• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

NFS конфигурација.

Статус
Затворена за нови мислења.
  • Ја почнал/а темата
  • #1

Aleks

Gaining Experience
18 мај 2007
5,748
288
NFS кофигурирација.

Претпоставувам дека имате средно ниво на знаење на Линукс оперативниот систем оти ќе ви биде потребно за да го завршите успешно овој туторијал.

NFS, Што е тоа? NFS, или Network File System е протокол кој овозможува хард диск или партиција од некој сервер да се користи како локален хард диск преку мрежа. Мрежата може да биде обична LAN/WAN или пак Интернетот да се искористи како мража. Најчесто ова се користи кај хостинг компаниите кои имаат потреба од многу простор на еден сервер. Значи, во претпоставка земам дека имате еден Линукс сервер и еден Линукс клент кои се поврзани меѓу еден со гореспоменатите мрежи.

Прво на серверот треба да го инсталираме NFS-KERNEL-SERVERот, и неколку додатни алатки попознати како NFS-COMMON. Значи, инсталирајте ги овие пакети со овие команди од терминал:

За сите дистрибуции базирани на Debian:
Код:
apt-get install nfs-kernel-server nfs-common

За сите дистрибуции кои се базирани на RedHat:
Код:
yum install nfslock portmap nfs

После инсталирањето стартувајте го серверот за кој се создава скрипта во /etc/init.d/ . Сега ќе го направиме оној дел што треба да се направи на серверот. Прво ќе го едитираме фајлот /etc/exports и ќе додадеме една линија од код за еден хард диск/една партиција. Значи, на крајот на фајлот, треба да стои ова:

/filesystem hostname(rw,no_root_squash)

/filesystem - ова ни е всушностост патеката каде е монтиран хард дискот / партицијата на која сакаме да дозволиме пристап од клиентот да ја користи како своја локална.
Hostname – ова ни е Ипадресата или хост името на клиентот
(rw,no_root_squash) - Овде имаме 2 опции, RW ни значи дека шеруваниот систем ќе е во Read-Write мод и no_root_squash дека и root јузерот ќе ја користи шеруваната партиција со привилегии како нормалниот јузер (root јузерот на клиентот).

Еве еден пример како ова можеби ќе изгледа:

/mnt/sda1 192.168.0.2(rw,no_root_squash)

Ако сакате истата партиција да ја шерувате на повеќе компјутери можете тоа да го остварете со додавање на додатни hostname() после mount point на партицијата т.е. :

/filesystem hostname1(rw....) hostname2(rw....)

Зачувајте го овој фајл и експортирајте го шеруваниот систем:

exportfs -a

или пак рестартирајте го NFS серверот. За да видеме дали партицијата е монтирана под NFS:

showmount -e

Одеме кај клиентот сега. Прво треба да ги инсталираме NFS алатките со кои ќе можеме да монтираме партиции од серверот.

За дистрибуциите базирани на Debian:
Код:
apt-get install nfs-common

За дистрибуциите базирани на RedHat:
Код:
yum install nfs
Сега откако ќе ги инсталираме горенаведените пакети и после нивно вклучување треба додадеме една линија во /etc/fstab и да ја монтираме шеруваната партиција од серверот.

Значи во /etc/fstab додаваме :

REMOTEHOST:/filesystem /filesystem nfs rw 0 0

REMOTEHOST – ип/хостимето на серверот на кој сме шерувале партицијата
/filesystem 1 - патеката на монтирање на партицијата на серверот
/filesystem 2 - патеката на која треба да се монтира кај нас на локалниот компјутер т.е. Клиентот
nfs – Опција дека партицијата е NFS тип
rw – Read-Write опција
0 0 – Default опции за монтирање

Зачувуваме и ја монтираме партицијата со :

mount -a

Доколку све е сетирано како што треба треба да имаме нова партиција која се наоѓа на сервер а можеме да ја користиме за локална употреба. Овде дистрибуциите не се важни, значи може да се изведе помеќу кои било две дистрибуции, како за инфо јас ова го имам реализирано на мојот домашен компјутер и домашниот сервер од кои, серверот има Ubuntu server 8.04 инсталирано а мојот компјутер Fedora 8.

Позз
 

Eva Molotow

Intern
14 април 2008
106
30
D:
Најискрено очекував повеќе одговори на темава.
Не дека на мене ми е потребно ова, но во секој случај го ценам твојот труд, Алекс. :]

наис артикл
 

LiquidWorm

Администратор
26 март 2007
2,667
183
www.zeroscience.mk
Обично во туториали не треба да има многу одговори, доколку некој е заинтересиран за некои детали во врска со NFS ќе отвори нова тема во соодветен подфорум. Затоа и повеќето теми во туторијали се затвораат да не настане хаос од постови од типот: браво за туториајлот, добар тут, само напред алекс и слично :rolleyes:

И така, одлично објаснето алексио, продолжи така.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Нови мислења

Последни Теми

Онлајн членови

Статистика

Теми
43,565
Мислења
823,423
Членови
28,069
Најнов член
Na$sko
На врв Дно