Nikon vs Canon (за околу 500 €)

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од Gaston, 14 Јануари 2016.

  1. DarkEnchanter

    DarkEnchanter Активен гик

    1,728
    1,290
    17 Август 2014
    Машко
    Ај склопи некоја комбинација до кај 2 бона макс :)
     
  2. Oktar

    Oktar Sensei

    2,468
    5,413
    23 oктомври 2012
    Машко
    Јас би одел на Canon 80D, ако имаш могуќност да го земеш од Германија, таму е најефтин, 1079 евра и на тоа имаш 123 евра повраток на ДДВ. Значи го добиваш за неверојатни 956 евра за разлика од 1140 евра кај нас. Имаш опција и да го нарачаш од computeruniverse за 889 евра, без данок, ама имаш испорака и сигурно царинење и даночење кај нас. Инаку можеш да одши и со опција 70Д али на старо, мала е разлика на ново измеѓу 70 и 80. На старо 70ки се наоѓаат за 530 евра.

    За сликање ликови, дефинитивно ти треба 50ка, можеш да одиш и со 1.8 СТМ верзијата која е околу 140 евра или на старо за околу 100 евра, или да одиш со 50мм 1.4 УСМ, за 360 евра, а на старо се наоѓа за 220-240 евра. Може да се најде и е исто така одлична опција, 50 мм ИС 2, на старо одат за 60-80 евра, нема поента да ја купуваш на ново, разликата до СТМ е 20 евра.

    Јас сум презадоволен и го препорачувам 18-135 STM објективот на канон, одличен е, брзо фокусира, тивок и го фалат дека е одличен и за видеа. Бидејки овој е кит објектив, се наоѓа на старо за 250-300 евра.
    Како што кажа и @gokica, обавезно одвои сума за блиц, без него не ни помислува да сликаш луѓе. Јас го имам и е доволен Canon SpeedLite 430 EX II. Моментално пошто е стар модел, има искочено 3ка, цената му е супер.

    Земи го во предвид и предлогот од @Војвода, за сигма 17-50, има и Токина 16-50 2.8, немам искуство со нив, ама имаат добри ривјуа, еве и од наши членови. Моментално видов на оглас еден Токина се продава за 400 евра.
     
    gokica, DarkEnchanter и на Luidgi им се допаѓа ова.
  3. Luidgi

    Luidgi Активен гик

    922
    865
    24 Февруари 2008
    Се сложувам со @gokica. Кога пробав EF 24-105mm L на Canon 600D се преродив и јас и апаратот. :)
     
    На gokica и Oktar им се допаѓа ова.
  4. DarkEnchanter

    DarkEnchanter Активен гик

    1,728
    1,290
    17 Август 2014
    Машко
    У србија д80 е 1050
    Д610 1140
    Д750 1680...

    Јас повеќе сакам канон

    Никон не сум чачкал мн...

    Ама сите ми викаат да зеам никон... У мкд све се никони и има сервис и сл...

    Ова ти кажувам иам колеги што се свадбари...

    Они ме советуваа...

    Ја би земал д750ка пошто е понов...и китче...

    Па понатака блиц..

    Треба да дефинирам точно деновиве



    Sent from my MI 5 using Tapatalk
     
  5. Oktar

    Oktar Sensei

    2,468
    5,413
    23 oктомври 2012
    Машко
    Каде го има во србија Д80 за 1050 евра? Враќаат ли ДДВ?
     
  6. DarkEnchanter

    DarkEnchanter Активен гик

    1,728
    1,290
    17 Август 2014
    Машко
    Ахелфото...
    Барај на фб


    Ако си у план знам дека сакаше да земеш кажи, да сe организираме и поише попуст да му бараме...

    До врање може да ги прати за да не идеме до Белград...

