1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Нов ден, нов проблем со мерења на батерија...

Дискусија во форумот 'Електроника - гаџети, електронски компоненти' започната од toshex, 21 Април 2018.

  1. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,252
    4,443
    18 Септември 2013
    Машко
    Дечки, денес иам други проблеми (ради тоа шо не знам да мерам) и други прашања. Сетапот е ист од вчера и едно 8+ саати веќе си работи гембојот врзан за плочава.

    Е сеа сакам да проверам волтажа на батеријата, пошо Li-Po батерии читав не смее да идат испод 3.0 волти. Батеријава би требало да си има вградена заштита за тоа, ама сепак неќам да ризикувам нели.

    Исто така не знам до кога ќе продолжи нинтендово да ја цеди батеријата, и која е минимална волтажа на која може да работи. Пример, ако батеријата е на 3.2 волти, и ради диодата падне тој напон на 2.6 волти а на нинтендото му требаат 2.7 волти за да работи - ондак ќе си се изгаси и батеријата никогаш нема да се испразни повеќе од тоа... е арно ама имам проблем.

    Коа мерам на контактите од батеријата имам една волтажа, а коа мерам на OUT пиновите на плочата за полнење (TP4056) имам друга. Не знам зошо е ова вака но претпоставувам дека треба да ја зиам волтажата на контактите од батеријата за волтажа на батеријата.

    СЛИКИ: Why is the voltage different?

    Е сеа пошо волтажата на OUT пиновите е пониска, тоа валјда значи дека е уште побезбедно дека гембојот ќе се изгаси пред да батеријата дојде на 3.0 волти, пошо OUT пиновите ќе дојдат на 3.0 волти и уште пред тоа...

    Ама ова е моја треси-пура логика базирана на ништо - не знам у реалност според математики и електроника како се ова треба да се понаша и како да измерам дали се е у ред.

    Помош?

    EDIT> мислам дека читав дека на гембојот му треба минимум 2 волти струја... ама кој ти знае за точно, не можам да најдам со гуглање. на 2 АА батерии работи.
     
  2. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,759
    840
    3 Март 2018
    Земи електроника од стара литиумслка батерија од мобилен, пресади ја, сама ќе исклучи испод 3в.
    За регулација побарај на интермец имаш буквалноо милион вакви разни регулатори, сигурноо некој ќе ти се погоди. Дури некои и исклучуваат сами, ама не сум ги барал многу. Види и на ибеј, фастек ваму-таму..
    Исто и со овај срч имаш уште еден милион електроники слични како таа првоспоменатата, а може да најдеш и комбинација.
     
  3. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    807
    844
    24 Февруари 2008
    Модулот што го имаш има over-discharge заштита, која ќе реагира на ~2.5V.

    http://artofcircuits.com/product/tp4056-1a-micro-usb-li-ion-battery-charger-module-with-protection
    Читни ги datasheet-ите на компонентите ако те интересира.

    http://www.ic-fortune.com/upload/Download/DW01A-DS-11_EN.pdf - Battery Protection IC (мери напони и струи и според табелата на 7ма страна ќе даде сигнал на MOSFET-от дали да го отвори/затвори контактот помеѓу OUT- и B-)
    http://www.ic-fortune.com/upload/Download/FS8205A-DS-12_EN.pdf - MOSFET
    http://image.dfrobot.com/image/data/DFR0208/TP4056.pdf - Полнач
     
  4. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,657
    6,938
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Тошка, сакам да ми кажеш зашто ти е диодата ставена, зашто спушташ напон, заради тоа играчката твоја? Чисто да знаеш, се меша во фидбекот на контролерот.

    Заради диодата. Поврзи директно без диода и ќе го имаш истиот напон. Може имаш објаснето у другата тема, ама искрено не можев да читам се многу ми е напорно. Објасни ми кратко и јасно зашто го спушташ напонот која е причината.
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,759
    840
    3 Март 2018
    Толку наппн му треба како што разбрав, затоа му го предложив конверторот уместо диода...
     
    На toshex му/ѝ се допаѓа ова.
  6. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,252
    4,443
    18 Септември 2013
    Машко
    Дап, мора понизок напон. Иначе различна волтажа е пред колото, пред диодата и различна после диодата. 3 напони има различни... изглеа нешто во колото на плочката го спушта малце напонот. Али не е страшно.

    Конвертор одлучив на крај дека не ми одговара пошо вади фиксен напон, а сакам да паѓа со празнење на батерија за да ми работи индикаторот за low battery на нинтендото.

    Се на се сетапов мислам дека на крај ќе биде повеќе као proof of concept, отколку да го користам перманентно. Има премногу прашалници и потенцијални проблеми за да биде перманентно решение. Посебно од аспект на тестирање.

    Ќе има видео наскоро се надевам од се шо правам и финалниот продукт, ама толку труд искрено не се исплати, колку шо ќе сменев сто пати батерии, ова појќе замарање излезе. Ама информативно ќе биде барем, а и јас научив доста.

