1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Nvidia - Генерална дискусија

Дискусија во форумот 'Графички картички, звучни картички и монитори' започната од psyside, 18 oктомври 2013.

  1. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,548
    4,898
    18 Септември 2013
    Машко
    Точно, ако видам може да кажам wow, ама ипак што знам... се си мислам дека и без тоа може да се игра супер што значи не е неопходно ^_^

    А за SSD е револуција во целиот компјутерски свет, сите сакаме ССД!!! :D Сакам одма, сакам! :D Just the thought of an SSD makes me all tingly :D

    П.С. Бато, ќе треба монитор да менуваш :/
     
  2. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,742
    13 Јуни 2009
    За монитор ќе почекам ИПС панел со ваков модул.

    Со додека не е распространета технологијата АМД има шанса да се корегира.

    А за ССД јас познавам луѓе на кои не им е битно.

    Графичките меѓу другото се купуваат за гејминг. Секој кој не гејма и не ренда нема ни потреба од адон картичка на денешницава.
     
  3. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,929
    2,778
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    @toshex провери ја дефиницијата за револуционерен производ, не знам од кога зборот револуционерно значи нешто од кое сите луѓе на планетава ќе бидат воодушевени и ќе имаат корист. Во овој случај едноставно значи нова технологија и пронаоѓање на решение што досега не постоело :). Што се однесува до тоа дека ни си немал слушнато за ваков проблем, тоа значи дека не постоел? Прогуглај, побарај по форумите и е-спорт заедниците и ќе ги пронајдеш сам сите линкови што ги бараш.

    Инаку за мониторите:

    Untitled.jpg

    dff.jpg
     
    На freeman му/ѝ се допаѓа ова.
  4. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,548
    4,898
    18 Септември 2013
    Машко
    170 долари, човече нека си го земат. :D

    За тие пари графичка ќе земам поскапа. :D

    А револуционерно значи промена на начинот на кој гледаш на работите, да го отфрлиш старото и да го сакаш новото по секоја цена. Ова не е такво нешто и ај жити мене крај на дискусијата за револуционерноста на технологијава.
     
  5. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,742
    13 Јуни 2009
    Тоше, те разбираме потполно. Остави ги на прашањето за G-Sync да разговараат членовите на кои им е значајно. Можеш слободно да го игнорираш секој пост за тоа. :D
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,548
    4,898
    18 Септември 2013
    Машко
    Бај д веј, кај е GTX 750 ti? :( тоа ми е битно мене! :D
     
  7. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,710
    13,075
    2 Август 2012
    Машко
    Јас имам брза карта (сега за сега и за играта е брза) и мака мачам со vsync-от. Ако ги откочам фрејмовите во играта добивам 140 fps но над урбани средини со многу сообраќај фрејмовите скокаат како луди од 30 на 60, на 100 па пак на 30 и тука доаќа до сецкања - играњето (доживувањето) е непријатно.

    За ова треба да ги заклучам фрејмовите на 30 и да го поставам vsync на 1/2 refresh rate.
    Ваљда toshex не игра вакви игри па нема потреба да чепка и да си игра со vsync-от. Со модулов ќе се спастрат работите. Прилично.

    Ако е скап ќе се помириме со тоа дека сеуште ќе ни требаат алати како Nvidia Inspector и никому ништо.
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  8. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,548
    4,898
    18 Септември 2013
    Машко
    Па играм дота моментално само :D Имам играно канер од фпс само, не обожавам фпс-а. Имам играно и ГТА, Ассасинс Крид, Принц оф Персиа, ДМЦ, Лест Ремнант, Дум, НФС и слични игри.

    Никојпат не сум местел такви работи, всинк и чуда. И никојпат не ми запречило нешто такво :p Ама никојпат и не сум играл на ултра хај се и шо знам. А АМД имаат ли некојпат зборувано на оваа тема, они како се справуваат со проблемов, или пак кај нив го нема тој проблем? Пошто читам викате и в-синк е на нвидиа технологија. Ако е АМД толку без технологии за вакво нешто, како тогаш се продава?
     
  9. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,742
    13 Јуни 2009
    На монитор од 144 херци варијабилни фрејмови на монитор согласно фрејмажата од картицата е сон.

    Ова е малтене мазен гејмплеј до 30 ФПС без теринг и инпут лагови. Всушност со ваков хардвер и послабите конфигурации ќе добијат значајна придобивка.

    Можам да замислам колку @FLEGMA би бил радосен со ваквото решение во неговите симулации.
     
