• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Новите Магента пакети?

Oktar

Epic
23 октомври 2012
4,143
12,721
Skopje
Oktar's setup  
Processor & Cooler
Intel® Core™ i7-8700k + Noctua NH D14
Motherboard
Asus Prime Z370-A
Storage
SM951 256 + PM981 512 + 850 Pro 512 + 840 Evo 250 + WD Blue 1TB + WD Red 2TB + WD Red 3TB
PSU
Cooler Master Vanguard v850
RAM
Kingston HyperX Predator 2x16GB Kit (2x8GB) DDR4 3200MHz
Case
BeQuiet Pure Base 600
Mouse
Logitech MX Master 2s
Keyboard
Razer Blackwidow Lite
Monitor
Dell U2515H
OS
Windows 7 + MacOS
Ок, рандом агент што не ни знае што е тоа аплоад нема никакви ингеренции да ти гарантира на тебе некоја брзина кога ни самиот незнае што значи тоа. Во договор може да смени само кои услуги ке ги добиеш и цените, да ти даде некој пакет програми промотивно и слично, ама дека ти ке му кажеш јас сакам гарантирани минимални 99/99 мбпс и он ќе ти рече нема гајле, мало сутра. Агентот нема никакво влијание врз правниот дел од договорот. Пак ке повторам, договорот е склопен од правните служби и тој како таков проаѓа низ АЕК. Работа на агентот е само да ти продаде нешто. Небитен е во пракса.
 

TexasUS

Gaining Experience
25 февруари 2017
378
272
Незнам зошто мислиш дека ке направа посебен договор само за тебе, џабе ќе ги малтретираш тие во салон, тие договори се одобрени од правни служби и од АЕК, посебен за тебе, нема да има. патем, АЕК е најдоброто нешто што се случило во телекомуникацискиот сектор во МК. Сетете се само дека пред АЕК операторите автоматски ви го обновуваа договорот на две години ако сами не го направевте тоа! Па само тоа да им беше постигнување, ќе беше оправдано нивното постоење. Кој не е запознаес со работата на АЕК и на регулатувите и законите кои ги носат нека прочепка малку, имаат се на сајтот.
Точно, сосема се слагам со тебе. Но имаш и една друга страна која крајно ме иритира и не ми е јасно како им поминува сеуште е ова со Телеком на пример. Па не може бе еден ист пакет со различни услови да има иста цена и да го препродаваш на сосема различна технологија и господ знае кои се условите и како се и како се толкувани. Ај сеа и телекабел да ти дојде новиот 150/150 за 1000ка што е, да ти рече еј абе види ако нема услови (нема оптика кај тебе) ќе плаќаш исто ама ќе добиеш 30/5 Mbps. wtf?

Зошто тогаш другиве како А1/Неотел/Телекабел различно ги имаат поделено пакетите во однос на Технологија а Телеком паметните набутај се во едно. И како што знам ако оператор те обврзува со договор мора гарантираната да ти е 50% од рекламираната. Идеш кај телеком гледаш Л пакет си викаш wow 100/100 нудат рекламирано, читаш гарантирана 30/5? Како бе? Фала богу не се толкави кретени и кај оптиката секогаш мислам се фер и испорачуваат секогаш рекламирано, ама воопшто не е фер кон другите корисници па и оператори од конкуренцијата. Според мене имаат доста работи кои уште не се средени од АЕК со регулација за квалитет на услуга и слично. На пример зошто нема минимални/просечни/максимални вредности на латенција од твоја точка до централа кај операторот кои би биле задолжителни еве барем од операторите да наведуваат во однос на технологија, локација? Па што ќе ми 100/100 ако латенција до кај нив е скоро 1сек?

