AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139

Од T-Mobile во минатата Среда најавиле дека нивниот прв безжичен телефон поддржан од Google Inc.'s Android софтверскиот систем, ќе биде претставен на 23 Септември на прес конференција во Њу Џерси. Во поканата од T-Mobile наведуваат дека посетителите ќе бидат сведоци на "официјалното претставување на новиот Android-powered телефон од страна на T-Mobile".
Новиот Google phone кој е произведен од HTC и е наречен "Dream", најверојатно нема да биде пуштен во продажба пред Октомври - според Американските медиуми.
Иако од T-Mobile сеуште не откриваат некои клучни детаљи за испораката и цената на телефонот, одредени веб-базирани извештаи тврдат дека цената ќе биде околу 400$ и дека повеќе од 600,000 парчиња ќе бидат подготвени за испорака.
Новиот Android phone треба да претставува конкуренција за iPhone-от на Apple и BlackBerry-то на Research In Motion.
"Dream" ќе биде комбинација од touchscreen во стилот на iPhone и QWERTY-style тастатура. Исто така тој ќе поседува "jog ball", нешто слично како навигациската алатка на BlackBerry-то, а исто така и акцелерометар сличен како тој што го поседува iPhone.
"Функционално, ова е добра направа, единствениот проблем е што не е многу атрактивна" - вели Casey Borders од Moo Productions, бидејќи "Dream" е поголем и погломазен од iPhone, со скриена тастатура.
Извор: Xinhua, Google phone.