• Важно
    Имате проблем со најава или регистрација на it.mk?
    Побарајте го решението на вашиот проблем ТУКА!

Netflix во Македонија

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,256
4,557
SK
Има ли званични статистики за Нетфликс корисници овде?
И ако бројката од 1000 е точна, тогаш дали можеби причината е баш немањето преводи? И колку од нив користат Нетфликс со впн од западни држави? :)

Инаку немав намера да ја обезвреднам работата и трудот на преведувачите. Си има тука работа, не само превод туку одбирање на стил на преводот, речникот односно сленг или литературен јазик, зависно од ситуацијата/филмот/серијата, итн. Нормално дека и сето тоа после треба некој да го исконтролира...

Целата поента е дека за Нетфликс локализација на текст не е никаков трошок ако сакаат озбилно да работат на нашиот пазар, без разлика што е мал во однос на поголемите. Сепак не зборуваме за гласовни синхронизации и такви зафати, на крај се работи за превод на релативно мала количина текст.
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
971
3,357
Прага
Статистиката вели дека во Македонија има 560 филмови и 200 серии. Секако дека ќе се замараат да преведуваат волку материјал за нација што користи крадени акаунти.
 
kirev

Unstoppable
31 мај 2010
5,564
3,860
Скопје
Сега прочепкав, HBO го има од 2009 година ама исклучиво преку кабелски оператори или Телеком. Од 2016-та почна HBO GO во Македонија. Во право е @Dimson Преводот е исклучиво поради тоа што направиле договори со операторите преку т.н. HBO Adria мрежа на времето. Netflix работи на друг принцип.
Инаку да, HBO генерално има подобра продукција ама и нив конкуренцијата ги принуди да склопуваат и безвезе работи. Отвори го сега HBO пола се неанглиски серии и филмови, а има и доста серии и филмови од HBO продукција што се лоши. Netflix оди на хиперпродукција. Од 5 работи што ќе пуштат една задоволува стандарди. Ама тоа е. Изгледа ние премногу почнавме да гледаме ТВ и премногу очекуваме. Можеби ако почне да се намалува бројот на претплатници кај сите вакви сервиси ќе почнат да бидат повнимателни кога прават серии и филмови, ама тоа нема да биде во догледно време.
Како и да е, очекувам и Нетфликс малку да се уозбилат и да пуштат преводи на македонски.
Чек, Нетфликс ги зема сите пари во џеб (дупло од ХБО и не плаќа на телекомите ништо) а ХБО ем плаќа на телекомите ем е дупло поевтин ем почна со преводи. Во загуба беа кој знае колку време со преводите (а башка ич не кошта преводот).
И тоа го викам - Нетфликс и филмови/серии е магаре и музика. Почнаа полека да си одат сериите што вредат и кога ќе видам N покрај сликичката одма прерипувам... Инаку јас го земав во првиот бран ми се чини кога беше кампањата (да не беше за нова година 2008? или се лажам, сега ќе видам тука на форум). И супер се за сите пари :)
In this day and age it's fricking unacceptable not to have localized content... (децата не ги занима, ова е за женичките, мајките и татковците и некакво зачувување на makedonskiot jazik)
Мислењето е автоматски споено:

Статистиката вели дека во Македонија има 560 филмови и 200 серии. Секако дека ќе се замараат да преведуваат волку материјал за нација што користи крадени акаунти.
Има некој претстава колку кошта превод? 30 евра по филм? 50? 20 евра по епизода од серија? Ќе ги измножите? Со сите јазици каде што има Нетфликс? Милион долари? Или пола? За фирма што вреди милион милијарди. Јбг
Нетфликс е само љубимец на инвеститорите. Како производител на содржини е мех
 
Последна промена:

