1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Nikon L810 или Olympus SP 720uz

Дискусија во форумот 'Дигитални апарати, камери и слично' започната од elena_gemini, 10 Декември 2012.

  1. elena_gemini

    elena_gemini
    Intern

    5
    0
    10 Декември 2012
    Женско
    Ако може подетална информација за овие два модели и лично мислење кој има подобри перформанси :)
    На што највеќе да се обрне внимание при избор на фотоапарат?
     
  2. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    За што ти треба и колку/дали си буџетски лимитирана?

    Ја би ниеден од тие два ама веќе ако си решена баш меѓу тие два тогаш Никонот.

    - Мн. подобар екран (921000 пиксели наспроти 460000)
    - Маргинално подобра оптика (барем на папир)
     
  3. elena_gemini

    elena_gemini
    Intern

    5
    0
    10 Декември 2012
    Женско
    Па отприлика докај 200 евра.. но сакам да биде еден од овие. Сакам да има некои интересни карактеристики во стилот на заматеност на сликата, дуплирање на слика, филмски стил и слично.
     
  4. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    "Заматеност на сликата" - или bokeh, (суштински bokeh не се однесува на квантитетот туку на квалитетот на самата заматеност на елементите што се вон полето на фокус) зависи од неколку фактори:

    1. Физичката големина на сензорот (што кај овие два фото апарати што ги имаш наведено е занемарлива, односно изнесува 1/2.3" (6.17 x 4.55 mm). За споредба, слики што ги гледаш со убава кремаста позадина најчесто се сликаат со т.н. Full Frame сензори чија големина е ( 35.9 х 24 мм ) што е драстично повеќе. Технички, сите апаратчиња до 400 евра се со такви мали сензори, така да веројатноста да успееш да обезбедиш плитко поле на фокус е скоро невозможна.

    2. Максималниот отвор на блендата на објективот, или aperture. (Однос меѓу фокусно растојание / дијаметар на предниот отвор на објективот). Ова се изразува во вид на F-stops, ф/1.2, ф/1.4, ф/2, ф/2.8, ф/4, ф/5.6
    Бидејќи наведените вредности се дропки,

    Ф/1.2 значи дека објективот ќе пропушта околу 3 пати повеќе светлина од Ф/3.1 или 4 пати повеќе светлина од објектив кој е ратиран Ф/4. итн.


    3. Фокалното растојание на самиот објектив и дистанцата од субјектот. Односно, широкоаголни објективи (на пример 24мм) ќе им биде многу потешко да го изолираат субјектот од позадината (и притоа да ја заматат) одошто теле објективи (на пример 85мм) кај кој се создава компресија на фокалното поле во зависност од растојанието од субјектот и така настанува лесна изолација

    -----

    Во превод, за 200 евра нема да најдеш тоа што го бараш и џабе ќе си ги фрлиш парите. Најефтино ќе поминеш со Nikon D5100 (гледам на реклама5 половни ко нови демек одат за 430е со кит објектив, или пак нов кој чини околу 550 евра).

    Nikon Д5100 моментално ти е најдобра опција во одност цена/перформанси и квалитет на слика. Чини околу 35000 денари нов (на почетокот пред година дена се продаваше за 50000 денари) - и после оваа цена нема да има додатни попусти.

    За ефтино да поминеш кога станува збор за објектив, ќе треба да си купиш нешто како Nikon DX 35mm 1.8 (200 evra) или Никон 50мм ф/1.8 (200 евра) доколку сакаш претежно портретна фотографија да бркаш, макар да ја ти советувам 35мм, дава приближно видно поле како човечкото око, односно нема фактор на магнификација (Како ти гледаат очите, ако ти гледаат ко што треба, така гледа и апаратот, нит доближува субјекти нит оддалечува). Воедно, со овој фотоапарат/објектив (за 35мм или 50мм зборам) ќе немаш никакви проблеми во лошо светло да фотографираш.

    Се на се, 550 + 200 = 700 евра.

    Изгледа солено ама реалноста е таа. Не си ги арчи 200те евра, нема да добиеш ништо посебно и доколку некогаш навлезеш во фотографија ќе сфатиш колку сум (или не сум) во право.
     
