1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нов глуп вирус

Дискусија во форумот 'Вируси // Тројанци // Ботови' започната од TylerMkD, 8 Февруари 2016.

  1. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,036
    3,346
    7 ноември 2014
    Машко
    Ми се случи денес на работа, а верувам дека и на повеќето овде без соодветна заштита (MSE што имаме) ќе го видат деновиве.

    Станува збор за некој вирус што дава рестрикции на админ јузер (кај мене немав пристап до Folder options), а од друга страна „трола“, односно кај мене беше изгасена опцијата да се генерираат thumbnails на фотографии.

    Ако наидете на нешто слично, лекот е Remove Restrictions Tool.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Metuzalem

    Metuzalem
    Epic

    6,207
    11,241
    28 ноември 2010
    Машко
    Tootle puffer
    Вирусот се вика Windows 10?

    [​IMG]
     
    На The-spiki, boriseto, goce03 и уште 9 други им се допаѓа ова.
  3. DrMTR

    DrMTR
    Guru

    6,223
    6,349
    27 Март 2014
    Имa ли пoгoлем вирус / трoјaн oд Windows 10?

    Или кaкo беше oнa, стaвили су некo нaмa дрoгa у кокаинот. :D
     
    Последна промена: 8 Февруари 2016
    На Bazinga, dimsa, Војвода и уште 2 други им се допаѓа ова.
  4. nik0la_

    nik0la_
    Practice makes perfect

    763
    1,251
    5 Јануари 2012
    Сигурно има поголем, еве кај мене 2-3 месеци го чекам тројанецот да проработи и ништо.
    Неко вам је ставио дрога у хероин* :D
     
    На RagingDemon и DrMTR им се допаѓа ова.
  5. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,564
    11,312
    23 Јануари 2008
    Манга
    Не е глуп вирусот туку заразениот. :D
     
    DennyMK, RagingDemon и на DrMTR им се допаѓа ова.
  6. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,036
    3,346
    7 ноември 2014
    Машко
    Не ти го сфаќам хуморот?

    Прочитај поубаво - „на работа“, значи немам контрола врз тие компјутери, се ставаат/вадат USB-а, не сум задолжен за анти-вируси...

    Ја отворив темава како помош ако се соочи некој со сличен проблем, зашто на нет не го класифицираат како вирус. Со оглед на тоа што прави (менува сетинзи и става рестрикции врз истите), очигледно дека е, заради тоа споделив.
     
    На GoCe_ и bxxxn им се допаѓа ова.
  7. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,564
    11,312
    23 Јануари 2008
    Манга
    Без навреда, ама од Windws 7 па натаму е исклучена Autorun опцијата за USB. Значи мора да ја активираш гадинката за да се заразиш, а тогаш можеш да фатиш било каков вирус и стар и нов. Значи проблемот не е до „новиот“ вирус туку до начинот на користење на компјутерот од страна на корисникот. А ако велиш дека еден куп вработени ги ташлаат компјутерите тогаш ти немора да си тој „заразениот“ туку некој друг.
     
    На RagingDemon и DrMTR им се допаѓа ова.
  8. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,546
    3,459
    11 Декември 2008
    Машко
    Stavajte na rabota kaspersky ili bitdefender imaat skeneri za usb. Ili barem usb disk security instaliraj.
     
  9. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,036
    3,346
    7 ноември 2014
    Машко
    Јас лично ставам USB-а и не го чачка друг. И ти си глуп, ама без навреда нели?

    Како прво, настапот ти е лош. Се работи за компјутер кој е на работна мрежа (во која сите други се Win 7 или Win XP, преполни со вируси), на кој работам јас (што не ме знаеш дали сум глуп или не во користење компјутери) и вирус кој не го наоѓаат Malwarebytes и MSE, кој не работи во позадина, туку едноставно ти става рестрикции.

    Јас не можам да се убедувам со тебе дали сум глуп или не, ја отворив темата доколку некој е заразен. Вчера изгубив 30 минути додека чепкав во регистри и барав решение, па сакав да го скратам тоа време за некој друг овде. Нови зарази и експлоити има секогаш, али ако толку паметни сте сите овде што никогаш не се заразувате...тогаш во ред, не отварам веќе теми.
     
  10. Astro

    Astro
    Guru

    6,102
    8,285
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Што конкретно чепкаше низ регистри? Му влезе ли во трагата?
    Остај го Гојдо, он е стручњак. Занимавај си се со темата што си ја отворил, што се замараш кој бил глуп кој не бил глуп...
     
  11. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,564
    11,312
    23 Јануари 2008
    Манга
    [​IMG]
    Договорено! :p Ај сега да видиме кој е поглуп?

    Сеедно, се додека не активираш гадинка неможеш да се заразиш.

    Сеедно, тоа не го менува начинот на кој компјутерот ти се заразил.

    Не е до новите експлоити и зарази, до начинот на користење е.
     
  12. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,036
    3,346
    7 ноември 2014
    Машко
    Ајде да видиме:

    1. Јас не почнав дебата со темата како може да се фати вирус. Ако ти си експертот за секој вирус на планетата и како влегува во PC, тогаш не мора да продолжуваме.

    2. Јас напишав што ќе се случи ако ваков „вирус“ ви влезе во компјутер. Бидејќи овде сме претежно IT багра (некои се повеќе IT од другите, а некои се прават повеќе IT), неретко ќе се случи да не викне пријател со проблем. Може ова ќе биде проблемот, па место да лупаме глава, пишав како се средува.

