Непотребен култ кон скапи производи

Дискусија во форумот 'Боречки клуб' започната од bibil, 22 Декември 2016.

  1. bibil

    bibil Гик

    185
    147
    29 Март 2012
    Машко
    Имам забележано на форумов некои членови имаат култ кон скапи производи и препорачуват такви во секоја можна лика и прилика. Најчестиот е кога корисник бара прозивод со цена, пример до 150 евра, а овие батинава упорно и упорно му препорачуваат поскапи производи. Последно ја видов оваа појава овде http://forum.it.com.mk/threads/dobar-mikrofon-za-pc.62616 Ете батката бара прозивод со цена 1000-2000 денари и подолу му нудат нешто со астрономски цени.

    Или, на пример, некој бара совет за графичка до таа и таа цена.
    Веднаш се наоѓа бате што му вика, ами за доплата од 1000 денари можеш да купиш тоа и тоа. Потоа се јавува некој што вика ами за 2000 денари доплата уште поарна графичка ќе купиш. Некој ќе рече, што, ами додај уште 50 евра.

    Ко ТОП-ШОП сте кога правите така. Значи понуди му на човекот во ценовниот ранк што пишал и не се сили многу.

    Еднаш некој бараше конфигурација за канцелариска работа, интернет, Офис, Јутуб и сл. И после се најде некое друго бате што му вика ами земи си го најефтиниот интел и5 (кој сепак е скап) и земи се графичка Џифорс 960 за поубаво да гледаш Фул ХД. ДОБРО АЛО, Фул Хаде се гледа на процесор стар 8 години, ете пример Коре 2 Дуо.

    Денес и нај за никаде процесор да земам, пример Некој Интел Пентиум со најзаникаде интегрирана графичка ќе пушта и Фул Хаде и 4К. Научете малку како оди прогресот на процесориве, не се силете секогаш со и5-ки и и7-ки.

    И тоа е.
     
    На Nightingale, B@N@N@M@N, AleksandarSK и уште 19 други им се допаѓа ова.
  2. l1d0v1c

    l1d0v1c Гик

    452
    754
    10 Март 2011
    Машко
    Designer
    Со темава колку што си во право, толку и не си.

    Ќе го земам истиот пример што го наведе со микрофонот. Дечкото побара high quality микрофон за YouTube. Да, high quality!!! И му беше пишано дека во тој ценовен ранг кај нас НЕ наоѓа таков микрофон. Единствено да си проба со некој кинески за таа цена ако најде кај нас или спасот му е ибеј / али.

    Дали не му одговорија како што треба??? Му одговорија... И да, спомнато му беше што е навистина high quality, веќе пробано во емисија.

    Многу често ги гледаш тие "нереални" понуди според тебе, пошто и македончето знае многу често за 50 евра да побара сателит (преку леб погача муабетот). Колку пати сум прочитал сакам профи тоа и тоа, а пишал некоја нереална смешна ниска цена. Епа бачко во тој случај "профи" и таа "цена" не идат во иста мисловна реченица.

    Пишав и на старт, во некои од случаевите си во право, но искрено мое мислење во повеќето не си, бидејки се случува од сам старт нереални побарувања од страна на членот.
     
    Последна промена: 22 Декември 2016
    На RagingDemon, gocetan, omegaRED и уште 14 други им се допаѓа ова.
  3. alumen :)

    alumen :) Активен гик

    1,151
    593
    6 Јануари 2012
    Машко
    Да се даде понуда малце повеќе од цената е во ред, јас не сум сретнал некој да ја надмине цената, а да не вреди.
    Да се претера над 50€, тогаш се согласувам со тебе, али мислам дека секој може да ископа 1000-2000+, нели?
     
    Војвода, Astro, Sukhoi и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. goce03

    goce03 Гик

    483
    690
    20 Јануари 2015
    Машко
    Во право си, сепак ова ИТ форум, па форумџииве во најголем дел хардвер ентузијасти, лесно е да се занесат... зашто ова кога за малце повеќе $ може да се земе нешто што е трипати подобро price-performance...
     