    На Steff_Maja, Audiofil, JasSum и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Значи тоа горе што го препорачав ќе го најдеш на следниве линкови:
    ----------------------------
    - Nikon D5100 со 18-55 VR кит објектив: 33990 денари.
    http://www.pixplus.com.mk/index.aspx?tabindex=0&tabid=1&productid=1237&directoryid= 229&ctrl=productdetails

    Кит објективот е одличен. Но, за плитко поле на фокус и заматена позадина, кога ќе собереш пари ќе го купиш:
    NIKKOR AF-S DX 35mm F1.8 G - 12299 ден.
    http://www.pixplus.com.mk/index.aspx?tabindex=0&tabid=1&productid=833&directoryid= 166&ctrl=productdetails

    Ова е систем кој расте и се надградува лесно, во зависност од потребите. Други опции кои јас би ги одбрал се следниве:
    ----------------------------
    Sony Nex F3 со 18-50мм кит објектив - 33990.00 ден. (или малку постариот но подобар и доза поскап Sony Nex 5n)
    http://panevropa.com.mk/store/products/view.php?product_id=662

    Ова е т.н. mirrorless апарат. Го дели истиот сензор со горенаведениот Никон, 23.6 х 15.4мм, (т.н. APS-C сензор) и исто така може да му се менуваат објективи (со таа разлика што во МК нема никаква поддршка за сони и самите објективи не се квалитетни како кај Никон, нит пак има некоја селекција од објективи)
    ----------------------------
    Canon 600D со 18-55мм кит објектив - 39999 den.
    http://www.pixplus.com.mk/index.aspx?tabindex=0&tabid=1&productid=1259&directoryid= 230&ctrl=productdetails

    За видео продукција ова е моментално најдобриот избор цена/перформанси и се користи низ земјава и светот како ефтина варијанта и замена за професионални ХД видео камери. 99% спотови и аматерски (дури и професионални) филмови се снимаат на некои од моделите на Canon (600D, 5D MKII, 5D MKIII, 550D) итн.
    Кај нас во МК, најзастапени се 550D и 600D, скоро сите спотови што ги гледаме по ТВ се снимени на некој од овие два апарати. Се наоѓа, но поретко, full frame 5D MKII / 5D MKIII.

    Квалитетот на фотографиите од Canon, заради постарата сензорска технологија, моментално е за 20%-25% послаб од кореспондентните Nikon/Sony модели.
    ----------------------------
    Nikon 1 V1 со 10-30мм кит објектив - 24999 den.
    http://www.pixplus.com.mk/index.asp...uctid=1515&directoryid=-1&ctrl=productdetails

    Одличен компактен апарат со менливи објективи. Најбрз авто фокус. Одлично видео. Сензорот е дупло поголем од класичните идиотчиња но помал од APS-C класата на сензори. Квалитетот на сликата е околу 30% полош од тој кај Nikon D5100/D3200 и Sony Nex 5N / C3, 15% полош од Canon 550D/600D но 20% подобар од сите компакти/идиотчиња вклучувајќи ги и тие наведените во првиот пост. Овој фото апарат се продаваше за околу 50000 денари до пред недела дена, но излезе нов V2 модел и цената сега е на половина до потрошување на залихите. Одлична цена/перформанси опција.

    Овие 2 поста може да се искористат како референтно инфо и за останатите членови, не беа баш наменети како директен одговор кон оригиналниот постер.
     
    На genius, Steff_Maja, Audiofil и уште 3 други им се допаѓа ова.
  6. elena_gemini

    elena_gemini
    Intern

    5
    0
    10 Декември 2012
    Женско
    Најпрво фала на широко опфатниот одговор :)
    Не се разбирам во професионално сликање (а многу би сакала), па затоа не ми требаат тие менувања на објективи и слично (сега за сега). Ограничена сум во изборот меѓу тие два апарати (и уште некои други) бидејќи ми е за подарок, па затоа ме интересираше во што кој апарат е подобар.

    http://www.otto.de/Multimedia/Digit...escending&preis_min=150&preis_max=210#content

    Кој од овие би ми го препорачал според тебе..?
     
