1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нов интернет приклучок

Дискусија во форумот 'Интернет провајдери' започната од Vyxane, 2 Јуни 2016.

  1. Vyxane

    Vyxane
    Intern

    4
    1
    14 Јануари 2014
    Здраво дечки, ми треба мала помош.

    Јас моментално го имам Family Box пакетот од Телеком, чијшто договор истекува за две недели (фала курцу).

    Живеам во Трубарево значи доста сум ограничен со можности, сакам да ги сменам телеком за побрз интернет (претпоставувам дека оптиката на телеком е доста далеку од Трубарево).

    Во слободно време гејмам доста, значи пингот ми е најбитен, а даунлоудот/аплоудот и не толку. Фиксен телефон не користам, мобилен имам службен, тв не гледам меѓутоа заради моите нека биде пакетот сосе тв.

    Моментално прва опција ми е Близу, (50мб/с пакетот со тв), меѓутоа сакам да знам дали се има нешто сменето откако се мерџнаа со Вип, колешка ми се жалеше скоро на нивниот кастомер сервис.

    Дали имате некои жалби/поплаки/пофалби, или можеби подобри идеи од нив?

    Ви благодарам, убав ден
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Astro

    Astro
    Guru

    6,250
    8,649
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Штом нема оптика се друго ти е сеедно што би земал. Се сведува на лаотарија ај ќе ти се погоди ал нема да ти се погоди приклучокот. Познавам и презадоволни од Близу и многу незадоволни. Види распрашај се по комшиите - трубадури дали некој има Близу и како е задоволен. Веројатно ќе го имаш истото искуство како и тие.
     
    На Krkac, mdeni, goce03 и уште 4 други им се допаѓа ова.
  3. Necromancer

    Necromancer
    Unstoppable

    3,208
    3,567
    24 Февруари 2012
    Машко
    GIS
    +1
     
  4. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,085
    4 Септември 2008
    Моментално освен жицата од Телеком таму може да добиеш само безжично од ВИП или Неотел. ВИП треба да почнат да нудат LTE (4G) пристап за домашни корисници, а Неотел ќе те поврзат со WiMax (барем порано беше така) кој е исто 4G само паралелна технологија на LTE. Телевизијата преку ВИП ќе ти биде DVB-T односно пакетите Бум на ОНЕ и нема да се користи линкот за интернет, а Неотел ќе ти понудат IPTV исто како што моментално користиш од Телекомот и тука телевизијата ќе ти зависи од квалитетот на интернет линијата.

    Мој совет е да останеш на Телекомот без да потпишуваш договор барем уште 5-6 месеца, додека не се стабилизираат ВИП со спојување и замена на опрема па после да размислуваш што нудат.

    Во врска со Неотел според мене се сериозна фирма и играч, само конкретно таму во твоето место дали ќе добиеш подобро преку нив отколку преку Телекомот неможам да ти кажам.
     
    На Astro и Vyxane им се допаѓа ова.
  5. Astro

    Astro
    Guru

    6,250
    8,649
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Потврдувам. Се борат за секој еден клиент. Јас 6-7 години имав WiMAX од нив и немав ниеден дропнат пинг. Во принцип пакетите им се бавни, не гледам како би одело IPTV преку тој линк. Во Трубарево претпоставувам уште побавно би било а ако бркаш и пинг не знам колку успешна би била мисијата. На таа далечина само жица. Си прашал ли во Телеком каков им е планот за оптика таму?
     
  6. Vyxane

    Vyxane
    Intern

    4
    1
    14 Јануари 2014
    Јас лично сакам да ги сменам Телеком од причини што сум крајно незадоволен од интернетот и телевизијата веќе година уназад, паѓаат барем неколку пати дневно, се влечкав со сервисери со месеци додека не се откажав затоа што не можат да понудат подобра конекција, така да останување на телеком тешко, освен за оптика, што сигурно нема да ја нудат тука во скоро време.

