• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Нов македонски веб портал - - - - З`ш да не?

  • Ја почнал/а темата
  • #1

jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1

На полноќ во македонскиот веб простор е изгубен портал кој се одѕива на името З`ш да не?

Среќниот пронаоѓач ќе доживее тортура од најнови информации од забавата, вести, вести од ИТ како и спортски вести, како и ќе биде приморан да гледа смешни видео клипчиња и слични работи опасни по живот.

Припадничките на понежниот пол ќе мораат да го прочитаат својот хороскоп, како и хороскопот на својата понеубава половина, како и на својата најблиска и поширока фамилија, своите другарки или пријателки или во превод ќе треба да ги видат сите хороскопски знаци.

Ако сте дете а и ако не сте ќе треба да изиграте некоја од игрите...
Доволно е објаснување... крајниот заклучок е дека треба да бегате што подалеку од З`ш да не?
 
AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Ај што се многу туку трагично е тоа што едноставно копираат и препишуваат од други. Досадно е да се читаат едни исти (буквално препишани со copy-paste) информации на повеќе портали. Ако се додаде и забелешката на @drown за темплејтите тогаш навистина е досадно и монотоно да се прегледуваат десетици вакви портали. :ua:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #8

jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1
јас мислев дека ова е место кое што треба да допринесе за развојот на информатичката технологија во земјава ама по се изгледа сум во голема заблуда...
незнам како можете да сте од старт против... има некој од вас портал па ова демек конкуренција па ај ќе зборвиме против или онака си зборувате против...без некоја посебна причина...???
дај нека биде некој од вас креативен и нека направи нешто поразлично од сето ова што е исто во мак веб простор...
што би направиле..
ај да ви ја видам креативноста за која цело време зборувате...
и бтв...амд фан...
од информацииве кои што моментално се на странава има 2 кои се копи пасте...
едната е таа за Тоше која се појави како текст во Дневник и сите ја пренесоа, па не би требало и кај нас да се прескокне ваква вест и втората е од официјалниот сајт на општина охрид за збратимувањето на охрид со др градови...
останатите незнам...мислам дека ги нема на друго место...
е добро де...знам дека ги има на странски сајтови...
најверојатно сакате портал на кој што авторите ќе измислуваат нови вести... априлили може да се вика...
ќе почнеме и со свои вести...оригинални свои...сликани и снимани али то од на лето...освен ако не се зафатите со хакирање до тогаш:))
то е то... ај поздрави и честитки
 
D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
јас мислев дека ова е место кое што треба да допринесе за развојот на информатичката технологија во земјава ама по се изгледа сум во голема заблуда...
Не си... баш такво е местото... и нашите критики придонесуваат кон тоа. МК вебот е преполн со забавни портали кои не се ништо друго освен инсталиран темплејт и секојдневно полнење со текстови што не се ни напишани од страна на авторите, и те се едни исти содржини се објавуваат. Со цел да придонесеме кон развојот на интернет културата во Македонија апелираме интернет корисниците да си ги концентрираат своите сили во друг правец а не во создавање на забавен портал од кој сите мислат дека ќе заработуваат неколку илјади месечно...

незнам како можете да сте од старт против... има некој од вас портал па ова демек конкуренција па ај ќе зборвиме против или онака си зборувате против...без некоја посебна причина...???
Прво и прво, коментираа разни корисници кои не се ни познаваат меѓу себе... конкуренција има колку сакаш, но вистинска конкуренција за забавните портали не гледам никаде... практично не знам ни на што ни на кого ќе му конкурираат но тоа е друга тема..

дај нека биде некој од вас креативен и нека направи нешто поразлично од сето ова што е исто во мак веб простор...
што би направиле..
ај да ви ја видам креативноста за која цело време зборувате...
:bye1:

и бтв...амд фан...
од информацииве кои што моментално се на странава има 2 кои се копи пасте...
едната е таа за Тоше која се појави како текст во Дневник и сите ја пренесоа, па не би требало и кај нас да се прескокне ваква вест и втората е од официјалниот сајт на општина охрид за збратимувањето на охрид со др градови...
останатите незнам...мислам дека ги нема на друго место...
е добро де...знам дека ги има на странски сајтови...
Сепак копи-пасте работа е присутна уште од самиот старт....

најверојатно сакате портал на кој што авторите ќе измислуваат нови вести... априлили може да се вика...
Еве ќе ти ја кажам политиката на ИТ па можеби ќе сакате да ја практикувате... вестите се тие што се, неможе да измислуваш нешто друго, но при објавување на овој портал ние ги зимаме информациите од првичните соопштенија, или пак сервиси од кои сме дел и кои ни дозволуваат целосно користење на содржините... а доколку користиме некој туѓ текст, го означуваме изворот.

