• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Новиот пребарувач Cuil му се заканува на Google

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Новата компанија Cuil Inc. формирана од инжинери од Google Inc. и од други врвни компании, лансира нов пребарувач (search engine), за кого тврдат дека покрива три пати повеќе веб страници од Google.


http://www.cuil.com/

Компанијата Cuil Inc. пребарувачот го пушти во минатиот Понеделник и тврдат дека ќе носи подобри резултати отколку сите сегашни пребарувачи, преку пребарување на повеќе веб страници преку целиот интернет и потемелно истражување на истите.

Страницата со резултатите од пребарувањето наликува на online магазин - изглед многу поинаков оној на Google.



"Не може да бидете алтернативен пребарувач и да бидете помали" - вели Anna Patterson, ко-основач и Претседател и еден од инжинерите кои помогнаа во создавањето на search index-от на Google. "Морате да бидете алтернатива и да бидете поголеми"

Cuil е основана во Menlo Park, California, и е последната од многуте компании кои се стремат кон Google, во област во која се покажа како многу тешка за да го скршат, дури и за гиганти како Microsoft.
Многу од нив се обиделе да му конкурираат на Google со фокусирање на одредени области како што се пребарување на слики и овозможување на корисниците да ги прегледуваат и едитираат резултатите. Многу од нив пропаднаа откако не успеаја да обезбедат доволно средства за развој преку рекламирање а некои од нив беа преземени од поголеми компании.

Cuil планира да заработува пари преку рекламирање, иако сервисот нема да објавува никакви реклами на почетокот.

Од Cuil велат дека нема да прибираат лични податоци од корисниците, како што се адресите на нивните компјутери и нивната индивидуална историја на пребарувања, иако сепак ги следат условите под кои луѓето пребаруваат општо.

Извор: Xinhuanet
 

DynamicMK

Gaining Experience
11 април 2007
1,635
181
Јас колку што знам Google пред некој ден избришaа околу 60милијарди од вкупните еден трилион уникатни линкови од својот индекс што претставува 50% од вкупниот број на овој...
Ќе помине многу време додека овој му стане закана на google...
 

fuUuUzZzZy

On your way to fame
14 декември 2007
4,842
885
Ohrid
OMG.. Според мене ова не е ама баш никаква закана за google.. Ќе треба уште мнооооогу да се помачат..
 

igorkrst

Intern
13 јули 2007
400
1
Абе и не е само број на линкови на кој пребарува има и многу други битни параметтри за добар пребарувач. Ај ќе видиме
 
  • Ја почнал/а темата
  • #7

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Се согласувам дека нема за скоро време да бидат закана за Google, но јас им давам шанси да му се приближат поради фактот што Cuil е основана од инжинери кои работеле во Googlе.
Останува да видиме. Времето ќе покаже. :)
 

Commie

Gaining Experience
27 октомври 2007
4,717
218
www.foxmediahouse.com
Штом е од инжињери кој работеле во гугл, верувајте ќе ја достигне неговата цел да стане најкористен сервис за пребарување.
 

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
Мислам дека гугл нема да дозволи да му биде Cuil конкурент
 

Stane

Gaining Experience
4 октомври 2007
2,497
77
Подобар од гугл нема,колку и да е добар овој,не е подобар од гугл.:D
 

Drash

Intern
14 јули 2007
252
3
Не го бива за ништо!
Јас барам едно, он би дава real player:lut2::lut2:
google си е google:bravo:
 

hmmm

Gaining Experience
30 ноември 2007
1,242
81
hmmm's setup  
Processor & Cooler
i5 3570k @4.2GHz & CM Hyper 212+
Motherboard
AsRock Z77 Pro3
Storage
Samsung 840 EVO 120GB + WD Black 1TB
PSU
Corsair CX600
RAM
2x4GB G.Skill Sniper 1600MHz
Video card
HD4000
Case
Custom
Mouse
Gigabyte GM-M7000
Keyboard
Generic
Audio
Asus Xonar DG
Monitor
Compaq Q2159
OS
Windows 8 64bit
Гугл си е гугл!!:bravo:
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
Чекај бре. Уште се почетници. Можеби утре,задутре, ќе биде нешто. Барем да ја даде нормално страницата IT.com.mk :D:ua::ua::ua:
 

MARTIN_MKD

Intern
27 ноември 2007
419
2
Јас останувам на стариот и добар Google, барем за сега. Не ми се допаѓа дизајнот, можеби поради тоа што сеуште не сум навикнат
 

GigaC

Intern
23 април 2008
344
7
www.xeezi.com
@CyberSpic. мање битно како е темата. јас се шегував со твојот предходен пост,ништо сериозно.

by the way, мислам дека за да го достигне тоа што го достигнаа Google им требе уште многу многу :ua::ua:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,566
Мислења
823,530
Членови
28,073
Најнов член
Death Markk
На врв Дно