1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нов модел на HAF 932 (advanced)

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од gokica, 3 Април 2011.

  1. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,646
    13 Јуни 2009
    Cooler Master извади нова верзија на нивниот мега продаван HAF 932. Новата подобрена варијанта доби USB 3 поддршка, црн енетериер и уште еден панел плус. Добро е што решија да го продолжат производството зашто ентузијастите повторно имаат опција да купат многу солидно куќиште за цена пониска од HAF X. Цената на новиот HAF е 160 долари.

    [​IMG]

    http://www.techspot.com/news/43099-cooler-master-haf-932-gets-usb-30-black-interior.html

    http://www.newegg.com/Product/Product.aspx?Item=N82E16811119160
     
  2. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,345
    351
    5 Јули 2009
    ми изгледа како да не се потрудиле доволно со променава за USB3 само е зафатен еден 5.25" слот и промена во ентериерот, како е да е :bravo: за континуитетот со новитетите
     
  3. shifty

    shifty
    Модератор

    1,025
    1,350
    5 Септември 2009
    И сеуште нема филтри за прашина :ha:
     
  4. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,646
    13 Јуни 2009
    И јас сакам да ги има но филтрите за прашина го намалуваат протокот на воздух.

    Намерно не направиле драстични измени зашто формулата функционира успешно и единствено нешто што недостасуваше беше УСБ 3 од аспект на функционалност.

    И мене не ми се допаѓа екстра панелот.
     
  5. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,345
    351
    5 Јули 2009
    Мислам дека има добар проток на воздух низ куќиштето и дека дополнителни филтри нема да ја намалат ефикасноста на целиот систем за ладење, напротив покрај толкави отвори за вентилатори ќе допринесат за намалување на прашината.
     
  6. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,646
    13 Јуни 2009
    Јас пробав со хулахопки :D, тенок и пропустлив сунгер, филтер од правосмукалка (најтенок филтер кој сум го сретнал) и неколку други ствари но никако не успеав да ја задржам темературата на компонентите како без нив.

    Значи или промаја или намалена прашина, бучава и сл.

    Успехот на 932 се должи точно на тоа што протокот на воздух е издигнат на многу високо ниво а тоа е она што им е потребно на купувачите на ова куќиште - хај аирфлоу кој носи максимум оверклок. При многу висок оверклок 2-3 степени повеќе во куќиштето менуваат поприлично. А при тоа филтрите кои ги пробав ја намалија температурата за повеќе од тоа.
     
  7. Nakolce

    Nakolce
    Gaining Experience

    941
    87
    18 Септември 2009
    Ова куќиште + 2х Excalibur на процесор и 1 на лев капак +2 пива внатре = фрижидер..

    Добро што им текнало да стават usb3 воедно и првите кои ги сретнувам на куќиште да имаат usb3(не сум загледал до сега) кога би имал повеќе пари да дадам за кучиште за компјутер ова би било тоа што ке го купам. со еден збор Perfect
     
  8. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,837
    26,064
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    моментално најдоброто решеие за прашина Тестирано Баш на Хафот DEMCIflex 120mm
     
    1 person likes this.
  9. masterficx

    masterficx
    Gaining Experience

    1,345
    351
    5 Јули 2009
    си играше "Rob the bank" дома ?:LOL::LOL::LOL::LOL::LOL:

    Знам, дека може да намалат неколку степени но разликата е следната, или ќе си купиш "Low Noise" вентилаторчиња и филтри за прашина и нема да оверклокуваш воопшто или со некој mild оверклок ќе уживаш во “тишината и комфорот“ на твојот систем или ќе направиш некој луд оверклок и ќе ти бучи и ќе ти дува куќиштето само за да го истрпи тоа при 24/7 употреба



    јас повеќе сум приметил прашина на горниот вентилатор (поголем е отворот од 120мм) така да може ќе треба или поголем од тој или некој друг тип на филтер
     
  10. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,646
    13 Јуни 2009
    Благодарам за информацијата Калчо. Ги имав чуено по форуми иако никогаш не наидов на повратна информација како било со и без овој филтер.

    Сепак јас сум убеден дека било каков филтер доведува до намален проток на воздух. Доколку е квалитетен филтер можеби во помала мера ја зголемува температурата но сепак има таков ефект. И овој филтер е изработен од материјалот од кој се изработени хулахопките кои се честа појава дури и во статии на странските форуми како чаре за прашина. Но за разлика од хулахопките кај овој фуилтер мешот е потенок и има магнети.

    masterficx, до толку е едноставно што ако не оверклокуваш или ако сакаш милд оверклок тогаш нема причина да купиш HAF 932.

    HAF 932 купуваат оверклокери. Јас лично го зедов заради тоа што обожувам ниски температури на хардверот.
     
    1 person likes this.
  11. Fatal1ty_

    Fatal1ty_
    Großmeister

    21,837
    26,064
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    и ја сум убеден дека го намалува протокот...но за овој филтер ти треба noctua p12 или јаче за да прогура воздух низ него :)

    Edit. Гоки каж ми ,а си пробал ли со филтер за чај?Тој има огромна прозрачност.
     
    1 person likes this.
  12. gokica

    gokica
    Модератор

    8,551
    10,646
    13 Јуни 2009
    Да се сложувам дека помоќен вентилатор е можно со употреба на филтер да ја задржи истата температура иако јас искрено би ставил посилен фен за да се симне температурата. Сепак интересно како идеја.

    Не сум пробал со филтер за чај. Можеби и ќе пробам чисто да видиме кој ќе биде резултатот иако искрено одамна се откажав од прашината да правам предмет на анализа зашто нема купови прашина во куќиштето како што очекував.

    Го чистам на секои два-три месеци и при тоа нема посебно наталожена прашина. Најмногу се таложи на ХДД претпоставувам зашто предниот панел е најмногу изложен на фрквенција (пред него се поминува во просторијата најчесто) па на ХДД има повеќе прашина од сите други компоненти. Затоа и некои модели на ХАФ имаат тука филтер што можеби е и полезно.

    Но остатокот од куќиштето ништо посебно не задржува прашина споредено со останатите куќишта кои сум ги имал. Повеќе од обично затворено куќиште но не станова збор за купишта на прашина.
     
  13. shifty

    shifty
    Модератор

    1,025
    1,350
    5 Септември 2009
    Сеедно не би било лошо доколку имале вметнато dust filters :p макар како опција (дури и да го намалуваат протокот на воздухот, куќиштево ќе има голем проток на воздуx) ... имам HAF932 и прашината му е единствена мана, односно и не е нешто страшно но сепак немам многу време како порано, на месец-два да го чистам куќиштето со задоволство. Сега најчесто го чистам куќиштето затоа што морам (филтри за прашина би ми завршиле голема работа).
     
Слични теми
  1. sdarko
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    1,091
  2. RisteMK
    Одговори:
    5
    Прегледи:
    993
  3. Enigma
    Одговори:
    203
    Прегледи:
    15,170
Вчитување...

Сподели

Вчитување...