ќе почнеме и со свои вести...оригинални свои...сликани и снимани али то од на лето...освен ако не се зафатите со хакирање до тогаш:))
то е то... ај поздрави и честитки
Никој нема да те хакира... а за оргинални вести и нешто покреативно ја имате мојата поддршка.
 
MushRoom

Intern
2 октомври 2007
41
1
jovan, наместо да се лутиш одговори си сам „Што е она што твојот портал го прави различен од другите“? „Што ќе нè наведе да го посетуваме баш твојот портал“?
 
  • Ја почнал/а темата
  • #12

jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1
Не си... баш такво е местото... и нашите критики придонесуваат кон тоа. МК вебот е преполн со забавни портали кои не се ништо друго освен инсталиран темплејт и секојдневно полнење со текстови што не се ни напишани од страна на авторите, и те се едни исти содржини се објавуваат. Со цел да придонесеме кон развојот на интернет културата во Македонија апелираме интернет корисниците да си ги концентрираат своите сили во друг правец а не во создавање на забавен портал од кој сите мислат дека ќе заработуваат неколку илјади месечно...
јас работам во радиостаница, водам забавни емисии па ни ова не е нешто поразлично... тоа ми лежи и тоа го правам... па и останатите кои што работиме на страницава...
не би можел да се замислам како уредувам некој здравствен портал...(пример...)
и да ми кажеш нешто што го нема и од што би заработувал милиони...џабе би било ако не ми е интересно тоа што го правам... не е се во парите...

Прво и прво, коментираа разни корисници кои не се ни познаваат меѓу себе... конкуренција има колку сакаш, но вистинска конкуренција за забавните портали не гледам никаде... практично не знам ни на што ни на кого ќе му конкурираат но тоа е друга тема..

незнам каква би била таа вистинска конкуренција.. и каква е оваа лажната...

:bye1:

Сепак копи-пасте работа е присутна уште од самиот старт....
овде споменав дека веста за Тоше не би смеел да ја изоставам... и според зацртаниот план вести ќе се преземаат само кога веста е ептен важна и не смее да се прескокне, како оваа и најдолу ќе се наведе изворот со линк до оригиналната вест.

Еве ќе ти ја кажам политиката на ИТ па можеби ќе сакате да ја практикувате... вестите се тие што се, неможе да измислуваш нешто друго, но при објавување на овој портал ние ги зимаме информациите од првичните соопштенија, или пак сервиси од кои сме дел и кои ни дозволуваат целосно користење на содржините... а доколку користиме некој туѓ текст, го означуваме изворот.

ги разгледав вестите кои се на насловна и нигде не забележав наведен извор... ако не ти е мака и ако не ти се спие дај еден таков:D

Никој нема да те хакира... а за оргинални вести и нешто покреативно ја имате мојата поддршка.
ова е најтешко и најмалку го има во последно време... но... ќе се среди...
 
  • Ја почнал/а темата
  • #13

jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1
jovan, наместо да се лутиш одговори си сам „Што е она што твојот портал го прави различен од другите“? „Што ќе нè наведе да го посетуваме баш твојот портал“?
не бе, не се лутам... зш да се лутам...
зошто баш зш да не...:D
можам да ви ветам добра забава со секое наредно посетување...
и најнови и најсвежи информации...
за разлика од некои кои стигнале до врвот и сега на стара слава со нови реклами и нови пари си седат и си објавуваат по 6 нови статии неделно...
поразлично... сега јас треба да прашам што е поразлично кај ит и кај www.techcrunch.com или вест и вечер и а1 и сител и така натака и така натака...
што да ти одговорам...
ако ставевме голи женски насекаде немаше тоа да ве привлече... тоа е најзастапено на инернет...
можеби ако со секоја посета ви излегуваа по 1000 денари од цд ромот, можеби тоа би ве натерало да го посетувате...:LOL:
 
AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
незнам како можете да сте од старт против... има некој од вас портал па ова демек конкуренција па ај ќе зборвиме против или онака си зборувате против...без некоја посебна причина...???
Не си не разбрал друже. Воопшто не сме против вашиот портал. Напротив. Критиките треба да ги сватиш позитивно и да се потрудиш да ги одстраниш недостатоците и забелешките на тие кои те критикуваат. Па нели порталот се прави заради посетителите и крајната цел е поголема посетеност и задоволни корисници?
А што се однесува до конкуренцијата.... верувај ми дека конкуренцијата е најдобриот двигател за подигнување на квалитетот на содржините кои ги нудат интернет порталите. Конкуренцијата не ја сфаќам како страв од нов портал, туку како поттик за издигнување на квалитетот на нашиот портал над сите други. Да бидеш прв во конкуренција од 4 натпреварувачи и да бидеш прв од 40 сепак не е исто, нели? Ова второто повеќе вреди.
и бтв...амд фан...
од информацииве кои што моментално се на странава има 2 кои се копи пасте...
едната е таа за Тоше која се појави како текст во Дневник и сите ја пренесоа, па не би требало и кај нас да се прескокне ваква вест и втората е од официјалниот сајт на општина охрид за збратимувањето на охрид со др градови...
останатите незнам...мислам дека ги нема на друго место...
е добро де...знам дека ги има на странски сајтови...
Не велам дека не треба да се пренесуваат најважните и најактуелни вести, но ако веќе ја пренесувате веста од Дневник, тогаш мислам дека е фер да се стави изворот на информацијата. Да нсе се повторуваме натаму бидејќи воглавно @D ти објасни на кој начин ние ги разработуваме вестите.

ги разгледав вестите кои се на насловна и нигде не забележав наведен извор... ако не ти е мака и ако не ти се спие дај еден таков
За почеток погледни тука:
ИТ Вести од светот
ИТ Вести од Македонија

ќе почнеме и со свои вести...оригинални свои...сликани и снимани али то од на лето..
Ова веќе ми се допаѓа. Ви посакувам успех.
:bye1:
 
  • Ја почнал/а темата
  • #15

jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1
то го напишав зш никој немаше даено образложение шо како... освен тебе другиве беа...

Ох не, уште еден забавен портал
se preteruva so vakvi portali
Sto se mnogu se mnogu neka napravat nesto drugo,navistina ne preplavija so niv

и ај како да го сватам ова... според овие 3 коментари... каков и портал да се направи во државава џабе ќе е...
знам што значи конкуренција... сум почуствувал и не е лесно но... кога ќе се качиш на врвот е многу слатко...:))

Не велам дека не треба да се пренесуваат најважните и најактуелни вести, но ако веќе ја пренесувате веста од Дневник, тогаш мислам дека е фер да се стави изворот на информацијата. Да нсе се повторуваме натаму бидејќи воглавно @D ти објасни на кој начин ние ги разработуваме вестите.

еве провери сам... и бтв... не го ставив сега линкот... ставен е кога е креирана статијата...

За почеток погледни тука:
ИТ Вести од светот
ИТ Вести од Македонија

извинете... не сум го видел ова... а ова значи дека доста добро работите... некои од вестите ги има само на форумот... супер... браво во тој случај :bravo:
но да бидеме искрени кој става линк до англиски сајт од кој што презема информации секојдневно...
зошто да си ги откриваме изворите... нели е тоа така насекаде...?

Ова веќе ми се допаѓа. Ви посакувам успех.
:bye1:[/QUOTE]
 
AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
извинете... не сум го видел ова... а ова значи дека доста добро работите... некои од вестите ги има само на форумот... супер... браво во тој случај :bravo:
Благодариме за пофалбите.

но да бидеме искрени кој става линк до англиски сајт од кој што презема информации секојдневно...
зошто да си ги откриваме изворите... нели е тоа така насекаде...?
Еве на пример јас практикувам да ставам линк до странските сајтови од кои оригинално ќе ја прочитам и преведам веста. Еве погледни тука:
Fujitsu го претставува новиот лаптоп со дрвено куќиште
Откриен Kraken - новиот ботнет црв
Skype 3.8 најавува подобрување на звукот
ASUS Striker II Extreme
...... и многу други.
Едноставно мислам дека некој се потрудил да ја напише статијата и дека не е фер заслугата да си ја припишам на себе. Знам дека нема да ми биде сеедно ако некој друг копирал лично моја статија или рецензија и ја представува како негова. Тоа е тоа.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #17

али тука зборуваме за форумов... шознам... така имам забележано дека практикуваат хрватски тпортал...
вест и линк од анг сајт од каде е преземено ама доколку овде правиме така тогаш некој ќе го следи порталот подолго време и на крај коментар... па овај нон стоп преведува од ....сајтови... не дека тој ќе оди да прави обиколка по сите нив како обичен сурфер но... мора нешто да се искоментира...
а бтв... преведениве текстови се од форумов... не велам дека не си се потрудил да преведеш но... зш немате на вестине од порталон...
еве ова... сигурно не бевте на волстрит....:))

али за ова петка...
браво...:bravo:
 
AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
доколку овде правиме така тогаш некој ќе го следи порталот подолго време и на крај коментар... па овај нон стоп преведува од ....сајтови... не дека тој ќе оди да прави обиколка по сите нив како обичен сурфер но... мора нешто да се искоментира...
Во подфорумот Вести од светот и Македонија, не ми е целта да ме фалат членовите или да ме критикуваат, туку единствено целта ми е информирање на членовите на форумот за најновите случувања во Македонија и светот. Мојата заслуга би била во правец на време да се пренесе вистинската вест, без разлика од каде е изворната вест.

