• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Нов формат за напредно слушање музика

  • Ја почнал/а темата
  • #1

Sampion

Баниран/a
18 февруари 2008
181
1
www.diandjelo.tripod.com
Нов формат кој нуди посебна контрола на секој инструмент посебно како гитара, тапани, бас и гласот, се смета дека ќе постане нов интернет стандард.

Новиот .MT9 формат чиј комерцијален наслов е „Music 2.0“, беше избран за кандидат и е во постапка на разгледување од страна на Motion Picture Experts Group (MPEG).

Дистинктивната разлика на MT9 форматот е тоа што има шестканален еквилајзер, а секој канал е посветен на гласот, пратечките вокали, гитара, пијано, бас и тапани.

За пример, ако слушателот го исклучи гласот, инстантно се добива караоке или пак може да ги исклучи инструментите и да се сконцентрира на гласот(акапела).

Samsung и LG се заинтересирани и најверојатно следната година нивните телефони ќе ја поседуваат оваа опција.

Моментално на сајтот на Audizen се продаваат стотина албуми снимени со оваа техника. Според официјалните лица, секој албум може да се сними во овој формат доколку поседува дигитален извор.

Дополнително, атрактивноста на овој формат е што Audizen им дозволува на корисниците да ги копираат своите МТ9 фајлови.

Izvor:www.365.com.mk


 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,499
Мислења
821,928
Членови
28,044
Најнов член
codeo
На врв Дно