1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

NFS Hot Pursuit 2010

Дискусија во форумот 'Игри' започната од Mo3oK4e, 18 ноември 2010.

  1. Mo3oK4e

    Mo3oK4e
    Intern

    476
    20
    8 Декември 2009
    Уште не ја имам пробано, ајде ваши мислења околу играва доколку ја имате почнато со играње...
     
  2. bl0ck

    bl0ck
    Intern

    181
    19
    26 Јуни 2009
    Уште ја неам играно. Али бидејќи сум фан на првите три дела од hot pursuit едвај чекам да почнам да ја играм :D:D:D
    btw ign даде 9.0 од 10
    видео
     
  3. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    596
    206
    21 Август 2010
    Машко
    Ја играм и можам да кажам дека е најдобра од било која друга од серијалот Need For Speed па и од Shift-от. Мои оцени графика 5/5, звук 5/5 и гемплеј 4.5/5. Едноставно вришти графиката, текстурите, терејнот, погледот на далеку ТОП..
     
  4. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Јас сеуште не сум ја пробал, но од тоа што видов на youtube, сеуште се чудам што ли бара нитро кај суперспортски автомобили:ua: Некако претерано ми делува тоа, немало потреба. Доволно е тоа што е аркадна, нитрото ја прави играта да изгледа како некој кич.
     
  5. brasica

    brasica
    On your way to fame

    621
    948
    18 Април 2010
    Без нитро, во играва ништо нема да направиш :D
     
  6. RagingDemon

    RagingDemon
    Unbeatable

    6,332
    5,246
    24 Март 2009
    Машко
    Нитрото е заштитен знак на НФС. Колку и да е брза колата кога ке стиснеш на нитрото, едноставно тоа е тоа :)
     
  7. Mo3oK4e

    Mo3oK4e
    Intern

    476
    20
    8 Декември 2009
    Сега ја инсталирав, поиграв 15-тина минути и едноставно се сложувам со Speedy.Ќе имам занимација за викендов :)
     
  8. daci92

    daci92
    Gaining Experience

    2,120
    162
    4 Февруари 2009
    Машко
    Студент
    ?????

    informiraj se malce se gleda kolku si fan :ua:



    Back to topic

    Ne sum ja probal ,no koga ke najdam vreme obavezno ke ja probam
    I mene ne mi se dopagja sto ima nitro ,toa e najglupata rabota sto e vnesena vo igrava ,bidejki Hot Pursuit se znae deka sekogas bila bez nitro
     
    1 person likes this.
  9. mickeymkd

    mickeymkd
    Intern

    412
    43
    7 Јануари 2009
    Машко
    Кога излезе првата NFS HP, луѓето немаа појма што е нитро. Сега се други времиња, нови генерации, повеќе се палат на нитро, спуштање, тјунирање отколку на вистинска суперкола (supercar). Затоа и после NFS 1,2,3, Porche... игрите кои излегоа од NFS серијалот беа во стилот на Fast&Furious. Добро е што со оваа ја вратија малку наназад како во првите неколку дела, што ми се допаѓа.
     
  10. boro1

    boro1
    Practice makes perfect

    1,636
    1,301
    13 Август 2009
    Машко
    да трошам ли 7-8 гб на играва? дали вреди?
     
  11. olikomerc

    olikomerc
    Unstoppable

    4,603
    3,537
    11 Декември 2008
    Машко
    јас не трошам, друг ќе потроши за мене и ќе ја имам за некој ден :D
     
  12. anti-spam

    anti-spam
    Intern

    200
    10
    9 Септември 2010
    Машко
    Студент
    да прашам каква конфигурација бара играва?
    а за нитрото не треба да се прави муабет уште од дамнешно време кога ставија нитро во нфс игрите им стана заштитен знак на EA па така да...
     
  13. bl0ck

    bl0ck
    Intern

    181
    19
    26 Јуни 2009
    Добро сум утнал наместо две јас кажав три. Тоа што сум згрешил не значи дека не сум фан на првите нфс игри и дека не сум ги играл. Проблем е тоа што по одредено време е невозможно да се смени мислењето на форумов (во превод закаснив да ја поправам грешката)
     
  14. Mo3oK4e

    Mo3oK4e
    Intern

    476
    20
    8 Декември 2009
    Минимални:

    OS: Windows XP / Vista / 7

    Processor: Intel Core 2 Duo 1.8 GHZ / AMD Athlon X2 64 2.4GHZ

    RAM: 1.5 GB (XP) / 2 GB (Vista / 7)

    Video card: ATI RADEON X1950 / HD 2400 / NVIDIA GeForce 7600

    VRAM: 256 MB

    HDD: 8 GB
     
  15. Mo3oK4e

    Mo3oK4e
    Intern

    476
    20
    8 Декември 2009
    Вреди, не му ја мисли..
     