M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
971
3,357
Прага
Има некој претстава колку кошта превод? 30 евра по филм? 50? 20 евра по епизода од серија? Ќе ги измножите? Со сите јазици каде што има Нетфликс? Милион долари? Или пола? За фирма што вреди милион милијарди. Јбг
Нетфликс е само љубимец на инвеститорите. Како производител на содржини е мех
Абе се тоа е супер, ама бизнис не се води по тој принцип "ај бе ништо нема да не кошта дај ќе преведеме". Едноставно сметаат дека не сме пазар што ќе им донесе профит, и нема зошто да се замараат. Бар не во моментов. Просечен американец зима акаунт и не се замара. Кај нас 2 месеци се собираат луѓе за да земат акаунт и да го делат на 4, или ќе купат од тие крадените. Баби и дедовци не ти гледаат Нетфликс, иди натерај од пензијата да одвојат 15 евра. А, за деца, не знам за други ама ја радо би дете од мали нозе да вежба анг. јазик, камо таа среќа ние да ја имавме во минатото.
 
123456

Practice makes perfect
12 април 2013
1,618
1,196
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia

просечен американец зима плата и до 3000 долари а кај нас просечен зима до 20.000 денари или 370долари у превод, па ти види сеа писмен си доволно.
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
971
3,357
Прага
просечен американец зима плата и до 3000 долари а кај нас просечен зима до 20.000 денари или 370долари у превод, па ти види сеа писмен си доволно.
Точно. Затоа бизнис стратегијата на Нетфликс е дека Македонија е сиромашен пазар и не се замараат да инвестираат тука. Исто ко ја што одбирам како фриленсер да работам за амерички пазар, наместо за македонски.

Разбирам да сакаш да ти е содржината на Македонски ама не разбирам зошто сметате дека сте во право и знаете подобро од луѓето што живеат од тоа, у случајов луѓето што прават анализа на пазар, па се останато на тоа скалило во Нетфликс.
 
123456

Practice makes perfect
12 април 2013
1,618
1,196
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia
Точно. Затоа бизнис стратегијата на Нетфликс е дека Македонија е сиромашен пазар и не се замараат да инвестираат тука. Исто ко ја што одбирам како фриленсер да работам за амерички пазар, наместо за македонски.

Разбирам да сакаш да ти е содржината на Македонски ама не разбирам зошто сметате дека сте во право и знаете подобро од луѓето што живеат од тоа, у случајов луѓето што прават анализа на пазар, па се останато на тоа скалило во Нетфликс.

Затоа ја им плакам на ХБО ГО, а на Нетфликс користам крадени акаунти, затоа што не се трудат.

И со цениве како може една Турција да кошта 3.5 долари фул пакетот а кај нас кошта 12евра, Турција е посиромашна земја од нас или не, пази за 3.5долари све им е на Турски преведено.
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
971
3,357
Прага
Затоа ја им плакам на ХБО ГО, а на Нетфликс користам крадени акаунти, затоа што не се трудат.

И со цениве како може една Турција да кошта 3.5 долари фул пакетот а кај нас кошта 12евра, Турција е посиромашна земја од нас или не, пази за 3.5долари све им е на Турски преведено.
Македонија 2 милиони, Турција 82. Чиста математика.
 
123456

Practice makes perfect
12 април 2013
1,618
1,196
Naselba Dracevo, Kisela Voda, Macedonia
Македонија 2 милиони, Турција 82. Чиста математика.

И затоа што има 82милиона народ нив ке ги кошта 5,70долари премиум , а една Индонезија која има 270 милиона ке ги кошта 13,30долари
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
1,812
1,102
И затоа што има 82милиона народ нив ке ги кошта 5,70долари премиум , а една Индонезија која има 270 милиона ке ги кошта 13,30долари
Друга е математиката со Турција и Аргентина, тоа се земји каде валутата им девалвираше многу, беше во слободен пад и многу сервиси не ги коригираат цените. 1лира беше 0,5-0,6 еура, пред 10тина години, денес е 0.11 Еура. Слично е и со Аргентина, се сеќавам кога излезе Овервач на нивниот БаттлеНет беше околу 15еура а кај на 60€, односно 40€ за поефтината верзија.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,256
4,557
SK
Статистиката вели дека во Македонија има 560 филмови и 200 серии. Секако дека ќе се замараат да преведуваат волку материјал за нација што користи крадени акаунти.
„Крадени“ акаунти за несоодветен материјал... Мене не ми звучи како неочекувана состојба на пазарот, за несоодветна понуда.

