1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

НЛБ наплаќа по 20 денари за „Проверка на состојба“

Дискусија во форумот 'Е-Бизнис' започната од masterwu, 15 Септември 2017.

  1. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    508
    351
    11 Февруари 2016
    Машко
    Во последните неколку месеци, скоро секој месец на еден член од фамилија НЛБ ни наплатува 20 ден за Проверка на состојба. Приметив дека ова се случува после некаква интернет трансакција (последно ми се случи на Амазон, на 12ти септември). Интересно е што не се случува секогаш, барем јас не успеав да најдам некаков pattern.

    Се јавив да се побунам, на што добив одговор дека треба да одам во најблиската експозитура да пополнам формулар за да ми ги вратат парите. Ова го направивме во фамилија последниве 3-4 месеци, и стварно ми е преку глава да губиме време за 20 денари. Во банката се трудат да ме убедат дека сум проверил состојба на банкомат. WTF? Кога ги прашувам да проверат на кој банкомат е проверена сметката (ваљда треба да ја имаат таа информација, а треба и камерите на банкоматот да функционираат), не можат да ми одговорат.

    Овој проблем можно е да се случува и на дебитни картички, но бидејќи најчесто плаќам со кредиитна, не сум приметил трансакција од 20 денари за проверка на состојба на дебитната картичка. Во секој случај, проверете си ги изводите од претходните 3-4 месеци доколку сте клиент на НЛБ Банка.

    Сериозно размислувам да си ја затворам сметката и да си барам друга банка.
     
    Astro, goceiva, turbiny и на уште 1 им се допаѓа ова.
  2. Creed_Bratton

    Creed_Bratton
    Gaining Experience

    291
    337
    6 Август 2007
    ТechGeek
    и кај другите банки има такви финти, баш заради тоа си заминав од Сосиете во Тутунска.
     
  3. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    Епа баш @masterwu кажува дека во Тутунска прават вакви работи.
    Кај тебе има ли вакви финти во тутунска?
     
  4. Oktar

    Oktar
    Guru

    3,308
    9,552
    23 oктомври 2012
    Машко
    Одсекогаш се наплаќала проверка на состојба на банкомат на кредитна картичка на банкомат а се наплаќа и провизија при подигање на кеш од кредитна на банкомат. Кај сите банки, одсекогаш. Тоа е поентата и разликата меѓу кредитна и дебитна картичка. Секоја банка со кредитната картичка да пазариш во продавница а не да вадиш кеш. Уствари никоја банка несака да вадиш кеш, сите сакаат трансакациите да бидат на терминали.
     
    На loris му/ѝ се допаѓа ова.
  5. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    508
    351
    11 Февруари 2016
    Машко
    Oktar, не знам дали убаво се изјаснав погоре, но ова се случува на интернет трансакции, фала богу знам дека наплаќаат на банкомати кога се користи кредитна.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  6. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    А дали се наплаќа проверка на дебитна картичка на туѓ банкомат?
     
  7. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    508
    351
    11 Февруари 2016
    Машко
    Тоа не знам, но главниот проблем тука не е со банкоматите. Таму и да наплаќаат, ОК, би требало да го пишува тоа некаде на договорот или во правила на користење.

    Мене ме нервира што на интернет трансакции ќе ми закачат 'проверка на состојба'. Претпоставувам некои card processor-и проверуваат валидност со проверка на состојба (порано беше трансакција од 1 долар или едно евро, кое што потоа се рефундира).
     
  8. Andrejrulz

    Andrejrulz
    Gaining Experience

    54
    58
    14 oктомври 2014
    Машко
    JavaScript Developer
    Тоа што земаат по 20 денари нема никаква врска со интернет плаќање ниту со проверка на сметка ни ништо друго...
    НЛБ наплаќа по 20 денари месечно за управување на траксакциска сметка кога во месецот има повеќе од 500 денари направени трансакции на одредена трансакциска сметка. Тоа е тоа, чисти пари што си ги зема банката затоа што имаш сметка кај нив и ги користиш нивните услуги.
    Јас на пр. земам плата во НЛБ, автоматски го пречекорувам тој минимален лимит од 500 денари, и така, секој месец ми земаат по 20 денари за управување на сметка.
    А имам и една друга сметка, исто во НЛБ, ја користев порано, ама повеќе не ја користам.. имам некои си 30-40 денари оставени.. ама бидејќи нема трансакции во висина од 500 денари, не ми наплаќаат управувачка провизија.
     
    goceiva, toplel, stefan_off и на уште 1 им се допаѓа ова.
  9. Creed_Bratton

    Creed_Bratton
    Gaining Experience

    291
    337
    6 Август 2007
    ТechGeek
    па немам проверено, искрено. задоволен од тутунска досега, сум немал никако проблем.

    проблемот со Сосиете беше шо кај нив само првата проверка на состојба во месецот е бесплатна, за сите други наплаќаа околу 10-20 денари (без разлика дали кредитна или дебитна картица). провизија за уплатница е 90 денари после 14 часот, итн итн... на кратко, стана банка која преферира правни клиенти. да не навлагаме дека нема банкомати никаде, а и тој во СЦМ им го олеснија за 400.000 денари за 6 месеци (и тоа нивни вработени).
     
