AMD_fan
Gaining Experience
- 10 ноември 2007
- 3.646
- 139
Нов обид за конкуренција во фиксната телефонија. „Он нет“ почнува да нуди услуги во Скопје.
Сопствениците од словенечки „Телеком“ влегуваат во битка со „Дојче телеком“ за клиенти на македонскиот пазар. Од понеделник ќе нудат поевтини услуги од оние на „Мактел“.
Раководството на „Он нет“ вели дека загубите им се вкалкулирани, но најавуваат жесток притисок до надлежните, пазарот конечно да се либерализира и да се создадат фер услови за работа.
„Сигурен сум дека и Агенцијата за електронски комуникации и Комисијата за заштита на конкуренција, нормално со наш притисок таму, до септември, октомври, ноември работите ќе се сменат на подобро кон граѓаните. Инаку, ако не е профитабилно, нема да трае“, рече Предраг Чемерикиќ, генерален директор на „Он нет“.
Во Македонија либерализација на пазарот во фиксната телефонија постои само на хартија. Закони веќе две години има, но тие не се спроведуваат. На терен и натаму неприкосновен е „Мактел“, кој ужива во монополот, нудејќи високи цени за конкуренцијата.
Чемерикиќ ја објасни шемата за соработка и тарифите што „Телеком“ сега ги бара од конкурентите. Цените се двојно, дури и тројно поскапи.
„Месечната претплата во македонски „Телеком“ е 400 денари со 100 денари вклучени во разговори, што значи 300 денари вие ги плаќате за ништо. Во истиот момент за истата жица вие ако станете кај нас корисник, македонски „Телеком“ од „Он нет“ за користење на жицата бара 582 денари“, изјави Чемерикиќ.
„Нова жица да побарате од македонски „Телеком“, значи нова зграда, нов стан, втора жица, чини 1.200 денари. А „Он нет“ кога ја бара за свој корисник истата чини 3.500 денари, значи тројно да платите“, додаде Предраг Чемерикиќ.
Голем дел од бројните обиди за конкуренција во фиксната телефонија во земјава завршија неуспешно.
Многу од операторите што почнаа да работат во овој сектор ги затворија бизнисите. Не можеа да го издржат ударот од скапите услови што им ги наметнува „Мактел“.
Играчите од овој бизнис велат дека надлежните институции се пасивни, регулаторните тела со години ја толерираат доминантната позиција на фиксниот оператор.
Извор: А1