• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Нова при-пејд мобилна телефонија

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Од денес стартува новата при пејд мобилна телефонија ФРОГ. Се работи за нова компанија фирма ќерка на Космофон, која на пазарот ќе настапува самостојно.
ФРОГ ќе нуди разговори кон сите национални мрежи по цена од 6,9 денари за минута и СМС пораки за 3,9 денари.
Промотивната цена на СИМ картичката е 190 денари со вклучени 200 денари бесплатно време за разговорт кон сите мрежи. ФРОГ нуди и пакет со две СИМ картички за 290 денари.
Времетраењето на ФРОГ СИМ картичката е 12 месеци. Корицниците на овие услигите на новата мобилна телефонија ќе добијат 2000 денари бесплатен разговор со сите ФРОГ броеви. Оние кои ќе купат два пакет со две сим картички ќе добијат бесплатни разговори од 4.000 денари.
Картичките на ФРОГ ќе бидат со префиксот 076, а ќе можат да се купат во преку 5.000 продажни места.
ФРОГ нуди роаминг во 95 земји.
 
Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Чекај на вести рекоја "космофон промофира нов припејд тарифен модел
А иди на марнет и ке видис дека web страната на фрог е регистрирана од космофон па дури и ке го користат бројот 076.
Тие се истите само нешто муваат иста финта имаат и во грција
 
igorkrst

Intern
13 јули 2007
400

Е добро де што има мутно тука. Мене баш ми се допаѓа ваков пристап. Фина анимација на реклама. Преку глава ми се реклами со ОКЕЗЕНИ со сите 32 заба девојки и дечки па нешто пари паѓаат па ова-она, па успорено се движат...
 
Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Прочитај го подетално мојот претходен пост, значи не се работи за друга компанија што ја користи мрежата на космофон па дури и позивниот број
туку се работи за припејд понуда на космофон наречена Фрог
А тоа колку се добри времето ке покаже
P.S. Т-mobile се најдобри 6 денари минута кон Т-mobile и фиксна мрежа 9 денари кон космофон (ма да кај нив немам потреба да вртам) и за еден голем мој круг од неколку илјади луге Не се наплака
 
D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Чекај на вести рекоја "космофон промофира нов припејд тарифен модел
А иди на марнет и ке видис дека web страната на фрог е регистрирана од космофон па дури и ке го користат бројот 076.
Тие се истите само нешто муваат иста финта имаат и во грција

Пратено од reng: Се работи за нова компанија фирма ќерка на Космофон, која на пазарот ќе настапува самостојно.
 
Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
знам што кажа reng a што се фактите

Податоци за доменот: frog.com.mk [ Досие бр:9598 ]
Дата на регистрација на доменот:28-02-2007
Полно име на регистрантот: Космофон А.Д. Услуги на мобилна телефонија
Адреса на регистрантот: Ул. Кузман Јосифовски Питу бр. 15 1000 Скопје

Именски опслужувачи
Име
IP
ns2.cosmofon.com.mk 89.31.152.140
frog.com.mk 89.31.152.146
ns1.neotel.com.mk 80.77.144.10
ns1.cosmofon.com.mk 89.31.152.10
 
D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
знам што кажа reng a што се фактите

Податоци за доменот: frog.com.mk [ Досие бр:9598 ]
Дата на регистрација на доменот:28-02-2007
Полно име на регистрантот: Космофон А.Д. Услуги на мобилна телефонија
Адреса на регистрантот: Ул. Кузман Јосифовски Питу бр. 15 1000 Скопје

Именски опслужувачи
Име
IP
ns2.cosmofon.com.mk 89.31.152.140
frog.com.mk 89.31.152.146
ns1.neotel.com.mk 80.77.144.10
ns1.cosmofon.com.mk 89.31.152.10
Дали знаеш што е фирма ќерка!!?
 
Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Da znam kako sto e t-mobile na telekom. Inace na vesti kazaa "kosmofon promovirase nova pripejt ponuda" na site vesti
E sega loso e sto se tarifira prvata minuta cela znaci ako zboris 5-10 sekundi ti tarifira za cela minuta i tie 2000 denari kaj ke gi potrosam kaj koi frog korisnici ???? jas poveketo sto gi znam (kako i jas samiot) imame broevi od 1998 god. i sega aj site ke gi smenime i ke prejdeme na frog...
Po golema konkurencija od taa da zboris za bez pari nema
 
D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Da znam kako sto e t-mobile na telekom. Inace na vesti kazaa "kosmofon promovirase nova pripejt ponuda" na site vesti
E sega loso e sto se tarifira prvata minuta cela znaci ako zboris 5-10 sekundi ti tarifira za cela minuta i tie 2000 denari kaj ke gi potrosam kaj koi frog korisnici ???? jas poveketo sto gi znam (kako i jas samiot) imame broevi od 1998 god. i sega aj site ke gi smenime i ke prejdeme na frog...
Po golema konkurencija od taa da zboris za bez pari nema
Првин збориш за тоа дека се исти фрог и космофон откако беше кажано дека фрог ќе биде ќерка фирма на космофон, потоа зборуваш за тоа како е лошо да се префрлуваат луѓе на нови броеви и слично... не те баш пратам.