    На Војвода, DennyMK, Jovan2389 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  5. Vampo

    Vampo Гик

    278
    159
    24 oктомври 2010
    Шознам, јас не се согласувам со тебе. Пошо еве сум решил да купам некој си лаптоп од 30000, и барам предлог, секако ќе прифатам +-2000 денари, пошо коа веќе си решил да потрошиш пари, сепак за да купиш нешто подобро зашто да не. Пример камо да прашав некого коа го зимав Леновото во потпис, може ќе жртвував плус некој денар или па на сметка на големина на екранот да земам некој лаптоп со подобар панел, пошо овој е срање..
     
    На Војвода, neW1, alumen :) и уште 2 други им се допаѓа ова.
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker Баниран/a

    1,514
    1,487
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Се заборава моменталната финанскиска ситуација на цела македонија - јас, ти и извесен дел од луѓето можат да „ископаат“ + 50 евра, но има и такви кои неможат, што се на ептен стриктен буџет, мош и штеделе со месеци за да стигнат до тој буџет.
     
    На alumen :), Daniel86, goce03 и уште 2 други им се допаѓа ова.
  7. Jedah

    Jedah Активен гик

    622
    696
    6 ноември 2007
    Мислам дека проблемот е во квалитетот на производите а аналогно на тоа и висината на цената.
    Да претежно овде се наоѓаат членови ентузијасти кој секогаш целат кон најдоброто и најскапото.

    Ако некој побара ете како што беше посоченa Office конфигуација.

    Истата може да биде со Стандарден ДуалКор H81 плоча со ДДР3 стандарден ХДД и обично куќиште со вклучено PSU и целата таа конфигурација би чинела околу 10-12.000ден.
    Меѓутоа!
    Истата може да биде со Z170 плоча со Skylake архитектура и DDR4 РАМ и дека треба да вози 128GB SSD за систем и 2X500GB HDD во RAID мод затоа што податоците се битни и сето тоа треба да биде напојувано од квалитетнo Cooler Master PSU во пристојно куќиште од 2-3000ден.
    И сега имаме иста конфигурација за иста намена со драстично различна цена.
    Повеќето ќе ја оправдаат со тоа дека купуваш квалитет и најдоброто за парите меѓутоа од друга страна за истата таа намена имаш алтернатива која е драстично поевтина но по која цена?!?

    Тоа е проблемот колку пари толку музика...
     
    На nik0la_ и Jovan2389 им се допаѓа ова.
  8. Taurus

    Taurus Модератор

    2,121
    591
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Има една изрека, "Не сум доволно богат за да купувам евтини производи". Треба да објаснувам?
     
    На RagingDemon, Глупав, c0mrade и уште 11 други им се допаѓа ова.
  9. kirev

    kirev Sensei

    4,158
    2,636
    31 Мај 2010
    Машко
    ICT ветеран
    За општо добро - купувајте најлошо т.е. најевтино? Тогаш напредокот ќе оди наназад? Сите буцкаме да се даде денар повеќе бидејќи тоа ќе донесе два денари во квалитет, трајност, корисност...
     
    RagingDemon, ivan88, esquimaux и на уште 1 им се допаѓа ова.
  10. toplel

    toplel Wax on, wax off

    74
    55
    18 Август 2016
    Машко
    Мислам дека 15 до 20% плус-минус од одредениот буџет треба да е прифатлива понуда за секој што бара совет околу купување, земајќи предвид дека веројатно е неупатен/а и нестручен/а во областа.
     
