1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нов WD Red со 2898 лоши сектори

Дискусија во форумот 'Останато' започната од ivan1500, 15 Декември 2018.

  1. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    434
    1,253
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    Пред некој ден добив неколку компненти од кои едни од нив беа 2 Western Digital Red 1TB 2.5" form factor (WD10JFCX). Ова се единствените редови во таа димензија и никогаш до сега не сум го искусил следното. Само што дојдоа кога ги отворив ми падна чудно бидејќи едниот беше произведен 2018 а другиот 2015, како и да е ги регистрирав двата на сајтот за во случај нешто да не тргне како што нетреба(и тргна) и сфатив дека тој од 2015 му е истечена гаранцијата за точно 30 дена. Значи двата дискови се скроз нови, неотворени, спакувани најнормално во електростатичка кеса со сите тракатанци за да не се оштети во шипинг.

    За да нема забуни понатаму во темата:
    Прв=2018
    Втор=2015

    Го ставив првиот во Syno. машината и си го прифати како што треба, си го форматирав и направив еден бенчмарк чисто да видам дали е се во ред и како што очекував се си беше под конец.

    Доаѓа на ред вториот односно фаличниот драјв. Го ставам во истата Syno. машина, доаѓа процесот за форматирање и машината има unexpected shutdown (што до сега никогаш не се десило) ајде викам збунка, се рестартира насот пробувам пак формат = пак исто. Го ставам на главната машина, машината нема абер да бутира со него уклучен, го вадам = машината си се покренува најнормално. Сфаќам дека дискот е скроз зезнат ама не го оставам, со помош на диск станица и со Мекот успевам преку diskutil да го форматирам во АПФС. Го ставам на Windows машината главна, си се подига океј. Правам clean со diskpart и пробувам да го форматирам во NTFS, после 4 часа порака дека форматот не е успешен. Пак му мавнав clean и преку WD Data LifeGuard Diagnostic му направив erase што траеше околу 7 часа. После ова хард дискот промрда, преку конзола успеав да го инцијализирам, да го поставам во GPT и преку MiniTool Partition Wizard успеав да го форматирам во NTFS. Напредок! Имам хард диск со партиција што достигнува пренос на податоци од максимум 100 килобајти. Со HD Tune Pro направив еден error scan што изгледаше вака:

    [​IMG]

    За кога ќе отидеш во Health да ги добијам следниве резултати:
    [​IMG]

    Дискот е очигледно DOA, проблемот е што дисковите и насот се пуштени од Америка како подарок за успешно завршен проект. Па нели по старата Македонска „На подарен коњ, забите не му се гледаат“, сакам да ве прашам дали може да преземам нешто во врска со ова или едноставно да се збогувам од дискот. Отворив и тикет на Western Digital за RMA но ќе видам што ќе ми вратат. Проблемот е што ако дозволат РМА, за Македонија нема праќање на дискот до WD туку пишува дека треба да се исконтактира директно со официјалниот увозник односно ПАКОМ. Сакам да знам доколку ми пишат од WD дека ми е дозволена RMA дали од Паком би можеле да направат било каков проблем бидејќи дискот не е купен од Македонија или не.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Паком може да одбие да го врати пошо не е купен кај нив. Немаат обврска да ти помогнат.
     
  3. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    434
    1,253
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @DrMTR не ни планирав да им го однесам туку така дискот, прашањето ми беше дали би смееле да ми го одбијат во случај на одобрен RMA број и целосен препис од меиловите дека ми е укажано да го однесам кај нив за да ми го заменат. Бидејќи кога некој ја зима таа лиценца за да биде увозник истиот би требало да сноси вакви обврски. Дискот има интернационална гаранција и RMA-то важи каде и да се во светот поготово на Red дискови, целиот муабет е што за да се убрза постапката имаат напишано место да се пакува и праќа во Америка и да се чека нов, директно се лепи RMA бројот на дискот и се носи во најблискиот официјален увозник и тие треба да го заменат. Сепак нема Паком да има никаков трошок верувам бидејќи WD ќе си го покрие процесот за RMA.
     
    На DrMTR и artweb им се допаѓа ова.
  4. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,530
    4,323
    23 Јуни 2015
    Машко
    [​IMG]
     
    На Draynor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. krema

    krema
    Professor

    8,837
    8,584
    24 Јуни 2009
    Машко
    Имат паѓано дискот.
     
  6. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    434
    1,253
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @krema како што кажав веќе двата диска дојдоа заедно, спакувани перфектно да не може да се оштетат барем не во процесот на транспорт. Ако нешто се случило во текот на транспортот не верувам дека само на едниот диск би му се десило ова а другиот сите вредности да му се на 0 и се да биде сосема во ред.

