DimitarMK
Гостин

Антивирусниот софтвер NOD32, дело на словачката компанија ESET која е позната по производство на најнапредни софтверски решенија за проактивна заштита на компјутери, се закити со титулата "Најдобар антивирусен софтвер за 2007".
Прогласувањето, традиционално го објави AV-Comparatives, компанија која врши независни истражувања и споредби на различни антивирусни софтвери од целиот свет.
Во текот на 2007 година, вкупно 17 различни антивирусни решенија беа тестирани во лабараториите на AV-Comparatives. Според правилникот на оценување на оваа компанија, победникот се избира според брзината на скенирање, рано откривање на полиморфни вируси, како и давање што помалку лажни предупредувања. Антивирусното решение на ESET е прогласено за генерален победник во сите категории, втора година по ред.
Во својот финален извештај техничарите од AV-Comparatives велат дека NOD32 е далеку пред другите затоа што користи револуционерна ThreadSense технологија, механизам кој проактивно ги штити корисниците од штетници кои не може да бидат откриени ниту со често надградуван антивирус од друг производител. Разликата помеѓу NOD32 и другите антивируси е во тоа што тој го декодира и анализира основниот код на евентуалните вируси во "вистинско време", а не се базира на секојдневни "signature" надградби како останатите конкурентски софтверски решенија.
"Во текот на овие четири години колку што тестираме антивирусни производи, сеуште не сме сретнале софтвер кој може да се мери со напредната технологија на ESET. Како резултат на тоа, ESET секогаш има најдобри резултати во однос на конкурентските производи, затоа што проактивно ги открива вирусите, генерира многу малку лажни предупредувања и не ја пореметува работата на компјутерите. Поради тие причини, втора година по ред го прогласуваме NOD32 за антивирус на годината.", изјави Андреас Клементи, основач и главен истражувач во AV-Comparatives.
Извор: Кајгана