А доколку зборуваме за рецензии, анализи, лични проекти.... е тука се вреднува и важно е дали трудот е ваш или преземен од некој друг сајт.

П.С. Јас говорам за форумот, а за порталот ќе ти објаснат Админите бидејќи тие го одржуваат.
:bye1:
 
drown

Master
8 март 2007
1,453
199
Куманово
iwmnetwork.com
@jovan

Би било интересно да има некој од форумов на вол стрит .)

Како што кажа Дамјан:

Еве ќе ти ја кажам политиката на ИТ па можеби ќе сакате да ја практикувате... вестите се тие што се, неможе да измислуваш нешто друго, но при објавување на овој портал ние ги зимаме информациите од првичните соопштенија, или пак сервиси од кои сме дел и кои ни дозволуваат целосно користење на содржините... а доколку користиме некој туѓ текст, го означуваме изворот.
 
D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
еве ова... сигурно не бевте на волстрит....:))
Колку си сигурен у ова? :)

али за ова петка...
браво...:bravo:
Немораш да бидеш на лице место за да известуваш... PR затоа постои. Вестите немаат наведено извор зашто се наши не препишувани, некој седне прочита информации, и во многу случаи имаме и контактирано со PR луѓе.

А и наведуваме... еве за пример:

Microsoft најмува лобисти
"Иаку сеуште не се знае што навистина ќе се случи, во текст објавен денеска на Time.com (http://www.time.com) беше истакнато дека Стив Балмер и Microsoft почнале со најмување на..."

Излезе Google Earth 4.3 бета
"Денеска на официјалниот блог на Google за Google Earth и Google Maps беше објавена најновата верзија на популарниот софтвер за виртуелно истражување на земјината топкa..."
 
MetalGear

On your way to fame
14 април 2007
2,997
510
www.ibiz.mk
Vermilion sto ako koristat joomla
ne znaci toa deka se mrzelivi

i administratorite tuka koristat joomla

portal kako portal site rabotat na ista sema
nema nesto porazlicno od drugite nesto po sto ke se izdvojat
dobro tek pocnuvaat moze ke bidat prepoznatlivi po nesto

aj so sreka sto drugo da vi kazam
 
D

Администратор
31 март 2007
3,273
1,910
www.iwmnetwork.com
И ох не уште една Џомла ... зарем до толку сте мрзеливи ?
Малку не ти е коректно прашањето... нема ништо лошо во користење на Џумла... а и со 100% сигурност тврдам дека при користење на Џумла дефинитивно неможеш да си мрзлив...

Мрзливоста е во користење на темплејт.
 
  • Ја почнал/а темата
  • #24

jovan

Intern
24 февруари 2008
20
1
колку што јас знам има илјадници сајтови кои што одлично функционираат на џумла и многу луѓе кои што без никаков паричен надомест учестуваат во подобрувањето на овај цмс...
сигурно нешто што ќе го направи некој овде нема да биде подобро отколку нешто на кое секојдневно работат многу луѓе ширум светот и се трудат да го направат подобро...
темплејтот...
ако тргне работава тогаш не е проблем... ќе направиме наш темплејт и ќе вложиме сопствен труд а не со клуб темплејт кој што го користат повеќе сајтови во светски рамки...
 
Niki

Баниран/a
21 април 2007
404
1
Admini temava ne e spam ili reklama koja treba da ide u kanta

jovan, наместо да се лутиш одговори си сам „Што е она што твојот портал го прави различен од другите“? „Што ќе нè наведе да го посетуваме баш твојот портал“?
e bas e taka,kolku ima portali koi se podobri

Ај што се многу туку трагично е тоа што едноставно копираат и препишуваат од други. Досадно е да се читаат едни исти (буквално препишани со copy-paste) информации на повеќе портали. Ако се додаде и забелешката на @drown за темплејтите тогаш навистина е досадно и монотоно да се прегледуваат десетици вакви портали. :ua:
odma primetiv

На полноќ во македонскиот веб простор е изгубен портал кој се одѕива на името З`ш да не?

Среќниот пронаоѓач ќе доживее тортура од најнови информации од забавата, вести, вести од ИТ како и спортски вести, како и ќе биде приморан да гледа смешни видео клипчиња и слични работи опасни по живот.
[/URL]
bre bre bre azi da ne, aj da ne go komentiram celiot "post"
 
Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,564
Мислења
823,408
Членови
28,069
Најнов член
Na$sko
На врв Дно