    Sent from my MI 5 using Tapatalk
     
    Последна промена: 1 Септември 2016
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Oktar

    Oktar Sensei

    2,468
    5,413
    23 oктомври 2012
    Машко
    Знам за Аксел, нема повраток на ддв, а ако добро памтам треба и поштарина до Врање, уште 30 евра. Затоа го исклучив како опција тогаш.
     
    На DarkEnchanter му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DarkEnchanter

    DarkEnchanter Активен гик

    1,728
    1,290
    17 Август 2014
    Машко
    Епа до Белград 30 еу повратна и готово :)

    Sent from my MI 5 using Tapatalk
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DarkEnchanter

    DarkEnchanter Активен гик

    1,728
    1,290
    17 Август 2014
    Машко
    @Oktar а што ке кажеш за фул фрејм вс кроп?

    Војвода вика да не сум го зимал 80д дека е многу скап и башка кроп, демек не вредело...

    Тука тука се со цена со д610...
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Oktar

    Oktar Sensei

    2,468
    5,413
    23 oктомври 2012
    Машко
    Абе и јас би сакал ФФ, ама се скапи за одржување, т.е. леќите за нив се огин и пламен. Плус јас веќе и имам нешто од леќи па делумно и заради тоа си размислувам така.
     
    На gokica му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gokica

    gokica Модератор

    7,015
    7,319
    13 Јуни 2009
    FF vs Crop зависи од потребите. Се разбира дека фул фрејм е подобар и носи бенефити како во темни услови така и во динамички опсег (при обработка).

    Мое лично мислење е дека за аматерска фотографија (вклучително и свадбарство) кроп е и повеќе од доволно. За вакви потреби само екстремен ентузијаст купува FF. Ако си пиксел пипер, зумираш 500% на екран или планираш големи принтови оди на ФФ. Ако си обземен со фотографија и го сакаш најдоброто земај ФФ.

    Ако сакаш да си поминеш подомаќински земи си кроп тело па ако не си сигурен до каде ќе одиш купувај ФФ објективи за во иднина ако се премислиш да пасуваат на ФФ тело.

    ФФ тело со спор кит објектив (ако буџетот толку дозволува за подолг период да нема набавки на подобри објективи) е многу полоша варијанта од кроп тело со топ брз објектив кој е сообразен со потребите.
     
    На Oktar и Војвода им се допаѓа ова.
  12. M.Pix

    M.Pix Гик

    264
    916
    27 Јануари 2014
    Машко
    Чисто информативно, Канон 5д марк 2ка се продава за 800 евра. Стар апарат, ама е класа над овие со кроп сензор.
     
    На gokica и Војвода им се допаѓа ова.
  13. Oktar

    Oktar Sensei

    2,468
    5,413
    23 oктомври 2012
    Машко
    Сепак би зел 80Д пред 5Д марк 2.
     
    На DarkEnchanter му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Sm0k3y25

    Sm0k3y25 Гик

    379
    246
    7 ноември 2012
    Машко
    Одбери си тело какво ти сакаш, разгледај ги . Ги фалат каноните повеќе за видео - и јас го делам истото мислење. Јас имам никон d5100 но снима само на 30фпс со 60mbps bitrate преку custom firmware кој ги отклучува фунцкиите кои ги има и d7100 (може да се врати на stock без проблем no warranty voided).

    Сега за објективи : the fun part
    50ка или 35ка f1.8 е must have според мене.
    Kit lens не препорачувам освен ако си ептен почетник.
    Доколку сакаш да сликаш птици и диносауруси во зоолошка, земи си 75-200mm. Ќе ти врши добра работа за сликање од далеку aka zoom.
    Доколку ти е за landscape : 18мм или помала леќа (широкоаголна) би била најдобра.