    На goceiva му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mihovkris

    mihovkris
    On your way to fame

    886
    583
    1 Јуни 2016
    @Andrejrulz мене ми земаат 30 денари месечно, не 20.
    [​IMG]
     
    На goran_oh му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tono2344

    tono2344
    Intern

    21
    5
    26 ноември 2016
    Машко
  12. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    Ако не зимаш плата преку нив тогаш управувачка провизијата е 30 денари, а ако зимаш, тогаш е 20 денари. Ако грешам некој нека ме поправи.
    Јас исто имам сметка кај нив но плата ми иде во друга банка, управувачка провизија (водење на трансакциска сметка) плаќам 30 денари.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,045
    1,096
    6 Декември 2016
    Машко
    Не пастирајте глупости, темата е за наплата при проверка на состојба, не за провизија за тоа што имате сметка кај нив. Читајте убаво мајка му стара.
     
    На masterwu и Astro им се допаѓа ова.
  14. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,902
    2,451
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Тутунска отидоа у курац, готово, толку беше.
     
    На damil му/ѝ се допаѓа ова.
  15. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    @masterwu
    Ако најдеш друга банка со подобри услови (што не верувам), затвори си ја сметката кај Тутунска и префрли се.
     
  16. goranzoran

    goranzoran
    Unstoppable

    2,902
    2,451
    21 Јануари 2011
    Машко
    Невработен
    Истите услови се сега ко у сите други мк банки. И да се префрли и да не се префрли исто му е. Ја ебаа банката.
     
  17. Balanar

    Balanar
    Practice makes perfect

    1,045
    1,096
    6 Декември 2016
    Машко
  18. worker_x

    worker_x
    Gaining Experience

    351
    341
    17 Март 2010
    Машко
    Јас земам плата преку нив и пак ми наплаќаат по 30 денари провизија. Нека каже и некој друг,а ако треба да е 20, да одам да им се бунам. 10 денари, 10, за инет не им ги давам ако не им следуваат.
     
  19. Astro

    Astro
    Guru

    6,103
    8,290
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    јас за малку ќе си отидев од Сељачка банка исто како и ти, ама си викам, бар банкоматите им се секогаш слободни, и у Сити мол нема никогаш гужва за разлика од НЛБ и Комерцијална.

    За вадење пари никогаш не ми земале провизија, само за проверка на состојба пред да се направи повлекување на кеш. Затоа сега правам обратно. порано проверував состојба па вадев готовина и ми крадеа по 20 денари за најпроста информација. Сега, прво вадам кеш па барам да ми отпечати потврда банкоматот (пошто за тоа не наплаќаат), коа се глупи ко потполошки... Подобро они да прават трошок за штампање на ливче отколку јас да им плаќам кеш за да ја добијам истата информација. Мислам, колку треба да си глуп така да си пукаш во нога... Дебили охридски
     
    На goceiva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    Не сум сигурен во ова, најдобро е да си прашаш директно кај нив на шалтер.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  21. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    508
    351
    11 Февруари 2016
    Машко
    Аман бе темава фати џенем со муабетиве. 90% нема врска со муабетот кој што го започнав.

    Не станува збор за никаква провизија или управување на сметка итн. Тоа си го земаат на први од месецот и нема врска со ова (и да 30 денари е сумата која што ја земаат). Станува збор за трансакција со опис ПРОВЕРКА НА СОСТОЈБА која што (колку што можев да видам) е на рандом при некое рандом интернет плаќање. Еве скриншот како изгледа тоа:

    [​IMG]
    Логирајте се на нлб клик, кликнете на некоја кредитна картичка која што ја користите за интернет трансакции, па кликнете на промет во период и сетирајте ги филтрите за да побарате дали има ваква трансакција кај вас.
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  22. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    Како што разбрав, кога плаќаш онлајн со „кредитна“ ти одбива 20 денари, или кога плаќаш онлајн со кредитна и после правиш онлајн проверка на состојба ти одбива 20 денари?
     
  23. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    508
    351
    11 Февруари 2016
    Машко
    Првото. Кога плаќам оннлајн со кредитна, тогаш одбива 20. Значи НЕ на секоја трансакција, туку досега најпојќе еднаш во месецот.

    Почнав да се сомневам во валидација сега. Бидејќи на 12ти за првпат ставив нова картица на Амазон, и на нејзе ми стресија 20 денари за проверка на состојба. Кај брат ми претходниот месец исто му закачија проверка на состојба со датум од истиот ден кога нарача нешто од jinx.com , за првпат ја внесе картичката таму.
     
    На kirev му/ѝ се допаѓа ова.
  24. krema

    krema
    Professor

    8,980
    8,728
    24 Јуни 2009
    Машко
    Кај валидација (верификација) покасно би требало да се рефундират тие пари, ама ова е стварно чудно.
    Следи онлајн на твојата сметка дали покасно ќе ти ги вратат (рефундират) тие 20 денари. Можно е некој од продавниците да прават вакви валидации за да се осигурат дали картицата е валидна или не.
    Мораш сам да истражуваш, ретко познавам луѓе што плаќаат онлајн со кредитна, обично плаќаат со дебитна карта.
     
  25. masterwu

    masterwu
    Gaining Experience

    508
    351
    11 Февруари 2016
    Машко
    Порано тие си остануваа како резервирани средства, и никогаш не излегуваа во изводите, туку директно од резервирани средства се враќаа во расположиви средства.

    Пробав и да почекам цел месец, но не, тие не се рефундираат. Ги рефундираат само ако појдеш во експозитура, пополниш формално барање, и во рок од 1-2 часа ти ги враќаат 20те денари на сметка. Глупо е што не преземаат ништо да не доаѓа до овој проблем, туку, како што напишав погоре, прво ме убедуваа дека проверката е направена на банкомат (ни тие самите не знаат од каде е таа трансакција), и после пополнувам формулар за да ми ви врата парите.
     
    На kirev и Krkac им се допаѓа ова.

Сподели

Вчитување...