1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти во Македонија, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
    Сокриј

Неотел NET 20 LTE Безжичен интернет

Дискусија во форумот 'Неотел' започната од LittleAnthony, 9 Јануари 2020.

  1. LittleAnthony

    LittleAnthony
    Intern

    6
    5
    26 Март 2016
    Машко
    Ме интересира дали некој користи безжичен интернет од Неотел.

    Ја гледам понудава на нивниот сајт NET 20/30/50 преку LTE рутер па ме интересира какви се вашите искуства, брзина, пинг, стабилност, покриеност.
     
  2. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    495
    415
    9 Јули 2018
    Машко
    мои роднини користат 20/2 задоволни се и плус 2 ИПТВ ретко се случува да сецне ИПТВ на Wifi!,пингот е 28-30 мс брзината е околу 15-20 и 2 аплауд,сепак зависи локацијата
     
  3. Mar tiN

    Mar tiN
    Gaining Experience

    549
    366
    2 Јануари 2014
    Машко
    Само во централните подрачја во градовите имаат подршка . Ретко да користи лте некој од нив за да сподели искуство .
     
  4. Chaeld10_8

    Chaeld10_8
    On your way to fame

    916
    734
    29 Март 2011
    Јас користам од А1 Лте 28-32мбс е Во Битола- При Гратска населба оддалечена 4км од Битола ептен сум задоволна има само една мана ограничен сум на 100гб :)

    Испратено од Redmi 7 преку IT.mk форум апликација
     
  5. Taurus

    Taurus
    Модератор

    2,352
    1,038
    13 oктомври 2007
    Машко
    UI Designer
    Незнам сега како е, ама пред сто години :) исто, незнаев дали ќе имам покриеност, брзина... бев до неотел го земав нивното уредче со потпишан договор и 7 (или 14 беше) дена тест период, за да проверам лично покриеноста на лице место. За жал тогаш немав добра покриеност (расадник - кисела вода) и не го задржав, го вратив, го раскинавме договорот...
     
  6. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,903
    3,339
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    го имам и јас истиот пакет, локација Охрид - крајот на кејот кон плажите, сигналот е на две од 4, некогаш има потешкотии ама ретки се, едноставен ресет и се средува. иако им е рекламирано дека може да се користи било каде, тестиран е на две други локации - Кичево, близу центар, покажуваше дека има сигнал ама никако не се поврза, и Крушево, центар, немаше воопшто сигнал. не сум го однел рутерот да пробам Скопје.
     
  7. dragan0688

    dragan0688
    Intern

    12
    4
    8 Јуни 2008
    Корисник сум на лте 20, реално не сум задоволен, година ипол го имам брзината катастрофа постојано варира. Но последниов месец ме изненадија со стабилноста дали си направија некое подобрување, иначе на локација Хиподром сум.
     

    Прикачени датотеки:

    На bxxxn му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LittleAnthony

    LittleAnthony
    Intern

    6
    5
    26 Март 2016
    Машко
    Па ова и не е така лош резултат.

    Колку си со потрошувачката на нетот, дали го достигаш месечниот лимит од 1ТВ?
     
  9. LittleAnthony

    LittleAnthony
    Intern

    6
    5
    26 Март 2016
    Машко
    А на која локација се наоѓаат роднините?
     
  10. it_boy

    it_boy
    Gaining Experience

    495
    415
    9 Јули 2018
    Машко
    Битола блиску до центар
     
  11. dragan0688

    dragan0688
    Intern

    12
    4
    8 Јуни 2008
    Не е лош сега како што пишав, а за трошење никогаш тоа не гледам, не сум надминал со оглед на тоа што најверојатно се користи за фб, chats, calls,youtube, netflix, 5 луѓе го користиме дома.
     
  12. mac_mk

    mac_mk
    Gaining Experience

    69
    51
    30 Јуни 2017
    Машко
    Некој од околината на Кисела Вода да сподели која брзина ја вади? На почетокот кога го земав пакетот (пред едно 6 месеци) брзината беше ок, меѓу 15-20, сега над 10 никако да извадам а често знае и да укопа 1-2 мбпс. Еве ја јачината на сигналот
    image1.PNG
     
  13. Perata

    Perata
    Intern

    8
    18
    31 oктомври 2017
    Машко
    Истиот проблем го имам со випосаните кои се ребрендираа во А1 (изгледа во државава ако го смениш името розите процветуваат, зашто да инвестираш во опрема, кадар, услуги....смени име и уживај). Претпоставувам дека проблемот е до оптовареноста на предавателите (истите предаватели ги користат), инаку ЛТЕ технологијата е одлична види фото , но нз зошто неотел би инвестирал во предаватели кога сето тоа може да се реши само со промена на името (ако се сетам кој друг освен А1 велеше , само штом го смениме името ќе видите како ќе ни тргне ќе го едитирам постов оти во моментов не ми текнува)
     

    Прикачени датотеки:

    • a1.png
      a1.png
      Големина:
      90.8 KB
      Прегледи:
      51
    На 1s3ct0wN му/ѝ се допаѓа ова.
  14. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,682
    1,771
    6 ноември 2012
    Машко
    QA Specialist
    Моментално го користам тој нет (20/1 преку LTE router), додека да ми наместат оптика. Катастрофа е, едвај колку за привремено врши работа.
     
