1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Notebook Heat Pipes Mod

Дискусија во форумот 'Overclock & Modding' започната од SiPy`, 12 Јули 2019 во 23:22.

  1. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Имам малку слободно време, па решив да си поиграм со лаптопов. Откако пробав неколку пасти, една од @Banjifiko CM Essential и друга од @gOJDO Arctic MX-4, немаше некоја голема промена на температурата(~околу 4ц).

    Лаптопов генерално не грее, односно при нормално користење се движи околу 50ц, и околу 60ц при стрим, а не се осеќа никаква топлина на самата шасија(пластика) на истиот. Кога ќе се пушти Cinebench R20, температурата оди до 89ц (peak), па чисто експериментално ми дојде една идеја за проба да се намалат температурите.

    Имено самиот отвор на лаптопот го “открива“ целиот heat pipe кој иде од сокетот до кулерот. Моменталната замисла е да се залепат 2 додатни heat pipes, кои би преземале дел од топлината. На AliExpress има heat pipes со различни должини и се релативно евтини.

    Дилемата е:
    1. Дали истите да го допираат куќиштето на кулерот или не?
    2. Со што да се залепат?
    3. Дали може локално да се набават?

    Темава е отворена за дискусија и би сакал да ги слушнам вашите мислења, едноставно ме копка колку би се спуштиле температурите со ваков мод. Добредојдени се сите идеи.
     
    Nomad, borcep и на Banjifiko им се допаѓа ова.
  2. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    734
    1,196
    12 Септември 2013
    Машко
    @Sipy те молам стави некоја слика каква е изведбата на S145. Благодарам.
     
    На gOJDO и Banjifiko им се допаѓа ова.
  3. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Ќе ставам утре слики. Со објаснување, ама штета што има само еден РАМ слот.
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Banjifiko

    Banjifiko
    Unstoppable

    2,851
    3,902
    28 oктомври 2008
    Таман сакав да пишам: Пушти и некоја сликичка, така најдобро ќе се добие претстава за што се работи. :) Инаку, сметам дека дополнителен heat pipe ќе бара повеќе воздух за размена, па јас би одел на перфорирање на делот што ги покрива цевчињата.
     
  5. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Како мислиш перфорирање?

    Планот е да се додадат 2 heat pipes, една која што ќе оди до кулерот со димензии од 130mm-170mm зависно како би ја поставил. И уште една мала од 80mm која додатно би помагала, нешто како пасивно ладење. Пример кога лаптопот е на батерија, вентилаторот се штеди максимално, мислам дека би помогнало нешто ситно и околу батеријата.

    Еве и сликички, успеав да најдам. Ги илустрирав.
     

    Прикачени датотеки:

  6. FLEGMA

    FLEGMA
    Epic

    8,272
    12,322
    2 Август 2012
    Машко
    На SiPy` му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    792
    518
    1 Јуни 2016
    Пиши ако успееш.
    Одамна сакам да го направам ова за мојот лаптоп.
    @FLEGMA би држела бакар лентава?
     
  8. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Лентата мислам дека е доволно силна за да држи бакарна цефка, која и онака е екстремно лесна. Јас би ставил и една тенка линија силикон (од оние отпорни на повисоки температури) од горната страна, со цел да се осигурам дека нема да мрда. Денес планирам да земам точни мерки, и да направам нарачка на Али.
     
  9. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,631
    23 Јануари 2008
    Манга
    Мислам дека нема да добиеш некаква битна разлика, но вреди да се проба од ентузијазам. Очекувам да го документираш случајов така што ќе остане во архивата за идни генерации. :)
     
  10. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Ентузијазам и ку*ташак. Чисто да се има занимација и архива на форумов.
     
    На borcep и gOJDO им се допаѓа ова.
  11. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Нарачано од чичко Али:
    1. 80мм х8мм х3мм бакарна цефка
    2. 170мм х8мм х3мм бакарна цефка
    3. 5м дуплофан со ширина од 10мм по предлог на @FLEGMA

    Траката има солидни перформанси за вакви работи, издржливост до 120 степени, екстремно тенка 0.3мм и за жал ниска вредност на топлинска спроводливост од 1.2W/mK. Ова ќе го подобрам со помош на термална паста.