Тоа не вести што кажале Космофон, точно е... фрог е дел од космофон.

Јас верувам дека наскоро операторите во Македонија, како во другите земји ќе дозволуваат задржување на бројот а менување на пакетите, само целата шема треба да се разработи малку подобро од компаниите и ќе си биде.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #11

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Јас верувам дека наскоро операторите во Македонија, како во другите земји ќе дозволуваат задржување на бројот а менување на пакетите, само целата шема треба да се разработи малку подобро од компаниите и ќе си биде.
Убаво би било да не информира некој кога ќе се оствари тоа за да нетребам само да менувам броеви.
 
Alexandar

Gaining Experience
21 мај 2007
2,514
90
Космофон направи голема грешка со овој потег. FROG требаше да биде воведен како нов тарифен модел, нешто како што е SpeakUp. Така ќе ги задржеа сите досегашни корисници а ќе привлечеа и нови бидејќи ќе беа поевтини од другите два оператора.
 
Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Космофон направи голема грешка со овој потег. FROG требаше да биде воведен како нов тарифен модел, нешто како што е SpeakUp. Така ќе ги задржеа сите досегашни корисници а ќе привлечеа и нови бидејќи ќе беа поевтини од другите два оператора.
E bas taka e celo vreme toa sakam da kazam

потоа зборуваш за тоа како е лошо да се префрлуваат луѓе на нови броеви и слично... не те баш пратам.
Kade rekov deka e loso? Vo sprotivno e kleveta :bravo:
не те баш пратам.
E tuka si vo pravo
P.S. Ne mislam da se zamaram so ovaa tema koj civ bil (vremeto ke pokaze samo togas nekoj ke se pravi na mutav) i dosta so prepukuvanje veke ne mislam da vrakam na komentarire (popametniot popusta)
D znam deka si administrator i deka si semoken na ovoj forum no ako produzis vaka ke gi izgubis klientite kako sto bese so forumot vmacedonia
sogledajse malce na toni adminot na hardware.com.mk e toj e prav admin
Ako me nalutite si idam od forumot
 
D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
Според мене, ваквиот потег на Космофон делува навистина интересно... многу луѓе нема да ја разберат политиката која стои позади... мислам дека ќе има солиден профит од Фрог кон Космофон... останува на времето да видиме.

Off-topic:
P.S. Ne mislam da se zamaram so ovaa tema koj civ bil (vremeto ke pokaze samo togas nekoj ke se pravi na mutav) i dosta so prepukuvanje veke ne mislam da vrakam na komentarire (popametniot popusta)
D znam deka si administrator i deka si semoken na ovoj forum no ako produzis vaka ke gi izgubis klientite kako sto bese so forumot vmacedonia
sogledajse malce na toni adminot na hardware.com.mk e toj e prav admin
Ako me nalutite si idam od forumot
Твоја грешка е што ме гледаш како семоќен на форумот, јас сум обичен човек како тебе со свои мислења... јас си ги почитувам своите мислења и ставови, и неможам да се правам дека мислам нешто друго... воопшто не гледај ниту ти, ниту било кој друг, на мене и останатите администратори како админи, туку како обични членови.
Не знам зошто се прават драми од тоа... и воопшто не ме интересира што се случувало со harware.com.mk или vmacedonia.com (кога веќе едниот го правиш полу-линк, направи го и другиот :))))
 
M

Mr.Alien

Гостин
Колку што рабирам, форум е место за размена на мислења. Никако не значи дека нечии мислења мора да и дека ќе се поклопуваат. Нормално е да дојде до спротивставени ставови - во тој случај, секој треба да ги изнесе своите аргументи и да се докаже кој е во право. Се разбира, при тоа е потребно и почитување на одредени правила - нив ги има на секој форум, не само тука.
Како што ти рече D, на администраторите/модераторите треба да гледаш како на обични членови на форумот. Ние сме тука за да дискутираме, по потреба да интервенираме ако некој ги прекрши правилата.
Никој не е семоќен, ниту на овој форум некој се обидува да биде таков.
Затоа, сметам дека нема потреба од лутење и расправии.
Live long and prosper.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Вакви постови треба слободно да ги избришете или тргнете. Мене не ме интересира што тоа некој направил или кажал на овој форум за некој друг, затоа тргнете ги ваквите постови на друго место заедно со мојов.
Направете си своја тема за вакви расправии, а не да дискутирате и да се расправате на секоја тема.
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net

Totally agree :bravo:
 
Andrijeski

Gaining Experience
1 март 2007
2,599
65
andrijeski.net
За темата:

Навистина не ми е гајле кој на кого му е ќерка компанија, кој што требало да направи.. Во моментов поважно ми е да има намалување на цени и некаква конкуренција..
Можеби Космофон сепак спрема нова понуда, не значи дека тие се откажале и се фокусирале на "новиот мобилен оператор"..

