Пред неколку дена го инсталирав пакетот universal-android-debloater-bin од AUR на Arch Linux. Програмот супер си работи и тој не е проблемот. Пакетите од AUR не се званично подржани, поради тоа кога се прави update на системот, истите не се update-уваат автоматски. Бидејки програмите од AUR зависат од библиотеки од основниот систем, јасно е дека по извесно време, програмот од AUR ќе престане исправно да функционира. Ме интересира, дали има начин да се добие нотификација кога пакетот од AUR ќе постане застарен, за да го рекомпајлирам и повторно реинсталирам?