    На freeman и FLEGMA им се допаѓа ова.
  10. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,710
    13,075
    2 Август 2012
    Машко
    Flegma, шо се вели, бубрег би продал да нема сецкања во FSX :D
    Сега имам, мање-више, мазен гејмплеј со фискни 30 fps над Los Angeles International (KLAX) со небо полно со облаци (Building Storms) авиони што слетуваат на секои 30 секунди, со аеродром полн со возила....

    Иначе кога летам над Скопје (LWSK) можам да имам 120 fps ама пошо јас сум „капетан дуге пловидбе“ се ашкам по странцки аеродроми :D
     
    JensenInterceptor, freeman и на prichina им се допаѓа ова.
  11. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,929
    2,778
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Немаат ништо АМД на оваа тема, ако си со АМД карта се решава на алтернативни начини, лимитирање на ФПС итн.. Мислам дека имам читано и за некој начин на радеон да присилиш V-sync дури и подобро од адаптивниот V-sync на Nvidia, ама не памтам добро..
     
  12. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,035
    12 Август 2009
    Машко
    @toshex
    Друже, џабе пробуваш да сватиш... нема логика од твојата гледна точка.. се слагам.
    Од друга страна гледано.. не е се само во игрите.. иако тука така се објаснуваат работите.
    Картиците се користат и за други работи, симулации, виртуелна реалност и сл, и сеа замисли кој труд е вложено во графиката за да ти се чини дека е реалност, а ти „сецка“ сликата без разлика дали е на екран, наочари и сл.
    Проблем постоел, нашле решение и тоа е тоа. Дали е вистинското решение допрва ќе видиме. Можда требало ова да е вградено во картите а мониторите да имаат можност за екстерен синк... како и да е ќе мора нови монитори да се купат за ова да функционира.
    Глупоста е што го продаваат како производ а не ја продаваат тeхнологијата па сите производители да може да ја користат... верувам дека целава приказна на крај така ќе заврши откако ќе се напунат со пари првите среќни соработници со nVidia.
    Можеби си повеќе разочаран од фактот дека на тоа губеле време и пари за развој, отколку на нешто што тебе лично те интересира. Утеха ќе најдеш ако ги погледеш другите 2 „иновации“, иако и таму ќе најдеш среќник кој едвај ги чекал.
     
    На JensenInterceptor, freeman, gokica и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,548
    4,898
    18 Септември 2013
    Машко
    Одлично сумаризирано. И јас викав дека треба ко стандард да се предложи и да го има за сите.

    Иначе сериозно, има некои гласини за GTX 750 Ti? :D Кога ги извадија графичкиве АМД на нет почна да кружат гласини дека нвидиа ќе вади 750Ti картица.
     
  14. xenon

    xenon
    Guru

    3,791
    9,389
    15 Јануари 2011
    Машко
    780Тi ќе биде Titan јадро со 4GB рам, односно:

    - 2688 шејдери (наспрема 2304 кај 780)
    - 14 SMX единици (наспрема 13 кај 780)
    - 224 текстурни единици (наспрема 192 кај 780)

    Јадро 950 MHz / Меморија 6000 Mhz

    Нема да ја има во референтни изведби и заради тоа ќе се клока прилично солидно
     
    На JensenInterceptor и dejan_str им се допаѓа ова.
  15. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,035
    12 Август 2009
    Машко
    Незнам за 750ti, мене тотално ми се неинтересни овие 2 серии 6 и 7.. чекам Maxwell да излезе па да кажам дека има иновација... ако стварно направат пристап до системската меморија и обратно.... ова за 3д рендер ќе биде „светиот грал“.
     
    На freeman и prichina им се допаѓа ова.
  16. omegaRED

    omegaRED
    Unstoppable

    2,339
    2,798
    13 Септември 2011
    Машко
    Проект менаџер
    Елаборирај ако не ти е тешко, навистина ме интересира.
     
  17. imperial

    imperial
    V.I.P

    1,411
    2,035
    12 Август 2009
    Машко
    Најголем проблем за сега е малото количество на меморија на картиците.
    Сцените се учитуваат во системската меморија... моментално се копираат во меморијата на графичката за да може да ги ренда... ама со 2-6 GB ништо неможеш сложено да направиш...и да е мала сцената, има кеширање на гоеметрија која повторно се складира во системската меморија......
    е сега... ако графичката ја чита системската меморија која и ако можеби е поспора, е огромна во споредба со таа на картицата... рендерот би бил повторно побрз него со процесор... тек тогаш ќе има смисла за SLI и сл. Следната генерација Volta, ќе има друг начин на изведба на локалната меморија што би донело поголемо количество на меморија на картите но во случајов може само да додаде на брзина.. главната придобивка е од користењето на системскиот рам.
     