    Најверојатно е нешто утнато со дискот, уште кога го видов дека е од 2015 а другиот 2018 нешто не ми беше по ќејф ама тоа е што е. Ќе известам во темава што сум направил, моментално сум во контакт со cs на wd и ќе видиме што ќе е крајниот исход.

    Инаку кажано ми е дека дисковите се нарачани преку Амазон и нема да биде проблем да се вратат дури и инсистираат, ама искрено ако не успеам ништо директно да направам со RMA и Паком неделава, не ми е во план да ги враќам двата диска према УСА па од таму да ги враќаат на Амазон па да чекам зелено светло за да се вратат пак кај фирмата и фирмата пак да ми ги испрати према МКД. Едноставно давачките за транспорт уса-мкд-мкд-уса-мкд ќе бидат повеќе отколку да одам нов да земам нов 2тб од Анхоч.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. krema

    krema
    Professor

    8,837
    8,584
    24 Јуни 2009
    Машко
    Можеби тој што пакувал му паднале дисковите од раце доле на бетон.
    Само претпоставка е ова.
     
  8. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    360
    52
    10 ноември 2017
    Машко
    Друже а да пробаш со hiren boot cd? дали има бад сектори.
    Или напрај му еденo дефрагментирање на хардискот ако не види дали си има гаранција хдд-то носи го да ти дадат нов. :)
     
  9. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,358
    902
    8 Декември 2009
    Изгледа ни насловот не си го прочитал на темава.
     
    На shooter, Oktar, ivan1500 и уште 7 други им се допаѓа ова.
  10. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,191
    6,303
    27 Март 2014
    Те разбирам НО ова е Македонија и тука работите се далеку од она како функционораат во нормален свет во кој што корисничките права при дефектен производ се на прво место. Сепак пробај да ги контактираш, ако ти дадат зелено светло ОК ако не здравје.
     
    На ivan1500 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. BlackOuttheWoRlD

    BlackOuttheWoRlD
    Баниран/a

    360
    52
    10 ноември 2017
    Машко
    Ма немој сум го утнал текстот :|
    wrong-answer-gif-3.gif
     
  12. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,371
    12,479
    2 Август 2012
    Машко
    Немаат G-Sensor. Барем SMART не покажува G грешки кај него


    Него мене ми е чудно што уствари нема лоши сектори (Reallocated Sectors Count) туку има Current Pending...
    Да ги пуштиш на фул формат (не quick) ?
     
    На ivan1500 и krema им се допаѓа ова.
  13. ivan1500

    ivan1500
    Practice makes perfect

    434
    1,253
    10 Септември 2009
    Машко
    MCSA / MCITP / CEH / CCENT
    @FLEGMA направен е веќе траеше околу 7 часа. Ти благодарам за совет. Инаку една новост според HD Tune Pro над 78% од блоковите се оштетени(damaged). Нема абер од дискот тоа е очигледно..
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  14. smole

    smole
    Unstoppable

    2,925
    3,275
    18 Април 2007
    Иако ти посакувам Паком да ти излезат во пресрет, подолу е моето негативно искуство со нив на иста тема, исто WD RED купен од Грција:



    Ако носите нешто за сервис кај некоја фирма од која не сте го купиле делот, или која не е дистрибутер она (или делот е од друг реон купен или дури и друг дистрибутер од МК) бидете однапред сигурни дека нема да ви завршат работа. Ако се сложат да ве услужат ќе биде бонус, ама најчесто не е така,

    Пример:

    1.Им пишувам на WD - дали ако купам ХДД од Грчка гаранцијата ќе важи во МК?

    2.Ми враќаат да;

    3.Го купувам ХДД-то, и по марфи - хдд-то зеза;

    4.Идам во Паком каде добивам дегенски одговор како ако не е од нивната мрежа земено (пошто WD носеле и други во МК) неможат ништо да направат, безразлика дали е од друг МК дистрибутер или од странство;

    5.Им пишувам на WD;

    6.Ми враќаат "неможеме нашите дистрибутери да ги присилиме на ништо";

    7.Ми побараа сметка и ми ги рефундираа парите за ХДД-ата, среќа 1 беше расипан, другиот беше ок али они ми ги рефундираа двата HDD;

    8.Иако ќарив 1 ХДД WD Red (кои btw се со огромен DOA rate) пак истите нервози не би ги јадел.

    Заклучок:

    Од странство би зимал само тешко расипливи делови - case, CPU, RAM, SSD.

    Напајање, ХДД, графички, матични и сл. исклучиво од кај нас.
     
    shifty, Sharlovski, olikomerc и на уште 1 им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...