    Купувај леќи на старо , не се оштетуваат во повеќето случаи и ќе бидеш позадоволен доколку си на буџет. :)
     
    DarkEnchanter, Војвода и на Oktar им се допаѓа ова.
  15. M.Pix

    M.Pix Гик

    264
    916
    27 Јануари 2014
    Машко
    Од кои причини? Понов модел, понова технологија? Тие слики што ги вади маркот, 80Д можеби во некоја 3та верзија ако му вадат. Единствена причина да се земе 80Д е ако му требаат тие 3 слики повеќе во секунда, евентуално за подобро видео иако го немам тестирано. Тие НФЦ, ви-фи, лцд и слични работи се само шминка за да ти земат повеќе пари. Да, корисни се ама апарат би земал за квалитет и издржливост, а не за ви фи конекција. Башка да не заборавиме дека споредуваме фул-фрејм со кроп. Дечкото како што прочитав бара нешто до 2000 евра.

    - Канон 5д марк II (800)
    - Канон 24-70mm F/4.0 USM (1000)
    - Канон 430EX II (260)

    Се вкупно 2060 евра. Подобра зделка не верувам дека има. Поготово ако ги најде на старо ќе заштеди уште повеќе, а ќе го извади максимумот. Мене некој да ме праша кога би купувал апарат од почеток дали би одел со кроп или фул-фрејм би рекол дека би почекал да соберам пари па после фул-фрејм. Разликата е огромна, не знам зошто би одел и дечкото со кроп сензор. Кога веќе може да бира, нека оди на подоброто. Да не заборавиме дека и самата изградба на телото е смешна за споредба помеѓу овие 2 модела.
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  16. l1d0v1c

    l1d0v1c Гик

    460
    786
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Да не отворам нова тема, ќе прашам тука:

    Ај ако може предложете нешто во ранг од 30,000 до 40,000? Станува збор за тотален нуб иначе :) Да, имам мало познавање, желбата е присутна и огромна, а се надевам дека го имам и сенсот за добра фотка :) Па сакам да почнам троа посериозно (чисто за мое задоволство), а можам комотно да посветам 3-4 саати на ден.

    Омилиени фотки ми се Landscape, Sunset/Sunrise, Forced Perspective, Храна, Животињи, Street, многу ретко би сликнал и некое портретче. Сепак предност има природата и животињите, бидејки сум и така поактивен, те со бајкче, те пеш, а материјал бар во Македонијава има непресушен.

    Гледав неколку моделчиња, што со објектив, што без, али тоа може и да не игра никаква улога, бидејки за 6 месеци сигурно ќе можам да си дозволам бар некоја леќа од 150 до 300 евра.

    Па помагајте, момци и девојки, ја еве ќе си дозволам да ping-нам неколку што редовно си ги читам кога станува збор за фотографија: @Oktar, @xenon, @M.Pix, @Војвода
     
  17. M.Pix

    M.Pix Гик

    264
    916
    27 Јануари 2014
    Машко
    Nikon D5300 или Canon 750D. За таа цена се бест бај. Од овие 2 за сликање подобар избор ти е Никонот затоа што вади помалце шум односно можеш за ноќна фотографија да идеш со поголемо ISO. Има и повеќе точки на фокус иако мене никогаш не ми играат улога за лендскејп, си фокусирам мануелно. Никонот има и пoрелани бои како и подобар динамик ренјџ. Другите предности и мани не ги гледам и не би ги ти спомнал затоа што и не играат голема улога. Нека не те лажат такви GPS, тач скрин глупости. Кој апарат и да го испазариш ќе ти останат пари за фиксна 50ка или 24ка. Немој да ги купуваш телата со кит објективот што следи, затоа што нема да ти врши работа за ништо. Ниеден зум објектив не може да се спореди со острината на фиксен.
    Башка ќе имаш повеќе простор за креативност без зум, па понатака зависи од желбата ќе пазариш други објективи.
     
    На Audiofil и l1d0v1c им се допаѓа ова.
  18. xenon

    xenon Sensei

    3,752
    8,755
    15 Јануари 2011
    Машко
    @l1d0v1c - половен Nikon D700 ти е моја препорака. За 4000 ден. ти ги менуваат сите гуми во РефотМ и ако има низок број окинувања (не е свадбарски) и нема оштетувања на другите делови, за 550-600Е добиваш ѕверотина од апарат.

