DynamicMK
премиум член
- 11 април 2007
- 1.646
- 196

Неофицијално цената на новите таблички ќе биде 4.000 денари
Новите регистарски таблички за возилата се воведуваат од Нова година, одлучи МВР. Министертвото го усвоило новиот правилник деновиве, но не направило план како и со која динамика ќе ги заменува табличките. Во МВР се уште немаат пресметано ниту колку ќе чини замената на табличките. Според некои непотврдени информации, нивната цена ќе биде 4.000 денари.
- Цената на табличките ќе се знае откако на тендер ќе се избере фирмата што ќе ги изработува. Динамиката на замена на старите со нови таблички ќе се утврди исто така со фирмата што ќе го добие тендерот. Се разгледуваат повеќе варијанти, од тоа сопствениците да се повикуваат кога нивните таблички ќе бидат готови, до тоа табличките да се менуваат кога возилата ќе дојдат на ред за регистрација - велат во МВР.
Новите таблички ќе бидат изработени според ЕУ стандардите, ќе бидат долги 52, а широки 12 сантиметри. Инаку, распоредот на бројките и буквите ќе остане ист. Две букви кои го означуваат градот во кој се издадени, три бројки и уште две букви. За новите таблички ќе се користи фонтот на букви и бројки што се употребува за изработка на германските регистарски таблички.
Основата на табличката и понатаму ќе биде бела, но на горниот и долниот дел со флуоросцента лента ќе биде поставено македонското знаме и ознаката МК. На левиот дел во сина лента ќе стои повторно ознаката МК, а веднаш до неа вертикално ќе биде испишано MACEDONIA. Над ознаката МК, ќе биде оставено празно место каде во иднина би требало да стои симболот на ЕУ. Помеѓу ознаката на градот и трите бројки ќе стои амблемот на општината, а пред вторите букви во круг ознаката МК.
Поради реакциите на Грција, Македонија еднаш веќе ги промени табличките оти на нив ја имаше кратенката МК, вметната во венчето од државниот грб, меѓу првите букви и бројките. Сега, како што е познато, на тоа место се испишани буквите од регистрацијата, во кирилична транскрипција.

- Не мислам дека името на нашата држава е провокација. Немаме дилеми дека Република Македонија има право да го носи устваното име. Наша стратегија е низ конструктивен дијалог да ги презентираме аргументите, а тие се на наша страна - изјави Јанкулоска на вчерашното предавање "Учиме за ЕУ" на Првиот приватен Европски универзитет во Скопје.
Интересно е тоа што за возилата постари од 35 години, МВР предвидува посебни регистарски таблички. Разликата во нив е бојата на подлогата и буквата С до која ќе стои бројот 35.
Во Македонија има над 500.000 регистрирани возила.
(Г.М.-М.Н.)
Вечер