1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нова .mk Android апликација - Call Plate

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од TylerMkD, 19 Април 2019.

  1. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,000
    3,282
    7 ноември 2014
    Машко
    Нова .mk апликација Call Plate за побезболен сообраќај ⋆ IT.mk

    Call Plate – Blocked Vehicle е нова македонска Android апликација изработена од Бојан Ивановски. Во недостаток на подобро објаснување станува збор за друштвена мрежа во која се зачленувате со регистрацијата на автомобилот. Ова е клучен податок кој е неопходен за работа на сервисот.

    Всушност станува збор за платформа со која може да комуницирате со возачите на возилата кои не ги знаете, ако им ја знаете регистрација. Секако ова е бескорисна функционалност и за среќа ова не е намената на Call Plate.


    Фала што цел вовед го потрошивте со 4 реченици со plot twist на крај, се осетив како Shutter Island да го гледам.
     
    На DaVoRkNe, ARMac, Speedster и уште 3 други им се допаѓа ова.
  2. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,399
    4,940
    21 Јануари 2009
    Патем, идејата за апликацијата е одлична, мене ова уште пред 5 години ми се моташе у глава „зошто нема некаков сервис одма да знаеш чива е колата на некој според регистрација за да му се јавиш ако те блокира“ ама ете друг ја спровел.
    Then again there are some privacy issues but oh well
     
    На Speedster и TylerMkD им се допаѓа ова.
  3. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,040
    19 Јули 2013
    Како може да е бескорисна, конечно ќе може да се стапи во контакт со цурици од другата лента додека чекаат на семафор. Ако пројде апликацијава, ради ова ќе биде :)
    Има, МВР се вика. Јави се, го наоѓаат одма по регистрација и му ѕвонат. Ако не праќаат пајак :)
     
    На Zabegann, The-spiki, Zeddomazed и уште 8 други им се допаѓа ова.
  4. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,399
    4,940
    21 Јануари 2009
    Се плашам да не стане ептен популарна апликацијава и за година-две да почнат муабети, „брат ќе се паркирам голем полов орган, ќе ме бара на кол плејт ако сака да излезе“
     
    На The-spiki, Vlecka, damil и уште 4 други им се допаѓа ова.
  5. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,012
    1,054
    6 Декември 2016
    Машко
    - Еј брат, колку е јака SK3403AB...
    - Да да, али каква другарка има VE402BЈ, ТОП!
     
    На The-spiki, Zeddomazed, DaVoRkNe и уште 7 други им се допаѓа ова.
  6. moongose

    moongose
    Unstoppable

    1,808
    2,040
    19 Јули 2013
    Ама тие таквите со ајфони се, а апликацијата е на андроид...
     
    На The-spiki, bxxxn, damil и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Banjifiko

    Banjifiko
    Unbeatable

    2,921
    4,033
    28 oктомври 2008
    Јас се плашам дека нема да стане. Изненаден сум од реакциите на апликацијава. Ја препорачав на неколкумина до сега, a веќе добив два одговора: "нека чекаат бе, кој ги е**!" :confused:
    Луѓево се навистина толку природно глупи, или земаат часови, ебате...
     
    Sukhoi, Avid и на damil им се допаѓа ова.
  8. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,949
    4 Септември 2008
    Средено.
     
  9. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,367
    12,478
    2 Август 2012
    Машко
    Блокираш нечиј влез/гаража/кола и ги правиш кабает зошто ти ги издупиле гумите пошто се примитивци и немаат "КалПлејт"

    Држејќи го во уста пластичното лаживче. ..
     
    На smole му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DonFrozex

    DonFrozex
    Practice makes perfect

    883
    1,041
    9 Јуни 2011
    Машко
    Ова верувам дека може да стане доста успешна и корисна апликација пред се, под услов ако се добро измаркетира, и да нема data-leaks.
     
  11. ARMac

    ARMac
    Орган

    5,826
    6,401
    2 oктомври 2010
    Машко
    Курајбер
    Интересна идеа ама третиот скин шот јас го замислувам вака.

    android-nDV.png
     
    На The-spiki, Zeddomazed, dojcin2 и уште 15 други им се допаѓа ова.
  12. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,196
    969
    2 Јануари 2012
    Машко
    Тие што блокираат или се паркираат пред влезови, гаражи итн свесно го прават тоа и затоа апликацијава е бескорисна.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Avid

    Avid
    Unbeatable

    3,399
    4,940
    21 Јануари 2009
    Не би се сложил.
    Што ти значи тоа свесно, за инает?
    И свесно да блокира некој, ако му пишат дека смета најчесто ќе се тргне.
     
  14. psyside

    psyside
    Rising Star

    24,829
    24,949
    4 Септември 2008
  15. DarthJe5us

    DarthJe5us
    On your way to fame

    1,196
    969
    2 Јануари 2012
    Машко
    Изгледа не живееме во иста држава и град.
     
  16. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,493
    2,485
    14 Мај 2008
    Машко
    Тие луѓе ради кои постои апликацијава никогаш нема да дознаат за нејзиното постоење. Што од неинформираност, што од некултура, што од злоба. Бескорисна апликација сега за сега, во иднина ако живееме во утопија, ќе биде џам апликацијава.
     
    На moongose и Avid им се допаѓа ова.
  17. Pulse

    Pulse
    Practice makes perfect

    1,242
    1,256
    26 oктомври 2014
    Машко
    Full Stack Web Developer
    +1 за идеава, инсталирано.
    мала забелешка, кога додаваш таблица малку ми е конфузно во кој формат треба да ја напишеш.
    додај примери или некоја валидација и сл.
    SK0000AB
    SK-0000-AB

    * забележав дека после додавање на вториот формат ти го конвертира во првиот, без цртки, но пак е конфузно на почеток пред внесувањето. :)
     
    На Avid му/ѝ се допаѓа ова.
  18. smole

    smole
    Unstoppable

    2,921
    3,268
    18 Април 2007
    Ако некогаш блокирам некого, во кола имам ливче со мојот број кој го ставам на видно место за да ми ѕвони, така да апликацијава за мене е непотребна.
     
    На Zabegann, The-spiki, JasSum и уште 4 други им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...