    3. Има разлика меѓу глуп и IT необразован. Глуп и прост е човек (за мене) кој се убацува во муабети и ги води во сосема различна тема, од потребата да се докаже. IT необразован е некој што кликнал каде што не треба, не знае како да направи одредена (IT) работа и не знае да го користи Интернетот правилно.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,036
    3,346
    7 ноември 2014
    Машко
    Наводно, проблемот бил некаде во Current User/Windows/Policies/Explorer, ама јас не најдов разлики помеѓу заразениот корисник што немаше пристап до Folder Options и новиот што го креирав и имаше.

    На повеќе места имаше различни насоки преку Group policies, ама знаев дека тоа не е проблемот. Едноставно, апликацијава ги тргна рестрикциите вчера, а освен Folder Options, имаше уште некои дополнителни рестрикции ставено. Преку CCleaner најдов одредени сумњиви Scheduled Tasks, па ќе ги испитам подетално.

    Проблем ми е тоа што немам баш време да испитувам додека сум на работа...
     
  14. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,564
    11,312
    23 Јануари 2008
    Манга
    Шефе, извини, ама стварно не ми беше целта да те вреѓам. Во право си за разликата помеѓу IT необразуван и глуп, ама најчесто кога се работи за млад човек тие две работи одат во пакет.
    Јас немам активен антивирус и не фаќам вакви глупости затоа што внимавам по кои страни сурфам и не отварам сомнителни апликации. Затоа ми е чудно како други IT образовани успеваат да се заразат. Обично внуците редовно ги малверисуваат компјутерите (нивните и на мајка ми) и покрај антивирусите бидејќи спуштаат и активираат некои глупи игрици од сомнителни страни, а кога анитвирусот ќе крене паника му ситскаат игнор. До сега успешно сум ги очистувал со Hitman Pro.
     
  15. andersonspace

    andersonspace
    Intern

    39
    3
    14 Јануари 2017
    Женско
    уште многу одамна од микрософт изјавија дека денешните (во тогашно време) вируси се невозможни да се откријат. според тоа антивирусите се скоро безполезни. можат само да откриваат некои послаби вируси. во денешно време
    јас мислам дека најдобрата заштита е некаква енкрипција на компјутерот којашто ке може само корисникот од компјутерот да влегува во тие фаилови.
     
  16. Astro

    Astro
    Guru

    6,102
    8,285
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Хаха, не е тоа толку едноставно :)
    Енкрипција нема никаква врска со заштита од вируси.
     
  17. andersonspace

    andersonspace
    Intern

    39
    3
    14 Јануари 2017
    Женско
    ех како не, кога вирусот неможе да влез во некој фолдер, што ќе прави? плус тоа јас не мислев само на енкрипција, јас мислев и на заштита на потребните фаилови од оперативниот систем со кодеви, како на пример за заштита за меморија, заштита од процеси. да неможе да се отвараат сензитивните фаилови од секој процес, туку само од корисникот на компјутерот и тн. значи, кодеви како некој вид на енкрипција за да не може вирусот да се вметне во меморија или да користи други сензитивни фаилови. ако вирусот неможе да влезе во меморија тогаш нема да биде во компјутерот.
     
  18. Astro

    Astro
    Guru

    6,102
    8,285
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Чекај чекај, полека.
    Вирус не може сам да влезе во фолдер. Може да биде во форма на фајл кој корисникот го става во некој фолдер или доаѓа таму по некој дифолт.
    Кодирање на фајловите од оперативниот систем постои, тие се сите заштитени од измени, исто постои и заштита на оперативната меморија. Меѓутоа Windows е едно крајно комплицирано копиле, кованица од стотици подсистеми, за кои треба да се овозможи заедно да работат како целина. Од друга страна како фактор имаш потребата од компатибилност, тоест на него да функционираат скоро сите софтвери од светот.
    А што е вирус? Па вирус е фоствер јбг, обичен софтвер додека некој не укопча дека прави беља и додека не му закачи етитека на вирус.

    Тоа е широка тема, бајаги комплицирана. Сега за жал немам време да навлегувам во детали, утре имам битен настан, али ќе се дискутира на темава.
     
    На The-spiki му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,501
    2,503
    14 Мај 2008
    Машко
    Енкрипција на меморија и процеси? Сакаш кога ќе кликнеш да ти отвори Word, да чекаш до задутре?
     
    На Pulse и Psycore им се допаѓа ова.
  20. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,036
    3,346
    7 ноември 2014
    Машко
    Ајде кој е храбар нека си го тестира антивирусот и нека кликне на сајтов на Национална Универзитетска Библиотека:

    http://nubsk.edu.mk

    Не знам што има, кај мене Windows Defender и Chrome не ме заштитија и покрај предупредувањето...
     
  21. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    886
    583
    1 Јуни 2016
    Јас само што го отворив табот, укопа цел лаптоп и се изгаси хром сам.
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  22. Noumenon

    Noumenon
    Gaining Experience

    117
    67
    14 ноември 2009
    Машко
  23. Sephiroth

    Sephiroth
    Unstoppable

    3,501
    2,503
    14 Мај 2008
    Машко
    ESET ја блокираше страната, се бунеше за содржина од foodforwhich.tk, најверојатно некој инфициран банер или whatever...
     
  24. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    И сега има или нема вајрус? :)
     
  25. TylerMkD

    TylerMkD
    Unstoppable

    2,036
    3,346
    7 ноември 2014
    Машко
    Има вирус, кај мене почна да се симнува некој фајл и еднаш успеа, потоа хромот уште 50 пати го блокираше истиот и се укочи цел browser...
     

Сподели

Вчитување...