- Ја почнал/а темата
- #1
stole_pesov
Intern
Нов пакет на „Мајкрософт“ со правопис и речник на македонски јазик
Компанијата за информатички технологии „Мајкрософт“ во Македонија денеска го претстави функционирањето на алатката за проверка на правописот во рамки на Пакетот за јазичниот интерфејс во 2007 Office system на македонски јазик. Пакетот е превод од англиската верзија, а алатката за проверка на македонскиот правопис е изработена во соработка со професори од Филолошкиот факултет во Скопје.
Пакетот за интерфејс на македонски јазик и на кирилица може да се преземе на www.microsoft.com.mk/lip. Димитар Грозданов, специјалист за технологии во „Мајкрософт“, појасни дека корисниците кои не знаат многу англиски јазик со алатката можат да ги префрлаат менијата на македонски јазик, но во секој момент можат да се вратат на основната ставка на англиски јазик. Вграден е речник на зборови, опфатени по род, член и по други граматички категории на македонскиот јазик. Со инсталираниот правопис се обележуваат непознатите зборови или интернационализмите во текстот, а корисникот може да креира сопствена база на зборови.
„Мајкрософт“ отвори и јавен онлајн форум за предлози за внесување нови зборови и изрази кои ќе го збогатат и надоградат македонскиот речник во јазичниот интерфејс. Форумот, лоциран на www.microsoft.com.mk/recnik, до средината на февруари ќе биде отворен за предлози од јавноста, а предлозите ќе ги избираат професори од катедрите за македонски и за англиски јазик на Филолошкиот факултет.
Додатоците на македонски јазик во Офис системот „Мајкрософт“ почна да ги вградува во 2004/2005 година и оттогаш развива подобрени верзии на пакетите. Директорот на „Мајкрософт“ во Македонија Илијанчо Гаговски рече дека иницијативата е резултат на заложбите за зачувување на кирилското писмо и подобрување на деловната комуникација на корисниците на нивната технологија.
извор миа.
Интересно им текнало и за македонија дека постои .
БРАво мајстори
Што ке кажете вие?