Ова реално 95% од корисниците нит ќе сфатат што е нит ги занима, ама на пример со А1 живци искинав со нивниот ДОКСИС во сред Скопје (Карпош) и после 3 месеци натегања (пази велеа според наши метрики во 90-95% од времето аплоудот е над 1.5 Mbps, пакетот ми беше 50/3), после поднесен приговор да ми се јават да ми кажат слободно може да раскинеш договор, за жал потребите не можеме да ви ги исполниме (поради преоптовареноста на мрежата аплоудот во поголем дел од времето едвај стигаше мизерен 1 Mbps). На крај за приговор се одлучив кога техничарот ми рече види искрено толку може мрежата во овој реон, треба доста работа за да се среди, доколку толку ти е битно за работа - бегај, барај начин како знаеш и умееш.
 
Последна промена:
  • Ја почнал/а темата
  • #828

toshex

Unbeatable
18 септември 2013
5,230
5,822
Мелмак
Ок, рандом агент што не ни знае што е тоа аплоад нема никакви ингеренции да ти гарантира на тебе некоја брзина кога ни самиот незнае што значи тоа. Во договор може да смени само кои услуги ке ги добиеш и цените, да ти даде некој пакет програми промотивно и слично, ама дека ти ке му кажеш јас сакам гарантирани минимални 99/99 мбпс и он ќе ти рече нема гајле, мало сутра. Агентот нема никакво влијание врз правниот дел од договорот. Пак ке повторам, договорот е склопен од правните служби и тој како таков проаѓа низ АЕК. Работа на агентот е само да ти продаде нешто. Небитен е во пракса.
Ок де, јасно ми е сега. Иако ако би идел по моја логика јас не ни сакам 99/99 гарантирани. Јас сакам реално да пишува:

100/100 договорени (а не 60/5 или како и да ги пишува во договорот, па со ситни букви „ако има техничка можност за оптика ќе бидат поголеми или што знам што);

20/20 или барем 10/10 така нешто загарантирани (пошо не бива ти да плаќаш Л пакет шо го рекламираат 100/100 а да добиваш 5/1 гарантирани);

И најбитно ме нервира шо аплоад имаат ко шо кажав 30/5 или 60/5 во тие договори ко ставки, за вакви пакети. Барем да се во договорени и загарантирани брзините даунлоад и аплоад исти.

Многу е глупо пошо аплоад се повеќе е битен.
 

Julian

Gaining Experience
20 август 2016
235
121
Не ми работи даљинското од макс тв. Дали ако одам во салон даваат ново, нормално со надоместок?
За вакво се работи
20210505_215203.jpg
 

DemoUser

On your way to fame
27 април 2010
1,030
966
Скопје / Автокоманда
DemoUser's setup  
Mouse
Logitech G305
Keyboard
Logitech MX Keys
Monitor
ASUS ROG PG258Q 24" 240hz
OS
Windows 10 Pro
Не ми работи даљинското од макс тв. Дали ако одам во салон даваат ново, нормално со надоместок?
За вакво се работи
Погледнете го атачментот 100559
Пријави пречка ќе си дојдат ќе ти го заменат за исто такво ич не иди во салон.
Првин види да не се батерии стави нови и упали камерата од мобилниот и кај диодата насочи и ако трепери црвенкасто далинското е во ред , ако нема ништо пријави си и ќе дојдат ќе заменат.
 

Julian

Gaining Experience
20 август 2016
235
121
Пријави пречка ќе си дојдат ќе ти го заменат за исто такво ич не иди во салон.
Првин види да не се батерии стави нови и упали камерата од мобилниот и кај диодата насочи и ако трепери црвенкасто далинското е во ред , ако нема ништо пријави си и ќе дојдат ќе заменат.
Пробав со нови батерии, пак не работи. Утре ќе пријавам пречка. Во тој случај се плаќа ако заменат?
 