  11. TylerMkD

    TylerMkD Активен гик

    1,228
    1,704
    7 ноември 2014
    Машко
    Делумно се слагам, имаше една тема каде што човекот бараше да купи просечен велосипед, се појавија некои ентузијасти со тврдење дека „точак под 300 евра не е точак“. :)
     
    На alumen :), Sm0k3y25, spiritBreaker и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. Astro

    Astro Sensei

    3,702
    4,504
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За малце повеќе да се земело три пати подобро...
    Е ај сеа :) како да не те тепа човек :D
     
    На Gaston, goce03, DennyMK и уште 2 други им се допаѓа ова.
  13. boro1

    boro1 Ентузијаст

    1,532
    1,065
    13 Август 2009
    Машко
    Повеќе нервира она:
    OP: sakam da kupam laptop, gi gledam ovie i "x" mi se sviga
    Член 1: За тие пари имаш друг лаптоп, што има за нијанса послаби перформанси но со далеку поголем квалитет и гаранција
    OP: aha kul, ama "x" neli e pobrz ??
    Член 1: ....
    Член 2: брат, подобар е оној што ти го предложи членот
    OP: go kupiv "x" fala moze kluc pozz

    Член 1 се одјавува од формот и си пука со шатган во коленото.

    ^ премногу пати ми се има десено ова IRL.. среќа што немам шатган.



    Инаку за "1000 денари имаш подобро" го оправдувам во некои случаи.. кога не е строго ограничен буџетот и кога има РЕАЛНА потреба.
    Пр. На некој што не игра игри и повеќе му е за office употреба повеќе му се исплати наместо да земе било каква графичка да земе поголемо SSD или поголем диск ( доколку нема потреба ни од едното, ни од другото ) да не ни фрла пари за џабе (ем и ќе биде под буџетот)

    На некои работи НЕ СМЕЕ да се крате!
    Пр. Конфигурација: i5, GTX 1070, 16GB, 250GB, 1TB.. и Gembird или Cooler Master Elite напојување.. дај не заебавајте.. скрати на графичката или на SSD/HDD ама земи си барем GM серија напојување.. подобро 10 фпс помалку или 10 секунди поспор boot одколку да останеш без делови.
     
    На psyside, alumen :), Gaston и уште 3 други им се допаѓа ова.
  14. cele_x

    cele_x Гик

    509
    609
    2 Септември 2012
    Машко
    Денес и нај за никаде процесор да земам, пример Некој Интел Пентиум со најзаникаде интегрирана графичка ќе пушта и Фул Хаде и 4К. Научете малку како оди прогресот на процесориве, не се силете секогаш со и5-ки и и7-ки.

    И тоа е.[/QUOTE]
    @bibil чисто ме интересира Компјутер со перформанси како што наведе погоре како ќе тера 4К. Пошто одамна беше кога имав слична конфигурација, тогаш немаше 4К.
     
    На yasho, Jovan2389, STEFF и уште 2 други им се допаѓа ова.
  15. Isak Keyten

    Isak Keyten Гик

    972
    1,076
    25 ноември 2014
    baram kola 2015to godiste ili ponova do kaj 500 evra dajte ponudi vo PP
     
    На Викса, psyside, RagingDemon и уште 13 други им се допаѓа ова.
  16. Војвода

    Војвода Sensei

    1,812
    2,717
    26 oктомври 2012
    Машко
    Се согласувам скоро со сите, освен со OP.
    Пример има некој 7500денари за графичка, и сеа за тие пари има 750ти, а за 1000 плус има 1050 која е мнооооогу побрза, а за уште 500че плус има 1050 ti, која е речиси двојно побрза од првата карта од 750ti.
    Во тој случај ти ќе го советуваш да земе 750ti, и ние сите ќе му кажеме како се заебал, што за 20% доплата не земал карта со речиси двојно повисоки перфоманси. Така да би го зезнал во таа ситуација.
    Во се и секогаш е така, сем ако не го погоди точно буџетот.
    И на крај краева никој не тера никого, парите си се на членот, ако неможе да си дозволи ќе си земе тоа што му овозможува буџетот и толку. Ама внатрешно ќе се јаде како за малце повеќе не земал нешто многу подобро.
    Секогаш има одлични зделки на производи кои нудат најмногу за парите, тоа и е поентата. Никој не препорачува Titan X Pascal, или i7 6950x.. се препорачува барем некој задоволителен минимум.
    Е сега тој минимум, е граница која кај различни луѓе е различно поставена. Ентузијастите секогаш имаат повисок минимум, и тоа е тоа.


