• Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.

Netcom нуди историска hi-tech Олимпијада

  • Ја почнал/а темата
  • #1

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139


Кинеската компанија Netcom успеа да развие осум иновации во дигиталните комуникации, кои ќе бидат користени за прв пат на оваа "hi-tech Олимпијада."

За прв пат е во употреба оптичка мрежа базирана на ASON технологија за да се подобри квалитетот и сигурноста на видео преносот и специјалните услуги за време на Игрите.

Исто тала за прв пат се користи light-compression high-definition (HD) технологија за пренос на сигналот. Netcom применува long-distance non-compressed методи за да го пренесе оригиналниот HD TV сигнал без никакви загуби. Резултатот е тоа што ТВ гледачите ќе можат да ги следат сите настани скоро истовремено како и посетителите на лице место, без каснење на ТВ преносот.

Исто така IPv6-базираниот мониторинг ќе биде користен за прв пат кој ќе овозможи real-time следење на настаните на Олимписките борилишта и Олимпискиот команден центар 24 часа на ден, седум дена неделно се до крајот на Игрите. Оваа технологија ја доби првата награда за 2007 за Кинески комуникациски науки и технологии.

Исто така, на новинарските екипи на Олимписките борилишта ќе им биде понуден broadband access и high-speed интернет услуги со користење на IC картичка без никакви ограничувања во поглед на количината на проток на информации.

За прв пат ќе бидат користени услуги за real-time пренос на податоци, базирани на VLAN. Netcom воспостави мрежа која ги поврзува сите Олимписки борилишта со прес центарот, направена за Associated Press, Reuters, Agence France-Presse, Xinhua News Agency and Getty Images. Оваа мрежа ги изолира податоците од различни новински агенции со тоа што направени се различни виртуелни приватни мрежи за различни корисници.

За прв пат воопшто комуникациските системи во градовите домаќини ќе нудат огромен број на сервисни информации и системи за помош - Олимписки проект на Netcom, спонзориран од Министерството за наука и технологија и Министерството за индустриски и информациски технологии.

Исто така овозможен е систем на телефонија, GPS услуги и информациски сервиси за Олимписките семејства, граѓаните и посетителите во рамките на Кинеската бежична мрежа и телефонија на Netcom.

За прв пат се нуди повеќејазичен телефонски центар, во кој корисниците ќе можат да го бараат телефонскиот центар и веднаш да добијат итна помош и веднаш да бидат идентификувани според личната карта, јазикот и локацијата. Корисниците можат да добијат помош на нивниот јазик или пак на Англиски.

Првиот технички код за безбедносните сервиси во комуникациите на Олимпијадата исто така е поставен од Netcom. За да се исполнат Олимписките и глобалните побарувања, Netcom постави за прв пат технички код кој ќе ги штити комуникациските услуги за време на Игрите. Овој пристап беше награден како "одличен научен и технолошки резултат" на Иновативниот проект за Економија и Технологија во Пекинг.

Netcom исто така го донесе првиот Олимписки symbol review system и комуникацискиот команден информативен систем за време на игрите.

Извор: China Daily
 
  • Ја почнал/а темата
  • #2

AMD_fan

Gaining Experience
10 ноември 2007
3,646
139
Секоја чест за Кинезите. Одлична организација и покриеност на игрите во поглед на комуникациско-информативните сервиси за посетителите и за новинарските екипи. :bravo::bravo:
 

Нови мислења

Последни Теми

Статистика

Теми
43,557
Мислења
823,248
Членови
28,062
Најнов член
Nacev
На врв Дно