    Значи прашањето е дали во моментов ќе добијам подобра конекција од Близу т.е. вип или Неотел.

    Квалитетот на телевизијата искрено ми е најнебитен во случајот, се додека ја има да ги занимава моите дома.
     
  7. igor_igor

    igor_igor
    Unstoppable

    2,056
    3,128
    2 Септември 2012
    Машко
    Јас моментално го имам Family Box пакетот од Телеком, чијшто договор истекува за две недели (фала курцу).
    :cool::D
     
  8. Astro

    Astro
    Guru

    6,250
    8,649
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Family BOX оди преку оптика или ADSL?
    Зошто фала курцу?
     
  9. Vyxane

    Vyxane
    Intern

    4
    1
    14 Јануари 2014
    Прашав, единствено што можеа да ми кажат беше дека нема да биде "во скоро време" (soon™).
    ADSL, затоа што полоша услуга не можеа да понудат, само неколку месеци откако го земавме тој пакет (иако и претходно бевме на телеком) конекцијата почна да паѓа по неколку пати во СААТ, прво не можеа и по една недела да испратат сервисери затоа што беше крај на лето и пола луѓе им биле на одмор, после не можеа да ја најдат причината за лошата конекција после испратени 10 сервисери и сменети 10 модеми, единствено што успеавме да добиеме беше конекција која сега паѓа по во просек еднаш во саат-два наместо во неколку пати во саат.
     
  10. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,085
    4 Септември 2008
    ADSL оди преку жица (бакарна) и е таква технологија што е ограничена по должината на кабелот од централата до крајниот корисник. Доколку централата им е некаде Хиподром или Маџари и ако си ти на крај некаде од цела таа инфраструктура тоа што го добиваш е технички ограничено, затоа имаш и проблеми.

    Близу порано имаше кај вас, односно дали има кабелска мрежа или освен Телеком друго ништо нема?
     
    На Astro и mdeni им се допаѓа ова.
  11. Astro

    Astro
    Guru

    6,250
    8,649
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Епа тоа е. Бакарните водови се веќе стари и не вршат работа. Изгледа ќе следи лош период кога бакарните водови нема повеќе да се сервисираат, а спроведувањето на оптика ќе биде бавно и пропорционално на интересот. Безвезе е што цели села и населби ќе будат отсечени пошто нели, спроведувањето на оптика нема да се исплати за десетина корисници.
    Hopefully, оптиката треба да е поиздржлива од бакарот па нашиве правнуци ќе немаат проблем со сигналот.
    Јебига друже...
     
    На Vyxane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lynx

    lynx
    Unstoppable

    3,372
    3,085
    4 Септември 2008
    Нема поента секаде оптика, Германија толкава држава па не се покриени секаде со бакар за DSL, не па нешто посериозно од тоа.
    Иднината за руралните места секаде низ светот е во 4G, 5G, 6G.... итн. безжичната технологија оди напред ќе дојде момент кога тоа ќе биде доволно стабилно и брзо.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vyxane

    Vyxane
    Intern

    4
    1
    14 Јануари 2014
    Јасно, јас и не очекував сјајна конекција, проблемот настана штом го земав тој пакет пред 2 години, бидејќи бев на ADSL на телеком и пред тоа, со еден од ограничените пакети со 30 gb интернет сообраќај, и таков проблем со константни дисконекции немав. Се случуваше, ама ретко.

    Држи вода дека не го одржуваат веќе системот, и не ме чуди. Јас секако ќе пробувам да најдам подобри услови и тоа е тоа.

    Близу имаат кабелска мрежа, за Неотел не знам. Во секој случај, јас лично пре би да ги испробам Неотел затоа што имаат можност за неопределено време, чисто колку да ги пробам пред да потпишам договор, а со Близу нажалост таква можност нема, мораш одма на договор. 2 години се многу време јеем ли га...
     

Сподели

Вчитување...