1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нова платформа

Дискусија во форумот 'Процесори, матични плочи и меморија' започната од Sephiroth, 26 Јуни 2011.

  1. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,525
    14 Мај 2008
    Машко
    Планирам летово да си ја обновам платформата (плоча, процесор, рам) па се утепувам од размислување што да правам. На располагање имам 22500 денари.

    1. Дали да ги чекам булдожерите? И да имаат полоши перформанси од Sandy Bridge, дали па на овие ќе им падне цената? Многу? Со оглед на каснењата, ќе ги видиме дури на есен, а мене не ми се чека толку, ќе ги поебам парите ваму-таму.

    2. 10000000% сум сигурен дека процесорот ќе биде Intel i5 2500k. Во Анхоч го има за 11495 денари (ќе го земам по дилерска, така да поевтино). Дали на друго место го има за пониска цена?

    3. Плоча Asus P8Z68-V. Неможам да ја најдам по малопродажниве ценовници, а ме мрзи да вртам телефони сеа. Каде ја има на лагер и по која цена?

    4. Рам 8GB G.Skill DDR3 1866mhz Sniper - 4400 денари од ipmart.com. Ќе го нарачувам онлајн рамот бидејќи не налетав на асални 4GB плочки кај нас. Ако сум пропуштил нешто, слободно давајте предлози.

    Кога ќе ги одземам процесорот и рамот, за плочата ми остануваат ~8000ки, се надевам дека таа е цената на Asus P8Z68-V.

    5. Старите делови ќе пробам да ги продадам и да си купам еден Crucial M4 64GB од quiet-pc.com за 5600 денари. Ако имате подобри предлози, повелете.

    Ако остане нешто кусур откако ќе ги шитнам старите делови, ќе си земам ново глуфче или куќиште.


    Секој инпут е добредојден, помагајте!
     
  2. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    662
    312
    25 Мај 2008
    Не ги чекај, има време додека се појават, а и највероватно нема да бидат подобри од Sandy Bridge.

    Best Buy за Sandy Bridge дефинитивно.

    Присобери уште 2-3 илјади за Sabertooth веќе кога даваш асални пари за плоча.

    Ако те фати толку со се Shipping добра зделка е, со оглед дека Kingston 4GB DDR3-1600MHz HyperX Genesis е 2390 денари.

    Пиши што имаш за продавање. ;)
     
  3. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,347
    4 Септември 2008

    1. Зимај Sandy Bridge, а потанакa Ivy Bridge, ќе можеш да ја користиш истата матична, ќе го смениш само процесорот :bravo:


    2. Незнам...не ми се верува.


    3.Не би знаел исто така, во Вортекс прават нарачки и се доста услужни.


    4. Одличен избор, ме замисли и мене, ми фали соодветен рам и на мене :LOL: :bravo:

    5. Crucial C300> M4 во 4K random read/write перфомансите, и тоа доста, а згора на тоа поефтин и со даелку постабилен фирмвер, т.е. многу помалце проблеми.
     
  4. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,525
    14 Мај 2008
    Машко
    Ограничен сум на 22500, немам екстра 2-3000 за Sabertooth, доволна е и обична Z68 од Asus.

    Тие кингстонките работат на 1.65v, непогодно за Sandy Bridge, друг убав рам во МК не најдов.

    Сега сум на C2D E6320 @2.8ghz/Asus P5E/4x2GB DDR2 800, ама не планирам да ги продавам се додека не ја склопам новата машина, да легне убаво:D

    Ќе ги имам во предвид Вортекс, фала.

    C300 неможам да најдам за толку багателна цена, имам Vertex 2-3 за околу 7000, односно 1500 денари поскапо од M4.
     
  5. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,347
    4 Септември 2008

    MemoryC?

    Исто така имаш Patriot Inferno кај нас кој е доста солиден избор.
     
  6. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,858
    4,580
    8 Април 2011
    Машко
    Ортаче тоа све што го наброја за 22000 денари?не ми се верува,ке те фати повеке.
     
  7. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,525
    14 Мај 2008
    Машко
    10300 процесор, 4400 рам и околу 8000 за плоча. Па коа ќе ги продадам старите делови, 5600 за ссд и кусурот за глуфче. Таман рокада со 22500.

    Па да, ама скапичко е од MemoryC, испаѓаат по 7000 дисковите сосе поштарина, а M4-ката од Quiet-PC е 5600 сосе поштарина и баш ќе увалам и една Arctic Silver паста во пратката.

    Инферното е околу 6600 дилерска. Скапо и тоа некако.
     
  8. dejan_str

    dejan_str
    Unbeatable

    7,858
    4,580
    8 Април 2011
    Машко
    Подобра е ARCTIC Cooling MX-4
     
  9. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,510
    2,525
    14 Мај 2008
    Машко
    И дупло поевтина. Ќе си земам AC MX-4 тогаш.
     
