• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Нов ривал на Google - Search Wikia

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Основачот на Wikipedia Џими Вејлс го создаде новиот ривал на Google, пребарувачот Search Wikia. Тест верзијата на овој open-source пребарувач би требало да "оживее" наредната недела. Search Wikia нема да ги дели информациите со компаниите кои се рекламираат и нема да ја нарушува приватноста на корисниците.

Во [email protected] проект, 500 волонтери работат на последните тестови и подготовки. До сега Search Wikia има вкупно 100 милиони страници. Џереми Милер, кој е шеф на технологијата на овој проект се надева дека алфа верзијата на пребарувачот ќе биде спремна да се појави до Божиќ. Освен пребарување ќе бидат понудени wiki-style алатки за да се подобри барањето. Корисниците ќе можат и да гласаат за ефективноста на Search Wikia.

Милер изјавил: "Алфа верзијата ќе има грешки кои сега не можеме да ги предвидиме но тоа ќе ни помогне да се подобриме". Затоа не очекувајте премногу во првиот момент.

Извор:ИДИВИДИ
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Не дека мрчам но, ако веќе објавувате новости потрудете се да се up-to-date :rolleyes:

Wikia Search работи од пред 2 дена. :bye1:
Знам дека е од пред 2 дена, но сепак мислев дека за форумов сепак е новост за тие што не ја прочителе пред 2 дена. Значи ако нешто пропуштиме да објавиме истиот ден, веќе од наредниот ден не е новост? :rolleyes:
Сепак, ќе се потруда во иднина да бидам up-to-date! :rolleyes:
 
M

Mr.Alien

Гостин
Интересно, во секој сличај. Деновиве ќе ја "пробуричкам" Wiki во тој поглед, па да видам дали Google е загрозен. Тоа го очекувам и од другите членови...ако сакаат, се разбира. Па да споделиме искуства.
 

sonic

Intern
13 ноември 2007
529
5
Интересно ќе буде бидејќи ќе нема спонзорирани резултати а со тоа ќе испаднат вистинските вредности на виделина :bravo:
 

SwIPE

Intern
29 мај 2007
346
5
И јас така мисла. Ама сапак останва да видиме како ќе се покажи Wiki.
Абе што има тука да се види како ќе се покаже Search Wikia, долго време гледаме како се покажуваат и Yahoo! и сите други како него... и што видовме, пак си е Google убедливо пред сите други.
Search Wikia имаат уште многу '' муви да лапаат '' за да се '' доближат '' барем малку до Google. Море какви муви, слонови треба да лапаат :))
 

vladomkd

Баниран/a
22 август 2007
114
0
Абе што има тука да се види како ќе се покаже Search Wikia, долго време гледаме како се покажуваат и Yahoo! и сите други како него... и што видовме, пак си е Google убедливо пред сите други.
Search Wikia имаат уште многу '' муви да лапаат '' за да се '' доближат '' барем малку до Google. Море какви муви, слонови треба да лапаат :))
илузорно e да се споредуваат yahoo и google. yahoo е општ пребарувач, google е поспецифичен. јас на пример многу повеќе го користам yahoo, затоа што повеќе ми врши работа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,564
Мислења
823,417
Членови
28,069
Најнов член
Na$sko
На врв Дно