• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Нов проект во Македонија: Дигитални "Full Color" билборди на такси возила

  • Ја почнал/а темата
  • #1

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
Идејава се спремаше повеќе од година дена (скоро 2). Не е измислена топла вода, повеќе од јасно е дека ова веќе постои во светот но за овие простори тука е ново (и воедно единствено, сега за сега).

Целиот концепт се однесува на инсталација/монтирање на дигитални фул колор дисплеи на кровот од возилата. Од првиот ден на монтирање до денес, функционални и во употреба се веќе 4 возила односно 4 двострани дигитални билборди. За да дојдеме до финалното решение, дури контактирав и член од тука (Даниел) да го прашам околу неколку проблематики но по разговор со него и со други лица, заклучивме дека е невозможно тоа да се изведе.

Првата идеја беше со инсталација на ЛЦД дисплеи за надворешна употреба кои имаат поголема светлина (бар 1500 nits) но бидејќи сите се на 220, ќе требаше да се конвертираат и да работат на 12В. Дури сакавме да пробуваме и со обични транспарентни екрани па со ЛЕД ленти да осветлуваме за да добиеме слика (преку Raspberry или нешто слично). Но ова беше веќе научна фантастика и невозможно за оддржување (ќе требаше добар бокс од алуминиум за водоотпорност за кој тука ни барааа 2 пати повеќе пари него ли што вреди самиот производ, менаџирање на кабли итн итн итн).

Затоа, се решивме за директна набавка но со наши параметри. Во Скопје, одговорни за такси лиценци се градско собрание. Не знаевме дали има некакви регулативи или закони во однос на вакво нешто. Кај не заѕвоневме, за на крај да добиеме потврда дека Скопје не е одговорно туку самата такси компанија. Нарачавме дисплеи по наша замисла, лесни за менаџирање преку Вифи со апликација (мобилна или десктоп).

Бевме „запалени“, нарачавме одма за авионски да стигнат, преку Федекс. Ни стигнаа искрешни, 4000 евра штета. 2 месеци штама, не третираа како кретени. Имав тема тука, може сте ја виделе. Убрзано 2 месеци напред, не добивме оштета случајот е затворен, небитно. Сами ги средивме, нови плексиња, поправка на боксови, електрониката 90% беше ок со мали проблематики.

Денес имаме 4 дигитални билборди, а од октомври уште 4 нови со скоро дупло поголеми димензии од 99цм должина. Доколку има интерес, имаме план за некои нови типови кои ќе ги тестираме дополнително. Сега за сега, како што гледаме се доста интересни, и сеуште се каква-таква атракција кога возило ќе пројде на некоја фрекфентна улица, ќе заглави во гужва или ќе стои на станица.

Јас искрено сум доста задоволен од резултатот и од она што го направивме како краен производ, бидејќи во овие година ипол две, освен „нема шанси ова тешко е“ и „многу работа бара кај сте се фатиле со такси“ ништо друго не слушнав. Директори и менаџери на маркетинг компании и на такси компании не дадоа ни еден позитивен збор. Као у стил сите сакале ова да го пробаат ама сфатиле дека е тешко. На 2/3 пати дури и прекинавме ни пукна филмот али еве, го изведовме и возилата веќе возат ~ 2 месеци.

Дигитални билборди
Новите дисплеи:
02b650ba50ba0c81b51b3dfba4fd7cdb.jpg
 
  • Ја почнал/а темата
  • #3

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
Браво за изведбата и вложениот труд.

Она што би го коментирал е дека има малку билборди и реклами во Скопје, па сега ќе ги гледаме и на такси :)

Следен проект, ад блокер?
Немаше подвижни и дигитални. Сеа и тоа ќе има, да ти мрда додека чекаш на семафор :D
 

krema

Professor
24 јуни 2009
12,562
11,832
youtu.be
И не само на такси, по светов ги има по разни пикапи и мали фургончиња за достава, се надевам дека бизнисот ќе тргне како што треба.
Се сеќавам на темата, само не разбравме како заврши спорот!
Со среќа понатаму. :)
 

Mr.Jack

Gaining Experience
9 февруари 2008
700
445
Треба некој да проба да направи нешто и со стикери да стават на рандом коли кој сака и да изнајмува место за рекламирање 5 Companies That Will Pay You to Advertise on Your Car - DollarSprout Развиено е ова многу низ светот, ама кај нас немам приметено

Пробајте вие ако веќе не ви текнало
 
  • Ја почнал/а темата
  • #6

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
И не само на такси, по светов ги има по разни пикапи и мали фургончиња за достава, се надевам дека бизнисот ќе тргне како што треба.
Се сеќавам на темата, само не разбравме како заврши спорот!
Со среќа понатаму. :)
Заврши без никакво инфо, освен дека случајот е затворен и тоа е тоа. Не се они криви. Да сме моќни па да се бркаме по судови со адвокати, вака, само ќе заглавиме и со години нема да решиме. Нека тераат нека им е на чест. Тој само директорот што им е, би сакал еднаш да го видам очи у очи.