  10. Fearless

    Fearless
    Gaining Experience

    753
    188
    22 Јули 2009
    Машко
    Кингстоните работат константно на 1.5 кај мене на 1600 Mhz.
     
  11. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,026
    1,640
    30 Мај 2010
    Ама може да се намали.
     
  12. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,347
    4 Септември 2008
    Никој од вас да направи еден асален тест за стабилност на таа волтажа/ферквенција :plachko2:

    Prime 95 Blend тест едно саат два ?
     
  13. sisko

    sisko
    Gaining Experience

    170
    107
    14 Декември 2010
    Гледам спомнувате MemoryC и Ipmart ме интересира дали имате порачувано од нив до сега и какво искуство имате, инакѕ QuietPC e одлична и скоро секогаш пратките пристигаат за 6-7 дена. +1 за Мx-4 проверено подобра .
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,347
    4 Септември 2008
    QuietPC се фирма со големо име/традиција? т.е. дали се сигурни како MemoryC? грижа за корисници, супорт и слично?
     
  15. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,228
    1,288
    10 Септември 2010
    Кажете од што сакате screenshot-ови ќе се стават во најбрзо време.

    Кај мене е стабилно со Prime95 на blend околу 12 часа и ми здосади веќе да го чекам и со Intel Burn Test 50 повторувања на максимум сетирање и тоа неколку пати го пуштив по ред.Волтажата е секако 1.5v
     
    1 person likes this.
  16. sisko

    sisko
    Gaining Experience

    170
    107
    14 Декември 2010
    Незнам за MemoryC но за QuietPC можам да ти гарантирам бидејќи имам направено неколку порачки, си работи со било која наша картичка а за грижата за корисници едноставно немам коментар( не сум нашол до сега подобра подршка од нив) сум користел доста online продавници и QuietPC ми била досега always hustle free така да слободно можеш да ги пробаш, доколку сумњаш во мојата препорака пробај ги со некоја мала сума и така пакетот ке ти пристигне за 6-7 дена :) па тогаш одлучи си се:bravo:
     
    1 person likes this.
  17. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,337
    5,250
    24 Март 2009
    Машко
    Специјално за psyside:
    2 часа 10 минути Blend стрес со Prime 95.
    4GB (2x2) Kingston HyperX Blu 1600MHz 9-9-9-27 @ 1.5V

    [​IMG]
     
    1 person likes this.
  18. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Никако поинаку не можам да ти помогнам освен што ќе ти кажам дека за тебе е LGA 2011. Ентузијаст кој сака најдобро но кога го распределува буџетот планира набавка за подолго време е најдобро да купи нешто кое долго време нема да го става во дума и да го држи барем малку насекиран.

    Моето предвидување е дека ќе ти требаат некои 600 евра на крајот на годинава. Па немасто на скијање една година ќе лупнеш пари на конфиг кој ќе те вози безгрижно наредните 2-3 години (судејќи по 1366 досега).

    Всушност и јас мислам дека сум детерминиран зашто во споредба со ова сега што го имам во компјутер сите алтернативи на пазарот ми се економски неоправдани. Ако до толку не ти се чека тогаш земи Феном 2 со чипиш матична и со мала доплата после продажбата на твојата конфигурација.

    Графичката тебе ти е клучна. Don't forget it. :)) Мониторот веќе колку толку ти е на ниво ако добро се сеќавам.

    Орочи ги парите до нова година за посигурно оти те знам јас ќе ги испиеш. :LOL:
     
  19. igor_xxxx

    igor_xxxx
    Practice makes perfect

    1,228
    1,288
    10 Септември 2010
    Јас мислев дека LGA e ентузијастичка платформа и дека цените ќе бидат повисоки, посебно ако се земе во предвид кои се цените на моменталните 6 јадрени процесори од интел.И да не бидат толку високи сепак ќе кошта значително повеќе или има негде веќе некои веродостојни информации.

    Незнам дали ќе може со 22500ден да покрие процесор матична и рам во LGA2011 конфигурација, но ако при крај на година ќе се има поголем буџет е тогаш е друга песна.
     
  20. MasteR_#0

    MasteR_#0
    Unstoppable

    2,703
    2,290
    14 Декември 2010
    Машко
    Веројатно најскапи ќе бидат рамот и матичната. Ама сепак мислам дека со 600 евра како што предложи Gokica ќе може да се состави една SB-E конфигурација со некој поефтин SB-E процесор, 8GB DDR3 quad channel (би требало да бидат 4x2GB) и некоја солидна ASUS/Gigabyte X79 матична.

