛУЖИ КАКО ИСПОВЕД!

Се појавија првите графички картички со nVidia G84 и G86 чиповите, кои ќе бидат основа на 8600 GTS/GT (G84) и 8500 (G86). *азликата помеѓу овие два и (сеуште) скапиот G80 е во помалиот број Streaming процесори - 32, кои работат на 1450 MHz (кај 8600 GTS картичките), односно 1180 MHz (8600GT) и 900 MHz кај 8500 GT. Понатаму, помал е и бројот на транзистори во графичките процесори - 289 милиони кај G84 и 210 милиони кај G86. Колку за потсетување, G80 чипот (кај 88xx картичките) содржи скоро 700 милиони транзистори!
Сите картички чија основа ќе бидат G84 и G86 графичките процесори ќе комуницираат со меморијата преку 128 bit-на магистрала, а количеството меморија ќе изнесува (највероватно) 256 MB. 8600 GT/GTS картичките ќе користат gDDR3 мемории со работни тактови од 2 GHz (GTS) и 1,4 GHz (GT). 8500 GT ќе располага со DDR2 меморија клокувана на 800 MHz.
Графичките процесори ќе работат на работни тактови од 675 MHz (8600 GTS), 540 MHz (8600 GT) и 450 MHz (8500 GT). Наскоро се најавуваат и entry-level картички од серијата 8 - GeForce 8400 GS и 8300 GS со 450 MHz на графичките процесори и 400 MHz на меморијата. Други податоци засега не се достапни, но според тоа што засега е "процурено" во јавноста е дека ќе има модели и со 64 bit-ни мемориски магистрали, и дека (ако воопсто опстане) Turbo Cache технологијата ќе претрпи измени.
 
M

Mr.Alien

Гостин
Кој нема во глава....

....ќе има во прстите!
Заборавив да наведам дека овие картички ќе бидат замена за 7900 GS (8600 GTS), 7600 GT/GS ќе отстапат место на 8600 GT, а 7300 GT ќе биде "пензионирана" од 8500 GT.
Цени:
8600 GTS ~190E
8600 GT ~120E
8500 GT ~80-100E.


Want more?
Ask for it!
 

strucnjak

Intern
11 април 2007
32
0
strucnjak

nVidia RULLZ :D
ne se vazni simpatiite, tuku testovite. Sakam da kazam deka nVidia mnogu prakticno se dokazale i mnogu pobrzo napreduvaat, a i ne veruvam deka ona sto treba da se pojavi od ATI ke bide dovolen konkurent na nVidia 8xxxx serijata.
vremeto ke pokaze, a dotogas igrajte igri na nVidia.
pozdrav od spisanieto koe site go razbiraat
 
M

Mr.Alien

Гостин
Hmmmm......?

Не биди толку сигурен. Моментално како стојат работите, потсетува на ситуацијата од (ако добро се сеќавам) 2002 година. nVidia доминираше врз ATi 8500, и немаше никаква најава дека нешто ќе се промени. "Од зад аголот", што би рекол народот, излезе Radeon 9700 и го порази и понизи GeForce Ti 4600. Јас како закоравен поборник на nVidia останав со обесена муцка и пукнав од мака :) . Сосема нова технологија, хардверска поддршка за AGP 8x и DirectX 9.0....на nVidia и требаше доста време да се "дешашардиса".
Верувај дека не е се така лесно, дека одложувањето на појавата на новите Radeon модели не е без причина. Дај боже да грешам (сега сум отворено пристрасен)....но времето ќе покаже.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #25

direktor.e

Intern
6 април 2007
608
4
ATI HD2900 XTX e veke promovirana i e podobra od Nvidia 8800 GTX, no na testovite poslednata Nvidia 8800 Ultra se pokazala za 30% podobra od ATI...
Izgubili su bitku, ali ne i RAT ...
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,541
Мислења
822,896
Членови
28,057
Најнов член
Iamdantes10
На врв Дно