  16. zorandesign

    zorandesign
    Баниран/a

    1,618
    674
    6 Јуни 2007
    Катастрофа е играва, освен што има прекрасна аудио/визуелна реализација, нема апсолутно ништо друго интересно. Значи, толку многу нема уникатност што ми наликува на сите останати аркадни игри со возење.Ме потсети на Split, Blur и Burnout Paradise...колку само безлични се новите NFS, само од комерцијален аспект и заработувачка се гледа кога се изработуваат. :ua:

    Возењето е апсолутно без врска, не се битни ниту малку вашите возачки вештини, доволно е само да возите по средината на патот и да соберете што може повеќе нитро...Немам коментар за играва, ја бришам моментално и жал ми е што вака емотивно реагирам, но премногу сум разочаран од новите NFS и воопшто не се достојни да го носат тоа име повеќе, а посебно ми е жал за потрошените ~8GB :))

    McLaren F1 со нитро, њтф :LOL::LOL::LOL: К А Т А С Т Р О Ф А по не знам кој пат.:ua: Никогаш повеќе нема да спуштам игра што има NFS во насловот :ua: Како ли не увидоа дека егзотични автомобили на егзотични патеки е добитна комбинација, или тјунерски автомобили - во град, а тркачки автомобили - на тркачка патека. Во ред е да испрабаат во сите сегменти и да направат по еден наслов, но некои комбинации едноставно немаат смисла. Да споменам исто така дека автомобилите само визуелно се пренесени од реалноста, физиката иако не е примарна, можеше барем да не биде толку катастрофална. И никако да сватат дека не секој сака да ја минува нивната Кариера, некој едноставно сака да испроба автомобил, да спореди пример McLaren F1 со Zonda Pagani, не да биде претекнат од Nissan 350Z со нитро :LOL: Комедија е секој нареден наслов на NFS. Но, сепак, добро е што немораме да ја платиме за да ја испробаме :))

    Ова е само мое видување, сигурен сум дека на некој што не ги изиграл првите игри од NFS серијалот ќе му се допадне и со чудење ќе го чита мојот пост.:))
     
  17. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    596
    206
    21 Август 2010
    Машко
    Кога првпат ја пробав беше одлична, бев многу заинтересиран за играње и си викам ова ке стане многу опасно и јако на крајот...Можеби претерав со преувеличувањето на играва погоре, но се случува и тоа нели. Ете стигнав до 40% од играта и некако почна да ми здосадува, секое возење со различна кола е до негде исто, физиката едноставна, возењето спонтано, значи има право зоки со неуникатноста на играва, но ете затоа е Shift тука која пак ги има сите марифети поврзани со рејсинг, има и физика и графика и др и може да го брани NFS тронот додека не излезе второто продолжение кое сигурно ке биде повозбудливо. Сепак ова издание не е направено од истите дизајнери туку од сосема други, па можни биле и генетски грешки во традицијата на NFS нели :) Како и да е за занимација во слободно време би била супер.
     
  18. architect

    architect
    Unstoppable

    1,961
    2,342
    27 ноември 2008
    Машко
    Архитект
    добро некој имал проблеми со подигање на играва . на windows 7 64bit не стартува воопшто кај мене !!!!

    еве ова ми го јавува на секое подигање !!!!

    [​IMG]
     
  19. NetworX

    NetworX
    Intern

    959
    46
    3 Мај 2009
    Ми недостигаaт старите добри NFS 4, NFS 5 Porsche unleashed, и андерграунд 1 и 2:plachko2:

    Aко моите не ме казнуваа со гасење на пц ја од NFS 5 ќе бев ваков
    [​IMG]
     
  20. pilch@rd

    [email protected]
    Gaining Experience

    1,338
    131
    22 Август 2009
    Играва не ја имам инсталирано,ама чисто од љубопитност погледнав неколку клипчиња на Youtube за играва и едноставно изгубив желба на прв поглед. Навидум многу ме потсетува на Hot Pursuit 2 (барем патеките), графиката е солидна ама гејмплејот ги урива сите очекувања....Ајде може во скоро време ке видиме ново продолжение на NFS серијалот, како што беа Underground 1 и 2, Most Wanted, Carbon...:D
     
  21. darkone

    darkone
    Intern

    29
    8
    3 Декември 2010
    Играта е супер - може нема додатоци и тјунирања на колите, менувања на делови итн., но затоа пак има голем избор на добро моделирани коли и опкружување, а тука е и можноста (по долго време) да се вози полициски коли.
     
  22. Cika

    Cika
    V.I.P

    2,520
    1,179
    8 Декември 2009
    Не ми се свиѓа ни мене, а да, SHIFT е дефинитивно најреална некако, сосем спротовно на тоа од MW, но сепак одлично.
     
  23. Speedy

    Speedy
    Gaining Experience

    596
    206
    21 Август 2010
    Машко
    SHIFT-от е најреална од сите, но не е толку играна поради неотворениот свет, мене фаворит ми е Шивт зашто ги вклучува буквално сите елементи на рели тркањето, има неверојатна графика и физиката не е како на ниту една друга игра, поготово не како на Hot Pursuit.

    Толку се откажав од играва пошто стварно досадна ми стана, поготово кога треба една иста трка да возам по десет пати само за да освојам Голд медал... На почетокот можеби ке ви биде интересна но потоа следуваат многу крешови и силвер медали, не дека незнам да возам, кога веќе ја имам свртено Шифт, туку дека самата игра е направена таква, без реалност.. Сори ама ете го заклучокот после едно неделно играње.... :ua:
     
  24. Mo3oK4e

    Mo3oK4e
    Intern

    476
    20
    8 Декември 2009
    Потполно во право си.На почетокот излгеда дека е закон играта но понатаму е многу монотоно и досадно.Не верувам дека некој издржал да ја сврти?
     
Слични теми
  1. Miki Petrovski
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,140
  2. bl0ck

    e3 2010

    bl0ck, 14 Јуни 2010, Во форумот: Игри
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    855
  3. kobrata

    F1 2010

    kobrata, 24 Септември 2010, Во форумот: PC
    Одговори:
    11
    Прегледи:
    1,644
  4. hajan
    Одговори:
    1
    Прегледи:
    1,284
  5. StefanWylde
    Одговори:
    14
    Прегледи:
    816
Вчитување...

Сподели

Вчитување...