1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Предлог Нова рендер конфигурација и бекап решение

Дискусија во форумот 'Конфигурации' започната од Cika, 12 Август 2019.

  1. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    Како и многу други на форумов, имам пријател што има потреба од нова машина за рендер, а воедно и бекап решение. За да нема недоразбирање, машината треба да се склопи со НОВИ делови, пожелно од едно место, лично би префереирал НЕКСИО.

    Машинава најчесто ќе се користи за рендер на проекти со средна тежина, но треба да биде спремна да извади рендер од огромен проект во разумно време. Лично немам никакво искуство со 2д/3д, затоа и барам помош од вас.

    Софтверот што ќе се користи е AutoCad i ArchiCad, и тоа интензивно. Ќе се врши интезивен CPU рендер, како и GPU рендер.

    Исто така, сакам да изведам едноставен и што е можно поавтиматизиран бекап процес, зашто цел тим архитекти ќе прави бекап на оваа машина.

    За процесот на рендерирање знам дека е потребна огромна количина на брз рам, па тоа ме наведува да користам зен платформа.

    Last but not least, буџетот треба да е од 1500-2000 европски пари.

    Мене размислувањето ми оди во оваа насока:
    • Ryzen 3600 со оверколок и добро ладење
    • X570 со поголем број на m.2 и сата портови
    • 32/64GB квалитетен и брз рам
    • Samsung NVMe драјвови + HDD за бекап
    • RTX 2070 GAMING 8GB OC (оверкил?)
    • Напојување?
    • Куќарка?
    • Ладење?
    Се надевам дека информацииве се доволно за да се оформи мислење и да се најде оптимално решение.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  2. TheMarshal

    TheMarshal
    Gaining Experience

    184
    218
    3 Јануари 2019
    Машко
    Наместо RTX 2070, подобро да идете со RTX 2070 Super. Мислам дека ја има моментално во Анхоч. Нексио сигурно може да ја набават ако мора се да ти е од таму.

    A можеби боље варијатна би било 5700 XT и таман разликата во цена искористете ја за боље процесор -веќе кога се работи за 3D rendering workstation, подобро е да се иде со Ryzen 9 3900X. Што e ѕверка за продуктивност.
     
    На gOJDO и StefAngel им се допаѓа ова.
  3. CykaBlyat

    CykaBlyat
    Gaining Experience

    226
    109
    22 oктомври 2016
    Се мачам на видео игри
    Оти да не оди со R7 3700x наместо R5-ката ако е стриктно за рендер
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,632
    23 Јануари 2008
    Манга
    • Ryzen 3700x (заборави за оверколок нс ryzen 3000, пожелно е малку културно ладење ако се вози cpu на макс често)
    • X470, не можеш да користиш повеќе од два m.2 и еден сата портови од еднаш
    • 64GB ddr4-3200
    • Samsung NVMe драјв (нема поента ниту бенефит од повеќе) + HDD/SSD за бекап
    • RTX 2070 SUPER
    • Напојување 650W
    • Куќарка пространа
    • Ладење тивки вентилатори
     
    Последна промена: 12 Август 2019
    StefAngel, Cika, TheMarshal и на уште 1 им се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,156
    8,483
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    На X470 може 2 х М2 и 2 х САТА со сигурност, за повеќе САТА не сум сигурен. Во секој случај PCIE реизери за M2 нема ли да завршат работа?
     
  6. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    9,127
    12,632
    23 Јануари 2008
    Манга
    И на x570 и на x470 m.2 ќе работат со x2 брзина. Точно, може два SATA да се активни кај Ryzen платформсата. На Intel z390 ка мене може само еден сата ако се користат два m.2 slota (и тие на x2 брзина).
    Како и да е, нема поента од повеќе од едно nvme ssd освен во специфични сценарија за raid mirroring и слично.
     
    На GGTT1 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,393
    956
    8 Декември 2009
    Да им се заблагодарам на сите за сугестиите, и како што е ред, ве послушав за главнината на workstation, т.е CPU. Во меѓувреме после долга дискусија со пријателот за којшто е машината, дојдовме до заклучок дека сепак нема толку интензивно да се користи gpu рендер, што остави простор за подобар процесор кој ќе доведе до поголема продуктивност во работата.

    Во процесот страдаше 2060 Super, што ја заменивме со 1070ti, имајќи во обзир дека gpu render оди секако брзо, па нема да има толку осетна разлика во апсолутно време.

    Workstation-от е следниов:
    • Ryzen 3900X
    • 1070 Ti
    • ASUS PRIME X470-PRO
    • 1TB Samsung 970 EVO NVMe
    • 2 x 4TB WD BLUE
    • CoolerMaster MasterBox 5
    • 4 x A-Data DDR4 16GB XPG Gammix D10, Red, 3200MHz (64GB Total)
    • Cooler Master Vanguard V series 650W 80Plus Gold
    • CoolerMaster MASTERAIR MA620P
    • MasterFan Pro 120
    За крај, +1 за @gOJDO и неговите сугестии.
     
    На Tehnologiva, shifty, Dave1 и уште 9 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...