Треба некој да проба да направи нешто и со стикери да стават на рандом коли кој сака и да изнајмува место за рекламирање 5 Companies That Will Pay You to Advertise on Your Car - DollarSprout Развиено е ова многу низ светот, ама кај нас немам приметено
Има ваква кај нас, од Битола или Прилеп се дечките ако добро памтам. Не сум у тек колку се влезени и дали функционира сеуште. Интересна идеја е во смисол за дополнителен приход и на самите возачи/приватни возила, но сеа сме на ова фокусирани - дигитални реклами.
 

Piedpiper

Gaining Experience
26 август 2019
185
203
Заврши без никакво инфо, освен дека случајот е затворен и тоа е тоа. Не се они криви. Да сме моќни па да се бркаме по судови со адвокати, вака, само ќе заглавиме и со години нема да решиме. Нека тераат нека им е на чест. Тој само директорот што им е, би сакал еднаш да го видам очи у очи.



Има ваква кај нас, од Битола или Прилеп се дечките ако добро памтам. Не сум у тек колку се влезени и дали функционира сеуште. Интересна идеја е во смисол за дополнителен приход и на самите возачи/приватни возила, но сеа сме на ова фокусирани - дигитални реклами.
Супер реализација, за поздрав е фактот што не сте се откажале веднаш. Ќе видиш сега како ќе рипнат како волци маркетинг компаниите откако ќе го видат продуктот.

Пак ќе кажам, за голем поздрав е тоа што си ја реализирал идејата до крај и покрај проклетието овдека.
 

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,312
1,753
Јас имам забелешка само дека во некои случаи се пресветли рекламите и сметаат.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #9

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
Јас имам забелешка само дека во некои случаи се пресветли рекламите и сметаат.
Ги имаш видео во сообраќај овие? Ако да, ако ти текне пак кога ќе ја видиш кажи ми кое возило.

У моментов се на ауто стаени па може програмата се збунила :)
 

Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
1,753
1,072
Ова е одлична идеја, такси компаниите прават огромен приход годишно и лесно можат да си дозволат вакви реклами, еве пред Короната и во мало место како Струмица се прават по милион евра годишно од такси, посебно бидејќи се плаќа исклучиво во кеш. Извор:Кој од такси превоз прави милион евра приход?

Очигледно дека струмичани се навлечени на такси превоз. На второ место е струмичката компанија ДАВ 02 сопственост на струмичанецот Драге Вргов. Лани неговата такси служба направила 1,14 милиони евра и од тоа профитот е 16.200 евра.
 

DarthJe5us

Practice makes perfect
2 јануари 2012
2,312
1,753
Ги имаш видео во сообраќај овие? Ако да, ако ти текне пак кога ќе ја видиш кажи ми кое возило.

У моментов се на ауто стаени па може програмата се збунила :)
Ќе пишам доколку ги видам пак. :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
Ова е одлична идеја, такси компаниите прават огромен приход годишно и лесно можат да си дозволат вакви реклами, еве пред Короната и во мало место како Струмица се прават по милион евра годишно од такси, посебно бидејќи се плаќа исклучиво во кеш.
Само што такси компанијата не не спонзорира за ова, све е наше па дури и си плаќаме :D
 

Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
1,753
1,072
Само што такси компанијата не не спонзорира за ова, све е наше па дури и си плаќаме :D
Тогаш тоа е лошо, пошто ако видат дека има профит од ова, можат да ве откачат па сами да си монтираат и договараат со маркетинг компании.
 

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,378
1,502
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Ако добро се сеќавам пред десетина години воведоа некои правила за рекламирање и се плаќаше такса. На интернет најдов само за Тетово - треба дозвола и плаќање годишна такса за рекламирање.
 

pipelin

Practice makes perfect
8 мај 2010
1,514
1,139
pipelin's setup  
Processor & Cooler
Intel Core i5 3210M @ 2.50GHz
Motherboard
FUJITSU FJNBB1C (CPU Socket - U3E1)
Storage
Samsung SSD 860 QVO 1TB
RAM
16GB DDR3 SODIMM
Video card
Intel HD Graphics 4000
OS
Windows 10
Тогаш тоа е лошо, пошто ако видат дека има профит од ова, можат да ве откачат па сами да си монтираат и договараат со маркетинг компании.
Затоа нешто како хибриден убер најдобро. Тој што ќе вози убер кола и ќе дозволи да му се стави ова да добие плус некој денар, секако кога ќе се разработи убаво.