    Сепак и SB платформа е многу добар избор, а и ќе може догодина на истата матична да стави Ivy Bridge процесор, за овие очекувам да се клокаат доста подобро од SB :) И секако поголема ефикасност.
    Така да ако на Sephiroth не му се чека слободно може да земе SB конфигурација, одлично ќе го служи.
     
  21. psyside

    psyside
    Rising Star

    25,064
    25,347
    4 Септември 2008
    Фала ти многу :bravo:


    Благодарност и до тебе, одлични информации :bravo:


    Taман работа, не треба скрин-шот, ти верувам....само толку ми беше потребно фала ви момци! само за да бидам сигурен, :LOL: и ти имаш Hyper X рам модули така?

    реп + до сите :)
     
  22. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    Нема најави за цените и јас само ги кажав моите очекувања но цената не може да е драстично различна од горенаведената зашто сепак LGA 2011 нема да биде наменет за да го купат само стотина души на светско ниво туку да донесе профит.

    Имај во предвид дека со појавата на новите генерации на процесори најчесто старите хај енд модели се поскапи заради залихите наталожени на пазарот.

    Сакам исто да кажам нешто околу најавата дека ајви бриџ ќе биде компатибилен со 1155 сокетот. Според мене е иста како и стратегијата на АМД булдожерот да вози на АМ3. Можеби најзначајниот дел од убавината на LGA 2011 (исто како и кај 1366) ќе биде во чипсетот и квалитетот на плочите кои повторно Интел и АСУС / Гигабајт ќе ги доведат до перфекција. Шо ќе ми е машина од Ферари на шасија од Хонда сивик.

    Дуал ченел меморија возел и дедо ми а фреквенции нешто над 4 гигахерци при оверклок на процесор ги гледаме веќе 3 години наназад па и повеќе. Квад ченел е иднината а Сефирот веќе има 4 плочки што значи ете тоа му прави мерак. 8 плочки меморија за ултра брз проток, САТА контролери доведени до перфекција, PCIe 3.0 ќе ги чека со ширум отворени раце новите графички картички, мосфет секцијата сообразена за постигнување на брзини од формула 1 со адекватно ладење, биос од соништата... Ех...

    Јас очекувам LGA 2011 да ги турка сите до сега познати рекорди во оверклок и тоа значително. Очекувам како ентузијастичка варијанта да ги нема сите овие глупости и лимити како рам од 1.5 V, одредени фреквенции да се опасни по чипсетите итн. А бе Сефирот сака маста да им ја извади и нема за него лимити. :D

    И за крај повторно ќе споменам дека е наредната година е очекувано да биде поставен нов стандард на полето на гејминг пред се со појавата на новите конзоли.

    Нека стисне заби уште 5-6 месеци и ќе биде хепи. Не викам дека 1155 е лоша опција, посебно бидејќи е ефтина ама јас топло ја препорачувам на домаќини. Исто сметам дека тој кој има такви аспирации му се исплати да го почека булдожерот за да биде сигурен во изборот и односот цена перформанси.

    Ама хардкор ентузијастите нема да ги задоволи подолго од 6 месеци а после ќе им течат лиги за ѕверот од Интел кој ќе потрае повторно едно 2-3 години со сигурност. Освен ако нема желба да менува конфигурации како чорапи кога веќе е сеедно. Ама Сефирот е ентузијаст домаќин и тој не фрла секој понеделник пари на компјутери. Не му остануваат пари за тоа зашто со голем мерак части девојчиња по шанкови и затвора кафеани.

    BTW знам дека срце јуначко не трпи и дека штом наумил нема да може да спие дури не купи. А до нова година светов може да пропадне. :D не дај боже.
     
    2 « број на членови на кои им се допаѓа ова.
  23. Steff_Maja

    Steff_Maja
    Practice makes perfect

    4,026
    1,640
    30 Мај 2010
    Има нов сокет или погреши во пишувањето?
     
  24. gokica

    gokica
    Модератор

    8,392
    10,200
    13 Јуни 2009
    :LOL:

    Остарев деца... Корегирано.

    Фала ти, јас опиен од новиот сокет заборавив дека 0 и 1 не се исто. Па посебно во светот на компјутерите разликата е позамашна нели. :LOL:
     
    1 person likes this.
  25. Revan

    Revan
    Gaining Experience

    662
    312
    25 Мај 2008
    Голем период е 6 месеци, нека си го направи ќејфот сега, рачунај све што е ново кај нас најмалце месец дена касни.

    2012 Мајкрософт највероватно ќе најави нова конзола која би требало да се појави негде крајот на 2013, после тоа Сони ќе направат сличен потег само со неколку месеци закаснување, има доста време додека се појават новите конзоли и новиот стандард.
     

Сподели

Вчитување...