• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Нов 40/100 Gb Ethernet стандард од канадскиот Nortel

Статус
Затворена за нови мислења.

Wizardion

Intern
2 март 2008
111
1
Канадскиот производител на мрежна и комуникациска опрема и компоненти Nortel ја претстави новата оптичко-структурирана технологија.

Имено со ова би се повишила до 4 пати брзината на работа и капацитетот на операторските телекомуникациски мрежи. Главната цел за овој прогресивен потфат е насочена кон операторите, кои со оваа технологија ќе се справат со големиот растеж на мрежниот сообраќај, генерално предизвикан од порастот на видеото на интернет.

Според Nortel, поголемиот дел од операторите во светот работат на брзини од 10 Gb/s, а со новата опрема во почетокот ќе може да се зголеми размерот на предавањето на податоци до 40 Gb/s. Нешто подоцна како остварлива перспектива Nortel 40/100G Adaptive Optics Engine технологијата ќе се користи и за брзини до 100 Gb/s.

Инсталирањето вели компанијата Nortel ќе започне истовремено во Европа и Америка некаде околу средината на 2008 година, а веќе кон средината на 2009 се планира модернизација со преносот до 100 Gb/s.

Извор: MakPcWorld
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44.556
Мислења
926.077
Членови
33.172
Огласи
1.278
Најнов член
Roci
На врв Дно