    Oвие другиве се ок, 5*** серија на пример, ама за малку повеќе пари имаш Canon 6D (нов - 77к) кој е многу повеќе апарат за парите дадени, од заштедата во разликата меѓу него и Canon 750/ Nikon D5*** на пример.
     
    gokica, Audiofil и на l1d0v1c им се допаѓа ова.
  19. Војвода

    Војвода Sensei

    1,845
    2,811
    26 oктомври 2012
    Машко
    Тотално небитно е каков апарат ќе земеш, се дур е од поновите модели.
    Moeто искуство го кажува следното:
    Фотографско око/сенс за фаќање на момент -> Добри услови/светлина за создавање на таа фотографија->Добар објектив ->Добар Фотоапарат ->Акцесоари.
    Гледај многу видеа за фотографија, ќе те научат на многу корисни tips/tricks кој ќе ти го олеснат функционирањето и напреднувањето како фотограф.
    Кога ќе го совладаш првото, и ќе научиш корисни совети за да ги искористиш дадените услови за да направиш фотографија, ондак може да се праи муабет за добри објективи. Добар објектив со просечен апарат, ќе даде подобар резултат од просечен објектив со добар апарат.
    Исто ќе мораш и шминкерај да учиш односно Lightroom, за фотографиите значително да ги разубавиш и да добиеш и една-две класи подобра фотографија од онаа регуларната.
    Така да како за тебе, би рекол Nikon d3200-d5200 па понови модели ти се океј варијанта за почеток. Повисока класа како d7100/7200/7500 ти се подобра опција, бидејќи ќе учиш како да работиш со профи контроли.
    Ако идеш на никон, комотно би ти препорачал Sigma 17-50 f2.8, како замена за фиксни објективи.
    Mojaта сигма на 2.8 имаше на око идентична острина како Nikon 35mm f1.8, исто сетиран на 2.8, па отиде на продажба, бидејќи ми немаше примена. А се релативно ефтини, се наоѓаат за 200-230 евра половни.
    Со него колку толку ќе можеш да сликаш и портрети бидејќи имаш 50мм должина, односно околу 75mm конвертиран во FX, што е доста задоволително. Е сега нема толку добро боке ( позадината која е надвор од фокус ) како фиксен објектив, но затоа она што го сликаш ќе е поостро, бидејќи на 2.8 сигмата е поостра од Никонот на 1.8.
    Како прв објектив би го барал тоа, не верувам дека ќе ти треба подобро.
    Друго, за Landscape би барал Sigma 8-16mm/10-20мм или ако сакаш побрз објектив Tokina 11-16 f 2.8, кој мислам дека е меѓу најдобрите широкоаголни објективи.
    За животни, од она што го имам читано Никон 70-300мм бил доста солиден објектив како буџет опција.
    Ако мислиш дека за добра фотографија ти е потребен којзнае каков апарат се лажеш, комотно барај на Flickr некои прастари модели на фотоапарати по 10 години па и више, ќе налеташ на фантастични фотографии.
    Фотоапаратот е само алатката на мајсторот, добар мајстор и со лоша алатка ќе заврши работа, лош мајстор и добра алатка нема да заврши работа.
    Подобра алатка ти треба кога ќе го надраснеш она што го имаш, и при споредба со подобри алатки ќе увидиш дека има голем бенефит ( дискутабилно), па правиш надградба.
     
    На drifter, gokica, K3nPa4i и уште 3 други им се допаѓа ова.
  20. l1d0v1c

    l1d0v1c Гик

    460
    786
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    До толку не вреди објективот што иде со D5300? Зошто разликата со и без е некои 3000 денари, башка ако го земам преку Динамит ќе искочи дури и поефтино.

    Баш пред некој ден по огласиве начекав D700-ка за 500че и се потзамислив и да му се јавам да го ѕирнам на лице место, но сепак се решив да идам на ново, иако исто така доста пофални зборови имам слушнато за D700 од другари/ки кои се бават малце попрофесионално.