Останува да видиме, во секој случај цените се намалија, условите се подобрија, телефоните се поевтини.

На крајот на краиштата, зборување по телефон веќе не е луксуз во развиениот свет, нормална работа е да зборуваш на телефон онолку колку што имаш потреба, без притоа да ја дадеш цела плата за телефонска сметка.
Нека си ја диктира пазарот цената.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #19

reng

Intern
13 август 2007
683
19
Дополнителни информации за понудата. Имате 4000 ден. разговор вкупно на двете картички заедно. Понудата за бесплатен разговор важи за оние кои ќе станат корисници најдоцна до 31.10.2007 и износот треба да се искористи до 30.11.2007.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,269
1,908
www.iwmnetwork.com
reng напиша:
Цитат:
Првично испратено од D
Јас верувам дека наскоро операторите во Македонија, како во другите земји ќе дозволуваат задржување на бројот а менување на пакетите, само целата шема треба да се разработи малку подобро од компаниите и ќе си биде.

Убаво би било да не информира некој кога ќе се оствари тоа за да нетребам само да менувам броеви.
Извор: Дневник
новите мобилни оператори во нерамноправна позициЈа
Преносливоста на броеви ќе стане нова „Окта“ Поради неспроведување на услугата „преносливост на броеви“
до септември, можно е Владата да му плаќа пенали на третиот мобилен оператор „Вип“ за обврските што ги презела со договорот

Граѓаните се' уште немаат можност да се префрлат од еден на друг мобилен оператор, а при тоа да го задржат бројот и префиксот на мрежата што ја користат бидејќи постапката е заглавена во владините институции. По неколкукратното одлагање на почетокот на услугата „преносливост на броеви“, беше најавено дека таа ќе биде достапна од 1 септември. Но и овој рок е пробиен бидејќи веќе осум недели се чека одлука на владината второстепена комисија по жалбата на второрангираната фирма „Искрател“ на јавниот повик што го распиша Агенцијата за електронски комуникации. Понудата на „Семос“, која е за 100.000 евра поевтина од таа на „Искрател“, победи на вториот повторен јавен повик за изработка на софтверска програма за преносливост на броеви. Поради неоправданото одлагање на одлуката, од „Семос“ испратиле поплаки за бавното спроведување на јавниот повик до Канцеларијата на Европската Унија, амбасадите на САД и на Германија, Програмата на ОН за развој (УНДП) и до Моника Маковеј, специјален советник за антикорупција во Владата.

- Наместо пофалби, брза имплементација на проектот и конечно воведување конкурентност на пазарот на телекомуникации, во минатиот месец се соочивме со многубројни опструкции. Кому му пречат софтверските проекти создадени од македонски експерти и со пониски цени? - прашува Герасим Ванчев, директор на „Семос“.

Воведувањето на оваа услуга не е само обврска со Законот за електронските комуникации, туку и задача добиена од ЕУ. Со услугата „преносливост на броеви“ корисникот може слободно да избира кој мобилен оператор му одговара повеќе со цените и услугите и да се префрли кај него без притоа да мора да го менува бројот. Со тоа корисниците ќе се ослободат од маките да ги известуваат пријателите за секоја промена на бројот.

- Кому и зошто му е во прилог да се запира вистинската либерализација на пазарот за телекомуникации? Поради неимплементирање на „преносливост на броеви“ до септември, можно е Владата да му плаќа пенали на третиот мобилен оператор „Вип“ со оглед на обврските што ги презела со потпишаниот договор. Слично како што сега треба да плаќаме за „Окта“. Европската комисија за електронски комуникации неколку пати јавно ја обвини Македонија за одолговлекување на проектот „преносливост на броеви“ зашто со тоа ги става во нерамноправна позиција новите оператори - објаснува Ванчев.

Според последните најави, почетокот на оваа услуга не може да се очекува до почетокот на идната година. Услугата „преносливост на броевите“ од еден кај друг мобилен оператор одамна е достапна во најголем број земји на ЕУ.

Од Владата најавија дека денеска второстепената комисија ќе одлучи за жалбата на „Искрател“. Нема образложение зошто постапката досега не е завршена.
Марјан Блажевски
 
staki

Intern
26 јуни 2007
147
3
Се забележува дека паднаа цените во сите оператори за при-пејд. Што се случува со корисниците кој користат пост-пејд, да не треба да се префрлат на при- пејд со оглед дека цените се моментално поевтини за при- пејд тарифирање. Ако има некој некоја информација нека пише.
 
Ibrakadabra

Intern
11 октомври 2007
342
7
www.rcizvor.mk
Може некој да ми каже каде може да се купи ваучер? Продавницата кажете ја, пошо мене некако слабо ми одеше вчера :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,510
Мислења
822,252
Членови
28,047
Најнов член
xdejanx
На врв Дно