    На xhktw, freeman, prichina и уште 2 други им се допаѓа ова.
  18. Enigma

    Enigma
    On your way to fame

    1,092
    510
    1 Септември 2012
    Машко
    IT филозоф
    Јас колку што знам, би требало да има 2880 CUDA јадра и да е посилна од Титан, a и Јен Хсун кажа дека ова е најдобрата карта досега направена...
     
  19. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,937
    27,610
    4 Септември 2008
    @gokica, зошто толку си разочаран од сеуште не официјално издадена карта? (290X)
     
  20. gokica

    gokica
    Модератор

    8,578
    10,742
    13 Јуни 2009
    Да, сепак Volta може да донесе и зголемен обем на меморија зашто зборуваме за меморија на графичкиот процесор со намалени димензии а плус на картата ќе остане простор за стандардната GDDR5 меморија (која повторно може да е со намалени димензии) па така GPUто ќе може да прераспределува задачи по приоритет до едната и другата во зависност од брзината која е потребна.

    Ова ќе биде и многу значајна придобивка и за гејмерите зашто ќе ги заборавиме досегашните 128, 192, 256 итн. битни картички.

    Но за користењето на системската меморија прашањето е ми се чини многу сложено. Како и АМД претпоставувам дека и зелените ќе обезбедат програмски јазик и согласно него способност на GPU да адресира и системска меморија.

    Ама тоа ќе значи дека ќе мора одново да се напишат програми (за рендер на пример). Плус барем до сега Интел се огради од HSA на AMD и се врзува со nVidia. Самото тоа говори за неуспех на полето на десктоп компјутинг. Ова може да има бенефит само во мобилните уреди како таблети, телефони и сл. многу повеќе.

    Всушност nVidia ја има CUDA па сепак има катинг еџ во оваа технологија.

    Не сум разочаран од картата. Напротив. Ветува дека за помалку пари ќе обезбеди добар апгрејд во однос на претходните генерации на картички.

    Туку пресреќен сум што се најде решение за диспаритетот помеѓу мониторот и графичката за во игри. Не случајно излезе оваа информација пред официјално да излезе 290X. Страсните гејмери мислам дека ќе подзакочат со набавката на АМД картички заради ова.
     
    На freeman и psyside им се допаѓа ова.
  21. prichina

    prichina
    Unbeatable

    7,818
    5,014
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    780ti ќе биде Титан спецификации со помалку количество рам, прочитав во една информација.
     
    На NecrotoX му/ѝ се допаѓа ова.
  22. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,929
    2,778
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Да во право си, и јас истото го прочитав.
     
  23. psyside

    psyside
    Rising Star

    26,937
    27,610
    4 Септември 2008
    Додека не видиме незнаеме што ќе биде, битно е дека AMD is on fire, и Nvidia со овој потег очигледно покажува дека не им е сеедно, победникот од све ова сме ние :)
     
    На dejan_str му/ѝ се допаѓа ова.
  24. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    8,154
    4,871
    8 Април 2011
    Машко
    Кај ги најде информацииве?
    Јас од информации блиски до владата(што би рекол гојдо)
    -2688 CUDA/14SMX/224 texture со 926Mhz core(1026mhz turbo) /6500Mhz mem е првата варијанта 13,6% побрза од titan
    -2886 CUDA/15SMX/240 texture со 856Мхз core(956mhz turbo) 6006 Mhz mem е втората варијанта 17,2% Побрза од Titan
    Јас повеќе мислам дека првата ке биде,пошто повеќе функционални чипови ке можат да направат а и онака веќе голем број се готови(titan)
    Има засега нешта така поофицијално?ахх ке биде добра година 2014 за играње игри :D Кој на GTX780ti Кој на 290X!нема зима да има
     
    На JensenInterceptor му/ѝ се допаѓа ова.
  25. prichina

    prichina
    Unbeatable

    7,818
    5,014
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Не, ниту едната ниту другата не е океј опција да се купи сеа. Паметно у мудро ќе си чекам Maxwell ....
    Nvidia драјверите толку добро ги исполира последниве неколку месеци, не приметувам ниту тронка статер во било која игра на ултре сетинзи, AA ...на макс оверклокувана 660 ti. Освен Crysis и Metro :p
     
    На NecrotoX и dejan_str им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...