DemoUser

On your way to fame
27 април 2010
1,030
966
Скопје / Автокоманда
DemoUser's setup  
Mouse
Logitech G305
Keyboard
Logitech MX Keys
Monitor
ASUS ROG PG258Q 24" 240hz
OS
Windows 10 Pro
Пробав со нови батерии, пак не работи. Утре ќе пријавам пречка. Во тој случај се плаќа ако заменат?
Не се плаќа ако не со го дал на куче да го џвака, да го чистиш во кофа вода или дур се тушираш и него го земаш :)
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,612
8,966
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Ок, рандом агент што не ни знае што е тоа аплоад нема никакви ингеренции да ти гарантира на тебе некоја брзина кога ни самиот незнае што значи тоа. Во договор може да смени само кои услуги ке ги добиеш и цените, да ти даде некој пакет програми промотивно и слично, ама дека ти ке му кажеш јас сакам гарантирани минимални 99/99 мбпс и он ќе ти рече нема гајле, мало сутра. Агентот нема никакво влијание врз правниот дел од договорот. Пак ке повторам, договорот е склопен од правните служби и тој како таков проаѓа низ АЕК. Работа на агентот е само да ти продаде нешто. Небитен е во пракса.
Така е.

Нема тоа кај приватни/физички корисници. За жал. Еве живци искинав и со агенти и со се, да ми исклучат ТВ да остане само интернет дома и наместо 1800 да плаќам да речеме 1300. Е тикви, неможе. Без потпишување на нов договор на две год. би плаќал 1699 ден.

И со агенти и со сите зборев.

Е ама кога праќаат агент во канцеларија, пошто таму имаме Fibernet/Flatnet Pro, во договорот е јасно дефинирана минимална загарантирана брзина КОН телеком. А после таа реченица не стои „доколку нема можност телеком ќе ја испорача максималната можна брзина".

Исто има и ставка загарантиран аптајм (сега незнам колку беше 98% или така нешто), се е дефинирано па и 4 влакна вкупно отстапија (една дедицирана за флетнет, 3 за аналогни тел. и телевизија и на еден од нив бекап интернет од 100/100 исто без лимит.) 16 фиксни адреси.

Сето тоа уредно напишано на неколку страници со сите можни информации (во кој Vlan сме, IP Transport адреса, гејтвеии итн.) во кожна папка. Или скај можда, не е важно.

Е сега тоа кошта 18.500 ден. (со ддв) само за изнајмената линија + 8000 ден. за магента, 4-те телевизори и ресивери за нив + одвоена сметка за мобилни.

И они ќе се заебаваат со мене за 500 ден? Ние сме идиотска потрошувачка заедница. Многу се радуваме на нови работи и по дифолт забораваме во моментот да размислиме кои последици по нас можат да бидат.

А продавачите во салон не се криви, тоа што им рекле тоа продаваат.

Еве зборев сега со 122, да сум ја врател цела опрема (вториот ресивер за кој платив 1000 ден. всушност сум го рентал?), значи и адаптери и HDMI кабли и даљински. Прашав и мрежниот да не треба да го корнам од ѕид.

Не се плаќа ако не со го дал на куче да го џвака, да го чистиш во кофа вода или дур се тушираш и него го земаш :)
Еве ме потсети мене кучето ми го изгриза оптичкиот (белиот) од телеком пред година дена. Дојдоа, пуштија нов кабел и ми го преместија терминалот на мое барање, не земаа ни денар. Да не испадне ги кудам само. Е сега што го пуштиле они на времето кабелот по земја, по ивица доле тоа е друга работа.
 

Pilsator

Gaining Experience
15 мај 2012
476
139
Некој да каже која е минимална брзина или кои се мерките според стандарди на АЕК за рурално подрачје на бакар?

според ова јас гледам дека е минимална 12мбпс со исклучок ако пакетот не овозможува толку.
Грешка сум ? Некој повеќе информации околу оваа проблематика?
Зошто: Телеком се пробува да испорача сервиси и не може да ги испорача ама упорно пробува да испорача веќе сериозна е работата идат техничари и од повисок левел позиции се замешани ама некако не му оди и сега ќе одат на "мерење на брзина според метрики на АЕК" конкретно, пакетот е магента (М нет) ама ни тие 7.5 мбпс не можат да ги испорачаат. Кога ќе поминат мерките и глупостиве ќе споделам инфо што се случило може ќе му помогнам на некој да раскини без пенали ако има потреба.
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,040
Мислења
855,016
Членови
29,644
Најнов член
vxlkovski
На врв Дно