    Сега за сега чекаме да стигне пратката. Подоцна ќе постирам слики со температури од Cinebench R20.
     
  12. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,631
    23 Јануари 2008
    Манга
    Како мислиш да ја подобриш спроводливоста со термалната паста?
     
  13. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    На долниот дел ќе оди траката, а странично ќе се стави термална паста помеѓу бакарните цефки. Со ова мислам дека ќе биде подобра спроводливоста, отколку да се оди само со траката.

    Едната од цефките(таа од 170мм) ќе го допира куќиштето на вентилаторот. Ако имаш подобра идеја, сподели. :)
     
    Nomad, Banjifiko и на gOJDO им се допаѓа ова.
  14. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    792
    518
    1 Јуни 2016
    Нема да заврши работа само да се додаде бакар до/над постоечкиот без пасти и такви работи?
    Мене така ми беше замислата.
     
  15. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Поентата е топлината да оди до вентилаторот, а не само да се превземе без да има што да ја издува. Пастата ќе се стави само за да помогне за побрзо превземање на истата.

    Затоа планирам две цефки, една со контакт до вентилаторот, а другата помала само за помош.
     
    На mihovkris му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,166
    2,863
    24 Септември 2012
    Вентилаторот треба да влече низ онаа решетка? Нема да се добие поголем ефект само од пробивање на решетката за да има кругче каде што е вентилаторот?

    Тоа и некој пад за ладење одоздола.

    Додавање на цевки и бакари јас го гледам како позитивно само доколку оди кон нов разладнил, зошто кон постоечкиот штознам дали ќе има ефект. Рецимо да се пресече коцка кај процесорот низ пластиката за да се гледа хитпајпот. И да се стави бакарна плочка на тоа делче со паста накај хитпајпот и лепенка од надвор за трансфер на топлина. Бирото да се исече една коцка и да се монтира превртен ДХ15 без вентилатори. И кога ќе го ставиш на биро лаптопот да легне бакарната плочка со лепенка врз дх15 од бирото. А надвор од бирото да си работи најнормално. А на бирото со ДХ15. :)

    Ако ништо друго барем да се отвори задниот капак, да се испринта 3д ново капаче повисоко само за пресечениот дел со големи отвори и да се додаде хитсинк.

    Разни ствари ама секоја вклучува додавање на екстра хитсинк инаку мал ќе е ефектот.

    Порано имав идеја за пасивен лаптоп кулер направен од една бакарна плоча 5мм дебела под целиот лаптоп, која ќе штрчи од задната страна 10цм и ќе има ребраст ладилник позади лаптопот. И кога ќе дојдеш дома си го ставаш само на неа и толку. Наместо да седи на 50ц биро, ќе седи на 26ц бакар лаптопот.
     
    На gOJDO и SiPy` им се допаѓа ова.
  17. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Ова со DH15 малце тролаш :)

    Инаку, мислам дека вентилаторот е доволно моќен за да повлече сам доволно воздух преку решетката. Поголем проблем е тоа што сега има само еден heat pipe, наместо да речеме две. Она што сакам да го постигнам е да добијам подобро ладење а притоа да не ја загрозам шасијата или тежината на самиот лаптоп.

    Додека да стигнат нарачките имам време да размислам уште малку за некоја друга алтернатива.
     
  18. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Еве ги температурите:

    -90ц пик (Cinebench)
    -67-72ц откако ќе се стабилизира (Cinebench)
    -38-44ц во нормална употреба, односно во халф-ајдл
    -56-64ц при стрим и повеќе табови на Хром


    Ќе видиме дали модов ќе смени нешто и колку. Дали за да се достигне пик температурата ќе биде потребно подолго време или скроз ќе се намали. Доколку даде резултати на ваков лаптоп, кој генерално не грее, мислам дека вреди да се модува некој од гејмерските лаптопи.

    Инаку, да, лаптопот е “крстен“ Leunovo.
     

    Прикачени датотеки:

  19. Fredy

    Fredy
    Unstoppable

    867
    2,201
    12 oктомври 2014
    Машко
    До таму ли ти дојде работата?До хит пајп-ови?
    Што ти е безгрижен живот маме му ебам...:rolleyes:
     
    На gOJDO и SiPy` им се допаѓа ова.
  20. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,631
    23 Јануари 2008
    Манга
    Кога немал ѓаолот работа си го ебаал Леуново...
     