    Дури би кажал и тоа пак готов производ шо го продаваат:

    Gameboy Advance Rechargeable Battery Pack

    Исто не се исплати и ги има истите потенцијални проблеми, а и плус у приордер е и плус 5 пати поскапо.
     
  7. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,657
    6,938
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Зашто бре човек, зашто ти треба понизок напон аман? Едноставно прашање ти поставив, не те прашав кај колку волтажа има ниту кај има батерии нити колку коштаат.. Премногу пишуваш а ништо не кажуваш.
     
    На toshex и Oktar им се допаѓа ова.
  8. Luidgi

    Luidgi
    On your way to fame

    807
    844
    24 Февруари 2008
    Пад на напон има кај Battery Protection IC-то на плочката.

    @Daniel86 Понизок напон му треба за гембојот т.е. потрошувачот во случајов кој работи на 3V.
     
    toshex, bicikle и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  9. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,657
    6,938
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    Епа во тој случај, се остава модулот за полнење како што е, без диоди и измишљотини, се поврзува на батеријата, а батеријата се поврзува на DC-DC регулатор кој ќе вади фиксни 3.00V за потрошувачот. За да не падне премногу напонот, може да се измени некој кондензатор/отпорник околу регулаторот на модулот за полнење со цел порано да јавува дека е празна батеријата, да кажеме кога ќе дојде до пола да почне да ја полни пак, ако веќе не функционира така.

    УПС принцип на работа генерално.

    Еве ти предлог од каде да почнеш и да ја завршиш работата попрофесионално.
     
    Последна промена: 22 Април 2018
    На toshex и bicikle им се допаѓа ова.
  10. bicikle

    bicikle
    On your way to fame

    1,759
    840
    3 Март 2018
    а може гембојот да нема гајле и на 4.2в така да останит на наједноставна електроника за регулација...
     
    toshex, Luidgi и на Daniel86 им се допаѓа ова.
  11. Daniel86

    Daniel86
    Guru

    2,657
    6,938
    28 Мај 2013
    Машко
    Електроника
    И тоа е опција ако сака членот така.
     
    На toshex и bicikle им се допаѓа ова.
  12. EnableSTAT97

    EnableSTAT97
    Gaining Experience

    345
    146
    4 Јули 2011
    Машко
    Првиот напон (највисокиот) ти е од батерија (тој ти треба кога ќе ја мериш батеријата).Вториот после мосфет (има пад на напон ради внатрешен отпор од мосфет) и третиот (најнискиот) после диода.


    Стави мултиметар на батерија и пушти го нинтендото ќе видиш дали ке се исклучи прво или батеријата ќе падни испод 3v. (мислам дека undervoltage заштита има контролерот и е пониска од 3v, дај слика од контолерот да се гледаат моделите на интегралците)
    Иначе 100% има регулатор на напон внатре во него (нинтендото) отвори го провери можеби ќе работи и без диода. (не му смета диодата на контролерот ако е врзана како на сликиве само што имаш загуба на енергија ~25% ).
     
  13. toshex

    toshex
    Unbeatable

    4,252
    4,443
    18 Септември 2013
    Машко
    Фала на деталното објаснување!

    Иначе неќам да го рикнам пошо е беклит мод и доста фенси, а читав дека за разлика од GameBoy овој GameBoy Advance неќел да работи на повисок напон, затоа сите туторијали инсистираа на диода или друг уред за пад на напон. Пробав без диода на обичен GameBoy и си работи и без диода без проблем. Ова според тоа шо читав би требало да има over-voltage заштита и ако ставиш над 3.5 волти или така нешто немало да се упали уопште.

    Иначе почна да се гаси периодично коа падна напонот на излез на диодата испод 2.1 волти, напонот на батеријата беше 3.15 волти а напонот на излез од мосфет беше околу 3 волти. Така шо мислам дека секако не би го цедел до толку и штом видам црвена сијалица би го ставил да се пуни (црвената диода за low battery се пали на некои испод 2.4 волти излез од диодата), нема поента после тоа уште неколку саати да го играм иако изгледа држи уше барам саат два.

    Батеријата сама у себе пишува дека има under-voltage заштита, а и самото коло има, само мислам дека на колото бројката е пониска од таа на батеријата (2.5 наспроти 3.0 волти). Секако не стигнав да ги пробам овие екстреми, продолжив со правење на пакетче.

    Ми треба максимум 3.5волти на влез на нинтендото (читај 3.5 волти или помалку). Во спротивно има заштита шо ќе напраи да не се вклучува. (не го иам пробано ова пошо неќам да ризикувам да го изгорам)
     
Слични теми
  1. Vlado.T
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    998
  2. deki1
    Одговори:
    9
    Прегледи:
    1,308
  3. linksys
    Одговори:
    15
    Прегледи:
    1,277
  4. Rac58
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    321
  5. smurfy
    Одговори:
    46
    Прегледи:
    3,104
Вчитување...

Сподели

Вчитување...