    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    На Necromancer, Astro, psyside и уште 3 други им се допаѓа ова.
  17. Avid

    Avid Sensei

    1,746
    2,103
    21 Јануари 2009
    За да нема вакви проблеми, барателите треба да напишат дали се кнап со буџетот и дали се разбираат во тоа што го бараат.
    И намената, секако.
     
  18. Isak Keyten

    Isak Keyten Гик

    972
    1,076
    25 ноември 2014
    Следна тема - непотребен култ кон пазарски производи

    Коа ќе отиде бибил на пазар и ќе праша колку пипер може да купи за 50, и тој му рече "50 кило, две за 75" ќе се напне зашо пробува да го заебат коа он за 50 прашал и не го занима дали се исплати поише 75 за 2 кила.

    Доле пазарски финти!
     
    На masterficx, Викса, RagingDemon и уште 9 други им се допаѓа ова.
  19. Sephiroth

    Sephiroth Sensei

    3,345
    2,111
    14 Мај 2008
    Машко
    Точак под 300 евра навистина не е точак :D Зборам од лично искуство како човек што се здробил од возење канта од 150-200 евра и точак од 600 евра. 300 евра е ентри левел. Ама тоа е дискусија за некој друг форум.

    Што се однесува на темава - имам само едно да кажам:
    "Сиромавиот плаќа два пати".

    Дури и да си ограничен со буџет, да си ги собирал тие 12000 денари 3 години ради општа сиромаштија, ако нешто за 18000 е 3 пати подобар избор, мој совет би било да се стрпиш и да собереш уште 6000-ки и да го купиш подоброто, отколку да ги фрлиш парите во ветер и да останеш со к*рот во уста.
     
    На Глупав, omegaRED, alumen :) и уште 8 други им се допаѓа ова.
  20. Banjifiko

    Banjifiko Sensei

    2,072
    2,222
    28 oктомври 2008
    Некои луѓе очигледно не виделе мака во животот...
     
    На Decibel, DarkoG, Astro и уште 6 други им се допаѓа ова.
  21. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,466
    1,205
    24 Септември 2012
    Има одлични Полар точаци за 200 евра. Ако збркаш врска ќе ти искочи 150. Ако имаш другар од центар со субвенција ќе ти дојде 100 евра.
     
  22. psyside

    psyside Модератор

    21,601
    19,968
    4 Септември 2008
    Каде е фацапалма иконата кога најмногу ти треба.
    Нека штедат уште 2 месеци и нека купат нешто што стварно е добро за парите/намената, имаш семгенти у хардверот во кои за 1.000 плус добиваш неспоредливо подобар продукт.
     
    На masterficx, RagingDemon, Fredy и уште 6 други им се допаѓа ова.
  23. spiritBreaker

    spiritBreaker Баниран/a

    1,514
    1,487
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    не го негирам кажаното, но сепак, муабетот ми беше шо некои едноставно немаат, неможат да додадат плус пари, или има други причини заради кои во моментот и нареден извесен период не би можеле да инвестираат во дополнителен апгрејд.
     
  24. psyside

    psyside Модератор

    21,601
    19,968
    4 Септември 2008
    Можеш ли да ми посочиш некоја таква ситуација/пост во која ние форумските "снобови и "елитисти" и покрај тоа сме инсистирале како што се тврди во уводниот пост?
     
    На Војвода му/ѝ се допаѓа ова.
  25. Војвода

    Војвода Sensei

    1,812
    2,717
    26 oктомври 2012
    Машко
    Еве јас кога сакав да купам 980ти, место да ме убедат да земам две, они ме убедуваа послаби карти да земам 980, да чекам1060, RX480...
    И после ентузијасти биле... абе бегај таму.
    :D

    Sent from my SM-G935F using Tapatalk
     
    Oktar, MasteR_#0 и на psyside им се допаѓа ова.

Сподели