  7. xenon

    xenon
    Guru

    3,790
    9,501
    15 Јануари 2011
    Машко
    Прецизирај детали подобро ќе те советувам. Ќе ти поклонат фото апарат до 200 евра? Ќе ти го нарачаат од Германија или лично ќе ти го донесат?
    Прашувам затоа што доколку е од Германија, моментално има добри попусти на Amazon.de. Ако мора веќе еве ова:

    http://www.otto.de/Nikon-Coolpix-L8...10,preis_min,150,countMainNavigationEntries,0

    Екранот позади ќе изгледа супер. 921000 пиксли има. Но еве за малку повеќе пари драстично подобри фото апарати од Германија:

    Nikon V1 330 евра:
    - http://www.amazon.de/gp/offer-listi...p?ie=UTF8&qid=1355137933&sr=8-1&condition=new


    Olympus E-PM1 - 300 евра:
    - http://www.amazon.de/Olympus-System...=sr_1_1?s=ce-de&ie=UTF8&qid=1355138023&sr=1-1

    (Гледам овој го има и во Скопје по иста дури и малку пониска цена во Сет компјутери. Во готово 17500 денари мислам го даваат). Сензорот е 10тина пати поголем од тој на малите компакти т.н. идиотчиња., објективите се менуваат и сликата што ја вади е каде каде подобра.
    http://www.set.com.mk/Proizvod.php?vrednost=10&grupa=56&si=11760 -

    T.e. сега видов и останатите цени се исти ко германскиот сајт што си го навела, 500 денари некои е поскапо во Сет ама имаш барем локална гаранција и сл. Работи купени од Германија тешко да ќе успееш да ги рекламираш доколку нешто не е во ред без еден куп нервози.
     
  8. elena_gemini

    elena_gemini
    Intern

    5
    0
    10 Декември 2012
    Женско
    Фала ти многу за совет :)
     
  9. JasSum

    JasSum
    Practice makes perfect

    1,781
    1,905
    8 Мај 2007
    Машко
    предлог. купи си слр, а за поклон нека ти донесат објектив.

    ако не купуваш слр, гледај да земеш канон или панасоник

    ксенон, собери го текстотни направи стики инфо на темава
     
  10. elena_gemini

    elena_gemini
    Intern

    5
    0
    10 Декември 2012
    Женско
  11. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    440
    41
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    Ај кога веќе се спомна избор на фотоапарат ако може помош при избор.
    Ми треба апарат кој вади пред се добри фотографии. Читав по форумов доста и видов дека за сума до 12,000 - 13,000 ден. доста често ги препорачувате Canon.
    Еве мене кои ми фатија око и помеѓу кои се мислам.

    1.Canon PowerShot SX230 HS
    2.Canon PowerShot SX240 HS
    3.Canon PowerShot SX150 IS -(не ми се допаѓа што е со 2xAA батерии)

    Слободно предложете ми и други фотоапарати други марки:
    -прва група со цена до 12.000-13.000 денари
    -втора група до 15.000-16.000 денари.

    Значи компактен апарат, по можност да има оптички зум мин. x10 , и што е можно подобар (поголем) сензор.
     
  12. Audiofil

    Audiofil
    Gaining Experience

    839
    329
    28 oктомври 2007
    1.До 10000 денари без конкуренција ти е Canon Powershot SX150is.
    2.До 13000 денари плус минус 1000 денари без конкуренција е Canon Powershot 230HS.
    3.Чим ти е граница 16000 додај уште 1000 ден и за 17000 пробај да го набавиш Sony DSC-HX9V од тука
    http://advancemedia.com.mk/shopping/digitalen-kompakten-foto-aparat-sony-cyber-shot-dsc-hx9v/p/7783
     
  13. Sylvester

    Sylvester
    Intern

    440
    41
    24 Март 2009
    Машко
    Студент
    Не ќе гледам да избегавам Sony... овој модел што го предложуваш го гледав пред година дена чим не го земав тогаш ни сеа нема да го земам, башка има излезено нови сеа HX10V и HX20V
     
  14. zelenotosr

    zelenotosr
    Intern

    53
    4
    28 Февруари 2011

Сподели

Вчитување...