1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нов сервис: ИТ Индекс

Дискусија во форумот 'IT.mk известувања' започната од D, 13 Декември 2015.

Тагови:
  1. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    И продолжуваме понатака со планираните активности.... :)

    Од утре официјално ќе биде најавен уште еден нов сервис на ИТ, покрај ИТ Маркет и ИТ Кариера, ќе биде објавен и ИТ Индекс.

    *Ексклузивно* го објавуваме прво на форумот за да чуеме мислења, критики, сугестии... :)

    Линк: http://it.mk/index

    Идејата позади ИТ Индекс е да создаде база на македонски организации, компании, стартапи, проекти, сервиси и заедници и да на едно место понуди повеќе информации за нив. Текстовите доаѓаат од IT.mk, производи од ИТ Маркет а и огласи од ИТ Кариера... во следниве два-три дена ќе биде збогатено портфолиото на фирми.
     
    На Bazinga, Boldozer, PandaBomber и уште 8 други им се допаѓа ова.
  2. hipo

    hipo
    Practice makes perfect

    1,588
    1,347
    27 Јануари 2011
    Машко
    Убава идеја. Само како се објавуваат компаниите? Кои се правилата и условите?
     
  3. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Компаниите ќе ги излистаме според текстовите кои ги имаме во базата на IT.mk, од над 10.000 артикли. Полека полека, ќе бидат присутни сите компании поврзани со ИТ.

    Ќе бидат објаснети утре условите во најавата за ИТ индекс подетално.
     
  4. NecrotoX

    NecrotoX
    Unstoppable

    2,821
    2,661
    4 Март 2013
    Машко
    Илустратор
    Супер е.
    Прво нешто што посакав да го дознаам кога кликнав на некоја компанија е на кратко со што се занимава таа и слично, па не би било лошо од лева страна кај што има контакт инфо, дејност итн, да има и еден краток опис или CV на компанијата, може и да е само ископирано од "За нас" секцијата од нејзиниот сајт.
     
  5. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Идејата за претставување на услугите е преку дејноста и таговите, но засега избегнуваме премногу мануелна работа, понатака ако е се во ред ни е во план самите фирми да си ажурираат, ако се доволно паметни да даваат и специјални понуди и слично преку овие профили..
     
    На PandaBomber и gokica им се допаѓа ова.
  6. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
  7. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,256
    24,087
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Ми зафали пребарување по клучни зборови.
     
  8. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Се работи на подобрување на пребарувањето на сервисот. Штом се средат баговите ќе биде live.
     
    На Fatal1ty_ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zabegann

    Zabegann
    Gaining Experience

    54
    54
    19 Јануари 2015
    Машко
    Ова у принцип се нојновите производи кои ги рекламираат фирмите? Тоа е замислата нели.
     
    На Speedy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Идејата на ИТ Индекс е да направи база на сите македонските ИКТ компании и организации, а поединечно на секој профил да ги обедини сите информации за компанијата кои ги има на IT.mk - вклучувајќи новости, статии, производи излистани во ИТ Маркет, форум теми и сл.
     
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,418
    10,984
    23 Јануари 2008
    Манга
    Одличана идеја која може да прерасне во популарен сервис!

    Мислам дека треба посебно внимание да се осврне кон пребарувањето, т.е. да се овозможи пребарување по повеќе критериуми и во повеќе чекори (слично ко на ибеј). Најбитно е да може да се пребарува по фирми кои би можеле да одговорат на одредена потреба на корисниците. На пример, ако ми треба фирма за изработка на веб страна да штракнам во менито „Изработка на веб страни“ и да ми се отвори нова страница или ново подмени каде можам да изберам подетално, на пример за каков вид на веб страна и слично или на пример да се штиклираат работи кои треба да ги содржи веб страницата, нап ример My SQL + PHP (или шо и да е сега модерно) и слично.

    Тоа значи дека ќе треба некој да се позанимава податално со секоја една компанија околу рабнотите и нештата кои би можеле тие да ги понудат, а потоа некој да седне и сето тоа да го сублимира и преработи со заеднички НЗС за секоја една услуга која тие компании би ги понудиле.

    Околу продавачите на хардвер би било згодно кон компаниите да се придружат и бредновите кои тие компании ги застапуваат или увезуваат. Па така ако на пример сакам да купувам Dell да ми ги прикаже сите компании кои продаваат Dell. Исто ако сакам да купувам сервер компјутери да ми ги прикаже сите комапнии кои продаваат сервери. Уште подлабоко, ако се развие сето ова, може да се договорите со компаниите да ви испраќаат секој месец или два пати месечно ценовници со нивни компоненти (на лагер) во струго определн формат, така што корисниците ќе можат и да пребаруваат производи. (Овде се остава можност да се чарџа по некоја паричка од компаниите за секој производ кој би се продал преку сервисот)

    И секако, кога сето ова ќе се развие и ќе нема што инвентивно ново да се додаде, може да се вклучат и фирми од други земји. А секако и малку да се искомерцијализира сервисот со по некој банер, но да не се изгуби смислата на сервис кој ќе служи на клиентите, а не на компаниите.
     
    На Teget, borcep, igor_xxxx и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. D

    D
    Администратор

    3,227
    1,603
    31 Март 2007
    Токму така @gOJDO, баш тоа е и долгорочната идеја. Ама почнавме да го градиме цигла по цигла. :)

    Првичнава верзија е практично тест, да присобереме основни податоци, да поврземе со портал, форум, маркет, кариера, да видиме реакции па после тоа да прошириме. Во моментов се работи на подобрување на филтрите за пребарување, ке го избациме тоа по тагови и ќе воведеме попрактични начини за филтрирање.

    Крајната цел, е баш тоа што ти го опиша. Ама уште покрајна е здравје самите компании да си ги менаџираат своите профили, да нудат посебни понуди на нив за IT.mk публиката, да може да се купува/продава и сл. Сето тоа да не личи нели на пазар3, него нешто соодветно. :D

    Ама има време... :)
     
    borcep, gOJDO и на igor_xxxx им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...