Идејата е одлична и како човек кој работи во маркетинг ептен ми се допаѓа.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #16

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
Затоа нешто како хибриден убер најдобро. Тој што ќе вози убер кола и ќе дозволи да му се стави ова да добие плус некој денар, секако кога ќе се разработи убаво.

Идејата е одлична и како човек кој работи во маркетинг ептен ми се допаѓа.
Па ако не се лажам има нешто слично веќе во Скопје. 2 компании се како приватен превоз со такви возила. Со апликација се, мислам дека функционираат ок. Али сепак, не дека е мое па да се пувам, скап производ е. Не се става на кој стигне и треба многу да се пази. Ако заборави дека го носи горе, влезе у некоја гаража ќе го акне и после шо ќе му праиш... Гледаме многу добро каде го ставаме, на кое возило и на кој шофер.
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,957
9,485
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Добар потег. Стално во очи ми паѓа ваквиот долг билборд што е на макпетрол на партизанска (карпош), внатре позади касите.

Само и огласувачите треба да имаат кликер, да го искористат панелот убаво, со бои и анимации до кај што може.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #18

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
Добар потег. Стално во очи ми паѓа ваквиот долг билборд што е на макпетрол на партизанска (карпош), внатре позади касите.

Само и огласувачите треба да имаат кликер, да го искористат панелот убаво, со бои и анимации до кај што може.
Погледни ја Окта на партизанска, и посебно Окта КФЦ Автокоманда. Некст-левел бензиска, цела е со дисплеи. Да ти е мерак да застанеш (од модерна гледна точка). Мене бар ме пали таков стил. За момент ми дава некоја претстава дека не сме у Македонија :D
 

zlate_mkd

Intern
17 декември 2019
51
35
Погледни ја Окта на партизанска, и посебно Окта КФЦ Автокоманда. Некст-левел бензиска, цела е со дисплеи. Да ти е мерак да застанеш (од модерна гледна точка). Мене бар ме пали таков стил. За момент ми дава некоја претстава дека не сме у Македонија :D
е за ова во право си бензинската е баш светски секоја чест ете и во мк нешо добро да се направи :D
 

ARMac

Орган
2 октомври 2010
7,957
9,485
Скопје
androgaming.com
ARMac's setup  
Processor & Cooler
R7 2700x + Neptwin V2
Motherboard
Gigabyte B450 AORUS ELITE
Storage
Samsung 970 EVO NVMe
PSU
SilentStorm Icewind 750W
RAM
16GB Kingston HyperX Fury 3200
Video card
XFX Radeon RX 580 - 4GB
Case
Gigabyte C200
Mouse
Bloody v7
Keyboard
Natec Thor 300
Audio
Creative Muvo 2
Monitor
Benq GW2480E IPS + Dell p2219h
OS
Windows 10 Pro
Јас на макептрол точам ради верна, ама ќе поминам на окта да ја видам :)
 
  • Ја почнал/а темата
  • #21

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
  • Ја почнал/а темата
  • #23

coNNectMKD

Gaining Experience
13 март 2017
520
452
Skopje
@coNNectMKD
Дај некое кратко видео од твоите билборди, да видемо и ми провинцијалци како тој изгледа. :)
Едно имаме, прилично аматерско е. Кога ќе се набават сите нови што ги планираме за месец одприлика, ќе се снима како што треба. А слики имаме на фб/инста.
 

xenon

Guru
15 јануари 2011
3,792
9,206
Erga Gomnes
xenon's setup  
Processor & Cooler
i7 5960X 4300mhz
Motherboard
Asus X99 Deluxe
Storage
intel 750 400gb / 2 x 8tb seagate, 4 x 6TB WD, 3 x SM951 512gb, 4 x 4TB WD
PSU
Antec 1300W
RAM
64GB DDR4 @ 3200mhz
Video card
SLI (2 x Asus 1080Ti Strix)
Case
Coolermater Cosmos II
Mouse
Sentinel III
Keyboard
Coolermaster Master Keys Pro L
Audio
Asus Xonar STX, Adam A7x (2), Adam A3x (2), TC Electronic BMC-2 (DAC)
Monitor
43" Samsung KS7500 4К HDR
OS
W10P
Кровните носачи од каде ги набавивте?
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,708
Мислења
862,912
Членови
30,052
Најнов член
Tomtomtom
На врв Дно