    На krema и Fredy им се допаѓа ова.
  21. Vlatzki

    Vlatzki
    Gaining Experience

    1,220
    233
    1 Мај 2008
    Од искуство, не си го губи времето со вакви глупости.
    Ако не додаваш дополнителни ладилници макар и пасивни, тогаш односот вложено/добиено ќе биде ептен >1, а како што те читам, немаш намера за такво нешто.

    Простор во лаптопот скоро и да немаш за вакви хардверски модови. Многу поверојатно е дека во текот на работата несакајќи ќе откорнеш некоја SMD компонента или ќе изгребеш некој вод на плочата, па после работата ќе биде уште покомплицирана.

    Лепењето на топлинските цевки со двострана самолеплива бакарна лента е по мене глупост. Полнењето од страните со термална паста уште поголема глупост.
    Ај што ќе биде лепливо и ќе се собира прашина, ама термалната паста е на голема површина изложена на воздух каде што само ќе се суши и ќе се деградира многу побрзо отколку кога би се наоѓала помеѓу две површини.
    Да не ја спомнувам и слабата адхезивна врска помеѓу топлинските цевки и хитсинкот од процесорот, каде што ако дојде до одлепување ќе се направи целиот лаптоп лом со термалната паста, а можно е и да дојде до кратки споеви ако цевките допрат некаде на матичната.

    Тебе ти треба друг начин за да ги споиш цевките со хитсинкот, а тоа во фабрика го прават со лемење пред него што ги запечатат цевките, во спротивно ќе се подујат и може да експлодираат од притисок, така да ти тоа 99.9999% сум сигурен дека не можеш да го направиш во домашни услови (полнењето и запечатувањето на цевките).

    Во твојов случај како најдобра опција преостанува раздвојна врска со притисна плоча и штрафчиња, каде што топлинската цевка ќе биде притисната спрема хитсинкот, а преносот на топлина ќе биде подобрен со термална паста. Ако имаш доволно материјал и простор на хитсинкот да направиш дупки со М2 или М2.5 навој и да ја приклештиш цевката со плоча, тогаш:

    Поради малиот простор а и со тоа неможноста да се стават дополнителни ладилници со вентилатори, не се исплати замарањето за дополнителни 2-3 степени намалување на температура поради зголемената термална маса и пасивна разладна површина.

    Е сега ако сакаш лаптопот да го касапиш до тој степен што ќе стане како десктоп, со цевки и ладилници што ќе стрчат од сите страни, тогаш боље купи си десктоп и со него експериментирај.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
  22. gOJDO

    gOJDO
    Epic

    8,269
    10,631
    23 Јануари 2008
    Манга
    се согласувам, ама не ми иде да му се усерам на ентузијазмот на чоекот. Јас би го решил ова со добар кулер за лаптоп.
     
    На mdeni и Vlatzki им се допаѓа ова.
  23. SiPy`

    SiPy`
    Unbeatable

    2,470
    4,244
    23 Јуни 2015
    Машко
    Кулер за лаптоп :) Тоа е толку минимално, скоро и никаква разлика да нема. Ова ми е за ку*ташак, да пробам.

    Имам време да размислам додека да стигнат бакарните цефки, ќе се проба, па ќе пишам ако има некаков резултат.
     
    На gOJDO и Vlatzki им се допаѓа ова.
  24. mdeni

    mdeni
    Unstoppable

    3,166
    2,863
    24 Септември 2012
    Кулер за лаптоп има огромна разлика, да се разбереме. Особено кај лаптопи кои немаат "вграден кулер за лаптоп" како гејмерскиве.
     
    На gOJDO му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. spektrumZX
    Одговори:
    21
    Прегледи:
    2,448
  2. the_maker
    Одговори:
    12
    Прегледи:
    865
  3. l1d0v1c
    Одговори:
    2
    Прегледи:
    409
  4. KalEl

    Проценка HP 250 G5 Notebook PC

    KalEl, 4 Јуни 2019, Во форумот: Продавам
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    497
Вчитување...

Сподели

Вчитување...