    Тотално се сложувам за ова ;) А за гледање/учење, години наназад единствено што сум гледал од видеа поврзани со фотографија се баш тие tips and tricks, како најубаво да ги искористиш условите кои ти се дадени, бидејки сум максимално свесен дека добро око и добар сенс за фотка е најбитната ствар.

    Благодарности за препоракиве, баш убаво објаснето кое објективче за која намена. :cool:

    Како што стојат работите, најверојатно ќе одам со D5300, ептен фала за советите и објаснувањата. ;)
     
    На architect и Војвода им се допаѓа ова.
  21. sostius

    sostius Wax on, wax off

    51
    97
    16 Јануари 2017
    Машко
    Фотограф
    Моја препорака: купи си половен D7100/D7200. Коа ќе ги земеш Д5300 и Д7100/Д7200 во рака еден до еден, Д5300 е како играчка. Многу по издржливи се серијата 7000 од серијата 5000. Д5300 ти е повеќе за видео.
     
  22. Oktar

    Oktar Sensei

    2,468
    5,413
    23 oктомври 2012
    Машко
    Сега дури го гледам муабетов... Серија Никон 3000 и Канон 1000 не би ти препорачал. 6Д исто така не би ти препорачал, доста е стар а воедно и многу над буџет. Тоа што спомнал ксенон дека 77К имаш звер е ОК, ама и леќите за ФФ се поскапи и потешк се наоќаат на старо, така да лесно ке стигнеш до 100К а тоа е скоро 3 пати над твојот буџет. Е сега и ја би ти препорачал мало растегнување на буџетот, ама веруј ми исплатливо. Во аксел фото Канон 70Д е ти е 750 евра и би ти рекол да си купиш 18-135 СТМ објектифче кој на фото берза кај нас се наоѓа за 200-230 евра или од аксел фото за 280 евра. Иако е постар 70Д веруј ми дека е многу добар и многу солиден уред. 18/135 е исто така една прекрасна и многу применлива леќа. Ова ти е над буџетот за околу 300 евра ама се друго би било компромис.
    Вообичаено не препорачувам волку скап сетап за почеток, ама ти не си на почеток и знаеш што сакаш и знаеш дека сакаш да напредуваш и да потрошиш време. Секако дека втора леќа што ке ја купиш ке биде 50мм 1.8, али не е хитна таа, веруј ми 18-135 на 135 макар и 5.6 отвор прави убаво боке и е многу остра, нормално во добро осветлени услови.
    Никон 5000 и Канон 750 би ти дошле како компромис верзии, ок се, али ке осеќаш дека ти фали уште малце и за многу брзо ке сакаш да ги смениш.
    Да повториме, Канон 70Д+18-135СТМ, се тоа од аксел фото и имаш добитна комбинација.
     
    На gokica и bxxxn им се допаѓа ова.
  23. sostius

    sostius Wax on, wax off

    51
    97
    16 Јануари 2017
    Машко
    Фотограф
    Како може да се купува од аксел? Треба да идеш за Србија?

    Испратено од ONEPLUS A3003 преку IT.mk форум апликација
     
  24. Oktar

    Oktar Sensei

    2,468
    5,413
    23 oктомври 2012
    Машко
    Да, мора да се оди преку граница, со тоа што за ситен надомест може да ти го прати со брза пошта во врање како најблиска варијанта. Така имаш 100 км во насока, гледано од Скопје и со цената на горовито, поголем трошок се патарините :D
     
  25. gokica

    gokica Модератор

    7,015
    7,319
    13 Јуни 2009
    За околу 30000 ден. јас би купил тело Никон 3ххх и објектив Никон 35 или 50мм.

    За цирка 40000 ден. - тело Никон 3ххх и Sigma 18-50 2.8 или Никон 35/50 плус блицче.
     
    На Oktar му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели