• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Новиот Бонд ќе се вика "Quantum of Solace"!

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3.646
139
"Quantum of Solace" е името на следниот филм кој раскажува за авантурите на Џемс Бонд, во кој улогата на славниот агент повторно го игра Британецот Даниел Крег.

spsquantumofsolaceol2.jpg


Насловот на 22-та епизода за авантурите на тајниот агент 007 беше грижливо чуван во тајност, но продуцентите конечно им го открија на новинарите на сет во студиото „Пајнвуд“ во близина на Лондон.

Во вториот филм во кој шпионот на нејзиното кралско височество го игра Крег приказната продолжува таму каде што застана во „Казино ројал“ од 2006 година и го прикажува Бонд како размислува за одмазда по предавството на Веспер Линд. Снимањето почна овој месец во студиото кај Лондон, а ќе продолжи во Австрија, Италија и во Панама.

Џуди Денч повторно се појавува во улога М. Во екипата се и францускиот актер Матје Амалрик и украинската актерка Олга Кириленко. Филмот ќе почене да се прикажува во кината во Велика Британија и САД на 7 ноември годинава.

Извор: Точка
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43.663
Мислења
889.178
Членови
31.503
Огласи
34
Најнов член
IsabellaArchie
На врв Дно