Туку ајде вака... Дали некој инсистира дека мора сите тие „560 филмови и 200 серии“ да се преведат во најкраток рок, можеби до утре/задутре на пример? Просечниот корисник ќе биде задоволен и со неколку филмови или епизоди преведени дневно. Или помалку ама се додека приливот е константен.

Колку луѓе треба за тоа временски нефорсирано преведување?
Еден? Двајца? ... Ајде можеби цели тројца и потоа да се задржат еден/двајца за преведување на нови работи како што ќе доаѓаат нови содржини?
Авид едишн: ОК, цели пет вработени требаат за да се запазат работничките права и скратено работно време! :D

Логиката вели дека некои луѓе не си ги ценат парите, ниту правата што треба и мора да им следуваат како на плаќачи и клиенти.

Затоа ја им плакам на ХБО ГО, а на Нетфликс користам крадени акаунти, затоа што не се трудат.

И со цениве како може една Турција да кошта 3.5 долари фул пакетот а кај нас кошта 12евра, Турција е посиромашна земја од нас или не, пази за 3.5долари све им е на Турски преведено.
Па да, како што јас плаќам НБА со индиски Рупии (а и ти минатата сезона, ако добро паметам)... ;)
Таму месечна претплата кошта ~69 денари а овде 760 денари (лани беше 1100, малку напредуваме). Таму просечна плата во Индија е ₹32,840 или ~30К денари... Инаку нема никаква локализација на преносите, кошарка е и нема преводи а коментарот е на Англиски и овде и таму во Индија. Откаде тогаш толкава разлика во цената на еден ист производ?

Веројатно компаниите некогаш од ѓутуре ставаат цени, и веројатно споредено со стандардот на потконтинентот/регионот. Таму е голем пазар па се трудат да локализираат понуда според стандардот а овде е мал пазар и повеќето се пасивни клиенти кои не се бунат... Јас на пример им пратив „сочен“ емаил ама добив одговор само дали сакам „бесплатно“ да гледам (снимки) во меѓусезоната. Пошто ништо не е сменето веројатно не сме биле многумина што сме се бунеле за нелогичната цена во однос на стандардот.

Абе се тоа е супер, ама бизнис не се води по тој принцип "ај бе ништо нема да не кошта дај ќе преведеме". Едноставно сметаат дека не сме пазар што ќе им донесе профит, и нема зошто да се замараат. Бар не во моментов.
Проста математика кажува дека не е можно да не им се исплати да платат превод.
Не зборуваме за превод на Војна и Мир, или Злосторство и казна... Во повеќето филмови и серии има просечно малку дијалог со просечно едноставен речник.

Не се замараат не затоа што немаат профит, туку затоа што клиентите немаат три чисти да протестираат и да си го бараат тоа што мора да им следува за парите кои ги плаќаат. Или за парите кои би ги плаќале - ако производот (содржината со соодветен превод) би била соодветна на потребите.

Чек, Нетфликс ги зема сите пари во џеб (дупло од ХБО и не плаќа на телекомите ништо) а ХБО ем плаќа на телекомите ем е дупло поевтин ем почна со преводи. Во загуба беа кој знае колку време со преводите (а башка ич не кошта преводот).
...
Има некој претстава колку кошта превод? 30 евра по филм? 50? 20 евра по епизода од серија? Ќе ги измножите? Со сите јазици каде што има Нетфликс? Милион долари? Или пола? За фирма што вреди милион милијарди. Јбг
Колку може да кошта превод на релативно мала количина текст (без рокови за преведување) за коропорација која лани имала скоро ~7 милијарди долари чист профит?
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
971
3,357
Прага
А, од каде тоа дека превод на македонски ти следува? Имаш опција, едноставно е. Или користиш нивни услуги, или не. Никој не те тера со сила.

Не се замараат не затоа што немаат профит, туку затоа што клиентите немаат три чисти да протестираат и да си го бараат тоа што мора да им следува за парите кои ги плаќаат. Или за парите кои би ги плаќале - ако производот (содржината со соодветен превод) би била соодветна на потребите.
Ахам, значи според логикава они би имале профит, ама не го остваруваат затоа што М.Pix и таквите како него не протестираат? Е стварно се будали овие од Нетфликс.
Веројатно компаниите некогаш од ѓутуре ставаат цени
Токму така, милијардерска компанија се станува со цени фрлени од ракав.

Ако за нешто би протестирал и и би бил гласен е тоа што содржината што ја ставаат е катастрофа, од 5 филмови ќе ти се погоди 1. И тоа што форсираат LGBT пропаганди кај што нема потреба.
 
moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,180
3,761
Еве ви ја препорачаната цена за превод на филмови и тв програми на здружението на преведувачи. Па сега правете математики.
1614190710372.png
На ова се додава и цената за лекторирање.

Имајте предвид дека преведувачот треба и да го изгледа тоа што го преведува.

А секогаш може и побрзо и поевтино.

https://streamable.com/2top2h
 
M.Pix

48 65 6c 69 6f 73 0a
27 јануари 2014
971
3,357
Прага
Ова е главната причина што одбивам да користам превод, е ради вакви глупости што немаат логика.
Мислењето е автоматски споено:

Аууу како ова поминало, кај е ова, што е ова?
Гугл транслејт е, ваљда? Ама каде?
Ова е од The Blackist најновата сезона.
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,256
4,557
SK
Не мислам дека многумина овде имаат потреба од превод.
Но многумина овде имаат блиски (и подалечни) кои и тоа како имаат потреба од превод.

Освен тоа, потребата од преживување на мајчиниот јазик - има потреба од превод.
Не е сѐ во личните потреби на поединецот.

А, од каде тоа дека превод на македонски ти следува? Имаш опција, едноставно е. Или користиш нивни услуги, или не. Никој не те тера со сила.
Како може да е нормално да не следува превод на локалниот јазик во државата каде се нуди услугата? И каков е тој бизнис план, „никој не те тера со сила“, таков однос е балканско сељачење - откаде таква „политика“ кај меѓународно успешна корпорација?

Или едноставно ти им го накалеми тоа, иако во случај на протестирање и поплаки Нетфликс лагано би корегирале вакво нешто кое за нив финансиски не значи многу?

Ахам, значи според логикава они би имале профит, ама не го остваруваат затоа што М.Pix и таквите како него не протестираат? Е стварно се будали овие од Нетфликс.
Не се будали тие, туку ние овде.
Тие секако би имале повеќе профит, ама не толку за да имаат потреба да се замараат премногу... Наша е потребата, и отсуството од реакција.

Токму така, милијардерска компанија се станува со цени фрлени од ракав.
Така функционираат сите успешни компании, минимум ресурси и залагање/трошење. Посебно за мали пазари. Првата цена е фрлена од ракав и ако имаат профит од малиот пазар понатаму не се замараат со него (освен ако не мораат)... Најпосле јас ти дадов конкретен пример за еден ист производ (НБА кошарка), кој во истата форма без никаква локализација, во две држави со сличен стандард, има две многу различни цени (овде е буквално повеќе од 10 пати поскапо од Индија).

Тоа е цена фрлена од ракав и како резултат повеќето овде гледаат НБА на нелегални стримови (минус пар утакмици неделно кои ги даваат на Арена/Спорт клуб или можеби некогаш во Недела на плава месечина, на МТВ). Наместо како Индијците да си платат 70 денари месечно и да си гледаат легален и квалитетен стрим (без реклами за вијагра и зголемување на пениси).

Ако за нешто би протестирал и и би бил гласен е тоа што содржината што ја ставаат е катастрофа, од 5 филмови ќе ти се погоди 1. И тоа што форсираат LGBT пропаганди кај што нема потреба.
Ете една работа за која се согласуваме.
 
Последна промена:

moongose

Unstoppable
19 јули 2013
3,180
3,761
Аууу како ова поминало, кај е ова, што е ова?
Гугл транслејт е, ваљда? Ама каде?
Не знам, не е мое. Најверојатно е „див“ превод.
Но има и купишта лапсуси и преводи вон контекст и на преводи од преведувачки агенции за странските канали што се локализирани кај нас. Сѐ заради брзината и цената на преводот.
Исто е и кај книгите, ама тоа е друга тема.
 
  • Ми се допаѓа
Реакции: Avid

Ragnar

Practice makes perfect
9 декември 2015
1,485
1,623
Macedonia
Ragnar's setup  
Processor & Cooler
AMD Ryzen 3 2200G
Storage
Samsung 850 EVO 500 GB SSD
RAM
8 GB
Monitor
DELL S2419H
OS
Windows 10 Pro
Значи еден филм од два саати 350 евра плус лекторирање. Не е лошо - за преведувачите. Цел каталог на Нетфликс за 200.000 евра преведен?
 
Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,256
4,557
SK
Тоа е за еден филм, за 560 филмови плус 200 серии пута ХХ епизоди... Цена на големо е друга цена?

Профитот од лани им беше скоро 7 милијарди долари... А ако распишат оглас за преведување, претпоставувам дека ќе се потепаат да се нафатат за преведување понудувачи/фирми и за дупло помалку пари од спомнатите (или испод тоа).
 
Enquito

Practice makes perfect
8 август 2017
1,812
1,102
Тоа е за еден филм, за 560 филмови плус 200 серии пута ХХ епизоди... Цена на големо е друга цена?

Профитот од лани им беше скоро 7 милијарди долари... А ако распишат оглас за преведување, претпоставувам дека ќе се потепаат да се нафатат за преведување понудувачи/фирми и за дупло помалку пари од спомнатите (или испод тоа).
Имаше таков проект, Хермес се викаше мислам каде можеше да се регистрира секој кој има познавање на англискиот/било кој јазик и да преведува за Нетфликс, секако мораше да се минат некои тестови, но пропадна од разни Индијци и Кинези со смешни цени.
 
Metuzalem

Epic
28 ноември 2010
6,920
12,425
1000 Скопје
Metuzalem's setup  
Processor & Cooler
i7-2600K @4,6 GHz, Noctua NH-D14
Motherboard
ASUS P8Z68-V/GEN3
Storage
Samsung 840 Pro 256 Gb SSD, Samsung Spinpoint F3 1 Tb
PSU
CM 600W Silent Pro Gold
RAM
Kingston @1866
Video card
Radeon HD 7750
Case
HAF 912 Plus
Mouse
ASUS ROG GX950
Keyboard
Filco Majestouch-2, Logitech G710+
Audio
Realtek ALC892
Monitor
Viewsonic VX2753MH-LED
OS
WinServer2003, Win7 x64
Пропадна затоа што не сакаа да се расправаат со потенцијално милиони преведувачи, туку решија да го препуштат тоа на агенции.

Инаку Хермес тестот требаше да биде како „пасош“ за преведувачи, добиваш бројче, резултатот ти стои и почнаа да го бараат и многу други агенции што немаа врска со Нетфликс. Само што беше многу тежок и со нелогични (би рекол и неточни) одговори - не ни зборам за македонски јазик, туку за другите јазици, од дискусии што ги следев во тоа време. Не знам зошто беше тоа така. Добар преведувач ќе добиеше многу низок скор. А не можеш да го „преполагаш“, ти останува за цел живот (освен ако не смениш име). :p
 
Последна промена:

Lokvan

Unbeatable
12 јануари 2016
3,256
4,557
SK
...но пропадна од разни Индијци и Кинези со смешни цени.
Тоа се смешни оправдувања, ако сакаат озбилни и нормални понудувачи ќе ограничат услови на фирми регистрирани во Македонија, со лектори кои завршиле на македонски факултети/универзитети... Ако постојат такви Индијци и Кинези, тогаш зошто да не. :)

едит: сега прочитав од Метуз за каква шема се работело, значи Нетфликс сакале не за 200.000 евра туку за 2000 евра да завршат работа. Добра бизнис стратегија. :geek:
 
Последна промена:

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
44,095
Мислења
877,523
Членови
30,691
Најнов член
JanaJanuska
На врв Дно