    На Perata му/ѝ се допаѓа ова.
  15. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,903
    3,339
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    дечки, дали има некој информација/дали знае, на Неотел Нет 20 дали може да доделат статичка ip адреса?
     
  16. -={K-O-R-U-N}=-

    -={K-O-R-U-N}=-
    Practice makes perfect

    1,682
    1,771
    6 ноември 2012
    Машко
    QA Specialist
    Не може.
     
    На spiritBreaker и goranzoran им се допаѓа ова.
  17. LittleAnthony

    LittleAnthony
    Intern

    6
    5
    26 Март 2016
    Машко
    OK, само еден мал update.

    Се одлучив да го земам безжичниот интернет од Неотел NET 20 и сакав да помине најмалку еден месец за да го споделам моето искуство.

    Генерално впечатоците се позитивни, ништо револуционерно но за некои просечни потреби сосема во ред.
    Под просечни подразбирам YouTube на 2 смарт телевизори (од кој едниот па скоро константно врти YouTube видеа од утро до касно навечер), 3 мобилни телефони на кој е се користат социјалните мрежи и популарните апликации за пораки, 2 таблета од кој едниот е исто така е скоро константно вклучен на YouTube, 2 лаптопи повремено и исто еден десктоп компјутер преку LAN кој се пали во вечерните часови.

    Се разбира дека не финкционира се наеднаш, но во текот на денот еден телевизор и еден таблет се скоро константно на YouTube.

    Пробав да вклучам на повеќе уреди во исто време 2 стримови од 1080 и еден од 4К резолуција од YouTube и се функционира OK, над ова веќе почнува да се кочи мрежата, што е и очекувано. При "премотување" на видеото приметлив е лаг од одприлика 1 секунда, поспоро него претходната конекција коjа беше од 50 Mbps.

    За online гаминг не би го преорачал, пошто лагот е преголем.

    Параметрите на конекцијата се обично:
    Ping 24~30 ms
    Download ~18 Mbps
    Upload ~0,8 Mbps

    Модемот/рутерот кој го добивате добро го покрива просторот и немам проблеми со префрлање на сигналот еден спрат под/над него. При работа рутерот е млак на допир и не сум приметил да се загрева. Во долниот дел има се става сим картичка и се функционира преку 4G мрежа.

    Голема предност за мене е што конечно се ослободив од каблите кои одеа насекаде и ме нервираа, сега имам само еден 4G рутер над десктопот кој е приклучен во струја и на него е приклучен еден краток LAN кабел.

    Значи да заклучам, ако сакате стриминг на видео од YouTube или Netflix, користење на социјални мрежи, чат, сурфање и слично ова е добро решение, нормално да не претерувате со повеќе корисници во исто време.

    Инаку негативностите се слабата покриеност, неконстантноста на конекцијата и високиот пинг. Ако сакате онлине гаминг онда заборавете на ова решение.

    “That’s just my two cents” мислам дека барем малку ќе им помогнам на сите кои се во потрага на интерент провајдер.
     
    Ron0n, olikomerc, Робсо и на уште 1 им се допаѓа ова.
  18. borcep

    borcep
    Practice makes perfect

    903
    1,450
    12 Септември 2013
    Машко
    Каде е локацијата на рутерот за 4Г е битен податок за Неотел.
     
  19. Futurelakimens

    Futurelakimens
    On your way to fame

    1,416
    866
    12 Април 2017
    Машко
    Хаха, 100ГБ :D

    Ако почнам серија за 3 дена ќе ги сјебам :D
     
  20. LittleAnthony

    LittleAnthony
    Intern

    6
    5
    26 Март 2016
    Машко
    Во Ѓорче Петров.
     
    На borcep му/ѝ се допаѓа ова.
  21. Робсо

    Робсо
    Intern

    56
    37
    1 Септември 2018
    Кој пакет го имаш? A1 Combo Box или...?
     
  22. mac_mk

    mac_mk
    Gaining Experience

    69
    51
    30 Јуни 2017
    Машко
    Некој да не знае каде може да се види логс во рутерите на неотел?
     
  23. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,903
    3,339
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Ако го имаш оној ЈТ.... Рутерот, утре ќе ти пратам фирмвер со суперадмин пасворд да ги гледаш логовите
     
  24. mac_mk

    mac_mk
    Gaining Experience

    69
    51
    30 Јуни 2017
    Машко
    Да тој рутер е

    Sent from my SM-G950F using Tapatalk
     
    На spiritBreaker му/ѝ се допаѓа ова.
  25. spiritBreaker

    spiritBreaker
    Unstoppable

    2,903
    3,339
    27 oктомври 2015
    Машко
    g4m3R
    Пиши ми само во пп утре накај 1 попладне, да ти пратам
     

Сподели

Вчитување...